сертификат – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 25 Dec 2022 07:38:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png сертификат – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Италијанка под истрага за користење за лажен сертификат за вакцина https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/italijanka-pod-istraga-za-koristenje-za-lazen-sertifikat-za-vakcina/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/italijanka-pod-istraga-za-koristenje-za-lazen-sertifikat-za-vakcina/#respond Sun, 25 Dec 2022 07:38:33 +0000 https://kurir.mk/?p=780187

Камила Џорџи се наоѓа под истрага, откако против неа е започнато обвинение за прекршување на безбедносните мерки во врска со коронавирусот. Италијанката се терети дека користела лажни потврди за вакцинација, за влез во Канада. Според најавите, Џорџи добила лажен сертификат од лекар кој е против вакцините, а се зборува дека од него купувале и од други познати личности. Тенисерката која се наоѓа на 67. место на ВТА ранкингот наводно го користела тој сертификат за да влезе во земји кои имаа рестрикции. Сега повеќе случајот не е таков, меѓутоа ако се потврдат наводите би можела да добие жестока казна. Џорди во својата кариера има три титули, додека најдобриот пласман го имаше во 2018 година кога беше на 26-то место на ранг-листата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/italijanka-pod-istraga-za-koristenje-za-lazen-sertifikat-za-vakcina/feed/ 0
Од утре нови правила за влез во Бугарија https://arhiva.kurir.mk/svet/region/od-utre-novi-pravila-za-vlez-vo-bugarija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/od-utre-novi-pravila-za-vlez-vo-bugarija/#respond Sat, 30 Apr 2022 15:47:52 +0000 https://kurir.mk/?p=670222

Од 1 мај за влез во Бугарија се укинуваат Ковид ограничувањата за лица кои пристигнуваат од други држави. Oва го објави министерката за здравство на Бугарија, Асена Шербезова со наредба издадена вчера. До 1 мај, на лицата кои пристигнуваат од други земји на територијата на Бугарија, им е дозволено со приложување на валиден дигитален ЕУ-сертификат за Ковид-19 за вакцинација, за прележана болест или сличен документ што содржи такви податоци.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/od-utre-novi-pravila-za-vlez-vo-bugarija/feed/ 0
Укинати мерките за влез во земјава https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ukinati-merkite-za-vlez-vo-zemjava/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ukinati-merkite-za-vlez-vo-zemjava/#respond Wed, 20 Apr 2022 05:38:36 +0000 https://kurir.mk/?p=665675

Престанува да важи обврската на домашните и странските државјани кои влегуваат во земјава задолжително да приложат сертификат за извршена вакцинација, сертификат за прележан КОВИД-19 во последните 180 дена, медицинска потврда за негативен ПЦР тест направен 72 часа пред влезот во државава или негативен брз антиген тест направен 48 часа пред влезот во земјата. Одлуката вчера на седница ја донесе Владата која ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести и предлогот на Главниот координативен штаб. Како што информираа од владината прес-служба, Владата донела и одлука да биде укината и мерката домашна изолација/карантин во времетраење од седум дена за лицата кои при влез на граничните премини нема да приложат еден од досега предвидените сертификати или потврди. Претходно, беа укинати и мерките за задолжително носење маски во основните и средните училишта и во затворени простории, освен во болници, аптеки, јавен превоз и домови за стари лица. Не се бараат ниту сертификати за влез во шопинг центри. Олабавувањето на рестриктивните мерки следува по стабилната епидемиолошка состојба во земјава. Согласно вчера објавените податоци од Институтот за јавно здравје кои ги соопшти Министерството за здравство, при направени 1.833 тестови регистрирани се 133 нови случаи на КОВИД-19, од кои 20 се реинфекции, има 156 оздравени пациенти и нема починат, но преку „Мој Термин“ е пријавено едно починато лице во болнички услови на 8 април. Од почетокот на епидемијата регистирани се 308.752 КОВИД-дијагностицирани лица, бројот на оздравени пациенти е 298.688, на починати е 9.263, а бројот на активни случаи изнесува 801 од кои најголем број 444 се во Скопје.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ukinati-merkite-za-vlez-vo-zemjava/feed/ 0
Укината обврската за поседување сертификат за вакцинација или прележан Ковид-19 при влез во Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ukinata-obvrskata-za-poseduvanje-sertifikat-za-vakcinacija-ili-prelezan-kovid-19-pri-vlez-vo-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ukinata-obvrskata-za-poseduvanje-sertifikat-za-vakcinacija-ili-prelezan-kovid-19-pri-vlez-vo-makedonija/#respond Tue, 19 Apr 2022 13:25:13 +0000 https://kurir.mk/?p=665423

Владата на денешната седница ја усвои препораката на Комисијата за заразни болести за укинување на обврската за поседување сертификат за вакцинација или за прележан Ковид-19, кокои и за негативни ПЦР и антиген тестови за сите домашни и странски државјани при влез во нашата држава. За оваа одлука денеска со објава на својот фејсбук-профил информира првиот заменик на претседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, посочувајќи дека е укината и мерката за домашна изолација на сопствен трошок во период од 7 дена при влез во државата без горенаведените документи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ukinata-obvrskata-za-poseduvanje-sertifikat-za-vakcinacija-ili-prelezan-kovid-19-pri-vlez-vo-makedonija/feed/ 0
ОД УТРЕ: Основците без маски во училиште, невакцинираните без сертификат на отворено https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-utre-osnovcite-bez-maski-vo-uchilishte-nevakciniranite-bez-sertifikat-na-otvoreno/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-utre-osnovcite-bez-maski-vo-uchilishte-nevakciniranite-bez-sertifikat-na-otvoreno/#respond Tue, 29 Mar 2022 15:15:56 +0000 https://kurir.mk/?p=655201

Владата денеска ја прифати препораката на Комисијата за заразни болести, дадена пред речиси две недели. Тоа значи дека почнувајќи од утре, учениците во основните чилишта не е задолжително да носат маски. Главниот координативен кризен штаб за справување со коронавирусот на крајот од минатата недела ги прифати препораките од Комисијата за заразни болести за укинување на обврската за носење маски во основните училишта, како и препорака за физичко присуство на наставата на факултетите. Тие прифатија и укинување на сертификатите на терасите од кафулињата, што значи дека од утре на невакцинираните лица нема да им се бара сертификат на отворено.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-utre-osnovcite-bez-maski-vo-uchilishte-nevakciniranite-bez-sertifikat-na-otvoreno/feed/ 0
Без сертификат во отворeниот дел од угостителските објекти, предлага Комисијата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bez-sertifikat-vo-otvoriot-del-od-ugostitelskite-objekti-predlaga-komisijata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bez-sertifikat-vo-otvoriot-del-od-ugostitelskite-objekti-predlaga-komisijata/#respond Wed, 16 Mar 2022 12:40:33 +0000 https://kurir.mk/?p=648232

Комисијата за заразни болести денеска препорача укинување на сертификати во отворени угостителски објект. -Да не се бараат сертификати во отворениот дел од угостителскиот објект, истакнаа од Комисијата. Комисијата препорача и укинување на задолжителната обврска за носење заштитна маска кај учениците од основните училишта, како и зголемување на процентот на исполнетост на затворените објекти на 75 отсто. Овие препораки од Комисијата ќе се најде на седница на Главниот кризен штаб, а ако се прифатат таму, потоа за истите ќе се одлучува и на седница на Влада.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bez-sertifikat-vo-otvoriot-del-od-ugostitelskite-objekti-predlaga-komisijata/feed/ 0
Владата донесе одлука: Еве за каде повеќе нема да ви биде потребен СЕРТИФИКАТ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-donese-odluka-eve-za-kade-povekje-nema-da-vi-bide-potreben-sertifikat/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-donese-odluka-eve-za-kade-povekje-nema-da-vi-bide-potreben-sertifikat/#respond Tue, 08 Mar 2022 21:34:15 +0000 https://kurir.mk/?p=643659

Потврдата за прележан ковид-19 ќе важи 180 наместо 45 дена, а се укинува и одлуката за бремените жени да бидат ослободени од работа со физичко присуство Владата на денешната седница одлучи да ги усвои препораките од Главниот координативен кризен штаб за справување со ковид-19, а коишто препораки претходно произлегоа и од седниците на Комисијата за заразни болести. Олеснетите мерки значат: -Укинување на ковид-сертификатите за влез во трговските центри/молови, но како мерка останува задолжителното носење заштитни маски. Меѓутоа сертификатите остануваат задолжителни за угостителските објекти каде се служат храна и пијалаци, а кои се во состав на трговските центри; -Потврдата за прележан ковид-19 ќе важи 180 дена (6 месеци) наместо досегашните 45 дена, сметано од датумот на позитивен ПЦР тест; -Укинување на задолжителен ковид-сертификат за излез од државата; -Укинување на одлуката со која бремените жени се ослободуваат од работа и работни обврски со физичко присуство. Паралелно, прифатена е пораката бремените жени да се вакцинираат.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-donese-odluka-eve-za-kade-povekje-nema-da-vi-bide-potreben-sertifikat/feed/ 0
ПАДНА ОДЛУКА – се укинуваат сертификатите за вакцинација во овие објекти! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/padna-odluka-se-ukinuvaat-sertifikatite-za-vakcinacija-vo-ovie-objekti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/padna-odluka-se-ukinuvaat-sertifikatite-za-vakcinacija-vo-ovie-objekti/#respond Wed, 02 Mar 2022 14:29:05 +0000 https://kurir.mk/?p=639537

Комисијата за заразни болести по одржаниот состанок одлучи да се укинат задолжителното поседување на сертификати за вакцинација, за влез во моловите. Сега, повторно ќе има нова кампања за да се поттикне вакцинацијата, но без оваа рестрикција. „Да се препорача укинување на задолжителните сертификати за во молови, односно онаму каде не е задолжително носење на маски. Ова е олеснување на рестриктивните мерки. Ќе бидеме внимателни“, рече Александар Петличковски, претседател на Комисијата. Портпаролот Злате Мехмедновиќ рече дека вакцинацијата е на ниско ниво. „Со потенцирање на вакцинацијата кај ризичните групи, ќе спречиме компликаиции кај оваа група на граѓани. 260 илјади граѓани се во таа група, 130 илјади не се целосно вакцинирани, а останатите нема бустер доза. На тоа ќе се фокусираме за да го подигнеме квалитетот на имунитетот и да биде основа за понатамошно олабавување на мерките“, кажа Мехмедовиќ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/padna-odluka-se-ukinuvaat-sertifikatite-za-vakcinacija-vo-ovie-objekti/feed/ 0
ВИДЕО: Газда на гевгелиска кафеана одржа протест, добил казна од 7.000 евра за лажни ковид-сертификати https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/video-gazda-na-gevgeliska-kafeana-odrza-protest-dobil-kazna-od-7-000-evra-za-lazni-kovid-sertifikati/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/video-gazda-na-gevgeliska-kafeana-odrza-protest-dobil-kazna-od-7-000-evra-za-lazni-kovid-sertifikati/#respond Sun, 13 Feb 2022 12:33:00 +0000 https://kurir.mk/?p=630894

„Ми го уништија бизнисот, не можам да платам 7,000 евра казна за Ковид сертификати“, рече Илија Митрев, сопственик на ресторанот „Крим“ од Гевгелија, кој бил казнет од инспекцијата поради неколку гости кои седеле во локалот со лажни сертификати за вакцинација против ковид-19. „Две години се боревме да преживееме. Две години не можеме два денара да извадиме. Позајмици правам да платиме струја, плати. Ова е катастрофа. Дали сум јас или некој друг, вака не бива. Јас не сум убиец. Идат гости, во време кога има 100,000 лажни сертификати, кога економијата е нула, ова ни го прават, знаете ли колку пара е седум илјади евра?, изјави сопственикот Ице на собирот на граѓани пред неговиот ресторан кои дојдоа да му изразат поддршка против неправедната одлука на гевгелиската инспекција“, рече Митрев вчера пред неколку десетици луѓе собрани пред неговиот локал. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/video-gazda-na-gevgeliska-kafeana-odrza-protest-dobil-kazna-od-7-000-evra-za-lazni-kovid-sertifikati/feed/ 0
Косово ги менува правилата: Наместо три дози вакцина, од сабота сертификат со две дози за влез во земјата https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kosovo-gi-menuva-pravilata-namesto-tri-dozi-vakcina-od-sabota-sertifikat-so-dve-dozi-za-vlez-vo-zemjata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kosovo-gi-menuva-pravilata-namesto-tri-dozi-vakcina-od-sabota-sertifikat-so-dve-dozi-za-vlez-vo-zemjata/#respond Thu, 03 Feb 2022 15:51:03 +0000 https://kurir.mk/?p=626618

Косовскиот меѓуресорски Комитет за здравство одлучи денеска да ѝ предложи на Владата нови, олеснети мерки, за спречување на ширењето на пандемијата на Ковид-19, со кои, меѓу другото, се укинува обврската за странските граѓани при влез во Косово да приложат доказ за примени три дози вакцини или две дози вакцини плус негативен РТ-ПЦР тест не постар од 48 часа, јави дописникот на МИА од Приштина. Со новиот предлог, кој се очекува Владата на Албин Курти да го усвои утре, а кој би стапил во сила в сабота, на 5 февруари, се враќа претходната обврска за приложување доказ за примени две анти-ковид вакцини. Влезот во земјата е дозволен и за лицата кои имаат примено една вакцини, со тоа што треба да приложат и негативен РТ-ПЦР тест. Новите мерки, со кои се ублажуваат оние од пред две недели, ги презентира министерот за здравство, Рифат Љатифи, кој информира дека од сабота се скратува полицискиот час, односно движењето на граѓаните е дозволено, наместо од 22, од 24 до пет часот наутро. Исто така се продолжува и работното време на угостителските објекти, наместо до 21.30 , до 23 часот. Се предлага и укинување на обврската за носење заштитна маска на отворено, како и отворање на фитнес-клубовите. Одлуката да се ублажат мерките, според претставници на Министерството за здравство, е донесена откако последните денови опадна процентот на заразени споредено со бројот на тестирани (од преку 25 пред десетина дена на околу 20 отсто деновививе), но и по наглото зголемување на бројот на лица кои ја совладале болеста. Така, на пример, минатото деноноќие се регистрирани 2.110 новозаболени и 3.772 излекувани, а бројката на активни случаи изнесува 30.781.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kosovo-gi-menuva-pravilata-namesto-tri-dozi-vakcina-od-sabota-sertifikat-so-dve-dozi-za-vlez-vo-zemjata/feed/ 0