Сер Стјуарт Пич – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 01 Feb 2022 14:25:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Сер Стјуарт Пич – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Мицкоски на средба со специјалниот претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан, Стјуарт Пич https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-na-sredba-so-specijalniot-pretstavnik-na-obedinetoto-kralstvo-za-zapaden-balkan-stjuart-pich/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-na-sredba-so-specijalniot-pretstavnik-na-obedinetoto-kralstvo-za-zapaden-balkan-stjuart-pich/#respond Tue, 01 Feb 2022 14:25:18 +0000 https://kurir.mk/?p=625465

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно со потпретседателите Александар Николоски и Владо Мисајловски, членот на ИК Драган Ковачки и секретарот за меѓународна соработка Стефан Андоновски, оствари средба со специјалниот претставник на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска за Балканот, Сер Стјуарт Пич. „На средбата беше разговарано за актуелната политичка ситуација во земјава, а од страна на претседателот Мицкоски беше истакната потребата од предвремени избори кои ќе значат разрешување на кризата во која оваа власт ја втурна државата, беше потенцирано дека поддршката на народот е свртена кон ВМРО-ДПМНЕ, што се виде и по резултатот на локалните избори. Предвремените избори ќе ја отсликаат волјата на народот во парламентот и ќе бидат мотор за промените и закрепнување на државата. Беше разговарано и за преговорите со Бугарија кои ги води владата, при што од страна на ВМРО-ДПМНЕ беше истакнато дека власта треба да ја почитува Резолуцијата донесена во собранието, а која значи зачувување на македонските идентитетски обележја и клучните национални интереси. На взаемно расположение беа констатирани добрите односи кои ги имаат двете држави, а од страна на ВМРО-ДПМНЕ беше кажано дека нашата земја во Велика Британија гледа силен поддржувач, и ќе работи и во иднина, односите меѓу двете држави да зајакнуваат, а по доаѓањето на власт, да дојде и до поголема соработка во сите клучни области“ - информираат од партијата. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-na-sredba-so-specijalniot-pretstavnik-na-obedinetoto-kralstvo-za-zapaden-balkan-stjuart-pich/feed/ 0
Средба на Пендаровски со сер Стјуарт Пич, Специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sredba-na-pendarovski-so-ser-stjuart-pich-specijalen-pretstavnik-na-obedinetoto-kralstvo-za-zapaden-balkan/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sredba-na-pendarovski-so-ser-stjuart-pich-specijalen-pretstavnik-na-obedinetoto-kralstvo-za-zapaden-balkan/#respond Mon, 31 Jan 2022 11:24:09 +0000 https://kurir.mk/?p=625001

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими сер Стјуарт Пич, Специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан. Претседателот Пендаровски изрази задоволство од посетата на специјалниот претставник Пич набрзо по неговото именување на функцијата во декември 2021 година. Посетата, како што оцени претседателот, е потврда за посветеноста на Обединетото Кралство за одржување на стабилноста и просперитетот на регионот. -Соговорниците разменија мислења и информации за актуелните состојби во земјава и регионот, како и можностите за соработка со Обединетото Кралство за темите од заеднички интерес, поврзани со стабилноста и безбедноста, како и зајакнувањето на институтциите во борбата против организираниот криминал и високата корупција. На средбата се разговараше и за прашањата поврзани со членството на Република Северна Македонија во Европската Унија и тековниот дијалог со Република Бугарија. Претседателот Пендаровски го информираше сер Стујарт Пич за напредокот на дијалогот помеѓу двете земји. Во тој контекст, претседателот Пендаровски се заблагодари за интересот и поддршката на Обединетото Кралство за македонско-бугарскиот дијалог и подвлече дека надминувањето на блокадата за почеток на пристапните преговори со Европската Унија ќе внесе дополнителна предвидливост и стабилност на Западниот Балкан, информираат од Кабинетот на Пендаровски. Соговорниците, меѓу другото, разговараа и за одличната билатерална соработка меѓу Северна Македонија и Обединетото Кралство и можностите за зајакнување на соработката меѓу двете држави и за обезбедување натамошна британска поддршка во повеќе области и форми.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sredba-na-pendarovski-so-ser-stjuart-pich-specijalen-pretstavnik-na-obedinetoto-kralstvo-za-zapaden-balkan/feed/ 0
Специјалниот претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан во дводневна посета на Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/specijalniot-pretstavnik-na-obedinetoto-kralstvo-za-zapaden-balkan-vo-dvodnevna-poseta-na-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/specijalniot-pretstavnik-na-obedinetoto-kralstvo-za-zapaden-balkan-vo-dvodnevna-poseta-na-makedonija/#respond Mon, 31 Jan 2022 07:43:35 +0000 https://kurir.mk/?p=624857

Специјалниот претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан Сер Стјуарт Пич денеска ќе пристигне во дводневна посета на Република Северна Македонија. За време на посетата на Северна Македонија, специјалниот претставник Сер Стјуарт Пич ќе биде примен од претседателот на Владата Димитар Ковачевски, и ќе има и одвоени средби и со министерот за надворешни работи Бујар Османи и со министерката за одбрана Славјанка Петровска. Поранешниот шеф на Генералштабот на Армијата на Обединетото Кралство Стјуарт Пич, сега како специјален претставник на премиерот Борис Џонсон, во нашата земја ќе биде примен и од претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски. Во рамките на својата посета на нашата земја, специјалниот претставник Пич со своите соговорници ќе разговара за понатамошниот развој на силните билатерални односи меѓу Обединетото Кралство и Северна Македонија и за силната посветеност на ОК на евроатлантската интеграција на Западен Балкан. За време на неговиот работен престој во Скопје кој притоа продолжува во Бугарија, специјалниот претставник Сер Стјуарт Пич ќе се сретне и со претставници на опозицијата и на дел од младинските организации во земјата]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/specijalniot-pretstavnik-na-obedinetoto-kralstvo-za-zapaden-balkan-vo-dvodnevna-poseta-na-makedonija/feed/ 0