северен поток 2 – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 29 Sep 2022 07:52:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png северен поток 2 – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Уште едно истекување на гас од Северен поток 2 https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ushte-edno-istekuvanje-na-gas-od-severen-potok-2/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ushte-edno-istekuvanje-na-gas-od-severen-potok-2/#respond Thu, 29 Sep 2022 07:52:32 +0000 https://kurir.mk/?p=738862

Шведската крајбрежна стража лоцира четврто истекување на гас од Северен поток 2. Истекувањето е во близина на големата дупка пронајдена на блискиот гасовод Северен поток 1. – Две од четирите истекувања се во ексклузивната економска зона на Шведска. Другите две истекувања на гас се во данската ексклузивна економска зона, изјави портпаролката на шведската крајбрежна стража Џени Ларсон. Четвртото истекување се случи на гасоводот Северен тек 2, во близина на голема дупка пронајдена на блискиот Северен тек 1, соопшти шведската крајбрежна стража. Данските власти претходно објавија дека откриле дупка во двата гасоводи во нивните води. Европска Унија се сомнева во саботажа како причина за истекувањето на подморскиот руски гасовод кон Европа и вети „силен“ одговор на секое намерно нарушување на нејзината енергетска инфраструктура.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ushte-edno-istekuvanje-na-gas-od-severen-potok-2/feed/ 0
Данска пријави подводно истекување гас од гасоводот „Северен поток 2“ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/danska-prijavi-podvodno-istekuvanje-gas-od-gasovodot-severen-potok-2/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/danska-prijavi-podvodno-istekuvanje-gas-od-gasovodot-severen-potok-2/#respond Mon, 26 Sep 2022 18:09:56 +0000 https://kurir.mk/?p=737695

Данска денеска пријави истекување на гас од гасоводот „Северен поток 2“, што од Русија оди кон Европа под Балтичкото Море, па оцени дека постои опасност за поморскиот сообраќај. Данскиот оператор на гасоводот „Северен поток 2“ потврди за истекувањето откриено југоисточно од данскиот остров Борнхолм во Балтичкото Море. Иако овој гасовод не се користи за увоз на гас, тој сепак е наполнет, јави новинската агенција ДПА. Портпаролот на „Северен поток 2“ изјави дека е забележано губење на притисокот во цевките рано изутринава и оти веднаш се информирани надлежните тела во Германија, Данска, Шведска, Финска и во Русија. Германското Министерство за економија соопшти дека „не му се јасни причините и фактите во врска со оваа работа“. „Моментално разменуваме информации со надлежните тела за да ги разјасниме фактите“, се наведува во соопштението.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/danska-prijavi-podvodno-istekuvanje-gas-od-gasovodot-severen-potok-2/feed/ 0
Москва: Замрзнувањето на Северен поток 2 ќе нанесе непоправлива штета на руско-германските односи https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/moskva-zamrznuvanjeto-na-severen-potok-2-kje-nanese-nepopravliva-shteta-na-rusko-germanskite-odnosi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/moskva-zamrznuvanjeto-na-severen-potok-2-kje-nanese-nepopravliva-shteta-na-rusko-germanskite-odnosi/#respond Wed, 02 Mar 2022 15:43:49 +0000 https://kurir.mk/?p=639587

Руското Министерство за надворешни работи денеска оцени дека одлуката на Германија за замрзнување на сертификацијата на гасоводот Северен поток 2 е неприфатлива и оти ќе нанесе непоправлива штета на нивните билатерални односи. – Ќе доведе и до неизбежен и брз раст на цената на гасот, се наведува во соопштението на руското МНР. Германија минатиот месец го запре Северен поток 2, преку кој требаше да се удвојат испораките на руски гас за Германија, откако Русија официјално призна два сепаратистички региони во Источна Украина. Швајцарскиот оператор на гасоводот Северен поток 2, АГ нема поднесено барање за стечај, само компанијата ги отпушти вработените откако САД воведоа санкции. Северен поток 2 со должина од 1.230 километри не започна со работа во очекување на германската сертификација. Но, процесот на одобрување беше замрзнат минатата недела поради ескалацијата на украинската криза. Неколку големи компании најавија дека ќе се повлечат од нивните руски проекти, вклучително и Шел, која повеќе нема да учествува во Северен поток 2.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/moskva-zamrznuvanjeto-na-severen-potok-2-kje-nanese-nepopravliva-shteta-na-rusko-germanskite-odnosi/feed/ 0
Киев побара Вашингтон да ги продолжи санкциите против „Северен поток 2“ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kiev-pobara-vashington-da-gi-prodolzi-sankciite-protiv-severen-potok-2/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kiev-pobara-vashington-da-gi-prodolzi-sankciite-protiv-severen-potok-2/#respond Thu, 22 Jul 2021 13:51:18 +0000 https://kurir.mk/?p=540452

Претседателот на Врховната рада на Украина Дмитриј Размуков побара од Конгресот на САД да ги продолжи санкциите против „Северен поток 2“, со што не се дозволува завршување на изградбата на гасоводот. „Апелирам до Конгресот на САД да продолжи со политиката на санкции што ќе спречат завршување на изградбата и пуштање во употреба на гасоводот ’Северен поток 2’. Доколку е потребно, може да се разгледа можноста за воведување дополнителни засилени санкции против правни и физички лица вклучени во неговата изградба“, се вели во писмото на Размуков до претседателката на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси. „Го повикувам Конгресот на САД да се воздржи од одобрување на какви било договори што би ја загрозиле енергетската безбедност на Европа и би претставувале закана за националните интереси на Украина и САД“, додава Размуков. САД и Германија постигнаа договор насочен кон обезбедување гаранции на Украина за зачувување на транзитот на гас по стартот на „Северен поток 2“. Според постигнатиот договор, Германија е посветена на преземање активности на национално ниво, како и настојување да се користат ефективни мерки на европско ниво, вклучително и санкции, за ограничување на извозот на Русија во енергетскиот сектор, доколку Русија се обиде да ги користи енергетските ресурси како оружје или извршат понатамошни агресивни активности против Украина Според Размуков, сепак, Русија го користи „Северен поток 2“ како „алатка за хибридна војна“. – Овој проект претставува директна закана за енергетската безбедност не само на Украина, туку и на цела Европа. ’Северен поток 2“ е првенствено геополитички проект насочен кон создавање енергетска зависност на европските земји од рускиот монопол на гас. Тој значително ги стеснува можностите за диверзификација на снабдувањето со енергија за европските потрошувачи, рече претседателот на украинскиот Парламент. Претседателот на САД, Џо Бајден вчера истакна дека проектот за гасоводот „Северен поток 2“ е „99 отсто готов“ и повеќе не е можно да се прекине неговата имплементација. Американската администрација не воведе нови санкции за гасоводот, бидејќи тој е практично комплетен и мерките би биле неефикасни. Русија повеќе пати нагласи дека „Северен поток 2“ е деловен проект што се спроведува заеднички со европските партнери. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kiev-pobara-vashington-da-gi-prodolzi-sankciite-protiv-severen-potok-2/feed/ 0
Моравјецки: Европа преку Северен поток 2 како да вложува во руско оружје https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/moravjecki-evropa-preku-severen-potok-2-kako-da-vlozuva-vo-rusko-oruzje/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/moravjecki-evropa-preku-severen-potok-2-kako-da-vlozuva-vo-rusko-oruzje/#respond Tue, 04 Aug 2020 12:54:11 +0000 https://kurir.mk/?p=386037

Гасоводот Северен поток 2 е опасен за Европа и со неговата изградба таа како да вложува во руско оружје, изјави полскиот премиер Матеуш Моравјецки за време на расправата во Атлантскиот совет. – Не можам да кажам дека во Полска имаме остра антируска реторика. Меѓутоа постојат работи кои не ни се допаѓаат. На пример, Северен поток 2, истакна Моравјецки. Според него, доколку Русија ја исклучи Украина од транзитот на гас кон Западна Европа, тогаш ќе има големо влијани врз таа земја. – Затоа Северен поток и Северен поток 2 се многу опасни за нашиот регион и затоа поради нив ја критикуваме германија, нагласи полскиот премиер. Полска смета дека Северен поток 2, кој двојно би го зголемил рускиот извоз на гас преку Балтичко Море, претставува закана за енергетската безбедност на Европа и со него ќе се зајакне доминацијата на Газпром на пазарот. (MИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/moravjecki-evropa-preku-severen-potok-2-kako-da-vlozuva-vo-rusko-oruzje/feed/ 0
Европа изгласа блокада на рускиот гасовод https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evropa-izglasa-blokada-na-ruskiot-gasovod/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evropa-izglasa-blokada-na-ruskiot-gasovod/#respond Thu, 13 Dec 2018 13:52:21 +0000 https://kurir.mk/?p=139786

Членовите на Европскиот парламент усвоија резолуција со која се осудува изградбата на гасоводот „Северен поток 2“. Претставничкиот дом на Конгресот на САД, исто така, вчера едногласно усвои резолуција за воведување санкции поради изградба на гасоводот „Северен поток2“. Како што е соопштено, резолуцијата е донесена бидејќи станува збор за политички проект кој претставува закана за европската безбедност и напорите на ЕУ да ги диверзификуваат изворите за снабдување со енергија. – Европскиот парламент бара проектот да се откаже, се наведува во резолуцијата. Европратениците, меѓутоа, ја пофалија Украина поради, како што е наведено, добрата соработка во енергетскиот сектор и нејзините достигнувања во областа на енергетската ефикасност и обновливите извори, но сепак порачаа дека мора да продолжи со реформите, особено во однос на пазарот со гас и електрична енергија. Претседателот на Државната дума на Русија, Вјачеслав Володин изјави дека резолуцијата на ЕП е донесена под притисок на САД, кои исто така усвоија резолуција против изградба на 11 милијарди долари вредниот гасовод „Северен поток 2“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evropa-izglasa-blokada-na-ruskiot-gasovod/feed/ 0