Северен поток – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 06 Apr 2023 10:40:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Северен поток – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Шведско обвинителство: Сè уште не е јасно кој стои зад експлозиите на гасоводот Северен поток https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shvedsko-obvinitelstvo-se-ushte-ne-e-jasno-koj-stoi-zad-eksploziite-na-gasovodot-severen-potok/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shvedsko-obvinitelstvo-se-ushte-ne-e-jasno-koj-stoi-zad-eksploziite-na-gasovodot-severen-potok/#respond Thu, 06 Apr 2023 10:40:17 +0000 https://kurir.mk/?p=820997

Останува нејасно кој стои зад експлозиите на гасоводот „Северен поток“ што ги поврзува Русија и Германија, соопшти денеска шведското обвинителство, кое го истражува случајот. Експлозиите се случија минатата година и доведоа до испуштање гас во Балтичкото Море. „Ние работиме без престан и бараме насекаде, не оставајќи ништо на случајноста“, се вели во соопштението на обвинителот Матс Љунгквист. „Нашата надеж е да откриеме кој го извршил злосторството, но треба да се забележи дека ова веројатно ќе биде тешко со оглед на околностите“, додаде тој.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shvedsko-obvinitelstvo-se-ushte-ne-e-jasno-koj-stoi-zad-eksploziite-na-gasovodot-severen-potok/feed/ 0
Данската полиција соопшти дека истекувањето гас од „Северен поток“ било предизвикано од силни експлозии https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/danskata-policija-soopshti-deka-istekuvanjeto-gas-od-severen-potok-bilo-predizvikano-od-silni-eksplozii/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/danskata-policija-soopshti-deka-istekuvanjeto-gas-od-severen-potok-bilo-predizvikano-od-silni-eksplozii/#respond Tue, 18 Oct 2022 09:07:22 +0000 https://kurir.mk/?p=746922

Прелиминарната истрага за оштетувањето на двата гасоводи „Северен поток“ во данскиот дел на Балтичкото Море покажала дека истекувањето било предизвикано од „силни експлозии“, се вели во соопштението на полицијата во Копенхаген. Понатамошната истрага за експлозиите од 26 септември во данската ексклузивна економска зона полицијата ќе ја спроведе заедно со Данската служба за безбедност и разузнавање. „Се уште е рано да се зборува за рамката во која ќе се одвива меѓународната соработка со, на пример, Шведска и Германија бидејќи тоа зависи од неколку актери“, велат од полицијата во Копенхаген. Гасоводите беа оштетени на крајот на септември, во експлозии на четири места, две во шведските и две во данските територијални води. Се смета дека станува збор за саботажа и е отворена истрага. Инцидентот се случи во време на високи тензии меѓу Европа и Русија поради војната во Украина. Данските власти претходно овој месец објавија дека гас повеќе не истекува од гасоводот во нивната економска зона. Русија ги отфрла обвинувањата дека е одговорна за оштетувањето на гасоводот и бара да биде вклучена во истрагата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/danskata-policija-soopshti-deka-istekuvanjeto-gas-od-severen-potok-bilo-predizvikano-od-silni-eksplozii/feed/ 0
„Газпром“: Прекинато истекувањето гас од „Северен поток“ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/gazprom-prekinato-istekuvanjeto-gas-od-severen-potok/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/gazprom-prekinato-istekuvanjeto-gas-od-severen-potok/#respond Mon, 03 Oct 2022 11:42:23 +0000 https://kurir.mk/?p=740391

Руската компанија „Газпром“ денеска соопшти дека притисокот во гасоводите „Северен тек“ е стабилизиран и оти престанало истекувањето гас од оштетените места на гасоводите. „Притисокот во цевководот А на ’Северен поток 2’ и во двата цевководи на ’Северен поток 1’ се стабилизирани по прекинот, истекувањето гас престана“, соопшти „Газпром“. „Газпром“ соопшти дека работи на намалување на притисокот на цевководот Б од гасоводот „Северен поток 2“. Руската компанија исто така изјави дека работи на намалување на ризикот за животната средина. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/gazprom-prekinato-istekuvanjeto-gas-od-severen-potok/feed/ 0
Русија го истражува оштетувањето на гасоводите Северен поток како „меѓународен тероризам“ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusija-go-istrazuva-oshtetuvanjeto-na-gasovodite-severen-potok-kako-megjunaroden-terorizam/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusija-go-istrazuva-oshtetuvanjeto-na-gasovodite-severen-potok-kako-megjunaroden-terorizam/#respond Wed, 28 Sep 2022 18:01:53 +0000 https://kurir.mk/?p=738687

Руската безбедносна служба ФСБ ја истражува штетата врз гасоводите „Северен поток“ под Балтичкото Море како „меѓународен тероризам“, јавија руските медиуми повикувајќи се на изјава од канцеларијата на јавниот обвинител. Истекувањето од гасоводот огромни количини природен гас преку дното на Балтичкото Море може да емитува загадување еднакво на една третина од вкупните годишни емисии на стакленички гасови во Данска, предупреди денеска шефот на данската агенција за енергетика, Кристофер Боцау. Тој изјави дека истекувањето гас од цевководите Северен поток 1 и 2 изнесува приближно 32 отсто од годишните емисии на јаглерод диоксид во Данска. Емисиите на CO2 во Данска во 2020 година се проценуваат на 45 милиони тони. „Се додека има гас во гасоводот, опасно е да се биде таму“, рече Боцау, но не кажа кога ќе може да се увиди состојбата на цевките, за кои рече дека се направени од челик со дебелина од 12 сантиметри и обвиткани во бетон. Цевководите лежат релативно плитко на морското дно, на длабочина од 70 до 90 метри. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusija-go-istrazuva-oshtetuvanjeto-na-gasovodite-severen-potok-kako-megjunaroden-terorizam/feed/ 0
Почна испораката на гас преку гасоводот Северен поток 1 https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pochna-isporakata-na-gas-preku-gasovodot-severen-potok-1/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pochna-isporakata-na-gas-preku-gasovodot-severen-potok-1/#respond Thu, 21 Jul 2022 05:57:05 +0000 https://kurir.mk/?p=708157

Испораките на гас продолжија денеска преку германско-рускиот гасовод Северен поток 1, потврди портпаролот на компанијата за германската новинска агенција ДПА. Десетдневниот прекин поради одржување го намали протокот на нула на 11 јули, а имаше стравувања дека Москва може да одлучи да не го рестартира снабдувањето во време кога Европа веќе се соочува со енергетска криза. Портпаролот на Nord Stream AG рече дека ќе биде потребно извесно време за да се достигне нормалното ниво на транспорт на гас. Тој додаде дека најновите количини на снабдување со гас се исти како оние објавени пред периодот на одржување – околу 67 милиони кубни метри дневно – и одговараат на околу 40 отсто од максималниот капацитет за снабдување. Но, можно е количините да се променат во текот на денот, бидејќи е потребно извесно време за да се стабилизира протокот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pochna-isporakata-na-gas-preku-gasovodot-severen-potok-1/feed/ 0
Гаскад: Испораката на руски гас преку Северен поток ќе продолжи утре https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/gaskad-isporakata-na-ruski-gas-preku-severen-potok-kje-prodolzi-utre/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/gaskad-isporakata-na-ruski-gas-preku-severen-potok-kje-prodolzi-utre/#respond Wed, 20 Jul 2022 18:06:37 +0000 https://kurir.mk/?p=708058

Германскиот оператор на гасоводната мрежа Гаскад (Gascade) денеска соопшти дека утре треба да продолжи доставата на гас до Германија преку гасоводот Северен поток. – Поаѓаме од принципот дека, според досегашните нотификации, транспортот на гас преку Северен поток ќе продолжи на нивото пред ремонтот, односно 40 отсто од капацитетот, се наведува во соопштението на Гаскад. „Нотификациите“ се известувања кои извозниците и увозниците на гас ги пренесуваат до операторот на мрежата пред да ги испорачаат или примаат нивните испораки. Европа ја чека одлуката на Москва за рестартирање на гасоводот, што е во редовен 10-дневен годишен ремонт. Северен поток испорачува гас главно за Германија, но и за други земји-членки на ЕУ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/gaskad-isporakata-na-ruski-gas-preku-severen-potok-kje-prodolzi-utre/feed/ 0
Блинкен: Северен поток е спротивен на интересите на Европа https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/blinken-severen-potok-e-sprotiven-na-interesite-na-evropa/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/blinken-severen-potok-e-sprotiven-na-interesite-na-evropa/#respond Tue, 23 Mar 2021 10:45:34 +0000 https://kurir.mk/?p=486563

Државниот секретар на САД, Ентони Блинкен, денеска во Брисел го повтори ставот на САД дека изградбата на гасоводот „Северен поток“ од Русија до Германија е спротивна на интересите на Европската унија. – Претседателот Џо Бајден беше многу јасен кога рече дека Северен поток е лоша идеја, лоша за Европа, лоша за САД, дека е спротивна на безбедносните цели на самата Унија, изјави Блинкен пред состанокот со министрите за надворешни работи на ЕУ. Гасоводот „Северен поток 2“ ја заобиколува Украина, која е важен сојузник на Западот и може да ја зголеми енергетската зависност на ЕУ од Русија. Тој потсети дека САД, според законот, мора да ги санкционираат компаниите што учествуваат во изградбата на гасоводот. Американските санкции го блокираа завршувањето на тој гасовод долг 1.200 километри. Германија, која ќе има најголема корист од проектот, гледа стабилен извор на енергија во рускиот гасовод. Сепак, САД и некои европски земји, како што се Украина, Полска и балтичките држави, стравуваат дека ова ќе ја заобиколи Украина, транзитна земја за дел од испорачаниот гас во Европа. Државниот секретар на САД престојува во прва посета на НАТО. По пристигнувањето во Брисел, тој ја повтори посветеноста на САД за „обнова на алијансата“ и „ревитализација“ на НАТО. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/blinken-severen-potok-e-sprotiven-na-interesite-na-evropa/feed/ 0