Сергеј Самсоненко – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 11 Feb 2021 18:23:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Сергеј Самсоненко – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Сергеј Самсоненко доби рок до 31.март да го расчисти долгот во РК Вардар, во спротива новата управа ќе враќа https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/sergej-samsonenko-dobi-rok-do-31-mart-da-go-raschisti-dolgot-vo-rk-vardar-vo-sprotiva-novata-uprava-kje-vrakja/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/sergej-samsonenko-dobi-rok-do-31-mart-da-go-raschisti-dolgot-vo-rk-vardar-vo-sprotiva-novata-uprava-kje-vrakja/#respond Thu, 11 Feb 2021 18:23:54 +0000 https://kurir.mk/?p=467550

Ракометниот клуб Вардар 1961 преку ваучер на располагање доби 310.000 евра. До последен момент беше неизвесно дали двократниот европски ракометен шампион и оваа година ќе се најде на листата на ваучери на АМС. Главниот проблем беше фактот што сегашното раководство не ги презел долговите од претходниот сопственик, што е спротивно од правилникот на АМС, па затоа ваучерот „висеше“ до последен момент. Новата управа на Вардар во предвидениот рок за аплицирање ги достави сите потребни документи до АМС, меѓу кои и тоа дека ќе ги преземе долговите на претходниот сопственик. Поточно, поранешниот газда, Сергеј Самсоненко има рок до 31 март да ги затвори сите долгови кои ги остави зад себе кога го напушти клубот, во спротивно сите нерасчистени сметки ќе мора да ги преземе новата управа, на чело со претседателот Михајло Михајовски. Точната сума на долгот на поранешното раководство не е позната.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/sergej-samsonenko-dobi-rok-do-31-mart-da-go-raschisti-dolgot-vo-rk-vardar-vo-sprotiva-novata-uprava-kje-vrakja/feed/ 0
Сергеј Самсоненко уште еднаш ја покажа љубовта кон Вардар https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/sergej-samsonenko-ushte-ednash-ja-pokaza-ljubovta-kon-vardar/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/sergej-samsonenko-ushte-ednash-ja-pokaza-ljubovta-kon-vardar/#respond Wed, 27 May 2020 18:38:56 +0000 https://kurir.mk/?p=350832

Сергеј Самсоненко креаторот и причината за незаборавните ракометни денови во Македонија и двете освоени титули во Лигата на шампионите, иако ја завршува својата мисија во РК Вардар, сепак неговото срце кон „црвено-црните“ е широко отворенo. Ракометниот храм или како што изминатите години го нарекувавме ВУЛКАНОТ СЦ „Јане Сандански“ бесплатно ќе го даде на користење на европскиот првак, кој од први јуни и официјално ќе биде во рацете на старо-новиот газда, Михајло Михајловски, човекот кој никогаш не криеше дека Вардар е негова слабост. Тој денеска објасни каков договор имаат со Сергеј Самсоненко кога станува збор за салата. „Видов написи што не соодветствуваат со реалноста. Јас и Сергеј Самсоненко, имаме договор Вардар да ја користи салата „Јане Сандански“ а тоа да биде дел од неговиот придонес кон новиот Вардар. Што се однесува до младите категории, ќе се договориме со директорот на салата и тој дел од трошоците ќе си биде на Вардар. Ова беше договорено уште во делот на преземањето, изјави Михајло Михајловски. Македонскиот тим кој следната сезона засега ќе биде единствениот наш претставник во Лигата на шампионите во следните денови се очекува да го комплетира составот. извор: sportmedia.mk]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/sergej-samsonenko-ushte-ednash-ja-pokaza-ljubovta-kon-vardar/feed/ 0
Вардар умира- политичките игри на СДСМ го избркаа Самсоненко, бизнисменот вечерва соопштил дека се повлекува https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vardar-umira-politichkite-igri-na-sdsm-go-izbrkaa-samsonenko-biznismenot-vecherva-soopshtil-deka-se-povlekuva/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vardar-umira-politichkite-igri-na-sdsm-go-izbrkaa-samsonenko-biznismenot-vecherva-soopshtil-deka-se-povlekuva/#respond Wed, 29 Jan 2020 19:04:48 +0000 https://kurir.mk/?p=296587

Готово е! Сергеј Самсоненко се повлекува од фудбалскиот клуб Вардар. Вечерва оваа одлука им се соопштена на фудбалерите во Анталија, кои со солзи во очите ја прифатија оваа вест. На играчите им било кажано дека може да си бараат нови клубови, и тоа веднаш!, пренесува порталот Спорт Медиа. Играчите веднаш побарале враќање во Скопје, и решавање на потанатамошната нивна судбина. Проблемите кои ги имаше спонзорот Самсоненко околу спорни случаи, политичките игри, и немањето поддршка од државата, го избркаа рускиот спонзор кој остави траен белег и во ракометниот и во фудбалскиот тим. Фудбалскиот тим играше историски во групата од Лигата на Европа, со ракометарите освои две европски шампионски титули. Веста доаѓа по „ремито“ со Црвена Звезда денеска. Порталот дознава дека Самсоненко деновиве ќе го врати клубот на Град Скопје. Засега не е позната судбината со ракометниот тим, но веројатно и него го чека истата судбина.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vardar-umira-politichkite-igri-na-sdsm-go-izbrkaa-samsonenko-biznismenot-vecherva-soopshtil-deka-se-povlekuva/feed/ 0
Вардаровите херои луксузните автомобили ги кријат како змија нозете- Дибиров вози исти како Ван Перси, Самсоненко вистински „ѕвер“ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/vardarovite-heroi-luksuznite-avtomobili-gi-krijat-kako-zmija-nozete-dibirov-vozi-isti-kako-van-persi-samsonenko-vistinski-dzver/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/vardarovite-heroi-luksuznite-avtomobili-gi-krijat-kako-zmija-nozete-dibirov-vozi-isti-kako-van-persi-samsonenko-vistinski-dzver/#respond Thu, 06 Jun 2019 12:32:31 +0000 https://kurir.mk/?p=206064

Ракометарите на Вардар овие денови се вистинска сензација низ цела Европа, не само дома во Македонија. Иако спортските икони веќе неколку дена се одмораат дома по освојување на шампионската титула, медиумите секојдневно се потсетуваат на хероите кои не смее да бидат заборавени. Откако вчера КУРИР објави за понежните половини на ракометарите и нивната мотивација, денес се обидовме да истражиме што возат Вардаровите херои надвор од теренот. Сепак очигледно е дека тие своите „луксузни“ автомобили ги кријат како нозете змијата, па податоците речиси и да не се достапни на интернет, ниту пак на нивните приватни социјални мрежи. Сепак според фотографиите од минатото највоодушевувачки луксузен ѕвер вози Тимур Дибиров. Имено Дибиров кој е познат по тоа дека е страстен љубител на скапи и брзи автомобили, тој до неодамна возеше Ауди А7, а во моментов вози Порше-панамера кое изнесува околу 80.000 евра. Сепак во меѓувреме дали се подновил со нов автомобил не можеме да тврдиме со сигурност, но како и да е овој ѕвер му е доволен на Дибиров кој е исти како на фудбалерот Ван Перси. Освен за единствениот ракометар кој на Инстаграм не го крие својот автомобил, достапни информации единствено најдовме и за сопственикот на клубот, Русинот Сергеј Самсоненко  кој вози модел од класата на Порше Кајен, вредно околу 100.000 евра.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/vardarovite-heroi-luksuznite-avtomobili-gi-krijat-kako-zmija-nozete-dibirov-vozi-isti-kako-van-persi-samsonenko-vistinski-dzver/feed/ 0
Зошто Самсоненко си заминува од Вардар и од Македонија? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zoshto-samsonenko-si-zaminuva-od-vardar-i-od-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zoshto-samsonenko-si-zaminuva-od-vardar-i-od-makedonija/#respond Sat, 27 Apr 2019 12:51:03 +0000 https://kurir.mk/?p=191830

Веројатно Ракометниот клуб Вардар е најголемата македонска радост изминативе неколку години, а успесите кои ги постигна клубот под водство на бизнисменот Сереј Самсоненко ќе останат историски. Круната на достигнувањето на РК Вардар беше во сезоната 2016-2017 кога клубот под спознорството на Самсоненко ја освои Европската Лига на шампиони во ракомет која важи за најголемо ракометно клупско достигнување. Успесите на клубот Вардар не се само на полето на ракометот, да не заборавиме да историското достигнување кога ФК Вардар се пласираше во Лигата на Европа. Покрај одличните резултати кои ги донесе спонзорството на Самсоненко значајна е и создадената инфраструктура од страна на бизнисменот, кој инвестираше милиони евра во ФК и РК Вардар. Сепак оваа неверојатна бајка е при крајот, Сергеј Самсоненко најави дека ќе си заминува од Вардар поради како што вели тој влошената финансиска состојба во клубот, односно константното задолжување за финансирање на клубот без притоа никаква помош од државата или пак од бизнис секторот во Македонија. Напротив државата наместо да му помага веќе две и половина години му одмага на Самсоненко и на Вардар, правејќи се за рускиот бизнисмен да си замине од Македонија. Да не заборавиме дека Самсоненко во скопската населба Аеродром градеше Руска православна црква, чија изградба општина Аеродром на чело со Златко Марин градоначлник од редовите на СДСМ ја прекина. Притоа Марин исто така го раскина договорот кој општината го имаше со Самсоненко за користење на тениските игралишта на кејот од Вардар. Финансиските проблеми на клубот беа евидентни и поради доцнењето на платите за ракометарите, кои не беа резултат само на влошената финансиска состојба туку и блокирањето на финансиските трансфери од државните институции. Ваквата состојба направи многу клучни играчи да си заминат од тимот и да си ја бараат среќата на друго место. Како капа на се, клубот Вардар е редовна мета на инспекциите, состојба која дополнително ја отежнува работата на најтрофејниот македонски клуб. Случајот „Вардар“ полека ја добива својата разврска, Сергеј Самсоненко ќе го напушти клубот и ќе го врати таму од каде што го зема, Град Скопје. Во јавноста се шпекулира дека интерес за купување на македонскиот фудбалски бренд има од страна на бугарски бизнисмени.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zoshto-samsonenko-si-zaminuva-od-vardar-i-od-makedonija/feed/ 0
Сите се прашуваат зошто Самсоненко не ги испрати Вардарци во историја- еве ја причината https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/site-se-prashuvaat-zoshto-samsonenko-ne-gi-isprati-vardarci-vo-istorija-eve-ja-prichinata/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/site-se-prashuvaat-zoshto-samsonenko-ne-gi-isprati-vardarci-vo-istorija-eve-ja-prichinata/#respond Fri, 26 Apr 2019 07:57:00 +0000 https://kurir.mk/?p=191470

Сергеј Самсоненко синоќа не беше во ложата во СЦ „Јане Сандански“ каде вообичаено од ложата ги следи натпреварите на ракометниот шампион на Македонија и да го испрати шампионскиот тим, кој тој го создаде, во историја. Според информациите до кои дојде „СПОРТМЕДИА“, Русинот немал срце да се збогува со Вардарци. Тој дуелот, во кој Вардар го даде најдоброто од себе, го следел дома, на малите екрани. Првиот човек и спонзор на ракометниот клуб Вардар пред неколку дена ја извести јавноста дека од следната сезона нема повеќе да ги финансира „црвено-црните“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/site-se-prashuvaat-zoshto-samsonenko-ne-gi-isprati-vardarci-vo-istorija-eve-ja-prichinata/feed/ 0
ОФИЦИЈАЛНО: Сергеј Самсоненко по седум години на чело на РК Вардар си заминува од клубот! https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/oficijalno-sergej-samsonenko-po-sedum-godini-na-chelo-na-rk-vardar-si-zaminuva-od-klubot/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/oficijalno-sergej-samsonenko-po-sedum-godini-na-chelo-na-rk-vardar-si-zaminuva-od-klubot/#respond Fri, 19 Apr 2019 15:43:55 +0000 https://kurir.mk/?p=188761

Тоа за што подолго време се шпекулираше, денеска е и официјално потврдено – рускиот бизнисмен Сергеј Самсоненко по седум години на чело на РК Вардар, си заминува од клубот. Во објава на официјалниот веб-сајт на РК Вардар, Самсоненко со соопштение вели дека по големите средства кои ги вложил во клубот и ветената помош, не може да продолжи со финансирањето на клубот. Под водство на Самсоненко, РК Вардар стигна до титулата европски шампион во 2017 година, освои 4 титули од регионалната СЕХА лига, додека ЖРК Вардар три пати беше бронзен, а двапати сребрен во големите европски финалиња. Известувањето на Самсоненко во целост: „Почитувани граѓани, пријатели! Почитувана јавност! Изминува веќе 7-та година од моето раководење и финансирање на ракометот во државата, започнувајќи од ЖРК Вардар во 2012 година и веќе во 2013 година приклучувајќи го и РК Вардар. Од седумте години поминати во ракометот за жал изминува веќе третата година како јас лично се борам од ден за ден за издржување на клубот, со постојано задолжување и земање на кредити. Покрај оваа борба која ја водам секој ден зад мене има повеќе од 5000 вработени во моите компании кои ги издржувам со нивните семејства и кои не сакам да ги загрозувам, а веќе тоа се одразува со моето постојано задолжување за спортот. Приходот кој ракометниот клуб го има од страна на Европската Ракометна Федерација и од спонзори изминативе години не е ни 10% од буџетот кој јас го давам годишно. Добив премногу ветувања дека за кратко ќе добијам помош за ракометот, но еве веќе како што напоменав измина и седмата година и таа помош ја нема. Ова е причината поради која јас од следната сезона не сум во можност да продолжам со финансирањето на ракометниот клуб Вардар. Во изминатите години РК Вардар како симбол на државата доминира во спортот. Вардар е, и ќе биде национална гордост за секој граѓанин. Вардар стана европски првак во машка конкуренција во ЛШ во 2017 година и на нашата земја ѝ го донесе европското злато. „Црвено-црните” како што не нарекуваат ја освоија европската круна во Келн, и никогаш нема да заборавам ниту јас ниту сите граѓани како во Скопје не пречекаа илјадници луѓе и се поклонија за успехот на ракометарите. Да не заборавиме дека 6 сезони во ЖРК Вардар донесоа: 6 првенствени титули, 5 купови на РМ, 5 учества во лигата на шампиони од кои три пати Европска бронза и двапати го освоивме второто место. Шест сезони во РК Вардар донесоа : 4 првенствени титули, 5 купови на РМ, 2 супер купа на РМ, 4 регионални СЕХА титули, едно изгубено полуфинале во лигата на шампионите и титулата со непроценливо значење, освојувачи на ЛШ во 2017 година Заради сето ова погоре со ова мое искрено писмо отворено Ги повикувам сите македонски бизнисмени да дојдат и да се приклучат кон финансирањето на Ракометниот клуб. Вардар е едната радост на нашата земја!Се надевам дека ова ќе допре до Вашите срца и заедно ќе ја сочуваме нашата гордост! Со почит, Сергеј Самсоненко“]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/oficijalno-sergej-samsonenko-po-sedum-godini-na-chelo-na-rk-vardar-si-zaminuva-od-klubot/feed/ 0
По скандалозната одлука на дербито Шкендија – Вардар, Самсоненко најави повлекување https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/po-skandaloznata-odluka-na-derbito-shkendija-vardar-samsonenko-najavi-povlekuvanje/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/po-skandaloznata-odluka-na-derbito-shkendija-vardar-samsonenko-najavi-povlekuvanje/#respond Sun, 17 Feb 2019 21:09:59 +0000 https://kurir.mk/?p=165035

Дерби натпреварот помеѓу Шкендија и ФК Вардар денеска заврши со резултат 1-0, но тензиите во Тетово ги подигнала сакндалозната одлука на судиите да не признаат чист гол на „вардарци“. Топката заврши зад гол-линијата на Шкендија по еден шут на Најдовски во 38. минута, но тоа не било доволно да му се запише гол за изедначување на Вардар. По денешното дерби во Тетово, Сергеј Самсоненко, сопственикот на Вардар најавил повлекување од клубот, јавува Спортмедиа.мк. Тој посочил дека веќе нема намера да фрла пари во ваков фудбал. Порталот додава дека тој уште на полувремето побарал од раководните лица на клубот, кои биле во Тетово, жестоко да реагираат по катастрофалната одлука на судиите кога Вардар беше оштетен.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/po-skandaloznata-odluka-na-derbito-shkendija-vardar-samsonenko-najavi-povlekuvanje/feed/ 0
Самсоненко во Вардар останува најмалку до крајот на 2020 година https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/samsonenko-vo-vardar-ostanuva-najmalku-do-krajot-na-2020-godina/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/samsonenko-vo-vardar-ostanuva-najmalku-do-krajot-na-2020-godina/#respond Sat, 15 Dec 2018 08:10:35 +0000 https://kurir.mk/?p=140474

Рускиот бизнисмен Сергеј Самсоненко ќе остане во Вардар најмалку до 2020 година, пренесува „24 ракомет“. Според информациите на порталот, играчите заедно со Самсоненко имале состанок во изминатите неколку дена, на кој им било пренесено дека тој ќе остане во клубот, а желбата му било да се донесе трофејот од Лигата на шампионите кај ракометарите на „црвено-црниот“ тим.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/samsonenko-vo-vardar-ostanuva-najmalku-do-krajot-na-2020-godina/feed/ 0
Германската ѕвезда пристигна во Скопје: Дисингер на маса со Самсоненко https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/germanskata-dzvezda-pristigna-vo-skopje-disinger-na-masa-so-samsonenko/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/germanskata-dzvezda-pristigna-vo-skopje-disinger-na-masa-so-samsonenko/#respond Wed, 10 Oct 2018 20:52:28 +0000 https://kurir.mk/?p=113574

Македонскиот ракометен првак Вардар е на прагот да донесе големо засилување од Бундеслигата, во германскиот репрезентативец Кристијан Дисингер, кој бил забележан во Скопје, во друштво на првиот човек на „црвено-црните“, пишува порталот Гол.мк. Според информациите до кои дојде Gol.mk, ракометарот и газдата на клубот Сергеј Самсоненко имале состанок во Хотел „Русија“, на кој се воделе преговори за трансфер на Дисингер во македонскиот ракометен гигант кој пред две години ја освои Лигата на шампионите. Наводно, постои интерес и од двете страни за соработка, па останува да се договорат уште личните услови на Германецот кој пред неколку години се поврзуваше со трансфер во Вардар. Повеќе на Гол]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/germanskata-dzvezda-pristigna-vo-skopje-disinger-na-masa-so-samsonenko/feed/ 0