Северна Македонија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 18 Jul 2023 13:06:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Северна Македонија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Македонски кошаркар ја покри „Северна“ пред тимската фотографија (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/makedonski-kosharkar-ja-pokri-severna-pred-timskata-fotografija-video/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/makedonski-kosharkar-ja-pokri-severna-pred-timskata-fotografija-video/#respond Tue, 18 Jul 2023 13:06:02 +0000 https://kurir.mk/?p=857751

Maкедонската млада кошаркарска репрезентација заврши го освои сребрениот медал на Европското првенство во „Б“ дивизијата. Во финалето македонските кошаркари беа поразени од Чешка, но и така направија голем успех обезбедувајќи пласман на главното Европско првенство во елитната конкуренција. Интересно видео по освојувањето на второто место се појави на социјалните мрежи, а во кое во центарот на вниманието беше кошаркарот Тома Стојаноски. Пред групната фотографија, Стојаноски го прекри „Северна“ на дресовите и остави да се чита само Македонија со што ги собра симпатиите од јавноста.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/makedonski-kosharkar-ja-pokri-severna-pred-timskata-fotografija-video/feed/ 0
Еве што пишуваа бугарските медиуми за стартот на преговорите на Северна Македонија и Албанија со ЕУ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/eve-shto-pishuvaa-bugarskite-mediumi-za-startot-na-pregovorite-na-severna-makedonija-i-albanija-so-eu/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/eve-shto-pishuvaa-bugarskite-mediumi-za-startot-na-pregovorite-na-severna-makedonija-i-albanija-so-eu/#respond Wed, 20 Jul 2022 07:37:06 +0000 https://kurir.mk/?p=707706

Стартот на преговорите за членство на Северна Македонија и Албанија во ЕУ е меѓу темите за кои информираат бугарските медиуми, јави дописникот на МИА од Софија. Бугарското национално радио (БНР) информира дека претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен по првата меѓувладина конференција под чешкото претседателство со ЕУ во Брисел, изјави дека сега започнува работата на преговарачките тимови за проверка на законодавството на Заедницата, што ќе им овозможи на двете земји од Западен Балкан да се запознаат со правата и обврските во ЕУ. Медиумите ги цитираат и зборовите на Фон дер Лајен на почетокот на заедничката изјава дека „ова е историски момент“. Бугарската национална телевизија (БНТ) во своите централни информативни емисии јави дека Северна Македонија и Албанија ги започнаа преговори за членство во ЕУ, посочувајќи дека тоа беше овозможено откако парламентите во Скопје и Софија „го одобрија започнувањето на преговорите, а двете земји потпишаа протокол со кој „Северна Македонија е се обврза да го промени својот Устав и да ги признае тамошните Бугари заедно со другите делови од народи“. БНТ нагласи и дека Северна Македонија 17 години чекаше на почеток на преговорите со ЕУ, а Албанија 13 години. Софиски „Дневник“, без на кој било начин да ја спомене Бугарија и нејзината одлука за повлекување на ветото, објави дека Европската комисија, Северна Македонија и Албанија вчера во Брисел „најавија почеток на преговорите за пристапување на двете земји од Западен Балкан во ЕУ“. Весникот посочува дека претседателката на Европската комисија избегнала да ја спомене Бугарија, нагласувајќи ги само достигнувањата на Скопје и Тирана, а чешкиот премиер Петер Фиала, чија земја во моментов претседава со Советот на ЕУ, ги нагласи цврстите позиции на Албанија и Северна Македонија против руската војната во Украина. „Дневник“ наведува и дека премиерите на Северна Македонија и на Албанија, Димитар Ковачевски и Еди Рама им се заблагодарија на француското претседателство, на „нивните пријатели во ЕУ“, на Европската комисија, на францускиот претседател Емануел Макрон и на поранешната германска канцеларка Ангела Меркел, како и на нивните граѓани за успехот, но без споменување на Бугарија која година и половина со вето го блокираше почетокот на преговорите за членство на Скопје во ЕУ. Телевизиите бТВ и Нова ТВ во своите централни информативни емисии јавија за почетокот на преговорите на Северна Македонија и Албанија во ЕУ и ги пренесоа изјавите на премиерите на двете земји Димитар Ковачевски и Еди Рама во Брисел. бТВ пренесе и изјава на бугарскиот европратеник Илхан Ќучук , кој е известувач на Европскиот парламент за Северна Македонија, дека Бугарија треба да има свои претставници во преговарачкиот процес на земјата со ЕУ и постојано да биде во Брисел.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/eve-shto-pishuvaa-bugarskite-mediumi-za-startot-na-pregovorite-na-severna-makedonija-i-albanija-so-eu/feed/ 0
Пендаровски: Да ја градиме Северна Македонија како наш единствен заеднички дом https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-da-ja-gradime-severna-makedonija-kako-nash-edinstven-zaednichki-dom/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-da-ja-gradime-severna-makedonija-kako-nash-edinstven-zaednichki-dom/#respond Sat, 09 Jul 2022 09:27:28 +0000 https://kurir.mk/?p=702610

Претседателот Стево Пендаровски денеска, по повод големиот муслимански празник Курбан Бајрам, упати честитка до поглаварот на Исламската верска заедница, реис-ул-улема хаџи хфз. Шаќир ефенди Фетаху и до сите граѓани од исламска вероисповед во Република Северна Македонија. Во честитката, Пендаровски испраќа порака да бидеме сплотени и да ја градиме Република Северна Македонија како наш единствен заеднички дом. -Посакувајќи многу здравје, радост и бериќет, дозволете да споделам две согледувања за улогата на овој значаен празник. Пред се, Курбан Бајрам е празник на солидарноста и негувањето на добрите навики на милосрдието, дарежливоста и човечноста кон ранливите кои имаат насушна потреба од поткрепа. Важноста на празникот најмногу доаѓа до израз токму во периоди на економски предизвици со кои се соочува нашата држава и поголемиот дел од светот. Истовремено, Курбан Бајрам е нераздвоен дел од вековниот соживот во македонското мултирелигиско и мултиетничко општество. Празничните денови се можност за продлабочување на заемното почитување преку запознавање со традициите на различните од нас, наведува Пендаровски и упатува најискрени желби за добро здравје, радост и благосостојба. Претседателот во честитката изразува уверување дека „солидарноста кон ранливите и соживотот на различните во овие празнични денови, но и преку целата година, ќе ни помогнат сплотени да ги надминуваме предизвиците со кои се соочуваме на личен и колективен план“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-da-ja-gradime-severna-makedonija-kako-nash-edinstven-zaednichki-dom/feed/ 0
Петровска: Безбедносната состојба во Северна Македонија е стабилна, одлуките ги носиме како членка на НАТО https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/petrovska-bezbednosnata-sostojba-vo-severna-makedonija-e-stabilna-odlukite-gi-nosime-kako-chlenka-na-nato/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/petrovska-bezbednosnata-sostojba-vo-severna-makedonija-e-stabilna-odlukite-gi-nosime-kako-chlenka-na-nato/#respond Thu, 24 Feb 2022 21:26:44 +0000 https://kurir.mk/?p=636291

Безбедносната состојба во Северна Македонија е стабилна. Институциите, сите во своите надлежности, преземаат мерки и активности со кои ја гарантираат таа безбедност. Ние не сме сами, земја членка сме на НАТО што е една од придобивките од нашето членување и не се грижиме сами за нашата безбедност, туку сме дел од колективниот систем за безбедност на НАТО, изјави вечерва министерката за одбрана Славјанка Петровска во „Топ тема“ на ТВ Телма. -Остро ги осудивме сите, и како државен врв го осудивме нападот, воената агресија особено што станува збор за напад врз територијалниот суверенитет и интегретит на Украина, рече Петровска, која изрази жалење за загубата на човечки животи. Повторно повика да надвладее разумот и да се изнајде решение по дипломатски пат. Таа посочи дека во овој момент не ни се наметнати никакви посебни обврски, но сме дел од носењето одлуки во НАТО и најави дека во таа насока е и утрешното учество на претседателот Стево Пендаровски на Самиот на НАТО, на кој ќе учествуваат сите шефови на држави членки и на кој ќе се донесе одлука за понатамошното дејствување на Алијансата. Петровска нагласи дека нема потреба да се крева борбената готовност и додаде дека армијата секогаш е подготвена да одговори на предизвиците. Прашана за денешната седницата на Влада и за донесената одлука, Петровска вели дека тоа значи дека се однесуваме како полноправен член на Алијансата, но и како аспирант за членство во ЕУ. Информира дека нашата безбедносна политика се усогласува со безбедносната политика на ЕУ. – Но, и претставува начин на кој го изразуваме нашето противење дека не прифаќаме однесувања со кои се кршат меѓународните договори, се кршат човековите права, однесување кое предизвикува човечки загуби и однесување кои не води кон решение, туку кон разгорување на конфликтите, изјави Петровска. За евентуален бегалски бран, Петровска рече дека државата би ги понудила своите капацитети. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/petrovska-bezbednosnata-sostojba-vo-severna-makedonija-e-stabilna-odlukite-gi-nosime-kako-chlenka-na-nato/feed/ 0
Димитров: Има цикличност во однесувањето на нашата млада сосетка Северна Македонија, клучот за ЕУ е кај политичарите од Скопје https://arhiva.kurir.mk/svet/region/dimitrov-ima-ciklichnost-vo-odnesuvanjeto-na-nashata-mlada-sosetka-severna-makedonija-kluchot-za-eu-e-kaj-politicharite-od-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/dimitrov-ima-ciklichnost-vo-odnesuvanjeto-na-nashata-mlada-sosetka-severna-makedonija-kluchot-za-eu-e-kaj-politicharite-od-skopje/#respond Sat, 05 Feb 2022 10:41:03 +0000 https://kurir.mk/?p=627387

Професорот Ангел Димитров, кој е копретседател на заедничката македонско-бугарска мешовита комисија за историски и образовни прашања, во интервју за Бугарското национално радио денеска вели дека имало цикличност во однесувањето на, како што кажа, нашата млада сосетка Северна Македонија. Кога се чувствува поактивна комуникација, тврди Димитров „факторите со неосветлено минато или скриени позиции се активираат за да се спречат“. Тој вели дека заедничката комисија мора да работи и ќе работи, а дека секој обид да се прекине нејзината работа бил гест на лоша волја и лошо постапување со Договорот за пријателство и добрососедство. -Но, јасно е дека постои притисок врз работата на комисијата од страна на Северна Македонија, дека луѓето таму си го поставуваат прашањето – како ќе им се дозволи да ги направат корекциите кои се неопходни, вели Димитров. Копретседателот на комисијата од македонска страна Драги Ѓоргиев деновиве изјави дека ако во овој момент историската комисија прави проблем на патот по кој се тргнати двете влади, да се релаксира политичката атмосфера, тој би бил согласен работата на комисијата да се замрзне на година, две бидејќи постоело чувство дека таа комисија создава проблеми преку препукувањата во јавноста.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/dimitrov-ima-ciklichnost-vo-odnesuvanjeto-na-nashata-mlada-sosetka-severna-makedonija-kluchot-za-eu-e-kaj-politicharite-od-skopje/feed/ 0
Ципрас: Сите земји и коментатори на Европското ќе велеа „Македонија“ ако не беше Преспанскиот договор https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/cipras-site-zemji-i-komentatori-na-evropskoto-kje-velea-makedonija-ako-ne-beshe-prespanskiot-dogovor/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/cipras-site-zemji-i-komentatori-na-evropskoto-kje-velea-makedonija-ako-ne-beshe-prespanskiot-dogovor/#respond Tue, 15 Jun 2021 10:00:53 +0000 https://kurir.mk/?p=523634

Поранешниот премиер на Грција и еден од потписницитена Преспанскиот договор, Алексис Ципрас, по повод реакциите на неговата земја на коментаторите на македонскиот јавен сервис, кои ја нарекуваат земјата без додадотокот Северна, за грчки „Скај“, вели дека да не бил договорот, сите коментатори на Европското ќе ја нарекувале земјата „Македонија“. „Ако не постоеше Договорот од Преспа, сите земји во светот и коментаторите на телевизиските мрежи ќе кажеа дека Македонија игра, сега тие велат дека игра Северна Македонија. И ова е напишано насекаде. Ова е победа. Од таму се дискутира за амблемот на ФФМ. Фудбалската федерација во Северна Македонија е прватно тело. Сепак, како стопанската комора, тоа би можело да го смени своето име, ако грчката влада притиснеше на време врз основа на добра волја и договор што ги поставува принципите“. Тој ја обвини грчката влада дека се справува лошо со ова прашање и со своите обврски од Договорот. „Не ги ратификуваат трите меморандуми за соработка што се во корист на земјата. Еден од нив се однесува на надзорот на воздушниот простор од страна на грчките воени авиони. Зошто не го прават тоа? Затоа што се плашат од реакциите во владејачката партија, од господинот Самарас и другите заменици на Неа Демократиа“, вели Ципрас.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/cipras-site-zemji-i-komentatori-na-evropskoto-kje-velea-makedonija-ako-ne-beshe-prespanskiot-dogovor/feed/ 0
ФИФА\УЕФА ни ја прекрсти ФФМ: Фудбалска федерација на Северна Македонија потпишана од Грк (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/fifa-uefa-ni-ja-prekrsti-ffm-fudbalska-federacija-na-severna-makedonija-potpishana-od-grk-foto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/fifa-uefa-ni-ja-prekrsti-ffm-fudbalska-federacija-na-severna-makedonija-potpishana-od-grk-foto/#respond Tue, 02 Feb 2021 11:17:32 +0000 https://kurir.mk/?p=463090

Во официјален допис од ФИФА/УЕФА испратен до Фудбалската федерација на Македонија, освен името на нашата држава има направено измена и во името на ФФМ. Иако федерацијата официјално не е преименувана, во овој допис сме напишани како Фудбалска федерација на Северна Македонија. Генерален секретар на УЕФА, потпишан на дописот е Гркот- Теодоридис. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/fifa-uefa-ni-ja-prekrsti-ffm-fudbalska-federacija-na-severna-makedonija-potpishana-od-grk-foto/feed/ 0
Героски: Заев пред избори не ја користи Северна, купува гласови https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/geroski-zaev-pred-izbori-ne-ja-koristi-severna-kupuva-glasovi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/geroski-zaev-pred-izbori-ne-ja-koristi-severna-kupuva-glasovi/#respond Mon, 13 Jan 2020 20:33:43 +0000 https://kurir.mk/?p=289177

Во вечерашната емисија „Што не е јасно“ новинарот Бранко Героски зборуваше за неговата последна колумна каде го прашува Зоран Заев зошто не го употребува зборот Северна кога им честиташе на македонските ракометари за нивната победа во натпревар на европското првенство. Истакна дека на сите им е јасно зошто е тоа така и зошто Заев не го употребува зборот Северна - затоа што доаѓаат избори. Имено, новинарот Геровски во своето гостување ја коментираше изјава на висок функционер каде во приближно една минута пет пати во употребува името Северна и го кажа следното: „Tоа не беше случајно. Јас мислам дека постоеше еден обид во дел од јавност што го поддржува СДСМ да се изведе еден мал идентитетски инжињеринг, односно новото име Северна Mакедонија за кое тврдам според нашите лингвистички јазична правила не е скратената име од Република Северна Македонија. Именката Македонија е основа на фразата, но ете некој запна да вели дека Северна Македонија е скратеното име и тврдев дека во тој период не е така. Но, постоеше една група на интелектуалци кои се обидоа од тоа да произведат именка, да произведат придавка за јазикот и за нацијата, па дури имаше и иницијатива да се промени химната, да се променат некои други атрибути на нашиот идентитет. Тоа беше мал обид да се изведе идентитетски инжињеринг и мислам дека ова што се случуваше во овој период беше последица на тој обид“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/geroski-zaev-pred-izbori-ne-ja-koristi-severna-kupuva-glasovi/feed/ 0
Родителите гневни: Еве каква песничка за татковината учат нивните деца во македонска градинка (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/roditelite-gnevni-eve-kakva-pesnichka-za-tatkovinata-uchat-nivnite-deca-vo-makedonska-gradinka-foto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/roditelite-gnevni-eve-kakva-pesnichka-za-tatkovinata-uchat-nivnite-deca-vo-makedonska-gradinka-foto/#respond Thu, 12 Sep 2019 08:46:40 +0000 https://kurir.mk/?p=239769

„Тоа што премиерот си прави политички договори со соседни земји, не смее да се одрази врз нашите деца. Погледнете каква песничка учат во градинка. Песна која е посветена за татковината, нешто кое им е наследено од предците, но со уставното име што неколкумина пратеници си го изгласаа“. Револтирани родители на дечиња од градинка во Македонија ја контактираа редакцијата на КУРИР. Велат дека не сакаат нивните деца да учат вакви песни. -Погледнете што е напишано со големи букви. Ова не е воспитен процес, ова е перење на мозок, велат родителите. Мојата татковина Татковината моја не е било која. Лична е како слика СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА се вика. Голема многу не е, но за неа секој песна пее.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/roditelite-gnevni-eve-kakva-pesnichka-za-tatkovinata-uchat-nivnite-deca-vo-makedonska-gradinka-foto/feed/ 0
За Србија не сме Република, туку само Северна Македонија- од МНР велат дека тоа е според Преспанскиот договор https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/za-srbija-ne-sme-republika-tuku-samo-severna-makedonija-od-mnr-velat-deka-toa-e-spored-prespanskiot-dogovor/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/za-srbija-ne-sme-republika-tuku-samo-severna-makedonija-od-mnr-velat-deka-toa-e-spored-prespanskiot-dogovor/#respond Wed, 17 Apr 2019 14:07:32 +0000 https://kurir.mk/?p=187745

Во пасошите на Македонците во Србија, во графата на местото за раѓање не стои терминот „Република“, туку само „Северна Македонија“. Како што објави „Алфа“, Македонците таму не успеале да добијат објаснување зошто. За нив е вознемирувачки, што после промената на името, сега во овој личен документ е збришан и описот на уставното уредување на земјата. Факт што не е за занемарување. -Зошто го нема полното име? Нашата држава е Република, а не област „Северна Македонија“! Сакаме да знаеме дали е ова правило што произлезе од преспанскиот договор, а не го знаеме? Има ли грешка и каде да ја бараме? , прашуваат Македонците во Србија. Дали српските власти постапиле согласно некаков правилник или договор со македонската страна? Македонското министерство за надворешни работи објаснува дека Преспанскиот договор тоа го дозволува, дека можело да стои и со „Република“ и без. Изборот бил на државата во која Македонците живеат. Посебни насоки не постоеле. -Долгата и кратката форма на името на државата се подеднакво валидни. Која од нив ќе биде искористена во конкретен случај (во зависност од просторот кој го имаат во одредена ситуација) е избор на секоја од земјите. Не е во наша надлежност да одговораме за нивните одлуки или решенија во нивните документи. Не постојат договори или правилници од тој тип како што наведувате, велат од министерството за Алфа. Не залудно официјалните имиња на државите ги содржат термините Република, Кралство, Сојузна Република и слично што ги разликува од географските области и ја отсликува нивната сувереност. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/za-srbija-ne-sme-republika-tuku-samo-severna-makedonija-od-mnr-velat-deka-toa-e-spored-prespanskiot-dogovor/feed/ 0