Северна Каролина – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 14 Oct 2022 05:53:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Северна Каролина – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ВИДЕО: Масакр во Северна Каролина, убиени пет лица https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-masakr-vo-severna-karolina-ubieni-pet-lica/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-masakr-vo-severna-karolina-ubieni-pet-lica/#respond Fri, 14 Oct 2022 05:53:50 +0000 https://kurir.mk/?p=745052

Во главниот град на американската сојузна држава Северна Каролина, Роли, денеска е уапсен вооружен маж, откако претходно убил пет лица, вклучувајќи и полицаец кој не бил на должност, соопштија градските власти. Осомничениот за нападот, за кој засега ништо не се знае, ранил неколку лица, меѓу кои и полицаец кој работел со кучиња. -Неговиот живот не е во опасност, изјави претходно градоначалничката Мери-Ен Болдвин, изразувајќи жалење за тажниот и трагичен ден. Првите истрели се слушнале нешто по 17 часот (23 часот по средноевропско време) на патеката во градот со 500.000 жители, главниот град на Северна Каролина. Голем број припадници на полициските сили веднаш биле распоредени да го пронајдат сторителот, наведуваат локалните медиуми. -Го видов како минува пред мојата куќа, во градината. Имаше ловечка пушка со долга цевка и носеше маскирна униформа, изјави Роберт, сведок кој сакаше да остане анонимен, за локалната мрежа ВРАЛ (WRAL). Градоначалничката Болдвин, на прес-конференција кажа дека „полицијата на Ралији околу 20 часот успеала да го опколи осомничениот“. „Осомничениот е во притвор“, објави полицијата на Твитер. Агенциите претходно јавија за шест смртни случаи во пукотницата. Пукањата со смртни последици се редовна појава во САД, земјата која плаќа висока цена затоа што голем број луѓе поседуваат огнено оружје, што лесно се добива. -Во борбата против ова зло, мораме да направиме многу повеќе, повика видно потресената градоначалничка на главниот град на Северна Каролина. Во 2021 година во САД од огнено оружје беа убиени околу 49.000 лица, додека година претходно беа застрелани 45.000, која важеше за година со најголем број жртви. Тоа е повеќе од 130 смртни случаи дневно, од кои повеќе од половината се самоубиства. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-masakr-vo-severna-karolina-ubieni-pet-lica/feed/ 0
СЕ ЗАКАНУВА ЕКСПЛОЗИЈА: Илјадници евакуирани поради пожар во фабрика за ѓубриво во Северна Каролина (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/se-zakanuva-eksplozija-iljadnici-evakuirani-poradi-pozar-vo-fabrika-za-gjubrivo-vo-severna-karolina-video/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/se-zakanuva-eksplozija-iljadnici-evakuirani-poradi-pozar-vo-fabrika-za-gjubrivo-vo-severna-karolina-video/#respond Wed, 02 Feb 2022 09:33:33 +0000 https://kurir.mk/?p=625791

Пожарот во фабриката за вештачко ѓубриво во американската сојузна држава Северна Каролина принуди илјадници луѓе да се евакуираат поради страв од можна голема експлозија. Речиси 6.500 луѓе се евакуирани од градот Винстон-Салем, како и затвореници од блискиот затвор и студенти од кампусот, откако избувна пожар во фабрика за вештачко ѓубриво, пренесуваат светските медиуми. Причината за пожарот не е позната, но властите предупредија на зголемена закана, бидејќи во фабриката има меѓу 300 и 600 тони амониум нитрат. Досега се евакуирани речиси 2.500 домови, како и 220 затвореници од казнено-поправниот дом Форсајт и студентите од кампусот на Универзитетот Вејк Форест. Универзитетот ја откажа наставата и отвори уште три кампуси за да ги заштити студентите. Затворениците биле префрлени во поправен дом во Тејлорсвил, додека градот отворил установа на саемот Винстон-Салем, каде што се засолниле евакуираните граѓани. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/se-zakanuva-eksplozija-iljadnici-evakuirani-poradi-pozar-vo-fabrika-za-gjubrivo-vo-severna-karolina-video/feed/ 0
Земјотрес во Северна Каролина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zemjotres-vo-severna-karolina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zemjotres-vo-severna-karolina/#respond Sun, 09 Aug 2020 15:08:20 +0000 https://kurir.mk/?p=388466

Земјотрес со јачина од 5,1 степени ја погоди денеска американската држава Северна Каролина, објави Националниот метеоролошки институт во Гринвил. Епицентарот бил на околу 4 километри југоисточно од градот Спарта. Земјотресот ги потресе зградите, но нема извештаи за какви било штети или повредени. Тоа е најсилниот земјотрес што ја погоди земјата од 1916 година, кога бешерегистриран земјотрес со јачина од 5,5 степени. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zemjotres-vo-severna-karolina/feed/ 0
Ураганот Исаја ја погоди Северна Каролина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uraganot-isaja-ja-pogodi-severna-karolina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uraganot-isaja-ja-pogodi-severna-karolina/#respond Tue, 04 Aug 2020 07:54:15 +0000 https://kurir.mk/?p=385758

Ураганот Исаја ја погоди Северна Каролина со налети на ветер кои достигнаа брзина од 140 километри на час, соопшти американскиот Национален центар за урагани. Исаја беше категоризирана како тропска бура, откако погоди острови на Карибите, но прерасна во ураган од категорија еден вчера. Две лица загинаа на Карибите од последиците на Исаја. Ураганот Исаја е деветта бура по ред во САД оваа година. Американскиот центар за урагани претходно предупреди дека Исаја ќе предизвика поројни дождови, што може да резултира со поплавување на реки долж американскиот источен брег.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uraganot-isaja-ja-pogodi-severna-karolina/feed/ 0
Неверојатно видео: Во еден момент сите танцуваа, а во другиот пропаднаа низ подот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/neverojatno-video-vo-eden-moment-site-tancuvaa-a-vo-drugiot-propadnaa-niz-podot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/neverojatno-video-vo-eden-moment-site-tancuvaa-a-vo-drugiot-propadnaa-niz-podot/#respond Sun, 21 Oct 2018 20:42:48 +0000 https://kurir.mk/?p=117874

Во Јужна Каролина десетици лица се повредени откако пропаднал подот на првиот кат на куќата, каде се одржувала забава. Во локалните болници се однесени околу 30 повредени, откако средишниот дел на куќата во градот Клемсон, пропаднала. Ниеден од учесниците во забавата нема животно загрозувачки повреди. Полицијата ја истражува причината за инцидентот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/neverojatno-video-vo-eden-moment-site-tancuvaa-a-vo-drugiot-propadnaa-niz-podot/feed/ 0
Новинар и снимател загинаа од урнато дрво додека известуваа за последици од бура https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/novinar-i-snimatel-zaginaa-od-urnato-drvo-dodeka-izvestuvaa-za-posledici-od-bura/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/novinar-i-snimatel-zaginaa-od-urnato-drvo-dodeka-izvestuvaa-za-posledici-od-bura/#respond Tue, 29 May 2018 06:52:45 +0000 https://kurir.mk/?p=59504

Телевизиски новинар и снимател во американската држава Северна Каролина загинаа вчера откако дрво падна врз нивниот автомобил додека известувале за последиците од невремето во округот Полк, на 150 километри западно од Шарлот. Водителот на вестите во телевизија „WYFF“  Мајк Макормик и снимателот Арон Смелцер загинаа од ударот на паднатото дрво врз нивниот џип, ддодека се движеле по автопатот, соопшти телевизијата. Шефот на локалната противпожарна служба Џефри Тенант рече дека неколку минути откако му дал изјава на Макормик му јавиле за несреќата. Кога заминал на самото место, видел дека жртвите биле токму двајцата мажи со кои само што се разделил. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/novinar-i-snimatel-zaginaa-od-urnato-drvo-dodeka-izvestuvaa-za-posledici-od-bura/feed/ 0