Сердарот и ловороносецот – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 26 Mar 2021 20:36:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Сердарот и ловороносецот – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Сердарот и ловороносецот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/serdarot-i-lovoronosecot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/serdarot-i-lovoronosecot/#respond Fri, 26 Mar 2021 20:36:34 +0000 https://kurir.mk/?p=488404

Погромот на македонското учебникарство и книжевни дела за нас не е ништо ново. Се врати времето на спалување книги и укинување учебници. Барањата за укинување и забранување книги почнуваат да наликуваат на тие од минатото. Вицепремиерот Артан Груби, министерката за образование и наука, Мила Царовска и пратеникот Арбер Адеми се договорија за укинување на учебникот Национална географија за II-ра година гимназиско образование, поради, како што се вели во објаснувањето, во неколку наставни содржини во учебникот се нарушени начелата на неповредливост на културата, историјата и другите вредности на граѓаните на Република Македонија. За сите досегашни министри за образование и наука во изминатите дваесетина години овој учебник бил добро дидактички и методски подготвен и не ја навредувал ничија култура и историја, само сега одеднаш за министерката Мила Царовска тој е културно-историски навредлив и воопшто не е методски и дидактички подобен. Очигледно тоа што сметаше е Национална историја, односно Историја на Република Македонија! Судбината на македонскот народ и Македонија не постојат надвор од нас самите. Треба да се погледнат, да се истражат, да се истрадаат низ сите времиња, низ европската и светската историја. Таму се испишани податоци за македонскиот народ кој со векови е напатен народ. Трагичните настани што се случувале со Македонија се вистината за нанесеното зло на македонскиот народ и се предмет на интерес на повеќе книжевни дела. Постојат бројни автентични сведоштва дека Македонците се протерувани од родните села со многу сурови методи. Свесна ли е Министерката дека таквите податоци се нем факт пред вистината во македонската историја, но очигледно не ја прочитала или разбрала поемата „Сердарот“ од Григор Прличев!? Па токму Прличев на 25 март 1860 година добива ловоров венец за поемата „Сердарот“. Не може да се сокрие или избрише тоа што се потпира на научни вистини и факти. Да, факт е дека во едни подалечни бурни времиња, качаци ја пустошеа македонската земја. Во 30-тите години на 19 век во западните краишта на Македонија крстосуваат албански пљачкашки банди, а против тие качаци застануваат јунаци, како Кузман Капидан. И во „Автобиографијата“ Прличев укажува на тешката судбина на македонскиот народ во дебарскиот крај. Македoнија отсекогаш била заштитувана од јунаци како Кузман Капидан. Прличев преку литературата упатува порака до народот за начинот на успешна одбрана, а тоа е сердарењето. Секогаш ќе постои Македонија ако има секогаш и Кузман Капидани! Можеби следно „Сердарот“ и ловореносецот ќе ги забраните? Ви личи! Пораката од „Сердарот“ и тежината на златниот венец на ловороносецот никогаш не можете да ги укинете! Пишува: Перчо Божиновски Професор по македонски јазик и литература ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/serdarot-i-lovoronosecot/feed/ 0