северна кореја – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 04 Nov 2023 10:14:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png северна кореја – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ЕУ со осуда на трансферот на оружје меѓу Северна Кореја и Русија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-so-osuda-na-transferot-na-oruzhje-megu-severna-koreja-i-rusija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-so-osuda-na-transferot-na-oruzhje-megu-severna-koreja-i-rusija/#respond Sat, 04 Nov 2023 10:14:20 +0000 https://kurir.mk/?p=896370

Европската Унија е длабоко загрижена од извештаите за воена соработка и трансфери на оружје меѓу Северна Кореја и Руската Федерација наменето за употреба во илегалната, неиспровоцирана и неоправдана агресивна војна на Русија против Украина, соопшти Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС). - Европската Унија силно го осудува секој таков трансфер на оружје. ЕУ ги повикува Северна Кореја и Русија да се воздржат од каква било размена на воена опрема или муниција и да се придржуваат до резолуциите на Советот за безбедност на ОН, вклучително и 1718, 1874 и 2270, кои јасно забрануваат каков било извоз или увоз на оружје поврзан со Демократска Народна Република Кореја, се наведува во соопштението. Според ЕЕАС, кршењето на резолуцијата на Советот за безбедност на ОН на која и самата е коавтор од страна на Москва и продлабочувањето на врските со Пјонгјанг се показател на нејзината зголемена изолација и очај и на ефективноста на рестриктивните мерки на ЕУ кон Русија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-so-osuda-na-transferot-na-oruzhje-megu-severna-koreja-i-rusija/feed/ 0
Северна Кореја потврди затворање на четвртина од своите амбасади во светот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/severna-koreja-potvrdi-zatvorane-na-chetvrtina-od-svoite-ambasadi-vo-svetot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/severna-koreja-potvrdi-zatvorane-na-chetvrtina-od-svoite-ambasadi-vo-svetot/#respond Fri, 03 Nov 2023 09:48:56 +0000 https://kurir.mk/?p=896103

Северна Кореја денеска потврди дека затвора некои амбасади во обид „ефикасно да ги реорганизира своите дипломатски капацитети“, додека Јужна Кореја тврди дека овие затворања укажуваат на тоа дека Пјонгјанг се бори под товарот на санкциите. Според извештаите на медиумите и аналитичарите, Северна Кореја е подготвена да затвори десетина амбасади, вклучително и оние во Шпанија, Хонг Конг и во повеќе земји во Африка, што може да значи затворање на речиси 25 отсто од нејзините мисии. Портпаролот на севернокорејското Министерство за надворешни работи на веб-страницата на Министерството потврди дека некои дипломатски претставништва се затвораат, додавајќи дека се отвораат нови. „Ние спроведуваме операции за повлекување и воспоставување дипломатски претставништва во согласност со променливите глобални средини и националните надворешни политики“, рече портпаролот, опишувајќи го тоа како нормална активност без да наведе детали. Јужнокорејското Министерство за обединување, кое се занимава со односите со Северна Кореја, оцени дека севернокорејското затворање на некои дипломатски претставништва е знак дека земјата се соочува со тешкотии да заработи девизи поради меѓународните санкции наметнати поради нејзините нуклеарни и ракетни тестови.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/severna-koreja-potvrdi-zatvorane-na-chetvrtina-od-svoite-ambasadi-vo-svetot/feed/ 0
Лавров в среда ќе ја посети Северна Кореја https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/lavrov-v-sreda-ke-ja-poseti-severna-koreja/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/lavrov-v-sreda-ke-ja-poseti-severna-koreja/#respond Mon, 16 Oct 2023 08:42:42 +0000 https://kurir.mk/?p=889240

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ќе ја посети Северна Кореја од 18 до 19 октомври, се вели во соопштението на Министерство за надворешни работи на Русаија. -Од 18 до 19 октомври, на покана на (севернокорејското) министерство за надворешни работи, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ќе престојува во официјална посета на Демократска Народна Република Кореја, соопшти Министерството.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/lavrov-v-sreda-ke-ja-poseti-severna-koreja/feed/ 0
САД ја обвини Северна Кореја дека ја вооружува Русија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-ja-obvini-severna-koreja-deka-ja-vooruzhuva-rusija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-ja-obvini-severna-koreja-deka-ja-vooruzhuva-rusija/#respond Fri, 13 Oct 2023 20:11:39 +0000 https://kurir.mk/?p=888684

Белата куќа денеска објави дека Северна Кореја неодамна испратила пратка оружје во Русија, оценувајќи ја како загрижувачка поради зајакнувањето на воените односи меѓу двете земји. Белата куќа објави серија сателитски снимки за кои американските власти велат дека покажуваат дека пратка од севернокорејско складиште за муниција била натоварена на брод под руско знаме, а потоа транспортирана со железница до магацин во близина на југозападната граница на Русија. Испораката, како што наведоа, се одвивала помеѓу 7 септември и 1 октомври. -Ја осудуваме Северна Кореја што ѝ ја испрати на Русија оваа воена опрема, која ќе се користи за напади на украински градови, убивање украински цивили и продолжување на нелегалната војна на Русија, изјави денеска портпаролот на Белата куќа, Џон Кирби. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-ja-obvini-severna-koreja-deka-ja-vooruzhuva-rusija/feed/ 0
Стејт департмент: САД ќе воведат санкции кон Русија и Северна Кореја за какви било нови договори за оружје меѓу нив https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/stejt-department-sad-ke-vovedat-sanktsii-kon-rusija-i-severna-koreja-za-kakvi-bilo-novi-dogovori-za-oruzhje-megu-niv/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/stejt-department-sad-ke-vovedat-sanktsii-kon-rusija-i-severna-koreja-za-kakvi-bilo-novi-dogovori-za-oruzhje-megu-niv/#respond Thu, 14 Sep 2023 06:39:28 +0000 https://kurir.mk/?p=877837

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден нема да се двоуми да воведе дополнителни санкции за Русија и Северна Кореја доколку склучат какви било нови договори за оружје меѓу себе, соопшти синоќа американскиот Стејт департмент, цитиран од британските медиуми. Портпаролот на Стејт департментот Метју Милер ги даде предупредувањата на прес-конференција како одговор на прашањата на новинарите за средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун. -Веќе презедовме голем број активности за да ги санкционираме организациите кои посредуваат во договори за оружје меѓу Северна Кореја и Русија и нема да се двоумиме да преземеме дополнителни активности доколку е потребно, рече Милер. Според портпаролот, причина за загриженост е тоа што Русија и Северна Кореја разговараат за поширока соработка што може да ги прекрши резолуциите на Советот за безбедност на ОН. -Ако го погледнете она што се чини дека е засилена соработка и веројатна размена на оружје, тоа е многу вознемирувачко и потенцијално би прекршило повеќе резолуции на Советот за безбедност на ОН, резимира Милер.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/stejt-department-sad-ke-vovedat-sanktsii-kon-rusija-i-severna-koreja-za-kakvi-bilo-novi-dogovori-za-oruzhje-megu-niv/feed/ 0
Северна Кореја лансираше балистичка ракета https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/severna-koreja-lansirashe-balistichka-raketa/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/severna-koreja-lansirashe-balistichka-raketa/#respond Wed, 13 Sep 2023 06:07:13 +0000 https://kurir.mk/?p=877492

Северна Кореја истрела најмалку една балистичка ракета во близина на нејзиниот источен брег, соопштија началниците на здружениот генералштаб на Јужна Кореја и крајбрежната стража на Јапонија. Тоа се случи само неколку часа пред севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун да се сретне со Владимир Путин во Русија. Не се наведени детали за големината или дострелот на проектилот. Но, околу пет минути по предупредувањето за лансирање, јапонската крајбрежна стража соопшти дека проектилот паднал. Нуклеарно вооружената Северна Кореја редовно лансира секакви ракети, од ракети со краток дострел и крстаречки проектили до интерконтинентални балистички ракети (ИЦБМ) кои можат да достигнат до САД.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/severna-koreja-lansirashe-balistichka-raketa/feed/ 0
Кирби: Русија од Северна Кореја најверојатно ќе бара артилерија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kirbi-rusija-od-severna-koreja-najverojatno-ke-bara-artilerija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kirbi-rusija-od-severna-koreja-najverojatno-ke-bara-artilerija/#respond Wed, 06 Sep 2023 20:47:15 +0000 https://kurir.mk/?p=875448

Русија од Северна Кореја најверојатно сака да набави артилерија затоа што во војната во Украина презачестено ја користи во обидите да се запре украинската офанзива, изјави Џон Кирби, координатор за стратешки комуникации во Белата куќа. На брифинг за новинарите денеска тој истакна дека „тоа што рускиот претседател Владимир Путин посега по Северна Кореја за артилерија, и по Иран за дронови, па и градат фабрики за дронови во Русија, зборува многу“. - Иако рускиот воено индустриски комплекс се уште може да произведува оружје, фактот дека Русија бара оружје од такви места како Северна Кореја покажува дека таа индустрија се соочува со големи проблеми поради санкциите, изјави Кирби. Советникот за национална безбедност, Џејк Саливан, вчера посочи за „напреднат тек на разговори“ за договор меѓу Русија и Северна Кореја за снабдување со оружје и дека се планира претстоечка средба на лидерите на двете земјие. Кирби рече дека САД продолжуват со поддршката за Украина. На новинарско прашање за осетливоста околу испраќањето муниција со збогатен ураниум на Украина, тој укажа дека овој тип на муниција поседува поголема тежина и е поефикасна во пробивање на оклопни возила. - Затоа, САД започнаа и ќе продолжат да ја снабдуваат украинската армија со ваква муниција. Муниција со збогатен ураниум користи и Русија во оваа војна, но тоа никој не го напоменува... Ние сакаме украинската армија да биде поефикасна, изјави Кирби. Во врска со земјите кои ја помагаат Русија со снабдување оружје или со избегнување на санкциите, тој укажа дека „ниту една земја во светот не смее да го помага она што Путин го прави во Украина... и убива Украинци“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kirbi-rusija-od-severna-koreja-najverojatno-ke-bara-artilerija/feed/ 0
Ким Џонг-ун го разреши началникот на Генералштабот и повика на подготовки за војна https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kim-dhong-un-go-razreshi-nachalnikot-na-generalshtabot-i-povika-na-podgotovki-za-vojna/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kim-dhong-un-go-razreshi-nachalnikot-na-generalshtabot-i-povika-na-podgotovki-za-vojna/#respond Thu, 10 Aug 2023 10:25:04 +0000 https://kurir.mk/?p=865433

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун го разреши началникот на Генералштабот и повика на дополнителни подготовки за можна војна, како и зголемено производство на оружје и проширени воени вежби, објави денеска државниот медиум КЦНА. Ким ова го соопшти на состанокот на Централната воена комисија, на која се разговараше за плановите за контрамерки поврзани со одвраќање на неименуваните непријатели на Северна Кореја, соопшти КЦНА. Началникот на Генералштабот Пак Су-ил е разрешен, јави КЦНА, без да даде детали. На таа позиција беше околу седум месеци. Пак дојде на местото на генералот Ри Јонг-гил, кој претходно беше министер за одбрана на земјата и врховен командант на нејзините конвенционални трупи. Ри, исто така, претходно ја извршуваше функцијата началник на Генералштабот. Кога беше сменет во 2016 година и отсуствуваше од официјални настани, во Јужна Кореја се шпекулираше дека е погубен. Тој повторно се појави неколку месеци подоцна кога беше назначен на друга, повисока функција. Ким, исто така, има за цел да го прошири капацитетот за производство на оружје, се вели во извештајот, без да се наведат детали. Минатата недела тој посети фабрики за оружје каде повика на изградба на повеќе ракетни мотори, артилерија и друго оружје. Ким, исто така, ја повика војската да спроведе вежби со најново оружје и опрема за да биде подготвена за борба. Северна Кореја треба да одржи парада на милициите на 9 септември по повод 75-годишнината од основањето на Републиката. Северна Кореја има бројни паравоени групи кои ги користи за да ги зајакне своите воени сили. САД и Јужна Кореја ќе одржат воени вежби меѓу 21 и 24 август, што Северна Кореја ги смета за закана за нејзината безбедност. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kim-dhong-un-go-razreshi-nachalnikot-na-generalshtabot-i-povika-na-podgotovki-za-vojna/feed/ 0
Северна Кореја потврди дека привела американски војник https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/severna-koreja-potvrdi-deka-privela-amerikanski-vojnik/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/severna-koreja-potvrdi-deka-privela-amerikanski-vojnik/#respond Thu, 03 Aug 2023 08:06:23 +0000 https://kurir.mk/?p=862861

Северна Кореја потврди дека го привела американскиот војник Тревис Кинг (23) во првиот одговор на барањата за информации за неговото место на живеење, соопшти командата на Обединетите нации (ОН). Командата на ОН одби да елаборира за одговорот за да не се меша во нивните напори да го вратат дома. Како што пренесува Слободна Европа, во одговорот се посочува дека Пјонгјанг можеби е подготвен да започне преговори. Командата на ОН, која ја надгледува демилитаризираната зона, бараше информации за Кинг користејќи ја својата директна телефонска линија со војската на Северна Кореја во Заедничката безбедносна зона. Севернокорејците претходно го прифатија барањето, но ова е првпат да одговорат, потврдувајќи дека американски војник е во нивен притвор. Кинг ја преминал границата од Јужна Кореја на 18 јули додека бил на турнеја со водич, а претходно отслужил два месеца во јужнокорејски затвор под обвинение за напад. Тој требаше да лета назад во САД за да се соочи со дисциплинска постапка, но успеа да го напушти аеродромот и да се придружи на турнејата низ демилитаризираната зона.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/severna-koreja-potvrdi-deka-privela-amerikanski-vojnik/feed/ 0
Северна Кореја најави лансирање на сателит https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/severna-koreja-najavi-lansirane-na-satelit/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/severna-koreja-najavi-lansirane-na-satelit/#respond Mon, 29 May 2023 14:20:31 +0000 https://kurir.mk/?p=840087

Северна Кореја ја извести Јапонија дека во периодот од 31 мај до 11 јуни ќе лансира сателит, а јапонскиот министер за одбрана Јасуказу Хамада изјави дека и наредил на армијата да го соборат сателитот доколку навлезе на јапонска територија. Во известувањето на Северна Кореја се истакнува дека лансирањето на сателитот би можело да влијае врз водите во Жолто Море, Источно Кинеско Море и источно од филипинскиот остров Лузон. Јапонската крајбрежна стража издаде предупредување до бродовите во таа област поради можен ризик од паѓање на остатоци. Северна Кореја за да лансира сателит во орбитата ќе мора да користи ракетна технологија со долг дострел, забранета со резолуциите на Советот за безбедност на ОН. Нивните минати лансирања на шпионски сателити се сметаа за тајни ракетни тестови. Генералниот секретар на јапонската влада Хироказу Мацуно изјави дека лансирањето на сателитот ќе ги прекрши резолуциите на ОН, што претставува „закана за мирот и безбедноста на Јапонија, регионот и меѓународната заедница“. Според него, можно е сателитот да помине преку југозападните острови на Јапонија, вклучувајќи ја и Окинава, каде што САД имаат воена база. Јужна Кореја го предупреди северниот сосед дека ќе се соочи со последици доколку продолжи со својот план за лансирање, што е во спротивност со резолуциите на Советот за безбедност на ОН кои му забрануваат на Северна Кореја да изврши какво било лансирање користејќи балистичка технологија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/severna-koreja-najavi-lansirane-na-satelit/feed/ 0