северна италија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 15 Oct 2023 08:20:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png северна италија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Тешка автобуска несреќа во северна Италија, повредени 15 лица https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/teshka-avtobuska-nesreka-vo-severna-italija-povredeni-15-litsa/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/teshka-avtobuska-nesreka-vo-severna-italija-povredeni-15-litsa/#respond Sun, 15 Oct 2023 08:20:29 +0000 https://kurir.mk/?p=888961

Петнаесет лица се повредени синоќа во нова автобуска несреќа во градот Местре, во северна Италија, единаесет дена по несреќата на автобус во истиот град, во која животот го загуби 21 лице, јави ДПА. Полицијата соопшти дека овој пат електричен автобус излетал од патот на кривина и удрил во станбена зграда. Ниту една од жртвите не е во критична состојба, велат властите. Градоначалникот на Венеција, Луиџи Бруниаро, на социјалната платформа напиша дека сите автобуси на компанијата „Линеа“ во областа Венеција „веднаш ќе бидат сопрени и нема да сообраќаат“. Автобусот, кој од висина од десет метри пред 11 дена падна врз електрични жици во близина на железничката станица во Местре, исто така беше изнајмен од управата на кампот Ху во областа Маргера во градот. Претходно оваа недела, италијанските обвинители отворија истрага против три лица, вклучително и извршниот директор на „Линеа“ и двајца службеници од градското собрание задолжени за мостови и патишта. ДПА потсетува дека обдукцијата извршена врз телото на 40-годишниот возач на автобусот покажала дека тој е здрав. Имаше првична верзија дека му се слошило зад воланот. Според италијанските медиуми, цитирани од ДПА, возачот на автобусот кој синоќа излетал од патот, имал здравствен проблем и поради тоа изгубил контрола над возилото. Како и повеќето патници, тој има релативно полесни повреди. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/teshka-avtobuska-nesreka-vo-severna-italija-povredeni-15-litsa/feed/ 0
Бури предизвикаа хаос во северна Италија, неколку области целосно отсечени https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/buri-predizvikaa-haos-vo-severna-italija-nekolku-oblasti-celosno-otsecheni/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/buri-predizvikaa-haos-vo-severna-italija-nekolku-oblasti-celosno-otsecheni/#respond Fri, 02 Nov 2018 15:10:27 +0000 https://kurir.mk/?p=122815

Бурите во северна Италија денеска предизвикаа хаос и голема материјална штета, особено во североисточната провинција Белуно. Градоначалникот на градот Белуно, Јакопо Масаро ги повика сите жители да ја превриваат водата пред да ја употребат. Поради лизгање на земјиште, неколку области денеска се отсечени од надворешниот свет, објави италијанската новинска агенција АНСА. Агенцијата за цивилна заштита го зголеми до највисокото можно ниво предупредувањето за времето во планинските области на регионот Венето. Тешките временски услови што претходно оваа недела погодија голем дел од Италија, ги оневозможија луѓето да заминат од некои локации. Во средата беа спасени речиси 200 луѓе кои со денови беа заробени на планината Стелвио поради тешките временски услови. Најмалку 14 лица од неделата до сега загинаа поради бури, торнада, поплави, лизгање на земјиште и ветрови низ цела Италија. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/buri-predizvikaa-haos-vo-severna-italija-nekolku-oblasti-celosno-otsecheni/feed/ 0