северен тек 1 – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 31 Aug 2022 05:38:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png северен тек 1 – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Русија го запре гасот преку Северен тек 1 на три дена https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusija-go-zapre-gasot-preku-severen-tek-1-na-tri-dena/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusija-go-zapre-gasot-preku-severen-tek-1-na-tri-dena/#respond Wed, 31 Aug 2022 05:38:28 +0000 https://kurir.mk/?p=726306

Русија денеска ја запре испораката на гас за Европа преку гасоводот Северен тек 1. Европа е информирана дека Газпром ќе го затвори гасоводот Северен тек 1 кон Германија од 31 август до 3 септември. – Единствената исправна пумпна единица Трент 60 ќе биде запрена три дена поради одржување и превентивно одржување, се вели во соопштението на руската нафтена компанија. Низа рутински процедури, во согласност со актуелниот договор за одржување, ќе извршат експерти на компанијата заедно со колегите од „Сименс“, прецизира Газпром. Податоците од веб-страницата на операторот Северен тек 1 покажуваат дека протокот бил на нула во периодот од 04:00 до 05:00 часот рано утринава. Европските влади стравуваат дека Москва би можела да го продолжи овој прекин со цел да врати за санкциите што беа воведени против Русија по инвазијата врз Украина. Тие го обвинуваат рускиот претседател Владимир Путин дека ги користи енергетските резерви како „воено оружје“, додека Москва ги негира таквите тврдења. Рускиот прекин и намалувањето на снабдувањето ги зголемија цените на гасот и ги принудија европските влади да се борат за алтернативни испораки пред зимата. Понатамошните ограничувања во снабдувањето со гас во Европа би ја влошиле енергетската криза која веќе доведе до пораст на големопродажните цени на гасот за повеќе од 400 отсто од август минатата година, зголемувајќи ги трошоците за живот за потрошувачите и бизнисите и принудувајќи ги владите да трошат милијарди за да ги олеснат овие оптоварувања.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusija-go-zapre-gasot-preku-severen-tek-1-na-tri-dena/feed/ 0
Русија драстично го намалува протокот на гас преку Северен тек 1 https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusija-drastichno-go-namaluva-protokot-na-gas-preku-severen-tek-1/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusija-drastichno-go-namaluva-protokot-na-gas-preku-severen-tek-1/#respond Mon, 25 Jul 2022 15:41:29 +0000 https://kurir.mk/?p=710040

Рускиот гасен гигант Гаспром во понеделникот објави дека ја затвора втората гасна турбина на Северен тек 1, гасовод до Германија кој веќе се користи со само 40 отсто капацитет, и затоа протокот на гас ќе се намали на половина. Тоа е нов удар за снабдувањето со гас на најголемата европска економија, што доаѓа во време на високи тензии меѓу Русија и Западот, кои разменуваат економски удари како одговор на руските акции во Украина. Европската унија ја обвини Русија за уценување на енергијата, додека Кремљ вели дека прекинот во снабдувањето со гас е поради одржувањето и последиците од западните санкции. „Гаспром“ денеска соопшти дека од среда ќе го намали протокот на гас на 33 милиони кубни метри дневно, што е само половина од она што денеска пристигнува во Германија преку тој гасовод, кој веќе е намален на само 40 отсто од вкупниот капацитет. Европските политичари постојано предупредуваат дека Русија би можела да го прекине снабдувањето со гас оваа зима, потег што може да ја турне Германија во рецесија и да предизвика поскапување на бензинот за потрошувачите, кои веќе се соочуваат со високи цени на енергијата и храната. Рускиот претседател Владимир Путин претходно овој месец го предупреди Западот дека со продолжување на санкциите, тие ризикуваат да предизвикаат катастрофален скок на цените на енергијата за потрошувачите ширум светот. Русија е втор најголем извозник на нафта во светот, по Саудиска Арабија, и најголем извозник на природен гас. Европа увезува приближно 40 отсто од гасот и 30 отсто од нафтата од Русија. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusija-drastichno-go-namaluva-protokot-na-gas-preku-severen-tek-1/feed/ 0