сепса – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 01 Jun 2023 10:10:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png сепса – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Дарко Чурлинов добил сепса, во болница е во Белград! https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/darko-churlinov-dobil-sepsa-vo-bolnitsa-e-vo-belgrad/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/darko-churlinov-dobil-sepsa-vo-bolnitsa-e-vo-belgrad/#respond Thu, 01 Jun 2023 10:10:12 +0000 https://kurir.mk/?p=841165

„Дарко Чурлинов е во болница во Белград. Засега нема јасен одговор околу неговата ситуација ниту од докторите. Имаше внатрешно труење, не се знае дали е последица од проблеми со заб или анесетезија. Познато е дека тоа резултирало со труење на крвта, односно сепса. Се надевам дека најлошото е зад Дарко. Познавајќи го него каков борец е, верувам дека ќе биде во најдобар ред“ – изјави Милевски. Чурлинов сезонава не беше меѓу најстандардните во Барнли, се мачеше со повреди, но се чини дека имал и други здравствени проблеми кои го одалечиле од зелениот терен. Инаку селекторот Милевски рече дека сега во мислите на фудбалерите е само мечот со Украинците. „Ние сме сконцентрирани само на натпреварот со Украина, за Англија ќе размислуваме подоцна. Како анализа за дуелот го зедовме натпреварот од Европското првенство. Украинците играат со 90% ист состав, освен неколку измени. Дури и да дојде до промена на селекторското место, играчите се тие, повиканите. Насочени сме кон нивните индивидуални квалитети, постои тој натпревар за анализа и насока. Би преферирал секогаш играчите да се во целосна натпреварувачка форма. Немаме увид во тренажниот процес на ривалите и на нивниот замор. Кога играте со ваков тип на противници, каде што квалитетот е на највисоко ниво и како тим функционираат беспрекорно, мора да имат една цел. Мора да се оди на победа, особено бидејќи во денешниот фудбал нема апсолутни аутсајдери“ – изјави Милевски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/darko-churlinov-dobil-sepsa-vo-bolnitsa-e-vo-belgrad/feed/ 0
Смртта на пациентката во Прилеп по извршена киретажа е кулминација на системската негрижа за здравјето – реагира Платформата за родова еднаквост https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/smrtta-na-patsientkata-vo-prilep-po-izvrshena-kiretazha-e-kulminatsija-na-sistemskata-negrizha-za-zdravjeto-reagira-platformata-za-rodova-ednakvost/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/smrtta-na-patsientkata-vo-prilep-po-izvrshena-kiretazha-e-kulminatsija-na-sistemskata-negrizha-za-zdravjeto-reagira-platformata-za-rodova-ednakvost/#respond Fri, 24 Feb 2023 10:24:14 +0000 https://kurir.mk/?p=804524

Платформата за родова еднаквост денеска преку писмено соопштение изрази сочувство до семејството на пациентката од Прилеп, која почина по извршена киретажа во болницата во овој град. Платформата најостро реагира на негрижата на државата и здравствените институции при груба повреда на човековите права и на флагрантно кршење на законите во државата како директна причина за настанатата смрт. -Имено, според информацијата пласирана во јавноста, постојат индикации за кршење на законите во однос на обезбедување соодветни санитарно-хигиенски услови во здравствена установа, отсуство на примена на соодветни хигиенски мерки чија директна последица е смрт кај пациентката. Ова укажува на сторено тешко кривично дело против здравјето на луѓето, што за жал се повторува повеќе пати изминатиот период во нашата држава – се вели во денешното соопштение потпишано од 28 граѓански организации. -Пациентката после изведена киретажа во Прилепската болница била испратена на домашно лекување, за веќе следниот ден да се врати со сериозно влошена состојба и после препраќањето на Инфективната клиника во Скопје да настапи смрт. Ова било причина да се затворат операционите сали во Прилепската болница и да се испратат брисеви на испитување. Она што сериозно загрижува и не смее да помине без одговорност, е сомнежот за присуство на многу ретка и опасна интрахоспитална бактерија во здравствената установа – додаваат од Платформата. Иако, според известувањето од болницата, е започната процедура за проверка на присуство на интрахоспитална бактерија, немаше официјално известување од Министерството за здравство, ниту информација за постапување на Државниот санитарен и здравствен инспекторат. Според организациите, овој случај е, за жал, кулминација на континуираното известување во врска со лошите болнички услови и немањето пристап до квалитетни услуги и грижа за сексуално и репродуктивно здравје во нашата држава. Неодамна веќе реагиравме за случајот со Јелдз Веапоска, во кој, шокантна беше објавената констатација дека не постои лекарски пропуст или грешка кај гинекологот Мухамед Асани, кој и натаму е директор на струшката болница и сопственик на нерегистрирана гинеколошка ординација – велат од Платформата за родова еднаквост. Имајќи го предвид сето ова, Платформата за родова еднаквост бара под итно: Целосна транспарентност и објавување на резултатите од испитувањето на бактериолошката состојба на просториите во болницата во Прилеп; Министерството за здравство да излезе со соопштение и да превземе одговорност во врска со случајот и во врска со санитарно-хигиенските услови во здравствените установи државата; Државниот санитарен и здравствен инспекторат да изврши инспекциски надзор и да ја извести јавноста за резултатите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/smrtta-na-patsientkata-vo-prilep-po-izvrshena-kiretazha-e-kulminatsija-na-sistemskata-negrizha-za-zdravjeto-reagira-platformata-za-rodova-ednakvost/feed/ 0
Детали за трагедијата која ја вознемири Македонија: Пациентот бил донесен на Ургентен со знаци за тешка системска инфекција и на респиратор, починал за помалку од 24 часа https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/detali-za-tragedijata-koja-ja-voznemiri-makedonija-pacientot-bil-donesen-na-urgenten-so-znaci-za-teshka-sistemska-infekcija-i-na-respirator-pochinal-za-pomalku-od-24-chasa/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/detali-za-tragedijata-koja-ja-voznemiri-makedonija-pacientot-bil-donesen-na-urgenten-so-znaci-za-teshka-sistemska-infekcija-i-na-respirator-pochinal-za-pomalku-od-24-chasa/#respond Thu, 25 Aug 2022 16:37:08 +0000 https://kurir.mk/?p=723996

Пациентот од Берово на 23 август е префлен од Клиничката болница во Штип во многу тешка состојба и на респиратор, со знаци за тешка системска инфекција. И покрај напорите на медицинскиот тим на КАРИЛ и дадената соодветна медицинска нега, пациентот за жал починал за помалку од 24 часа. -На ден 23.08 пациент на возраст од 25 години е префрлен од Клиничката болница во Штип во многу тешка состојба и на респиратор. Пациентот на прием со знаци за тешка системска инфекција. И покрај напорите на медицинскиот тим на КАРИЛ и дадената соодветна медицинска нега, пациентот за жал почина за помалку од 24 часа, соопшти попладнево директорот на Клиниката за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и Ургентен центар (ТОАРИЛУЦ) Александар Трајановски. Претходно, Министерството за здравство соопшти дека Државниот санитарен и здравствен инспекторат спроведува вонреден инспекциски надзор во штипската болница. Како што соопштија од МЗ, директорот на штипската болница Ален Георгијев побарал да се изготви комплетен извештај за начинот на третман на пациентот. По завршениот вонреден инспекциски надзор, Министерството за здравство соопшти дека јавноста ќе биде поконкретно информирана.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/detali-za-tragedijata-koja-ja-voznemiri-makedonija-pacientot-bil-donesen-na-urgenten-so-znaci-za-teshka-sistemska-infekcija-i-na-respirator-pochinal-za-pomalku-od-24-chasa/feed/ 0
Пациентка починала од сепса откако била препраќана од болница во болница https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pacientka-pochinala-od-sepsa-otkako-bila-preprakjana-od-bolnica-vo-bolnica/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pacientka-pochinala-od-sepsa-otkako-bila-preprakjana-od-bolnica-vo-bolnica/#respond Wed, 30 Jan 2019 16:44:42 +0000 https://kurir.mk/?p=158413

Шеесет и едногодишна жена починала во недела на КАРИЛ, од сепса која ја добила од пукнато дебело црево, откако претходно била препраќана од клиника на клиника и шетана по болничките ходници, при што било изгубено драгоцено време, тврди за НОВА извор близок на семејството.  Жената имала силни стомачни болки, но три дена лекарите не успеале  да дијагностицираат за што точно  се работи, ниту итно да ја оперираат, пишува порталот novatv.mk
„Аница почина од прснато дебело црево,  од фекалии кои се разлиле во стомачната празнина, поради што сепсата навлегла во крвта. Изгубено  е драгоцено многу време, операцијата е направена многу доцна “, вели за НОВА, извор близок на семејството.
Нашиот извор вели дека семејството е се уште во шок, но во наредните денови најверојатно ќе излезат во јавноста за случајот. Голготата започнала на почетокот на минатата недела. Со силно стомачно страдање, Аница најпрво  помош побарала во Градската хируршка болница„Св. Наум Охридски“, каде и дијагностицирале дека има камен  во бубрегот и ја пратиле дома. Според кажување на блиска на семејството, таа ноќта ја поминала со болки, за утрината да биде однесена во Ургентен центар, но не била хоспитализирана таму бидејќи немало место.  Три дена, сега починатата жена била шетана по болничките ходници за да потоа биде  хоспитализирана на Клиника за нефрологија,  иако не била за таму.  Дури откога бил повикан абдоменален хирург кој препорачал да биде однесена на Клиника за дигестивна хирургија, таа во четвртокот минатата недела била примена на таму и попладнето оперирана. Покачените вредности на уреа и креатинин и други параметри на лекарите на Нефрологија им укажувале дека со организмот нешто се случува. По ова, таа била однесена на КАРИЛ, каде по три дена починала. Директорот на Клиниката за абдоменална хирургија за НОВА изјави дека нема зошто да објаснува на медиуми за случајот и тоа ќе го стори само на барање на Министерството за здравство.
„ Примена е сабајле кај нас во четвртокот и е оперирана попладнето. Не е шетана од клиника на клиника. Се што треба ќе објаснам на Министерството за здравство, ќе им ја дадеме и потребната медицинска документација. Нема ништо чудно во случајот, секој има право да умре“, рече Караџов, за НОВА.
На КАРИЛ пак, тврдат дека станува збор за стара перфорација на дебелото црево, најверојатно од неколку дена со замаскирана клиничка слика. Не знаат што се случувало претходно со жената, но велат дека кај нив била донесена во многу тешка состојба.
„Станува збор за пролонгиран процес. Таа имало израстоци на дебелото црево за кои не знаела кои довеле до пукање. Операцијата поминала добро, но штетата е направена. Не навлегувам и не знам што се случувало претходно, но пациентката беше донесена во септичен шок, во многу критична состојба, со сепса односно со бактерии кои с е излеале во стомачната шуплина. Ние направивме се што треба, но за жал пациентката почина“, изјави за НОВА Маја Мојсова раководител на КАРИЛ.
Во Министерството за здравство велат дека го испитуваат случајот и дека ќе се преземат сите мерки кои се во нивна надлежност, за да се расчисти што се случувало. Во Државниот санитарен и инспекторат за НОВА потврдија дека прават вонреден инспекциски надзор, го следат патот по кој била лекувана починатата, почнувајќи од матичен лекар,  па се до КАРИЛ каде што починала. Со конкретни податоци најавија дека ќе излезат во текот на утрешниот ден.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pacientka-pochinala-od-sepsa-otkako-bila-preprakjana-od-bolnica-vo-bolnica/feed/ 0
Била со ќерката во шопинг, а девојчето потоа добило сепса: Оваа мајка има важно предупредување за сите родители (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/bila-so-kjerkata-vo-shoping-a-devojcheto-potoa-dobilo-sepsa-ovaa-majka-ima-vazno-predupreduvanje-za-site-roditeli-foto/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/bila-so-kjerkata-vo-shoping-a-devojcheto-potoa-dobilo-sepsa-ovaa-majka-ima-vazno-predupreduvanje-za-site-roditeli-foto/#respond Thu, 06 Sep 2018 15:00:13 +0000 https://kurir.mk/?p=97231

Џоди Томас од Велс не ни сонувала во што ќе се претвори нејзиното одење да купи кондури со ќерката. На Фејсбук таа сподели фотографија на кои го покажа стапалото на ќерката Сиена, која пробала кондури без чорапи. -Ги предупредувам сите родители на детето да му облечат чорапи пред пробувањето на нови кондури. Јас сум крива што тоа не го направив и сама, а последицата може да биде инфекција која се шири по тело, напиша вознемирената мајка. Имено, на нејзината ќерка и е дијагностицирана сепса, а лекарите веруваат дека развила поради бактерија која девојчето ја добива во кондура, а која влегла во отворена рана на нејзиното стапало. -Не знаете чии стапала биле во кондурите пред вашите или кој ги допирал со рака. Сиена имала пеколен исход, а за среќа успешно се излечила, додава Џоди. -Кој би помислил дека некој би бил толку болен поради испробување на нови кондури? Ако одете во шопинг на кондури, понесете и пар чорапи со вас. Сепса е сериозна компликација од воспаление, која ако не се лечи може да доведе до откажување на органите и смрт. Експертите советуваат лекар да се посети веднаш ако детето изгледа сино или бледо, многу е летаргично и тешко е да го разбудите, забрзано дише, има дамка која не бледи на притисок од прст или се жали на болки. Тие додаваат дека на сепсата може да укажуваат уште неколку симптоми, а тоа се превисока или прениска температура на телото, проблеми со дишењето, јадењето и пиењето, повраќање, изостанок на мокрење, плач, збунетост, вкочанет врат и раздраснетост.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/bila-so-kjerkata-vo-shoping-a-devojcheto-potoa-dobilo-sepsa-ovaa-majka-ima-vazno-predupreduvanje-za-site-roditeli-foto/feed/ 0