северна хемисфера – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 17 Jul 2023 05:46:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png северна хемисфера – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Северната хемисфера на Земјата погодена од високи температури и невремиња https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/severnata-hemisfera-na-zemjata-pogodena-od-visoki-temperaturi-i-nevremina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/severnata-hemisfera-na-zemjata-pogodena-od-visoki-temperaturi-i-nevremina/#respond Mon, 17 Jul 2023 05:45:43 +0000 https://kurir.mk/?p=857249

Десетици милиони луѓе вчера беа засегнати од пеколните температури што ја зафатија северната хемисфера, во Калифорнија беснееја разорни пожари, додека Азија ја погодија невообичаени бури, што е нов доказ за климатските промени. Во Европа, каде, според експертите, климатските промени се двојно побрзи од светскиот просек, неколку земји се посебно погодени. Во Италија за 16 градови е издаден црвен метео аларм, со очекувана температура од 36 до 37 степени, но се чувствува уште повисока, до 40. Шпанија исто така преживеа жешка седмица, а Канарскиот остров Ла Палма викендов беше опустошен од пожар кој изгоре 5.000 хектари земја, а беа евакуирани 4.000 луѓе. Шпанската метеоролошка служба вчера издаде портокалово предупредување за денеска, поради температури од 38 до 42 степени на голем дел од полуостровот и Балеарските острови, а црвено предупредување (највисока опасност) за денеска е издадено за делови од Андалузија и за вторник за Арагон, Каталонија и Мајорка каде што се очекуваат 42 до 44 степени Целзиусови. Во Грција горештините би требало малку да попуштат, а атинскиот Акропол вчера во најтоплиот дел од денот беше затворен за посетители. Во САД, од Флорида преку Тексас до Калифорнија, голем дел од југот вчера беше погоден од топлотен бран што синоптичарите го опишаа како „задушувачки“, најавувајќи рекордни температури. Во познатата Долина на смртта, во Калифорнија, во сабота навечер се измерени дури 51 Целзиусов степен, а се очекуваат дури 54 степени. Покрај високите температури, Калифорнија ја зафатија и големи пожари кои досега изгореа над 1.214 хектари, а жителите се евакуирани. На други делови од САД им се заканува невреме. - На места можни се силни бури, врнежи и поплави, особено во Нова Англија, каде што земјата е веќе натопена од неодамнешните дождови, соопшти Националната метеоролошка служба. Поројните поплави завчера однесоа три животи во округот северно од Филаделфија, Пенсилванија, а четири лица се уште се водат како исчезнати, соопштија локалните пожарникари. Годинава во Канада веќе изгореа повеќе од 10 милиони хектари, што е убедливо најмногу досега, покажуваат податоците на Националниот центар за шумски пожари, според кои во моментов има 906 активни пожари, од кои 570 се вон контрола. Во Јапонија вчера беа регистрирани високи температури во 20 од 47 јапонски префектури, а во поплавите по обилните врнежи загинаа осум лица.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/severnata-hemisfera-na-zemjata-pogodena-od-visoki-temperaturi-i-nevremina/feed/ 0
Северната хемисфера под закана од леден бран од Арктикот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/severnata-hemisfera-pod-zakana-od-leden-bran-od-arktikot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/severnata-hemisfera-pod-zakana-od-leden-bran-od-arktikot/#respond Mon, 11 Jan 2021 11:30:48 +0000 https://kurir.mk/?p=453737

Бран студено време од Арктикот, слично на оној што се случи во 2014 година, од крајот на јануари им се заканува на Северна Америка, Европа и Азија. Во зимата во 2014 година температурите во Чикаго опаднаа до минус 27 степени Целзиусови и не е невообичаено студениот воздух од Арктикот сега да навлезе уште појужно, се наведува во извештајот на Блумберг. Во текот на оваа зима студот генерално не се движи подалеку од Северниот пол. Тод Крафорд, водечки метеоролог на Ај-Би-Ем, истакнува дека по речиси двегодишна пауза, на северната хемисфера може да и се закани продор на леден воздух од Арктикот. -Очигледно доаѓа возбудливо време со студени денови и снег, рече Крафорд. Метеоролозите не очекуваат брутален студ како оној во зимата 2014 година, но тие предвидуваат постудени зимски денови. Студениот воздух веќе навлезе во Западна Европа и Кина. Во Париз, температурата е за 3,5 степени пониска од просечната за овој период од годината, во Мадрид е дури 6,9 степени Целзиусови постудена од вообичаеното, а во Пекинг температурата падна на рекордно ниско, па во четвртокот беше минус девет степени, според Тајлер Ројс, метеоролог за апликацијата Акваватер. Технички, ова се поларни ветрови кои орбитираат околу Арктикот и го одржуваат студот „заклучен“ далеку на север, но со зголемувањето на температурите, познато како нагло стратосферско затоплување, студениот воздух може да го пробие поларниот „oбрач“ и да се упати кон југ. -Тоа носи студено време насекаде на северната хемисфера, иако се чини дека ледениот бран најверојатно ќе трае само во САД годинава, рече Рајан Трузело, претседател на Ветер Тигар ЛЦЦ. Многу метеоролози сугерираат дека не постои гаранција дека предвидувањата за вакво студено време навистина ќе се остварат. -Многу пати во минатото прогнозите за студено време беа само лажен аларм, изјави Џим Рулер, водечки метеоролог во „Енергија на ветерот“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/severnata-hemisfera-pod-zakana-od-leden-bran-od-arktikot/feed/ 0
РЕКОРД: Откриена најниската температура на северната хемисфера https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rekord-otkriena-najniskata-temperatura-na-severnata-hemisfera/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rekord-otkriena-najniskata-temperatura-na-severnata-hemisfera/#respond Thu, 24 Sep 2020 11:55:00 +0000 https://kurir.mk/?p=407889

Истражувачи при Светската метеоролошка организација (СМО) открија нов рекорд на најниска температура на Земјината северна хемисфера. Според запис пронајден неодамна, по редовни проверки, на Гренланд на 22 декември 1991 година биле измерени -69,6 Целзиусови степени. Тоа е за два степена пониско од досега познатиот рекорден студ. Податокот е забележан од автоматска метеоролошка станица Клинк на Гренланд во средината на зимата пред речиси 30 години. Досегашните познати рекорди од -67,8 Целзиусови степени се забележани во Верхојанск, Русија, во февруари 1892 година и во Ојмјакон, Русија, во јануари 1933 година. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rekord-otkriena-najniskata-temperatura-na-severnata-hemisfera/feed/ 0