Сергеј Баздникин – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 03 Feb 2022 18:41:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Сергеј Баздникин – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Мицкоски на средба со Баздникин: Македонија бележи политички и економски застој https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-na-sredba-so-bazdnikin-makedonija-belezi-politichki-i-ekonomski-zastoj/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-na-sredba-so-bazdnikin-makedonija-belezi-politichki-i-ekonomski-zastoj/#respond Thu, 03 Feb 2022 15:53:45 +0000 https://kurir.mk/?p=626617

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска оствари средба со Амбасадорот на Руската Федерација во Македонија н.е Сергеј Баздникин. На средбата се разговараше за актуелната општествено политичка и економска состојба, како и за меѓународните предизвици со кои се соочува регионот и Светот. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски посочи дека Македонија бележи политички и економски застој во поглед на нашите стратешки цели членство во Европската Унија, при што сериозна препрека освен спорот со Бугарија преставува и отсуството на реформи на Владата, информираат од партијата. Состојбата со корупцијата и селективната правда кои се широко распространети ја вбројува државата меѓу најкорумпираните во Европа и на дното на скалата на Транспаренси која го мери индексот на корупција, истакна Мицкоски. Воедно посочи дека можеби најголемиот предизвик во овој момент е заштитата на економскиот стандард на граѓаните, спречување на инфлацијата и растечката сиромаштија. Секој ден народот се буди со нови цени, и се пониски плати, додека владата нема слух за тоа што се реалните потреби на народот, посочи Мицкоски кој додаде дека сериозен предизвик е и скапата струја и енергенси. На средбата стана збор и за меѓународните предизвици во регионален и поширок контекст, при што Мицкоски посочи дека е за почитување на територијалниот интегритет на сите независни држави и дипломатско надминување на сите различни ставови во поглед на актуелните прашања, информираат од ВМРО-ДПМНЕ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-na-sredba-so-bazdnikin-makedonija-belezi-politichki-i-ekonomski-zastoj/feed/ 0
Мицкоски- Баздникин: Демократски и фер изборен процес ќе е клучен за иднината на Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-bazdnikin-demokratski-i-fer-izboren-proces-kje-e-kluchen-za-idninata-na-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-bazdnikin-demokratski-i-fer-izboren-proces-kje-e-kluchen-za-idninata-na-makedonija/#respond Wed, 29 Jan 2020 15:07:29 +0000 https://kurir.mk/?p=296432

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска оствари средба со амбасадорот на Руската Федерација во Македонија, Сергеј Баздникин. На средбата се разговараше за актуелната политичка состојба во државата, стратешките определби на Република Македонија и претстојните парламентарни избори. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека главна стратешка определба на партијата и Република Македонија е членството во Европската Унија. Тој додаде дека новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ има план како преку забрзани реформски процеси да ја стави Македонија на брзата трака за членство во Унијата и да ја приближи државата до европскиот стандард. Покрај членството во Европската Унија, еден од приоритетите на новата Влада ќе биде развојот на економијата и подорувањето на економската клима во државата. Тој потенцираше дека новата Влада ќе биде отворена за соработка со странските инвеститори и е спремна за подобрување на соработката на економски план. Во однос на предвремените парламентарни избори, соговорниците се согласни дека демократски и фер изборен процес ќе е клучен за иднината на Република Македонија. Мицкоски посочи дека корупцијата и неказнетиот криминал се сериозен проблем со кој владата не се справува. На законот за јавното обвинителство кој го турка власта гледа како механизам за заштита на криминалот преку зголемена политичка контрола на обвинителниот сектор. Тоа не смее да се одобри, туку да се поддржи решение кое ќе обезбеди независност, изјави Мицкоски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-bazdnikin-demokratski-i-fer-izboren-proces-kje-e-kluchen-za-idninata-na-makedonija/feed/ 0
Сергеј Баздникин нов амбасадор на Русија во Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sergej-bazdnikin-nov-ambasador-na-rusija-vo-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sergej-bazdnikin-nov-ambasador-na-rusija-vo-makedonija/#respond Fri, 03 Aug 2018 16:31:23 +0000 https://kurir.mk/?p=84272

Рускиот претседател Владимир Путин го назначи Сергеј Баздникин за амбасадор во Република Македонија, јави ТАСС. Од кабинетот на рускиот претседател Путин соопштија дека тој го именуваше Баздникин за нов амбасадор на Русија во Македонија. Указот за назначување на новиот амбасадор беше објавен заедно со друг указ, со кој Путин го ослободува од должност досегашниот амбасадор Олег Шчербак, кој на таа функција беше од 2010 година. Сергеј Баздникин е поранешен заменик на началникот на Департментот за планирање на Министерството за надворешни работи на Русија. - Се именува Сергеј Александрович Баздникин за нов амбасадор на Русија во Република македонија, се наведува во указот на Путин Не се посочува причината за смена на амбасадорот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sergej-bazdnikin-nov-ambasador-na-rusija-vo-makedonija/feed/ 0