Северен тек – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 02 May 2023 15:12:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Северен тек – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Русија бара забрзување на истрагата за терористичкиот напад врз Северен тек https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusija-bara-zabrzuvane-na-istragata-za-teroristichkiot-napad-vrz-severen-tek/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusija-bara-zabrzuvane-na-istragata-za-teroristichkiot-napad-vrz-severen-tek/#respond Tue, 02 May 2023 15:12:20 +0000 https://kurir.mk/?p=829791

Кремљ денеска повика да се забрза истрагата за експлозиите на гасоводот Северен тек и да се објават резултатите. Во септември 2022 година, две нерешени подводни експлозии се случија во плиноводот „Северен тек 1“ и новоизградениот гасовод „Северен тек 2“, што ги поврзуваат Русија и Германија преку Балтичкото Море. Експлозиите се случија во економските зони на Шведска и Данска, а двете земји тврдат дека експлозиите биле намерни, но дека допрва треба да се утврди кој е одговорен. Данските вооружени сили минатата недела објавија дека на 22 септември направиле 26 фотографии од руски брод во близина на местото на експлозијата. -Руски бродови пловат на Балтикот и тоа е нормално. Секој има стотици фотографии од руски бродови, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. „Повторно инсистираме - ако има некаква информација, треба да се објави. Истрагата за овој терористички напад мора да биде транспарентна за сите и мора да се забрза. Светот мора да ги знае одговорните извршители на овој терористички чин“, кажа портпаролот на Кремљ. Данска, Германија и Шведска во февруари заеднички му соопштија на Советот за безбедност на ОН дека нивните истраги сè уште не се завршени и дека не е можно да се знае кога ќе бидат. Русија сака 15-члениот совет да преземе независна истрага за експлозиите. Москва, без да обезбеди докази, го обвини Западот за наводната саботажа. И САД и Украина негираа дека имаат некаква врска со нападите, а истото го стори и Русија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusija-bara-zabrzuvane-na-istragata-za-teroristichkiot-napad-vrz-severen-tek/feed/ 0
СБ на ОН ја отфрли руско-кинеската резолуција за комисиска истрага за експолозијата на Северен тек https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sb-na-on-ja-otfrli-rusko-kineskata-rezolutsija-za-komisiska-istraga-za-ekspolozijata-na-severen-tek/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sb-na-on-ja-otfrli-rusko-kineskata-rezolutsija-za-komisiska-istraga-za-ekspolozijata-na-severen-tek/#respond Tue, 28 Mar 2023 06:12:17 +0000 https://kurir.mk/?p=817149

Советот за безбедност на Обединетите нации синоќа не ја прифати руско-кинеската резолуција за формирање комисија која ќе ја истражува диверзијата на гасоводите „Северен тек“. Резолуцијата беше поддржана од три членки на Советот за безбедност, никој не беше против, а 12 земји беа воздржани, јави Тасс. За усвојување на резолуцијата беше неопходна поддршка од девет членки на Советот за безбедност. Во моментов, Шведска, Данска и Германија спроведуваат свои истраги за минирањето и саботажата на двата гасоводи во Северно Море „Северен тек 1 “ и „Северен тек 2“. Постојаниот претставник на Русија во ОН, Василиј Небензја, на седницата на Советот за безбедност изјави дека Москва сериозно се сомнева во транспарентноста на овие истраги.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sb-na-on-ja-otfrli-rusko-kineskata-rezolutsija-za-komisiska-istraga-za-ekspolozijata-na-severen-tek/feed/ 0
Столтенберг: Се уште не се знае кој ги нападнал гасоводите „Северен тек“ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/stoltenberg-se-ushte-ne-se-znae-koj-gi-napadnal-gasovodite-severen-tek/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/stoltenberg-se-ushte-ne-se-znae-koj-gi-napadnal-gasovodite-severen-tek/#respond Wed, 08 Mar 2023 15:09:43 +0000 https://kurir.mk/?p=809595

Сè уште не е јасно кој е одговорен за минатогодишниот напад на гасоводите „Северен тек“, бидејќи националните истраги не се завршени, изјави генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг. - Она што го знаеме е дека имало напад на гасоводите „Северен тек“, но не можеме да утврдиме кој стои зад тоа, рече Столтенберг пред денешниот состанок на министрите за одбрана на ЕУ во Стокхолм. - Во моментов има истраги на национално ниво и мислам дека е правилно да се чека нивниот заклучок пред да кажеме што се случило и кој е сторителот, додаде шефот на НАТО. „Њујорк тајмс“ вчера објави дека новите разузнавачки информации кои биле анализирани од американски официјални лица укажуваат на можност дека саботажата била извршена од проукраинска група.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/stoltenberg-se-ushte-ne-se-znae-koj-gi-napadnal-gasovodite-severen-tek/feed/ 0
Данска и Шведска се согласни дека Северен тек е намерно кренат во воздух https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/danska-i-shvedska-se-soglasni-deka-severen-tek-e-namerno-krenat-vo-vozduh/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/danska-i-shvedska-se-soglasni-deka-severen-tek-e-namerno-krenat-vo-vozduh/#respond Tue, 21 Feb 2023 18:14:08 +0000 https://kurir.mk/?p=803303

Во тек се истраги во врска со експлозиите што го оштетија гасоводот Северен тек минатата година, но останува нејасно кога тие ќе бидат завршени, соопштија денеска министерствата за надворешни работи на Данска, Шведска и Германија во писмо упатено до Советот за безбедност на ОН. Шведска и Данска, во чии ексклузивни економски зони се случија експлозиите, заклучија дека гасодоводите преку кои се пренесувал природен гас од Русија до Германија биле намерно кренати во воздух, но не е кажано кој би можел да биде одговорен, пренесуваат светските агенции. Во ова известување се наведува дека истрагите се уште не се завршени, и дека засега не може да се каже кога тоа ќе се случи. Советот за безбедност на ОН денеска се состанува за да разговара за таа саботажа, откако Москва побара независна истрага за септемвриските напади на гасоводи. Во писмото се наведува дека руските власти се информирани за истрагите и дека оценуваат дека штетата е предизвикана од саботажа. Во Германија, федералниот обвинител покрена кривична истрага за да утврди дали е сторено кривичното дело саботажа според член 88 од Кривичниот законик, се наведува во писмото. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/danska-i-shvedska-se-soglasni-deka-severen-tek-e-namerno-krenat-vo-vozduh/feed/ 0
Шпигел: Шведска одби заедничка истрага со Данска и Германија за Северен тек https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shpigel-shvedska-odbi-zaednichka-istraga-so-danska-i-germanija-za-severen-tek/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shpigel-shvedska-odbi-zaednichka-istraga-so-danska-i-germanija-za-severen-tek/#respond Fri, 14 Oct 2022 13:33:37 +0000 https://kurir.mk/?p=745410

Шведска ги отфрли плановите за заедничка истрага со Данска и Германија за неодамнешните експлозии на гасоводите Северен тек 1 и 2, пишува неделникот „Шпигел“, повикувајќи се на германски безбедносни извори. Шпигел, исто така, пишува дека Шведска одлучила дека не може да ги сподели наодите од својата истрага со други земји од безбедносни причини. Портпаролот на германското Министерство за внатрешни работи претходно објави дека германската федерална полиција „го завршила својот дел од истрагата за наводниот чин на саботажа на гасоводите „Северен тек“ и ги доставила своите наоди.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shpigel-shvedska-odbi-zaednichka-istraga-so-danska-i-germanija-za-severen-tek/feed/ 0
Трас и Фредериксен: Инцидентите на гасоводот „Северен тек“ се акт на саботажа https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tras-i-frederiksen-incidentite-na-gasovodot-severen-tek-se-akt-na-sabotaza/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tras-i-frederiksen-incidentite-na-gasovodot-severen-tek-se-akt-na-sabotaza/#respond Sat, 01 Oct 2022 12:51:48 +0000 https://kurir.mk/?p=739892

Британската премиерка Лиз Трус и нејзината данска колешка Мете Фредериксен денеска се согласија дека инцидентите на гасоводот „Северен тек“ „претставуваат акт на саботажа“. „Фредериксен ја информираше британската премиерка за штетата предизвикана на гасоводите „Северен тек“ во текот на минатата недела. Тие се согласија дека инцидентите јасно претставуваат акт на саботажа“, наведуваат од кабинетот на премиерката Трас, а пренесоа британските медиуми. Двете лидерки се согласија дека општата безбедност и безбедност на Балтичкото Море е во интерес на сите. Теми на разговор биле и соработката во областа на безбедноста и производството на енергијата од ветрот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tras-i-frederiksen-incidentite-na-gasovodot-severen-tek-se-akt-na-sabotaza/feed/ 0
НАТО за истекувањата на Северен тек: Ќе одговориме одлучно https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nato-za-istekuvanjata-na-severen-tek-kje-odgovorime-odluchno/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nato-za-istekuvanjata-na-severen-tek-kje-odgovorime-odluchno/#respond Thu, 29 Sep 2022 10:01:46 +0000 https://kurir.mk/?p=738944

Алијансата излезе со став по истекувањата на гас од Северен тек 1 и 2 овие дена, јави дописничката на МИА од Брисел. Северноатлантската алијанса смета дека вестите за истекувањата на гасот од Северен тек 1 и 2 во Балтичкото море се причина за “длабока загриженост“. „Ние, како сојузници, се залагаме да се подготвиме да обесхрабриме, да се браниме против секаква насилна употреба на енергијата и други хибридни тактики од страна на државни и недржавни ентитети. Секој намерен напад врз критичката инфраструктура на сојузниците ќе биде пресретнато со обединет и одлучен одговор, се наведува во реакцијата на Алијансата. Вкупно се регистрирани четири истекувања на Северен тек 1 и 2 од вчера. Според информациите на НАТО станува збор за намерна и неодговорна саботажа, но соопштението не идентификува виновник со име. НАТО предупредува дека овие истекувања на плин се ризик за поморската индустрија и за животната средина, и пружа поддршка за истрагите за причините на овој инцидент.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nato-za-istekuvanjata-na-severen-tek-kje-odgovorime-odluchno/feed/ 0
САД: Исклучувањето на „Северен тек“ не е поврзано со западните санкции https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-iskluchuvanjeto-na-severen-tek-ne-e-povrzano-so-zapadnite-sankcii/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-iskluchuvanjeto-na-severen-tek-ne-e-povrzano-so-zapadnite-sankcii/#respond Tue, 06 Sep 2022 19:08:05 +0000 https://kurir.mk/?p=729610

Русија „избра да го затвори“ гасоводот „Северен тек“ што ја снабдува Европа и „очигледно е погрешно“ да се поврзе ова затворање со западните санкции како што тоа го прави Москва, реагираше денеска американскиот Претставнички дом. „САД и Европа работат заедно за да обезбедат доволно резерви“, рече портпаролот на Советот за национална безбедност на САД, ветувајќи дека „европските резерви на гас за првпат ќе бидат полни до зима“. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-iskluchuvanjeto-na-severen-tek-ne-e-povrzano-so-zapadnite-sankcii/feed/ 0
„Газпром“ соопшти дека не може да гарантира добро функционирање на гасоводот „Северен тек“ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/gazprom-soopshti-deka-ne-moze-da-garantira-dobro-funkcioniranje-na-gasovodot-severen-tek/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/gazprom-soopshti-deka-ne-moze-da-garantira-dobro-funkcioniranje-na-gasovodot-severen-tek/#respond Thu, 14 Jul 2022 05:40:00 +0000 https://kurir.mk/?p=704809

Руски Газпром синоќа соопшти дека не може да гарантира дека гасоводот „Северен тек“ преку кој се доставува гас во Европа ќе може добро да работи. Компанијата наведе дека не може да потврди дека ќе успее да стигне до германската турбина што беше поправена во Канада. Гасоводот моментално не работи десет дена поради редовен годишен ремонт, а европските земји стравуваат дека Москва би можела да се обиде да најде техничка причина како изговор за трајно да ја запре испораката на гас преку гасоводот и со тоа да изврши притисок врз нив во однос на конфликтот во Украина. Дури и пред „Северен тек 1“ да биде затворен поради ремонт, Русија значително го намали снабдувањето со гас во последните неколку недели, оправдувајќи го со недостигот на турбини на Сименс, кои ѝ се потребни на Русија за работа на станиците за компресија на гасоводот и чиишто делови беа испратени во Канада за поправка. – Газпром во моментов нема никаков документ што би му дозволил на Сименс да го изнесе од Канада турбинскиот мотор за станицата за компресија Портоваја, соопшти Газпром и додаде дека во такви услови е невозможно да се потврди безбедното работење на таа станица за компресија, која е неопходна за гасоводот Северен тек. Канада во саботата соопшти дека на Германија ќе и ги врати турбините на „Северен тек“ и покрај воведените санкции против Русија. Канадскиот премиер Џастин Трудо вчера изјави дека одлуката е тешка, но додаде дека санкциите се воведени за да се казнат Владимир Путин и неговите пријатели, а не канадските сојузници и жителите на Европа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/gazprom-soopshti-deka-ne-moze-da-garantira-dobro-funkcioniranje-na-gasovodot-severen-tek/feed/ 0
Можен прекин на снабдувањето со гас за Европа преку Северен тек https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mozen-prekin-na-snabduvanjeto-so-gas-za-evropa-preku-severen-tek/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mozen-prekin-na-snabduvanjeto-so-gas-za-evropa-preku-severen-tek/#respond Thu, 16 Jun 2022 12:29:56 +0000 https://kurir.mk/?p=691690

Гасоводот Северен тек 1, кој испорачува гас од Русија преку Балтичкото Море до Европа, би можел да биде суспендиран поради проблеми со поправка на неговите турбини во Канада, изјави денеска за РИА Новости рускиот амбасадор во Европската унија. „Газпром“ завчера соопшти дека ги ограничил испораките преку Германија на 100 милиони кубни метри дневно, наведувајќи го како причина доцнењето во враќањето на опремата испратена на поправка. Единицата за компресор за гас не била навреме вратена од поправка. Како резултат на тоа, сега може да се испумпува само до 100 милиони кубни метри гас преку гасоводот секој ден, или околу 60 проценти од претходно планираниот дневен волумен од 167 милиони кубни метри гас, соопшти компанијата. Низ Европа расте загриженоста откако Русија го прекина снабдувањето со гас за неколку земји кои се спротивставија на нејзината инвазија врз Украина. Европа во голема мера се потпира на рускиот гас и се бори да најде алтернативни извори. Сепак, многу земји сè уште купуваат руски гас, што помага да се одржи руската економија, пренесе ДПА. За Германија, „Северен тек 1“ е главниот цевковод за снабдување со руски гас. Гасот веќе престана да се испумпува низ гасоводот Јамал-Европа. Значително е намален и транзитот на руски гас низ Украина.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mozen-prekin-na-snabduvanjeto-so-gas-za-evropa-preku-severen-tek/feed/ 0