севда – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 13 Feb 2023 13:18:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png севда – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 „СЕВДА“ – нежни љубовни ноти од балканските великани во македонската филхармонија за денот на виното и љубовта https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/sevda-nezhni-lubovni-noti-od-balkanskite-velikani-vo-makedonskata-filharmonija-za-denot-na-vinoto-i-lubovta/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/sevda-nezhni-lubovni-noti-od-balkanskite-velikani-vo-makedonskata-filharmonija-za-denot-na-vinoto-i-lubovta/#respond Mon, 13 Feb 2023 13:18:47 +0000 https://kurir.mk/?p=799882

Во чест на виното и љубовта четврток, 16. февруари 2023 година со почеток од 20:00 часот ќе се одржи традиционалниот концертот под наслов „СЕВДА“. Оркестарот на македонската филхармонија под водство на диригентката Дијана Имери Илкоска ќе претстави избор на дел од најпознатите балкански балади испеани од музичките великани: Александар Сариевски, Нина Спирова, Даворин Поповиќ, Сафет Исовиќ, Шабан Бајрамовиќ и Јадранка Стојаковиќ во нов современ аранжман. Познатите балкански љубовни рефрени „Жуте дуње“, „Да зна зора“, „Ко ли ти ночас милије косу“, „Кажи кажи либе Стано“, „Сношти сакав да ти дојдам“, „Ајде дали знаеш паметиш Милице“, „Од љубов не се бега“, „Што те нема“ други евергрини во аранжман на Дијана Имери Илкоска ќе бидат вистинско славење на љубовта. Музичката магија ќе ја надополни солистот со уникатен глас Божо Вреќо, а на пијано ќе настапи светски реномираниот музичар Васил Хаџиманов, син на доајенот на македонската современа музика Зафир Хаџиманов. Дијана Имери Илкоска е дел од македонската филхармонија, а основач е и на камерниот оркестар “ID Chamber Orchestra”. Во октомври 2022 има издадено свој албум за дискографската куќа “Con:tempo”, „Филхармонија во срцето“ со капитални дела од класичната музичка литература во изведба на камерниот оркестар на македонската филхармонија. Дијана Имери Илкоска е автор на неколку музички дела. Нејзиното дело Корени” доживеа изведби во Белград, Љубљана и во Скопје, а има и дискографско издание. Со концертот „СЕВДА“ таа за прв пат се претставува како аранжер за симфониски оркестар. Преку различни проекти соработува со реномирани музичари и ансамбли од земјава и регионот. Повеќе информации за концептот на 16.02.2023 година на линкот https://filharmonija.mk/nastani-i-bileti/ ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/sevda-nezhni-lubovni-noti-od-balkanskite-velikani-vo-makedonskata-filharmonija-za-denot-na-vinoto-i-lubovta/feed/ 0
Македонската „Севда“ доби прекрасна верзија: Млади момци направија фузија на два тотално различни музички света (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/makedonskata-sevda-dobi-prekrasna-verzija-mladi-momci-napravija-fuzija-na-dva-totalno-razlichni-muzichki-sveta-video/ https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/makedonskata-sevda-dobi-prekrasna-verzija-mladi-momci-napravija-fuzija-na-dva-totalno-razlichni-muzichki-sveta-video/#respond Tue, 21 Jan 2020 12:20:19 +0000 https://kurir.mk/?p=292709

„Севда“ е најново остварување на македонското електронско дуо „Cyrillic“ , а инспирација за истата е од македонската народна песна „Твојте очи Лено“, но спакувана во модерен дип-хаус аранжман со етно примеси. За новиот сингл Андреј и Бојан соработуваа со македонската поп пејачка наташа Малинкова, која ги пее вокалите во темата која има и видеоспот во режија на познатиот уметнички фотограф и видео режисер Зоран Зонде Стојановски. Истиот се снимаше на неколку локации во Македонија, а моделот кој ја има главната улога во видеото е убавата Марија Давчевска. Задоволството од одлично сработениот проект со споделија и самите Андреј и Бојан: „Севда е страст, Севда е љубов. Севда е фузија на два тотално различни музички света, кои што тука перфектно се споија. Многу ни е мило што направивме еден ваков проект, каде што ставаме наш печат како Cyrillic, на една од нашите омилени Македонски етно песни. Се надеваме дека ќе им се допадне на нашите фанови и пошироката јавност ѝ ќе придонесе на помладите генерации да им стане блиска нашата Македоснка музика“ – вели Андреј. На неговите зборови се надоврзува Бојан, кој додава: „Севда е комбинација на етно елементи со карактеристични Cyrillic звуци и мистичен вокал испреплетени за еден одличен радиски и клубски сингл. Интересна е реакцијата на публиката на нашите настапи кога за прв пат ја слушаат, обично се позитивно изненадени поради тоа што не очекуваат такава комбинација“. Инаку од неодамна Cyrillic станаа ексклузивци на „Sky Eye Entertainment“, всушност ова е втор издаден сингл под оваа издавачка куќа. Погледнете го видеото за нивната „Севда“ и преслушајте како звучат старите исконски вредности на традицијата во ново, дигитално пакување: ИЗВОР: ВИСТИНА]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/makedonskata-sevda-dobi-prekrasna-verzija-mladi-momci-napravija-fuzija-na-dva-totalno-razlichni-muzichki-sveta-video/feed/ 0