Сергеј Суровикин – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 07 Jul 2023 17:28:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Сергеј Суровикин – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Западни медиуми: Суровикин е мртов https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zapadni-mediumi-surovikin-e-mrtov/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zapadni-mediumi-surovikin-e-mrtov/#respond Fri, 07 Jul 2023 17:28:34 +0000 https://kurir.mk/?p=854188

Моќниот руски генерал Сергеј Суровикин (56) ја пропушти прославата на роденденот на својата сопруга, што дополнително ги подгреа наводите дека е уапсен. Суровикин исчезна пред две недели по вооружениот бунт на Евгениј Пригожин и шпекулациите дека знаел за плановите на шефот Вагнер. Кремљ сè уште не кажува каде е Суровикин, додека некои западни медиуми одат дотаму што тврдат дека поранешниот командант на руските сили во Украина е мртов со недели. Отсуството на генералот на роденденската забава на неговата гламурозна сопруга Ана дополнително ги подгреа гласините дека тој е убиен. Некои медиуми, да потсетиме, објавија неофицијални информации дека Суровикин бил уапсен и испрашуван недолго откако објавил кратко видео во кое ги повикува платениците да престанат со бунтот. „Њујорк тајмс“, на пример, објави, повикувајќи се на неофицијални информации од разузнавачки кругови, дека Суровикин знаел за заговорот на Пригожин за соборување на највисоките руски воени функционери. Суровикин може да се соочи со обвиненија за предавство и до 20 години затвор. – Очигледно избра страна (Пригожин за време на бунтот), а сега го фатија за врат – изјави извор од Министерството за одбрана за порталот „Москва Тајмс“. Друг извор близок до руското Министерство за одбрана го потврди апсењето, но рече дека деталите не се разговараат ниту внатрешно. Локацијата на Суровикин засега останува непозната поради спротивставените теории. Поранешниот советник за национална безбедност на Грузија тврдеше дека „на Суровикин работите не му одат добро“ особено откако го пропуштил роденденот на сопругата на 4 јули. Рускиот експерт Георгиј Ревишвили исто така додаде дека семејството на Суровикин престанало да комуницира дури и со многу блиски пријатели и колеги на генералот. Таканаречениот генерал Армагедон ја презеде командата со руските сили во Украина во октомври минатата година. Тој го доби својот морничав прекар поради неговата улога во Сирија разурната од војната. Пригожин, исто така, не е виден во јавноста откако отиде во Белорусија, како што беше договорено по бунтот. Мистеријата се продлабочи кога белорускиот лидер Александар Лукашенко вчера изненадувачки објави дека шефот на Вагнер не е во неговата земја, туку во Русија. – Пригожин е во Санкт Петербург. Не е на територијата на Белорусија – рече Лукашенко. Дмитриј Песков, портпарол на рускиот претседател Владимир Путин, тогаш објави дека Кремљ не е заинтересиран да ги следи движењата на Пригожин. Наместо тоа, руските безбедносни сили упаднаа во неговата раскошна куќа во Санкт Петербург. Деловен авион поврзан со Пригожин, наводно, во средата тргнал од Санкт Петербург за Москва, а потоа во четвртокот се упатил кон јужна Русија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zapadni-mediumi-surovikin-e-mrtov/feed/ 0
Руската војска денеска назначи нов командант https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ruskata-vojska-deneska-naznachi-nov-komandant/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ruskata-vojska-deneska-naznachi-nov-komandant/#respond Sat, 08 Oct 2022 20:37:30 +0000 https://kurir.mk/?p=742884

Руската војска денеска објави дека назначува нов командант на своите „специјални воени операции“ во Украина по серијата загуби на теренот. - Армискиот генерал Сергеј Суровикин е назначен за командант на комбинираните воени групации во зоната на специјални воени операции во Украина, соопшти денеска руското Министерство за одбрана преку Телеграм. Суровикин (55) е ветеран од граѓанската војна во Таџикистан во 1990-тите, втората војна во Чеченија во 2000-тите и руската интервенција во Сирија започната во 2015 година. Досега тој командуваше со групата Јужни сили во Украина, според извештајот на руското Министерство во јули. Како што пренесуваат странските агенции, Москва ја објави одлуката за назначување нов командант, по серијата порази на руската армија во Украина. На почетокот на септември, руските сили беа истиснати од поголемиот дел од регионот Харков во североисточниот дел на земјата во украинската контраофанзива во која Киев поврати илјадници квадратни километри територија. Руските војници, исто така, изгубија 500 квадратни километри во регионот Херсон во јужна Украина и го избегнаа опкружувањето во Лиман, логистички центар кој сега е во рацете на Киев. Соопштението е објавено на денот кога експлозија делумно го уништи Кримскиот мост, клучна инфраструктура за снабдување на полуостровот што Москва го анектираше во 2014 година, како и за снабдување на руските сили во Украина. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ruskata-vojska-deneska-naznachi-nov-komandant/feed/ 0