сергеј шојгу – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 05 Sep 2023 10:45:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png сергеј шојгу – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Според Шојгу, украинската контраофанзива е „целосен неуспех“ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/spored-shojgu-ukrainskata-kontraofanziva-e-tselosen-neuspeh/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/spored-shojgu-ukrainskata-kontraofanziva-e-tselosen-neuspeh/#respond Tue, 05 Sep 2023 10:45:48 +0000 https://kurir.mk/?p=874756

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу денеска оцени дека украинската контраофанзива е целосен неуспех, но додаде дека ситуацијата во дел од регионот Запорожје, што е под руска контрола, е тензична, јавија западни медиуми. -Вооружените сили на Украина не ги постигнаа своите цели на ниту еден фронт“, рече Шојгу. - Ситуацијата е најтензична на фронтот во регионот Запорожје“ додаде тој. - Непријателот активираше бригади од своите стратешки резерви чии војници се обучени од западни инструктори“, појасни рускиот министер. Русија окупираше делови од Украина за да воспостави „копнен мост“ до црноморскиот полуостров Крим, што незаконски го анектираше во 2014 година.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/spored-shojgu-ukrainskata-kontraofanziva-e-tselosen-neuspeh/feed/ 0
Шојгу: Воените вежби „Запад“ нема да се одржат годинава https://arhiva.kurir.mk/makedonija/shojgu-voenite-vezhbi-zapad-nema-da-se-odrzhat-godinava/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/shojgu-voenite-vezhbi-zapad-nema-da-se-odrzhat-godinava/#respond Mon, 04 Sep 2023 18:14:38 +0000 https://kurir.mk/?p=874503

Воените вежби Запад нема да се одржат оваа година, изјави рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу. -„Не“, накратко одговори Шојгу на прашање на новинарите во Сочи дали воените вежби „Запад“ ќе се одржат годинава. Оваа година имаме „научници“ во Украина, додаде тој, цитиран од ТАСС, пренесе БТА. Русија последен пат ја одржа вежбата „Запад“ со својот сојузник Белорусија во септември 2021 година, пет месеци пред руската инвазија на Украина. Тогаш Москва соопшти дека во вежбите учествувале 200 илјади воен персонал. Минатата недела, британското воено разузнавање на својот дневен брифинг соопшти дека верува оти Русија нема да ја одржи вежбата „Запад“ оваа година, бидејќи нема доволно војници и опрема за неа, а во исто време води војна во Украина во 19-тиот месец. Шојгу денеска изјави и дека Русија и Северна Кореја разговараат за можноста за одржување заеднички воени вежби. -За ова разговараме со сите, вклучително и со Северна Кореја. Зошто да не? Тие се наши соседи, рече министерот. Тој потсети дека Русија и Кина спроведуваат не само вежби, туку и заеднички патроли со стратешки бомбардери и заеднички патроли со поморски ракетни носачи, а тоа се случува два или три пати годишно. Шојгу денеска во Сочи имаше билатерална средба и со неговиот турски колега Јасар Ѓулер, додека претседателите на двете земји Владимир Путин и Реџеп Таип Ердоган разговараа на високо ниво. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/shojgu-voenite-vezhbi-zapad-nema-da-se-odrzhat-godinava/feed/ 0
Шојгу: Западот распореди околу 360.000 војници во близина на границата на Русија и Белорусија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shojgu-zapadot-rasporedi-okolu-360-000-vojnitsi-vo-blizina-na-granitsata-na-rusija-i-belorusija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shojgu-zapadot-rasporedi-okolu-360-000-vojnitsi-vo-blizina-na-granitsata-na-rusija-i-belorusija/#respond Wed, 09 Aug 2023 13:40:59 +0000 https://kurir.mk/?p=865095

Западот распореди околу 360.000 војници во близина на границата меѓу Русија и Белорусија, изјави денеска рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу, додавајќи дека Москва исто така ќе го зголеми присуството на своите војници на западните граници. Тој изјави дека покрај голем број војници, западните земји распоредиле и околу 8.000 оклопни возила и 650 авиони и хеликоптери, јавија руските агенции. Шојгу истакна дека бројот на војници на НАТО, кои не припаѓаат на земјите од регионот, е зголемен од февруари минатата година во близина на границата на Русија и Белорусија за два и пол пати и надмина 30.000. „Колективниот Запад води посредничка војна против Русија“, изјави Шојгу. Посочи дека Русија ќе го зголеми бројот на своите војници на западните граници како одговор на членството на Финска во НАТО. Влезот на Финска во Алијансата и идното членство на Шведска тој го нарече „сериозен дестабилизирачки фактор“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shojgu-zapadot-rasporedi-okolu-360-000-vojnitsi-vo-blizina-na-granitsata-na-rusija-i-belorusija/feed/ 0
Шојгу: Украина планира да ја нападне руската територија со ракетите ХИМАРС и Сторм Шадоу https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shojgu-ukraina-planira-da-ja-napadne-ruskata-teritorija-so-raketite-himars-i-storm-shadou/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shojgu-ukraina-planira-da-ja-napadne-ruskata-teritorija-so-raketite-himars-i-storm-shadou/#respond Tue, 20 Jun 2023 12:12:25 +0000 https://kurir.mk/?p=847796

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу на денешниот состанок на одборот на министерството изјави дека командата на украинските вооружени сили планира да изврши удари врз руска територија, вклучително и на Крим, со ракетите Химарс( HIMARS) и Сторм Шадоу (Storm Shadow). -Според наши информации, раководството на украинските вооружени сили планира да изврши удари на територијата на Руската Федерација, вклучувајќи го и Крим, со ракети „ХИМАРС“ и „Сторм Шадоу, рече рускиот миниостер за одбрана. Највисокиот руски воен функционер нагласи дека употребата на западно оружје надвор од зоната на специјални воени операции ќе предизвика итни руски напади врз центрите за одлучување во Украина. Тој додаде дека таквиот потег ќе значи целосно вклучување на САД и Обединетото Кралство во конфликтот, пренесува руската агенција Тас. Шојгу, исто така, објави дека украинскиот режим ја продолжува својата контраофанзива јужно од Доњецк и во областите Запорожје и Доњецк. Тој тврди дека Украинците ги ангажирале своите елитни единици обучени од НАТО, но и дека користат големи количества оружје што го добивале од Запад. -Од 4 јуни, украинската армија изврши 263 напади врз позициите на руските војници. Благодарение на компетентните, несебични акции на нашите единици, сите беа одбиени, а непријателот не ги постигна целите, рече тој. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shojgu-ukraina-planira-da-ja-napadne-ruskata-teritorija-so-raketite-himars-i-storm-shadou/feed/ 0
Шојгу: Русија во 2023 ќе ја прошири инфраструктурата за нуклеарно оружје https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shojgu-rusija-vo-2023-kje-ja-proshiri-infrastrukturata-za-nuklearno-oruzje/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shojgu-rusija-vo-2023-kje-ja-proshiri-infrastrukturata-za-nuklearno-oruzje/#respond Thu, 01 Dec 2022 07:59:32 +0000 https://kurir.mk/?p=769273

Русија ќе посвети посебно внимание на изградбата на инфраструктура за своите нуклеарни сили во 2023 година, изјави рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу. Тој рече дека Русија, исто така, ќе работи на подобрување на борбените способности на своите нуклеарни сили и ќе се изградат објекти за распоредување на нови ракетни системи. Русија има најголеми резерви на нуклеарно оружје во светот, со речиси 6.000 боеви глави. Рускиот претседател Владимир Путин ги стави окупираните територии во Украина под нуклеарниот чадор на Москва и предупреди дека е подготвена да го брани „територијалниот интегритет“ на Русија со сите расположливи средства. САД соопштија дека ја предупредиле Русија за последиците од можна употреба на нуклеарно оружје. Русија и САД оваа недела требаше да одржат разговори во Каиро за нивниот постоечки договор Нов СТАРТ, со кој се ограничува бројот на боеви глави. Но, Москва се повлече пред состанокот и ги обвини САД за „токсично антируско однесување“ и обид да манипулираат со договорот во своја полза.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shojgu-rusija-vo-2023-kje-ja-proshiri-infrastrukturata-za-nuklearno-oruzje/feed/ 0
Шојгу и Остин телефонски разговарале за војната во Украина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shojgu-i-ostin-telefonski-razgovarale-za-vojnata-vo-ukraina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shojgu-i-ostin-telefonski-razgovarale-za-vojnata-vo-ukraina/#respond Fri, 21 Oct 2022 14:40:51 +0000 https://kurir.mk/?p=749122

Рускиот и американскиот министер за одбрана Сергеј Шојгу и Лојд Остин телефонски разговарале за ситуацијата во Украина, соопшти руското Министерство за одбрана. – Се разговараше за актуелни прашања од меѓународната безбедност, вклучително и за ситуацијата во Украина, се вели во соопштението на Министерството, пренесува РИА Новости. Последен пат руското Министерство за одбрана извести за контакт на Шојгу со Остин во мај оваа година. На 24 февруари Русија ја нападна Украина, а на 30 септември анектира четири украински територии каде претходно се одржаа нелегитимни референдуми за приклучување кон Русија. (МИА)
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shojgu-i-ostin-telefonski-razgovarale-za-vojnata-vo-ukraina/feed/ 0
Шојгу: Досега се мобилизирани повеќе од 200.000 луѓе https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shojgu-dosega-se-mobilizirani-povekje-od-200-000-lugje/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shojgu-dosega-se-mobilizirani-povekje-od-200-000-lugje/#respond Tue, 04 Oct 2022 10:48:16 +0000 https://kurir.mk/?p=740828

Повеќе од 200.000 лица досега одговорија на повикот во рамки на делумната мобилизација и им се приклучија на вооружените сили на Руската Федерација, изјави денеска рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу. Тој истакна дека обуката на мобилизираните се изведува на 80 полигони и во шест центри за обука. Во Русија на 21 септември беше најавена делумна мобилизација и беше соопштено дека ќе бидат мобилизирани 300.000 резервисти, што е нешто повеќе од еден процент од вкупните мобилизациски ресурси на земјата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shojgu-dosega-se-mobilizirani-povekje-od-200-000-lugje/feed/ 0
Рускиот министер за одбрана Шојгу: Намерно ја забавивме воената кампања во Украина за да ги намалиме цивилните жртви https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ruskiot-minister-za-odbrana-shojgu-namerno-ja-zabavivme-voenata-kampanja-vo-ukraina-za-da-gi-namalime-civilnite-zrtvi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ruskiot-minister-za-odbrana-shojgu-namerno-ja-zabavivme-voenata-kampanja-vo-ukraina-za-da-gi-namalime-civilnite-zrtvi/#respond Wed, 24 Aug 2022 09:08:35 +0000 https://kurir.mk/?p=723082

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу денеска изјави дека Русија намерно ја забавила својата воена кампања во Украина, поради, како што вели, потребата да се намалат цивилните жртви. – Се прави сè што е можно за да се избегнат цивилни жртви. Се разбира, ова го успорува темпото на офанзивата, но ние го правиме тоа намерно, изјави Шојгу на состанокот во Узбекистан на министрите за одбрана од Шангајската организација за соработка. Руските трупи постигнаа мал напредок во последните месеци откако беа истиснати од Киев во првите недели од војната.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ruskiot-minister-za-odbrana-shojgu-namerno-ja-zabavivme-voenata-kampanja-vo-ukraina-za-da-gi-namalime-civilnite-zrtvi/feed/ 0
Рускиот министер за одбрана ги посетил војниците во Украина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ruskiot-minister-za-odbrana-gi-posetil-vojnicite-vo-ukraina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ruskiot-minister-za-odbrana-gi-posetil-vojnicite-vo-ukraina/#respond Sun, 26 Jun 2022 08:18:21 +0000 https://kurir.mk/?p=695838

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу изврши инспекција на руските војници во Украина, соопшти денеска војската. На командните пунктови на руските единици, армискиот генерал Сергеј Шојгу ги прифати извештаите на командантите за актуелната ситуација и акциите на руските вооружени сили во главните оперативни области, се вели во соопштението на Министерството. Се уште не е јасно каде точно била инспекцијата на министерот Шојгу.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ruskiot-minister-za-odbrana-gi-posetil-vojnicite-vo-ukraina/feed/ 0
Рускиот министер за одбрана Шојгу доживеал срцев удар, тврди руски бизнисмен и противник на Путин https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ruskiot-minister-za-odbrana-shojgu-doziveal-srcev-udar-tvrdi-ruski-biznismen-i-protivnik-na-putin/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ruskiot-minister-za-odbrana-shojgu-doziveal-srcev-udar-tvrdi-ruski-biznismen-i-protivnik-na-putin/#respond Fri, 15 Apr 2022 09:56:10 +0000 https://kurir.mk/?p=663508

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу „доживеа тежок срцев удар“. Ова на Фејсбук го објави руско-израелскиот бизнисмен и противник на рускиот претседател, Леонид Невзлин. „Шојгу е надвор од игра, може да остане инвалид, доколку преживее. Одеднаш доживеа тежок срцев удар. Се наоѓа на интензивна нега, поврзан е на апарати“, пишува Невзлин на социјалната мрежа. Тој тврди дека „има гласини дека ваков срцев удар не се добива по природен пат“. Британските медиуми наведуваат дека Невзлин го објави ова по потонувањето на рускиот команден брод на Црноморската флота. Шојгу е веќе десет години на чело на руската војска, што го прави десна рака на рускиот претседател Владимир Путин. Но, изминатиов период, не е забележан на регуларните состаноци во Кремљ, пишува „Дејли мејл“. Кон крајот на март, се појавија сомнежи за тензии меѓу Путин и Шојгу. Наводно, тоа се должи на спорото напредување на руските сили во Украина. Американски разузнавачи сугерираат дека до тензиите дошло откако Путин дознал за размерите на руските загуби во Украина. Шојгу беше виден вчера за време на видео конференцијата на Путин со останатите министри. Тој не зборуваше, па „Дејли мејл“ пишува дека е можно Кремљ да користи претходни снимки од Шојгу. Тоа, како што се наведува, е со цел да се остави впечаток дека тој и понатаму е активно вклучен во настаните. Невзлин е поранешен медиумски магнат и нафташ, па така и еден од оние, кои беа принудени да побегнат од Русија, кога станаа мета на ударот на Кремљ, откако Путин донесе одлука за државното преземање на нафтената компанија „Јукос“. Рускиот суд го осуди Невзлин, во отсуство, на доживотен затвор, по серија тужби против поранешни шефови на „Јукос“. Минатиот месец, тој најави дека се откажува од руското државјанство и објави дека „сè што ќе допре Путин е осудено на смрт“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ruskiot-minister-za-odbrana-shojgu-doziveal-srcev-udar-tvrdi-ruski-biznismen-i-protivnik-na-putin/feed/ 0