сертификат за ковид-19 – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 19 Aug 2021 12:35:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png сертификат за ковид-19 – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ЕК го прогласи националниот Дигитален сертификат на Македонија за еквивалентен на европскиот сертификат – еве што тоа значи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ek-go-proglasi-nacionalniot-digitalen-sertifikat-na-makedonija-za-ekvivalenten-na-evropskiot-sertifikat-eve-shto-toa-znachi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ek-go-proglasi-nacionalniot-digitalen-sertifikat-na-makedonija-za-ekvivalenten-na-evropskiot-sertifikat-eve-shto-toa-znachi/#respond Thu, 19 Aug 2021 12:35:44 +0000 https://kurir.mk/?p=552626

Министерството за здравство информира дека денеска Европската комисија го усвои националниот Дигитален сертификат на Република Македонија и истиот го смета за еквивалентен на Дигиталниот сертификат на ЕУ. Ние сме прва земја во регионот за која сертификатите за КОВИД-19 ќе се сметаат за еквивалентни на Дигиталниот сертификат на ЕУ. Со ова се избегнуваат сите ограничувања во патувањата како што се дополнително тестирање или карантин. Во неопходни случаи, како што е заштитата на јавното здравје, земјите членки можат да преземат дополнителни мерки. Благодарение на оваа одлука ќе бидат укинати ограничувањата за патување за луѓето што ги примиле вакцините против Ковид-19 одобрени од ЕУ. Со оваа одлука се гарантира дека сертификатите за КОВИД-19 издадени од Република Македонија ќе се сметаат за исти со Дигиталниот сертификат на ЕУ за КОВИД-19,а нашата земја официјално е поврзана со системот на ЕУ со сертификатот за КОВИД-19 издаден од нашите авторитети ќе биде прифатен во ЕУ под истите услови како и Дигиталниот сертификат за ЕУ. Во пракса, носителите на овие сертификати ќе можат да ги користат под истите услови како и носителите на ЕУ Дигиталниот сертификат за вакцинација. Одлуката на Европската комисија е признание за Република Македонија за преземените активни чекори од наша страна со правилата на ЕУ во оваа насока и потврда за автентичноста и валидноста на чекорите кои се преземаат со цел заштита на здравјето на нашите граѓани.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ek-go-proglasi-nacionalniot-digitalen-sertifikat-na-makedonija-za-ekvivalenten-na-evropskiot-sertifikat-eve-shto-toa-znachi/feed/ 0
ОФИЦИЈАЛНО: Грција ги отвoри сите копнени граници со Македонија, има ново правило со важноста на сертификатот за прележан Ковид-19 https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/oficijalno-grcija-gi-otvori-site-kopneni-granici-so-makedonija-ima-novo-pravilo-so-vaznosta-na-sertifikatot-za-prelezan-kovid-19/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/oficijalno-grcija-gi-otvori-site-kopneni-granici-so-makedonija-ima-novo-pravilo-so-vaznosta-na-sertifikatot-za-prelezan-kovid-19/#respond Fri, 02 Jul 2021 07:28:09 +0000 https://kurir.mk/?p=530840

По најавите дека Грција ќе ги отвори сите копнени гранични премини кон соседните земји, официјалната министерска одлука е веќе објавена во Службен весник, па така, од вчера, влезот кај јужниот сосед од Македонија можен е, освен преку Евзони (Богородица) и преку Ники (Меџитлија) и Дојран, јави дописничката на МИА од Атина. За разлика од претходно, кога преминот Богородица работеше со ограничено работно време, сега, согласно новата одлука, сите гранични премини работат 24 часа. Во одлуката „Предуслови за влез во земјата за да се ограничи ширењето на Ковид-19“, што е во сила до 8 јули 2021 година, за патување во Грција, задолжителен е документ поврзан со Ковид-19, односно или сертификат за вакцинација, 14 дена по примената втора доза, или негативен резултат од ПЦР тест направен 72 часа пред патувањето или рапид (брз) тест до 48 часа пред пристигнувањето во Грција или потврда за прележан коронавирус, како и пополнет PLF формуларот. Промени, согласно новата одлука што ја пренесува МИА, има во однос на потврдата за прележан Ковид-19, важноста на документот издаден 30 дена по првиот позитивен резултат е до 180 дена по позитивниот резултат, а не од два до девет месеци како што беше претходно. Нашата земја и понатаму е на листата држави за кои важи исклучокот од забраната за влез во Грција на државјани на трети земји, а освен од Македонија, дозволено е патување и за државјаните од Австралија, Албанија, Босна и Херцеговина, Обединетите Арапски Емирати, САД, Велика Британија, Јапонија, Израел, Канада, Белорусија, Либан, Црна Гора, Бахреин, Нов Зеланд, Јужна Кореа, Катар, Кина, Кувајт, Украина, Руанда, Русија, Саудиска Арабија, Србија, Сингапур и Тајланд. На листата, додадени се и Азербејџан, Ерменија, Јордан, Молдавија, Брунеј и Косово. Од копнените гранични премини, освен трите кон Македонија, отворени се и Промахонас, Орменио, Нимфеа и Ексохи кон Бугарија, Кастањес, Кипи кон Турција и Кристалопиги и Какавја кон Албанија кои работат 24 часа, а единствено Мавромати кон Албанија е со работно време од 8 до 16 часот и дозволен влез на најмногу 250 лица. Согласно министерската одлука, сите посетители, „независно од државјанството и начинот на влез во земјата“ имаат две опции и една алтернативна можност, во однос на документите што треба да ги приложат и се поврзани со Ковид-19, а МИА детално ги пренесува сите предуслови за патување во Грција. Првата опција е целосно да ја имаат завршено вакцинацијата 14 дена пред патувањето и да достават сертификат за вакцинација на грчки, англиски, француски, германски, италијански, шпански или руски јазик, издаден од јавна установа и да ги содржи податоците: име и презиме, како што се заведени во пасошот, вид на вакцина и бројот на дози, заедно со датуми кога се примени. Втората можност е со негативен тест. Или ПЦР направен во последните 72 часа пред патувањето или антигенски (брз) тест направен 48 часа претходно. И за двете опции, тестирањето треба да биде во одобрена од државата на потекло приватна или државна лабораторија, а потврдата да биде на грчки, англиски, француски, германски, италијански, шпански или руски јазик, а исто како и за сертификатот, треба да ги содржи и името и презимето на лицето кое патува, онака како што се заведени во пасошот. Алтернативно, посетителите на Грција, може да достават потврда за прележана болест по лабораториско тестирање со ПЦР или антигенски (брз) тест. Сертификатот се издава 30 дена по првиот позитивен тест и неговата важност трае до 180 дена по позитивниот резултат. Документот треба да биде од јавна установа или од лаборатории одобрени од државата на потекло, да ги содржи податоците од пасошот и повторно, може да биде на неколку јазици, односно на грчки, англиски, француски, германски, италијански, шпански или руски јазик. Европскиот дигитален Ковид сертификат е уште една алтернативна можност за влез во Грција. Конкретните обврски за патување важат за лица со наполнети 12 години. Дополнително, за патување, задолжителен е и електронскиот формулар PLF (Passenger Locator Form), кој треба да биде пополнет преку интернет страницата https://travel.gov.gr пред поаѓањето, по што се добива потврда со QR-код и се смета за неопходен документ за влез во Грција. Сите посетители на Грција, независно од земјата на потекло, може да бидат подложени на тестирања, а селекцијата се врши согласно здравствениот алгоритам и со помош на кодот од PLF формуларот. Доколку бидат тестирани, ќе треба да ги почекаат резултатите. Ако резултатот е позитивен, предвиден е десетдневен, карантин, додека пак ако се работи за лица кои 14 дена претходно ја завршиле вакцинацијата, тогаш задолжителната изолација е седум дена, а на последниот ден од карантинот, потребно е да се направи ПЦР тест. За прекршување на законските мерки и обврски, предвидени се парични казни од 500 и 5.000 евра. За туристите, важат истите правила и рестрикции што важат и за Грците. Првата министерска одлука „Предуслови за влез во земјата за да се ограничи ширењето на Ковид-19“, беше објавена на 14 мај годинава, кога по пауза од 14 месеци се отвори граничниот премин Евзони (Богородица) и беше дозволен влез во Грција за македонски државјани, а оттогаш се продолжува секоја седмица. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/oficijalno-grcija-gi-otvori-site-kopneni-granici-so-makedonija-ima-novo-pravilo-so-vaznosta-na-sertifikatot-za-prelezan-kovid-19/feed/ 0
Сертификат на ЕУ за Ковид-19 законски одобрен во Унијата: Колку долго ќе важи и во каква форма ќе биде издаден https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sertifikat-na-eu-za-kovid-19-zakonski-odobren-vo-unijata-kolku-dolgo-kje-vazi-i-vo-kakva-forma-kje-bide-izdaden/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sertifikat-na-eu-za-kovid-19-zakonski-odobren-vo-unijata-kolku-dolgo-kje-vazi-i-vo-kakva-forma-kje-bide-izdaden/#respond Thu, 29 Apr 2021 11:56:04 +0000 https://kurir.mk/?p=503741

Европскиот парламент со големо мнозинство го прифати воведувањето на „ЕУ сертификат Ковид-19“ и законска рамка со која се избегнуваат блокади на патиштата и дискриминација на невакцинирани лица. - Сертификат на ЕУ за Ковид-19 е третиот официјален наслов на документот што треба да го регулира прекуграничното патување кон Европската унија. Под ова име, тоа беше прифатено од огромното мнозинство во Европскиот парламент, со што се воспостави договор за правната рамка според која свитните пасоши треба да важат 12 месеци, пренесува Euractiv. Документот во дигитална или хартиена форма потврдува дека лицето е вакцинирано против корнавирус, добило негативен тест или веќе се опоравило од инфекцијата, но европратениците инсистираа на тоа дека „свитните пасоши“ да не се користат како патни исправи и да не е предуслов за остварување на право на слободно движење. Тие сметаат дека носителите на тајни пасоши не треба да бидат подложени на карантин, ново тестирање или самоизолација и дека треба да се избегнува дискриминација на невакцинирани граѓани. Тие исто така предлагаат членките на ЕУ да обезбедат „универзално, достапно, навремено и бесплатно тестирање“ на своите туристи. Воспоставена е и законодавна рамка за регулирање на прекуграничното движење на граѓани од земји што не се членки на ЕУ. Акцентот беше ставен и на прифаќање на сертификати за вакцинација одобрени од Европската агенција за лекови, додека одлуката за прифаќање на други вакцини им беше оставена на земјите-членки.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sertifikat-na-eu-za-kovid-19-zakonski-odobren-vo-unijata-kolku-dolgo-kje-vazi-i-vo-kakva-forma-kje-bide-izdaden/feed/ 0