Серес – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 02 Nov 2020 13:03:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Серес – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Солун и Серес во целосен двонеделен карантин, отворени ќе бидат само училиштата https://arhiva.kurir.mk/svet/region/solun-i-seres-vo-celosen-dvonedelen-karantin-otvoreni-kje-bidat-samo-uchilishtata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/solun-i-seres-vo-celosen-dvonedelen-karantin-otvoreni-kje-bidat-samo-uchilishtata/#respond Mon, 02 Nov 2020 13:03:59 +0000 https://kurir.mk/?p=423772

Во грчките градови Солун и Серес, од утре наутро се воведува целосен карантин, со дозволено движење за граѓаните само со испратена смс порака, полициски час од 21 до пет часот наутро, забрана за меѓународни и домашни летови, а единствено отворени ќе бидат само училиштата, јави дописничката на МИА од Атина. Новите мерки ќе бидат во сила следните две седмици, а денеска ги соопшти владиниот портпарол Стелиос Пецас на редовниот брифинг со новинарите, кој рече дека ситуацијата во Солун и во одредени други региони, е „особено сериозна за јавното здравје“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/solun-i-seres-vo-celosen-dvonedelen-karantin-otvoreni-kje-bidat-samo-uchilishtata/feed/ 0
Загриженост во Грција за зголемениот број нови случаи на Ковид-19, Јанина и Серес во мини карантин https://arhiva.kurir.mk/svet/region/zagrizenost-vo-grcija-za-zgolemeniot-broj-novi-sluchai-na-kovid-19-janina-i-seres-vo-mini-karantin/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/zagrizenost-vo-grcija-za-zgolemeniot-broj-novi-sluchai-na-kovid-19-janina-i-seres-vo-mini-karantin/#respond Thu, 29 Oct 2020 10:02:14 +0000 https://kurir.mk/?p=422030

Поради лошата епидемиолошка слика грчките градови Јанина и Серес од денеска се во црвената фаза (зголемена опасност) односно во мини карантин, а по вчерашните рекордни 1.547 случаи на Ковид-19 во Грција, постои загриженост и не е исклучена можноста за дополнителни рестрикции, пред сѐ во Солун, јави дописничката на МИА од Атина. Во Јанина и Серес, освен полицискиот час од 30мимнути по полноќ до пет часот, што е во сила за областите во портокаловата и црвената фаза, затворени се кафулињата, рестораните, кината, театрите, судовите, археолошките локалитети и музеите, фитнес центрите и слично, а продавниците остануваат отворени. По вчерашните рекордни 1.547 нови случаи, Комисијата на епидемиолози од Министерството за здравство на Грција синоќа одржа вонреден состанок за да ја разгледа ситуацијата, додека пак претседателот на Националната организација за јавно здравје Панајотис Аркуманеас денеска е во Солун поради зголемениот број новозаболени. За само три дена во Солун, беа регистрирани 759 случаи, од кои 384 вчера, што го вклучи алармот кај надлежните власти и не е исклучена можноста, градот од портокалова да премине во црвената фаза. Паралелно со посетата на Аркуманеас, кој ќе се сретне со солунскиот градоначалник и префектот на областа Централна Македонија, во центарот на Солун од 10 часот утрово се мобилни единици на Националната организација за јавно здравје кои вршат бесплатно тестирање со брзи тестови за Ковид-19. Интересот на жителите на Солун е огромен, со оглед на тоа дека од рано утрово има редици за тестирање. Освен во Солун, ситуацијата со новозаразени е алармантна и во областа Атика, поширокиот регион на Атина, каде што во изминатите три дена беа регистрирани 974 нови случаи. Грчките епидемиолози не ја исклучуваат можноста во следните денови бројот на новозаболени дополнително да се зголеми, но ја истекнуваат и потребата да се воведат нови мерки. Според грчките медиуми, новите мерки што ги разгледуваат епидемиолозите од надлежната комисија се: кафулињата и угостителските објекти да затвораат во 21 часот и полицискиот час да се воведе неколку часа порано, да се забрани движење меѓу регионите, да се зголеми работењето од дома. Ситуацијата со коронавирусот во Грција се очекува да биде разгледана и на денешната владина седница. (MИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/zagrizenost-vo-grcija-za-zgolemeniot-broj-novi-sluchai-na-kovid-19-janina-i-seres-vo-mini-karantin/feed/ 0
Мал авион падна врз зграда во село во близина на грчкиот град Серес https://arhiva.kurir.mk/svet/region/mal-avion-padna-vrz-zgrada-vo-selo-vo-blizina-na-grchkiot-grad-seres/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/mal-avion-padna-vrz-zgrada-vo-selo-vo-blizina-na-grchkiot-grad-seres/#respond Mon, 03 Aug 2020 10:31:52 +0000 https://kurir.mk/?p=385457

Мал едномоторен авион кусо по 9 часот утрово, падна врз зграда во село во близина на грчкиот град Серес, без да има жртви, јави дописничката на МИА од Атина. Според грчките медиуми, повреден е само пилотот на авионот, а причините за несреќата засега се непознати. (MИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/mal-avion-padna-vrz-zgrada-vo-selo-vo-blizina-na-grchkiot-grad-seres/feed/ 0