Сергеј Андреевски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 27 Apr 2023 08:59:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Сергеј Андреевски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Грчката амбасадорка повикана во МНР по упадот на изложбата на уметникот Сергеј Андреевски https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/grchkata-ambasadorka-povikana-vo-mnr-po-upadot-na-izlozhbata-na-umetnikot-sergej-andreevski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/grchkata-ambasadorka-povikana-vo-mnr-po-upadot-na-izlozhbata-na-umetnikot-sergej-andreevski/#respond Thu, 27 Apr 2023 08:59:48 +0000 https://kurir.mk/?p=828203

Синоќа во Солун, за време на изложбата на ликовниот уметник Сергеј Андреевски, во галеријата упаднале група маскирани луѓе, кои со непристојно и вулгарно вербално однесување се обиделе да предизвикаат прекинување на изложбата, по што си заминале, се вели во соопштението на Министерството за надворешни работи Иако без демонстрација на физичко насилство или нанесена материјална штета, поради заканите и вербалните напади била повикана и полиција, која е целосно известена за инцидентот. -За инцидентот известени се и Генералниот конзулат на Северна Македонија во Солун и Амбасадата во Атина, кои веднаш стапија во директен контакт со надлежните органи на Грција, а за инцидентот е информирано и грчкото Министерство за надворешни работи. Во текот на денешниот ден, во МНР е повикана и грчката амбасадорка Софија Филипиду, при што и формално ќе бидат упатени очекувањата од нашиот сосед да бидат преземени сите мерки за откривање и процесирање на сторителите, велат од МНР.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/grchkata-ambasadorka-povikana-vo-mnr-po-upadot-na-izlozhbata-na-umetnikot-sergej-andreevski/feed/ 0
Група маскирани членови на „Златна зора“ упаднаа на изложбата на Сергеј Андреевски во Солун https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/grupa-maskirani-chlenovi-na-zlatna-zora-upadnaa-na-izlozhbata-na-sergej-andreevski-vo-solun/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/grupa-maskirani-chlenovi-na-zlatna-zora-upadnaa-na-izlozhbata-na-sergej-andreevski-vo-solun/#respond Thu, 27 Apr 2023 08:27:34 +0000 https://kurir.mk/?p=828186

Со маски на лицата, капчиња и качулки за да ги скријат нивните лица, група членови на Златна зора, која со судска одлука е криминална организација, упаднаа во галеријата на солунската општина Каламариа каде што е во тек изложба на македонскиот ликовен уметник Сергеј Андреевски, јави дописничката на МИА од Атина. Во објавеното видео на т.н „Фронт на подмладокот- Златна зора“ тврдат дека „Златна зора ја запечати скопската изложба во Каламариа“, коментираат дека не прифаќаат никаков компромис за „грчкиот карактер на Македонија“, дека станува збор за „очигледен потсмев и навреда на националното чувство на Македонците“, а тие морале да „интервенираат“ и пред сѐ да испратат порака до грчките властите дека „ваквите провокации не остануваат без одговор“. На влезот од галеријата залепиле плакати кои, како што велат, се однесуваат на жителите и на „неприфатливата толеранција на градоначалникот“. -Се забранува секаква реклама или отстапување на јавен простор со пари од грчките граѓани за организации или личности како што е Сергеј Андреевски, кои ја поткопуваат грчката историја, го оспоруваат грчкиот карактер на нашата земја, ги отстапуваат нашите национални симболи и одобруваат криминал врз Грците, пишува на плакатот. „Златна зора“ во периодот од 2012 до 2019 година беше дел од грчкиот Парламент, а според судската пресуда од 2020 година е криминална организација и раководството на партијата, поранешни пратеници и членови, веќе три години издржуваат затворска казна. Изложбата „Неизложени дела на хартија“ ликовниот уметник Сергеј Андреевски во петокот беше свечено отворена во Солун, во присуство на голем број посетители, а уметникот, пренесувајќи ги неговите впечатоци за МИА, вчера истакна дека уметноста не познава граници, нејзиниот јазик е универзален. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/grupa-maskirani-chlenovi-na-zlatna-zora-upadnaa-na-izlozhbata-na-sergej-andreevski-vo-solun/feed/ 0