северна америка – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 29 Aug 2022 15:03:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png северна америка – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Компаниите во Северна Америка се обидуваат да ги заменат работниците со роботи https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kompaniite-vo-severna-amerika-se-obiduvaat-da-gi-zamenat-rabotnicite-so-roboti/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kompaniite-vo-severna-amerika-se-obiduvaat-da-gi-zamenat-rabotnicite-so-roboti/#respond Mon, 29 Aug 2022 15:03:23 +0000 https://kurir.mk/?p=725610

Компании во Северна Америка купиле четвртина повеќе роботи во првата половина од годината отколку во истиот период лани, со цел да го ублажат проблемот со недостигот на работна сила и зголемените трошоци за платите, покажуваат резултатите од истражувањето на индустриската групација Асоцијација за напредна автоматизација (Association for Advancing Automation). Компаниите нарачале рекордни 12.305 машини во вредност од 585 милиони долари во вториот квартал, според податоците собрани од индустриската групација А3. Во извештајот, исто така се наведува дека во првата половина од годината, северноамериканскиот пазар на роботи ги забележа своите најдобри перформанси откако А3 објавува податоци. Претседателот на А3, Џеф Бурнштајн изјави дека компаниите мора да произведуваат, а тоа значи дека им е потребна нова автоматизирана линија. Поттик за набавка на роботи е моментално слабата понуда на пазарот на трудот. Бројот на слободни работни места е двојно поголем од бројот на невработени, а работодавците мора да ги зголемат платите. Вкупните трошоци за работна сила во САД се зголемија за 5,1 отсто во вториот квартал, најмногу откако Министерството за труд почна да го следи тој индикатор во 2001 година. Роботите сè уште не значат подобра продуктивност на работниците, според моментално достапните показатели, јавија американски медиуми, истакнувајќи дека продуктивноста во САД во вториот квартал забележа најголем пад, изразен со годишна стапка од 1948 година. Компаниите брзаат да ангажираат роботи за да бидат во чекор со силната побарувачка, која не покажува знаци на намалување и покрај клучните американски зголемувања на каматните стапки за да се спречи инфлацијата. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kompaniite-vo-severna-amerika-se-obiduvaat-da-gi-zamenat-rabotnicite-so-roboti/feed/ 0
Расте бројот на заболени од мајмунски сипаници во Европа и Северна Америка https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/raste-brojot-na-zaboleni-od-majmunski-sipanici-vo-evropa-i-severna-amerika/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/raste-brojot-na-zaboleni-od-majmunski-sipanici-vo-evropa-i-severna-amerika/#respond Thu, 19 May 2022 13:12:31 +0000 https://kurir.mk/?p=679023

Здравствените власти во Европа и Северна Америка забележаа зголемен број на инфекции со вирусот на мајмунски сипаници од почетокот на мај, што ги зголеми стравувањата дека болеста, која е ендемична во делови од Африка, може да се прошири на други места во светот. Светската здравствена организација (СЗО) побара внимателно да се следат контактите на заразените со вирусот. Шпанија, Португалија, Канада и САД вчера пријавија случаи на мајмунски сипаници. Шведска денеска пријави еден случај, во близината на Стокхолм. Исто така и Италија вчера го пријави првиот случај на оваа болест и денеска извести за два сомнителни. -Јавните и здравствените клиники треба да бидат свесни за болеста, а невообичаените осипи на кожата треба да бидат прегледани од експерти, соопшти синоќа СЗО. Ако постои сомневање за мајмунски сипаници, пациентите треба да бидат изолирани, се додава во соопштението. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/raste-brojot-na-zaboleni-od-majmunski-sipanici-vo-evropa-i-severna-amerika/feed/ 0
НЕВЕРОЈАТНО ОТКРИТИЕ КОЕ МЕНУВА СЀ! Еве што е пронајдено во Америка, а старо е 23.000 години https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/neverojatno-otkritie-koe-menuva-s-eve-shto-e-pronajdeno-vo-amerika-a-staro-e-23-000-godini/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/neverojatno-otkritie-koe-menuva-s-eve-shto-e-pronajdeno-vo-amerika-a-staro-e-23-000-godini/#respond Wed, 29 Sep 2021 20:51:43 +0000 https://kurir.mk/?p=570346

Отпечатоци стари 23.000 години стари во Америка, фрлија нова сенка врз историјата, што покажува дека луѓето се населиле во Северна Америка долго пред крајот на последното ледено време. Ова откритие го смени времето за илјада години кога првите жители го населија континентот. Остатоци во калта се оставени на брегот на оддамна исушеното езеро, а денес тоа е дел од пустината во Ново Мексико. Талогот ги наполнил вдлабнатините создадени од стапалата и се стврднал во карпата, заштитувајќи ги доказите на нашите предци и давајќи им на научниците детален увид во нивните животи. - Се чини дека многу траги им припаѓаат на тинејџерите и децата; големите отпечатоци за возрасни се поретки, пишуваат авторите на студијата објавена во американското списание Science. Научниците претпоставуваат дека имало поделба на трудот, во која возрасните биле вклучени во квалификувани работни места, додека „носењето“ било доделено на тинејџерите. Децата ги следеле тинејџерите и заедно оставале голем број траги. Научниците, исто така, откриле траги од мамути, па дури и гигантски легачи, кои се чини дека биле присутни во исто време кога луѓето го посетувале езерото. Америка била последниот континент до кој стигна човештвото. Со децении, најшироко прифатената теорија била дека имигрантите во Северна Америка доаѓале од источен Сибир преку копнениот мост - денешниот Берингов теснец. Од Алјаска се упатувале на југ во попријатна клима. Археолошките докази, вклучувајќи ги и главите на копјата што се користеле за убивање мамути, долго сугерираат дека населбата стара 13.500 години била поврзана со таканаречената Клодошка култура именувана по град во Ново Мексико, пишува vecernji.hr ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/neverojatno-otkritie-koe-menuva-s-eve-shto-e-pronajdeno-vo-amerika-a-staro-e-23-000-godini/feed/ 0
СЗО: Да се одложат масовните, празнични собири низ Јужна и Северна Америка https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-da-se-odlozat-masovnite-praznichni-sobiri-niz-juzna-i-severna-amerika/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-da-se-odlozat-masovnite-praznichni-sobiri-niz-juzna-i-severna-amerika/#respond Wed, 25 Nov 2020 18:52:43 +0000 https://kurir.mk/?p=434414

Регионалната канцеларија на Светската здравствена организација (СЗО) за Северна и Јужна Америка издаде препорака за одложување на масовни, празнични собири за време на Божиќните празници, бидејќи се зголемува бројот на новоинфицирани со коронавирусот. Помошникот директор на Панамериканската здравствена организација Харбас Барбоза, исто така, апелираше верските собири да се организираат или на отворено или со ограничен број присутни верници. Во Јужна и Северна Америка во изминатите седум дена се регистрирани повеќе од 1,5 милиони случаи на Ковид-19, што е најголем неделен број на новоинфицирани од почетокот на пандемијата, соопшти денеска организацијата. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-da-se-odlozat-masovnite-praznichni-sobiri-niz-juzna-i-severna-amerika/feed/ 0
СЗО: Забрзано зголемување на заразени во Северна и Јужна Америка https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-zabrzano-zgolemuvanje-na-zarazeni-vo-severna-i-juzna-amerika/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-zabrzano-zgolemuvanje-na-zarazeni-vo-severna-i-juzna-amerika/#respond Tue, 02 Jun 2020 05:20:03 +0000 https://kurir.mk/?p=352560

Северна и Јужна Америка бележат забрзано зголемување на бројот на заразени со коронавирусот, предупреди Светската здравствена организација (СЗО). Извршниот директор на програмата за вонредни случаи на СЗО, Мајк Рајан рече дека Централна и Јужна Америка станале „интензивни зони на пренесување“ на вирусот. Тој додаде дека не верува дека е достигнат врвот во трансмисијата и истакна дека во моментот не може да предвиди кога ќе достигне тој врв. – Пет од 10-те земји низ целиот свет кои пријавиле најголем број нови случаи во последните 24 часа се во Америка: Бразил, САД, Перу, Чиле и Мексико, рече Рајан. Тој потсети дека „пред многу недели“ светот беше фокусиран на Јужна Азија и Африка како потенцијално жариште на вирусот, пренесува Си-Ен-Ен. Рајан рече дека сега, до одреден степен, ситуацијата во тие области е сè уште тешка, но стабилна. – Од друга страна, јасно е дека ситуацијата во многу земји од Јужна Америка е далеку од стабилна. Има рапидно зголемување на бројот на случаи и овие системи се под зголемен притисок, истакна Рајан.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-zabrzano-zgolemuvanje-na-zarazeni-vo-severna-i-juzna-amerika/feed/ 0
Вонредна состојба во делови од Северна Америка и Канада: Поларен студ, рекордни снежни врнежи, -50 степени (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vonredna-sostojba-vo-delovi-od-severna-amerika-i-kanada-polaren-stud-rekordni-snezni-vrnezi-50-stepeni-foto/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vonredna-sostojba-vo-delovi-od-severna-amerika-i-kanada-polaren-stud-rekordni-snezni-vrnezi-50-stepeni-foto/#respond Thu, 28 Dec 2017 08:39:11 +0000 http://kurir.mk/?p=3403

Рекордни снежни врнежи и бран на поларен студ ја погодија Северна Америка. Температурите на одредени места достигнаа рекордни минус 50 степени Целзиусови. Северна Дакота е позната по своите ладни зими, а вчера живата на термометарот падна на минус 21 степен. Властите наложија да бидат запрени сите активности кои се изведуваат на отворено и побарано е луѓето да не излегуваат од своите домови без потреба. Гувернерот на Њујорк, Ендрју Куомо, ги предупреди луѓето да бидат внимателни за време на овој поларен бран, кој се очекува да трае до 2 јануари. Во северниот дел на државата, температурите се очекува да паднат до -40 степени Целзиусови. Недалеку од Нијагарините водопади и речиси до границата со Канада, во градот Ири, кој се наоѓа на најсеверната точка во Пенсилванија, само за 48 часа наврна снежна покривка од 1,5 метри. Врнежите од снег беа проследени од силни ветрови. Локалните власти прогласија вонредна состојба и ги повикаа луѓето да не ги напуштаат своите домови. Метеоролозите наведоа дека рекордот од 22 ноември 1956 година со 51 см снег, е надминат на божиќниот ден годинава, кога само за 24 часа во Ири се натрупа снежна покривка од 86 сантиметри. Студениот бран е уште поекстремен во Канада, каде што во северниот дел на Онтарио се очекува температури од минус 50 степени Целзиусови. Според тамошните метеоролози сепак, вонредна појава не се екстремно ниските температури, туку површината на која тие се распространети и времетраењето на исклучително студеното време. Предупредувања за опасно студено време се дадени за провинциите Квебек, Онтарио, Манитоба, Саскачуан и Алберта. Таму температурите паднаа и се очекува да продолжат да паѓаат далеку под вообичаените за овие места минус 10 до минус 20 степени Целзиусови.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vonredna-sostojba-vo-delovi-od-severna-amerika-i-kanada-polaren-stud-rekordni-snezni-vrnezi-50-stepeni-foto/feed/ 0