северна ирска – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 09 Aug 2023 09:46:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png северна ирска – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Полицијата во Северна Ирска ненамерно ги откри имињата на сите свои полицајци https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/politsijata-vo-severna-irska-nenamerno-gi-otkri-iminata-na-site-svoi-politsajtsi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/politsijata-vo-severna-irska-nenamerno-gi-otkri-iminata-na-site-svoi-politsajtsi/#respond Wed, 09 Aug 2023 09:46:00 +0000 https://kurir.mk/?p=864974

Полицијата во Северна Ирска вчера ненамерно ги објави имињата и работните места на сите свои полицајци. Во соопштението од полицијата се изразува сериозна загриженост за вработените кои често се цел на екстремистички групи. При одговор на барање согласно праксата за слобода на информирање, по грешка беа објавени и презимињата, иницијалите, работното место и одделот на секој од полицајците. Информациите беа јавно достапни на веб-страницата на барателот на информацијата околу два и пол часа пред полицијата на Северна Ирска да соопшти дека содржината е отстранета. Во овој момент, нема ништо што укажува на непосредна загриженост за безбедноста на јавноста, истакна помошникот главен инспектор Крис Тод на прес-конференција. Сепак, податоците на полицајците се особено чувствителни во Северна Ирска бидејќи многумина „вложуваат големи напори и прават се што можат за да го заштитат својот идентитет и нивната улога како полицајци“, се вели во соопштението на претставничкото тело на полициските сили, Полициската федерација на Северна Ирска. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/politsijata-vo-severna-irska-nenamerno-gi-otkri-iminata-na-site-svoi-politsajtsi/feed/ 0
Бајден пристигна во Северна Ирска, беше пречекан од британскиот премиер Сунак https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bajden-pristigna-vo-severna-irska-beshe-prechekan-od-britanskiot-premier-sunak/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bajden-pristigna-vo-severna-irska-beshe-prechekan-od-britanskiot-premier-sunak/#respond Wed, 12 Apr 2023 05:49:03 +0000 https://kurir.mk/?p=823044

Американскиот претседател Џозеф Бајден пристигна во Северна Ирска, каде беше пречекан од британскиот премиер Риши Сунак. Американскиот претседател дојде во кратка посета за време на која ќе присуствува на 25-годишнината од мировниот договор со кој заврши 30-годишното крвопролевање во Северна Ирска. Бајден, кој е многу горд на своите ирски корени, планира да помине само половина ден во Северна Ирска, која е една од четирите конститутивни ентитети на Обединетото Кралство, а ќе помине цели три дена во Република Ирска каде ќе има средби со владини претставници и негови подалечни роднини. Бајден, кој беше пречекан од Сунак на меѓународниот аеродром во Белфаст, пристигнува во деликатен политички момент во кој најголемата пробританска партија во Северна Ирска продолжува да ја бојкотира децентрализираната влада на Северна Ирска, чие воспоставување произлезе од клучниот дел од мировниот договор постигнат во 1998 година. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bajden-pristigna-vo-severna-irska-beshe-prechekan-od-britanskiot-premier-sunak/feed/ 0
Бајден во посета на Северна Ирска и Ирска https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bajden-vo-poseta-na-severna-irska-i-irska/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bajden-vo-poseta-na-severna-irska-i-irska/#respond Tue, 11 Apr 2023 05:53:53 +0000 https://kurir.mk/?p=822687

Американскиот претседател Џо Бајден денеска пристигнува во посета на Северна Ирска. Тој денеска и утре ќе биде во Белфаст, во момент кога Северна Ирска одбележува 25 години од мировниот договор со кој заврши 30-годишниот конфликт. Бајден, кој со децении е познат по своите проирски ставови, утре ќе зборува со претставници на сите политички партии и ќе одржи говор на Универзитетот во Алстер. Ова е прва посета на американски шеф на држава на Северна Ирска во последните 10 години. По Северна Ирска, Бајден ќе ја посети Ирска, каде ќе разговара за блиската билатерална соработка за низа глобални прашања Бајден има ирски корени. Неговиот пра-прадедо по мајка, Џејмс Финеган, емигрирал од Ирска во САД во годините на глад од ​​1845-1852 година, во кои над милион луѓе умреле од глад на островот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bajden-vo-poseta-na-severna-irska-i-irska/feed/ 0
Полицијата во Северна Ирска предупредува на можни напади на годишнината од мировниот договор https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/politsijata-vo-severna-irska-predupreduva-na-mozhni-napadi-na-godishninata-od-mirovniot-dogovor/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/politsijata-vo-severna-irska-predupreduva-na-mozhni-napadi-na-godishninata-od-mirovniot-dogovor/#respond Fri, 07 Apr 2023 16:21:36 +0000 https://kurir.mk/?p=821604

Полицијата во Северна Ирска денеска предупреди дека вооружени дисидентски групи планираат напади за време на велигденските празници, кога ќе се одбележи 25-годишнината од мировниот договор со кој заврши тридеценискиот конфликт во тој дел на Обединетото Кралство. Полицијата соопшти дека добила разузнавачки информации за планирано насилство околу парадата во Лондондери која во понеделник ќе се одржи во знак на сеќавање на Велигденското востание во 1916 година против британската власт во Ирска. Американскиот претседател Џозеф Бајден треба да го посети Белфаст следната недела, кога Северна Ирска ја одбележува годишнината од потпишувањето на Договорот од Велики петок на 10 април 1998 година, со кој заврши тридеценискиот конфликт меѓу католиците и протестантите во кој загинаа 3.600 луѓе. Благодарение на тој договор, со посредство на САД, ирските републиканци (католици) и паравоените групи лојални на Лондон (протестантите) го положија оружјето и воспоставија заедничка влада во Северна Ирска. Меѓутоа, мали дисидентски групи повремено вршат напади врз безбедносните сили. Како резултат на тоа, британските власти минатиот месец го подигнаа нивото на закана од тероризам во Северна Ирска на „сериозно“, што значи дека се смета оти напад е многу веројатен.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/politsijata-vo-severna-irska-predupreduva-na-mozhni-napadi-na-godishninata-od-mirovniot-dogovor/feed/ 0
Предупредување за терористички напади во понеделник во Северна Ирска https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/predupreduvane-za-teroristichki-napadi-vo-ponedelnik-vo-severna-irska/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/predupreduvane-za-teroristichki-napadi-vo-ponedelnik-vo-severna-irska/#respond Fri, 07 Apr 2023 08:35:26 +0000 https://kurir.mk/?p=821374

Полицијата во Северна Ирска денеска соопшти дека има „силни“ разузнавачки информации дека се планираат терористички напади в понеделник на 10 април. Шефот на полицијата на Северна Ирска (ПСНИ) Сајмон Бирн рече дека полицајците ќе бидат распоредени по главните рути за да се справат со какви било потенцијални закани, полициска стратегија што не се користи со години, објави Скај њуз. Потпретседателот на Владата на Република Ирска, Мајкл Мартин, говорејќи во Белфаст, ја осуди заканата од терористички напад, нарекувајќи ја „злосторство од најлоша форма“, а организаторите на нападот „многу зли луѓе“. Британските медиуми наведуваат дека овој напад би можеле да го изведат републикански дисиденти. Предупредувањето доаѓа неколку дена пред пристигнувањето на американскиот претседател Џо Бајден во Белфаст. Фокусот на неговото патување ќе биде 25-годишнината од Договорот од Велики петок, кој годинава се паѓа на 10 април. Договорот од Велики петок и дава на Северна Ирска широка автономија во рамките на Велика Британија, а на Република Ирска можност, во согласност со Договорот, да ги презентира своите ставови и предлози во однос на овој ентитет и островот. Бајден ќе го посети и Даблин и некои други места. Британскиот МИ5 неодамна го подигна нивото на закана од тероризам на „високо“, што значи дека нападот е многу можен.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/predupreduvane-za-teroristichki-napadi-vo-ponedelnik-vo-severna-irska/feed/ 0
Северна Ирска одбележува 25 години од мировниот договор https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/severna-irska-odbelezhuva-25-godini-od-mirovniot-dogovor/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/severna-irska-odbelezhuva-25-godini-od-mirovniot-dogovor/#respond Mon, 03 Apr 2023 05:49:52 +0000 https://kurir.mk/?p=819282

Северна Ирска ќе ја одбележи Овој месец 25-годишнината од мировниот договор кој во голема мера стави крај на тридеценискиот верски конфликт. Политичките тензии и безбедносните предизвици, сепак, повторно се зголемуваат. На 10 април 1998 година, Велики петок, проирските националистички и про-британски унионистички лидери склучија мировен договор по маратонските преговори во кои беа вклучени владини претставници од Лондон, Даблин и Вашингтон. Но, на 25-годишнината од мирот во Северна Ирска се гледа повеќе како повод за прагматично разгледување на ситуацијата отколку за прослава. „Големите надежи од 1998 година дефинитивно не се остварени“, рече професорот по политички науки Данкан Мороу од Универзитетот Алстер во Белфаст. „Од друга страна, многу малку луѓе мислат дека животот бил подобар пред договорот. Институциите каде што националистите и унионистите треба да ја делат моќта создадена со мировниот договор се парализирани повеќе од една година поради големите трговски спорови по Брегзит, кои не покажуваат знаци на олеснување. Но, откако дисидентите републиканци се обидоа да убијат полицаец, нивото на закана од тероризам во Северна Ирска беше подигнато на „сериозно“ оваа недела. Во следните недели, Белфаст ќе биде домаќин на серија настани со сегашни и поранешни шефови на држави и влади за да се одбележи формалниот крај на конфликтот кој однесе 3.500 животи. Во март, американскиот претседател Џо Бајден ја прифати поканата на британскиот премиер Риши Сунак да учествува на 25-годишнината од мировниот договор. По тој повод Бајден треба да ги посети и Северна Ирска и Република Ирска. Од 17 април Универзитетот Квин во Белфаст ќе биде домаќин на тридневна конференција организирана од поранешната државна секретарка на САД Хилари Клинтон, чиј сопруг Бил Клинтон, претседател на САД од 1993 до 2001 година, одигра клучна улога во склучувањето на мировниот договор. Фокусот на настанот ќе биде ставен на трансформацијата на Северна Ирска во изминатиот четврт век. Во годините по потпишувањето на договорот, паравоените групи во Северна Ирска беа разоружани, милитаризираната граница беше отстранета и британските војници беа повлечени. Поранешниот ирски премиер Берти Ахерн, кој одигра клучна улога во мировните разговори, го спореди неодамнешниот период на мир со она што беше претходно во интервју за АФП пред 25-годишнината. „Ова секогаш беше процес и последните 25 години беа многу поудобни и многу поохрабрувачки од претходните 25 или можеби претходните 75“, рече Ахерн. Сепак, мирот во Северна Ирска може да биде понесигурен оваа година отколку кога било од Мировниот договор од Велики петок од 1998 година. Пробританската Демократска унионистичка партија (ДУП) ја бојкотира владата на Северна Ирска повеќе од 13 месеци, бидејќи се противи на трговските правила по Брегзит, кои ги врзаа рацете на собранието и владата на Северна Ирска. Спорадично насилство избувна во унионистичките заедници во годините по Брегзит поради т.н. Протоколот за Северна Ирска. Тие стравуваат дека правилата ќе ја одделат Северна Ирска од Обединетото Кралство и ќе доведат до обединување на Ирска, што е целта на проирските националисти. Поранешниот британски премиер Тони Блер, кој исто така помогна во постигнувањето на мировниот договор, во март рече дека Брегзит е „речиси невозможна мисија“ кога станува збор за Северна Ирска и повика на повторно воспоставување северноирска влада. Ревидираните елементи на Северноирскиот протокол, т.н Рамката Виндзор има за цел да ги отстрани грижите на унионистите, но ДУП досега одбива да го стори тоа. Анкетата на Белфаст Телеграф во јануари покажа дека мнозинството синдикалци би гласале против мировниот договор доколку се повтори референдумот од 1998 година со кој се ратификуваше договорот. Минатомесечниот обид за атентат врз полицаецот Џон Колдвел, кој беше застрелан повеќепати додека го напушташе спортскиот комплекс со својот син, ги обедини политичките лидери во Северна Ирска во осуда. Но, нападот во Омаг, за кој одговорноста ја презедоа републиканските дисиденти, не потсети на видот на насилство што некогаш беше вообичаено во Северна Ирска. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/severna-irska-odbelezhuva-25-godini-od-mirovniot-dogovor/feed/ 0
Фон дер Лајен и Сунак денеска во Лондон ќе разговараат за Протоколот за Северна Ирска https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fon-der-lajen-i-sunak-deneska-vo-london-ke-razgovaraat-za-protokolot-za-severna-irska/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fon-der-lajen-i-sunak-deneska-vo-london-ke-razgovaraat-za-protokolot-za-severna-irska/#respond Mon, 27 Feb 2023 07:09:43 +0000 https://kurir.mk/?p=805388

Британскиот премиер Риши Сунак и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денеска ќе разговараат за договорот за Протоколот за Северна Ирска. Канцеларијата на Сунак и Европската комисија потврдија во заедничката изјава дека двајцата лидери ќе се сретнат во Велика Британија за да разговараат за „голем број сложени предизвици“ во врска со договорот за Брегзит. Најавата за состанокот дојде по зголемените шпекулации дека договорот меѓу двете страни наскоро може да биде објавен, а беа поттикнати од изјавата на вицепремиерот Доминик Рааб дека Велика Британија и ЕУ се „на дофат“ на договор. „Денеска претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и премиерот на Обединетото Кралство Риши Сунак се согласија лично да ја продолжат својата работа кон заеднички, практични решенија за низа сложени предизвици во однос на протоколот за Ирска и Северна Ирска. Затоа, претседателката Фон дер Лајен ќе се сретне со премиерот во Обединетото Кралство“, се наведува во заедничкото соопштение. Протоколот, потпишан од поранешниот британски премиер Борис Џонсон во 2020 година, е осмислен да спречи „тврда“ граница со членката на ЕУ, Ирска, по Брегзит, така што ефикасно ќе ја задржи Северна Ирска на единствениот пазар на ЕУ. Но, договорот ги налути пробританските унионисти поради трговските пречки што ги создаде меѓу Северна Ирска под британска власт и остатокот од Обединетото Кралство.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fon-der-lajen-i-sunak-deneska-vo-london-ke-razgovaraat-za-protokolot-za-severna-irska/feed/ 0
Чарлс Трети прогласен и за крал на Шкотска, Велс и Северна Ирска https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/charls-treti-proglasen-i-za-kral-na-shkotska-vels-i-severna-irska/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/charls-treti-proglasen-i-za-kral-na-shkotska-vels-i-severna-irska/#respond Sun, 11 Sep 2022 13:42:17 +0000 https://kurir.mk/?p=731343

Новиот британски крал Чарлс Трети официјално беше прогласен за суверен во Шкотска, Велс и Северна Ирска. Сличен проглас беше објавен вчера во Лондон на раскошна церемонија согласно долгогодишната традиција. Во Белфаст на читањето на прогласот му претходеа ѕвонење на камбаните и свирење со рог. Читањето на прогласот беше проследено со поздрав со 21 истрел и воен оркестар кој ја свиреше химната „Боже чувај го кралот“. Во Велс, третиот баталјон на кралскиот велшки полк беше придружуван на церемонијата на крунисување од коза, која е „талисман“ на баталјонот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/charls-treti-proglasen-i-za-kral-na-shkotska-vels-i-severna-irska/feed/ 0
Британскиот државен секретар за Северна Ирска поднесе оставка https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/britanskiot-drzaven-sekretar-za-severna-irska-podnese-ostavka/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/britanskiot-drzaven-sekretar-za-severna-irska-podnese-ostavka/#respond Thu, 07 Jul 2022 08:27:27 +0000 https://kurir.mk/?p=701508

Британскиот државен секретар (министер) за Северна Ирска, Брендон Луис, утрово поднесе оставка наведувајќи „етички причини“, во услови кога акутна политичка криза ја потресува Владата на Борис Џонсон и оставките на министрите за финансии, за безбедност и за наука Хелен Ватили, Демијан Хиндс и Џорџ Фримен. Сервисот на „Би-Би-Си“ јавува дека Луис му рекол на премиерот дека со „жалење“ поднесува оставка, но и оти поделената Конзервативна партија не може да победи на изборите. „Одлуката за напуштање на Владата никогаш не се сфаќа лесно, особено во толку критично време за Северна Ирска. „Одвоив многу време за да ја разгледам оваа одлука, бидејќи синоќа нашироко ви го објаснив мојот став“, рече тој. “Излегов и ја бранев оваа Влада и јавно и приватно. Сепак, сега ја поминавме точката од која нема враќање“, напиша Луис. Министерот за наука Џорџ Фримен во писмената оставка му напиша на премиерот Џонсон дека повеќе нема доверба во раководството. Иако експлицитно не напиша дека ја напушта министерската функција, изјави дека е „голема чест да се служи на земјата, на Круната и на Конзервативната партија во Владата“. Министерот за безбедност Демијан Хајндс ја објави својата оставка, пишувајќи дека „за доброто на земјата и довербата во демократијата, неопходно е да се има промена на раководството“ Министерката за финансии Хелен Вајтли во своето писмо со оставка испратено до премиерот.  наведува дека последните месеци се залагала Борис Џонсон да продолжи на функцијата, но и оти ограничен е бројот случаи кога е можно „да се извини и да се продолжи понатаму“. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/britanskiot-drzaven-sekretar-za-severna-irska-podnese-ostavka/feed/ 0
Македонските фудбалерки поразени од Северна Ирска https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/makedonskite-fudbalerki-porazeni-od-severna-irska/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/makedonskite-fudbalerki-porazeni-od-severna-irska/#respond Thu, 25 Nov 2021 14:20:17 +0000 https://kurir.mk/?p=599807

Македонската женска фудбалска репрезентација попладнево во Скопје загуби од Северна Ирска со 0:11. Во меч којшто се играше во рамките на европските квалификации Д-група за пласман на Светското првенство 2023, гостинките доминираа и уште во раната фаза ставија јасно до знаење кој ќе ги освои трите бода. Веќе на полувреме имаа предност 7:0. Двете репрезентации на 29 ноември во Белфаст ќе одиграат уште еден меѓусебен натпревар. По пет одиграни средби, Македонките останаа на три освоени бода и се претпоследни (5. место) на табелата, Северна Ирска стигна до 10 бода и се изедначи со второпласираната Австрија која има натпревар помалку. Лидер е Англија со максимални 12 бодови од четири натпревари. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/makedonskite-fudbalerki-porazeni-od-severna-irska/feed/ 0