северна Митровица – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 16 Jun 2023 08:21:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png северна Митровица – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Ноќеска експлозии во близина на полициските станици во Звечан и Северна Митровица https://arhiva.kurir.mk/svet/region/nokeska-eksplozii-vo-blizina-na-politsiskite-stanitsi-vo-zvechan-i-severna-mitrovitsa/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/nokeska-eksplozii-vo-blizina-na-politsiskite-stanitsi-vo-zvechan-i-severna-mitrovitsa/#respond Fri, 16 Jun 2023 08:21:51 +0000 https://kurir.mk/?p=846398

Во текот на ноќта се слушнале неколку експлозии во близина на полициските станици во Звечан и Северна Митровица, потврди заменик директорот на Регионалната полиција, Ветон Ељшани. Тој за косовските медиуми изјави дека најверојатно станува збор за шок бомби. Според него, од овие експлозии нема повредени, но оштетен е полициски автомобил. Полицијата го истражува случајот.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/nokeska-eksplozii-vo-blizina-na-politsiskite-stanitsi-vo-zvechan-i-severna-mitrovitsa/feed/ 0
Србите ќе се вратат во косовските институции самo со почитување на Бриселскиот договор, тврди српскиот министер за одбрана https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srbite-kje-se-vratat-vo-kosovskite-institucii-samo-so-pochituvanje-na-briselskiot-dogovor-tvrdi-srpskiot-minister-za-odbrana/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srbite-kje-se-vratat-vo-kosovskite-institucii-samo-so-pochituvanje-na-briselskiot-dogovor-tvrdi-srpskiot-minister-za-odbrana/#respond Tue, 08 Nov 2022 11:54:44 +0000 https://kurir.mk/?p=757376

Српскиот министер за одбрана Милош Вучевиќ изјави дека Србите ќе се вратат во институциите на северот на Косово кога Приштина ќе почне да ги исполнува своите обврски и кога ќе почне да го почитува Бриселскиот договор, јави дописникот на МИА од Белград. -Србите ќе се вратат во институциите, ова не е трајно напуштање на институциите, ова е суспензија до спроведување на Бриселскиот договор и исполнување на обврските од страна на Приштина. Српската страна исполни се, а албанската не, нагласи Вучевиќ за ТВ Пинк. Тој оцени дека одлуката на Србите од северно Косово да ги напуштат полицијата, судството и администрацијата, собранието и владата е моментална и ќе трае до спроведувањето на Бриселскиот договор и исполнувањето на обврските од Приштина. Вучевиќ посочи дека ситуацијата на Косово е мирна, но големата тензија, предвидена со едностраните одлуки на Приштина, е загрижувачка и може да доведе до натамошна ескалација и нарушување на се што требаше да се уреди преку форматот на дијалогот. -Ситуацијата стана крајно деликатна по разрешувањето на Ненад Ѓуриќ, кој беше регионален полициски командант на северниот регион, и одлуката на Србите да ги напуштат сите институции на територијата на покраината, нагласи Вучевиќ. Тој смета дека Србите реагирале демократски и достоинствено, но дека тој чин бил изнуден од одлуките на Приштина и дека луѓето на Косово се загрижени и одговорни. -Ова не беше демонстрација на моќ на Србите, тоа беше принуден потег… Луѓето се загрижени, а од друга страна одговорни, народот на Косово е заглавен во ќош, а ова трае веќе 23 години, рече Вучевиќ. Коментирајќи ги повиците за „воздржаност“ од двете страни, Вучевиќ рече дека Белград е воздржан 10 години од кога е потпишан Бриселскиот договор и дека албанската страна не ги спроведува основните обврски од тој договор. -Европската унија прво треба да одговори дали Курти го поништи Бриселскиот договор, дали е можно Курти да е посилен од она што го гарантираше ЕУ, дали на овој начин ќе делегираме правни акти и договори, бидејќи тогаш се е беспредметно, и одиме во целосен ќорсокак, посочи Вучевиќ. Во однос на пререгистрацијата на возилата со српски регистарски таблички, тој ја посочи состојбата на парадокс и смета дека српската страна е ставена во „невозможна“ ситуација. -Албанската страна ги укина статусно неутралните таблички и ја доведе српската заедница во невозможна ситуација, тие не можат да ги изберат табличките, немаат опција да имаат статусно неутрални таблички и се ставени пред свршен чин – или ќе имате табличките што ви ги наметнуваме или ќе ве уапсиме, ќе ве казниме, ќе ви ја земеме колата. Српските полицајци нема да го прават тоа, тие ги казнуваат сопствените граѓани, рече Вучевиќ и додаде дека Србија мора да им помогне на луѓето кои останале без работа со напуштање на институциите. Во однос на развојот на безбедносната ситуација, тој смета дека КФОР и ЕУЛЕКС мора да го компензираат недостатокот на Срби во институциите. -КФОР мора да го замени и компензира заминувањето или суспензијата на српските полицајци на северот на Косово, би било катастрофално Курти да ја испрати својата полиција на Косово. Не мислам дека КФОР ќе стане полиција, но многу е важно да се спроведат суштински безбедносни прашања за сите Срби на Косово, забележа Вучевиќ. (МИА)
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srbite-kje-se-vratat-vo-kosovskite-institucii-samo-so-pochituvanje-na-briselskiot-dogovor-tvrdi-srpskiot-minister-za-odbrana/feed/ 0
Заврши собирот на Србите во Митровица: Испратија пораки за мир без инциденти (ФОТО+ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/svet/region/zavrshi-sobirot-na-srbite-vo-mitrovica-ispratija-poraki-za-mir-bez-incidenti-foto-video/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/zavrshi-sobirot-na-srbite-vo-mitrovica-ispratija-poraki-za-mir-bez-incidenti-foto-video/#respond Sun, 06 Nov 2022 16:40:35 +0000 https://kurir.mk/?p=756535

Заврши собирот на косовските Срби во Северна Митровица. На протестот немаше инциденти, но РТС јавува дека група Албанци во населбата Бошњачко маало поставиле албански знамиња. На собирот се обратија неколкумина сегашни и поранешни политички чинители на Косово. Претседателот на Српска листа, Горан Ракиќ рече дека мандатот го враќаат на српскиот народ кој ги избрал, а не на Приштина. Рече дека во Северна Митровица собирот има за цел да испрати јасна порака дека е доста од „шиканирање“ од страна. Поранешниот градоначалник на Северна Митровица, Милан Радојевиќ, пак, им се заблагодари на присутните и рече дека собирот испраќа пораки за мир. - Десет години му дававме шанса на Бриселскиот договор, но жал не успеавме. Утрово и официјално поднесовме оставки. Нашата борба продолжува, и таа ќе биде само во друг облик, рече Радојевиќ. Суспендираниот командир на полицијата, мајорот Ненад Ѓуриќ порача дека Србите на Косово немаат друга земја. Институциите ги напуштија и судиите и обвинителите, а судијката Љиљана Стевановиќ рече дека таквата одлука била едногласна. - Нашата одлука е јасна. Мислам дека ние сме најдобри амбасадори на српскиот дел од правосудството, рече Стевановиќ, додавајќи дека луѓето на Косово бараат елементарни човекови права. Претходно, косовската полиција повика граѓаните мирно да протестираат, додавајќи дека постои оперативен план доколку на протестот дојде до инциденти. Протестот почна со интонирањето на српската химна, а организацијата доаѓа откако вчера претставниците на Србите на Косово ги напуштија институциите. Претходно беа одржани посебни седници во четири општини на северот на Косово на кои градоначалниците на Лепосавиќ, Северна Митровица, Звечан и Зубин Поток и формално поднесоа оставка од својата функција. На седниците оставки поднесоа и претседателите на општинските собранија, како и советниците. Со ова претставниците на четирите локални самоуправи на северот на Косово почнаа да ги спроведуваат одлуките и заклучоците што беа донесени на саботната седница на политичките и институционалните претставници на Србите на Косово.

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/zavrshi-sobirot-na-srbite-vo-mitrovica-ispratija-poraki-za-mir-bez-incidenti-foto-video/feed/ 0
Бомба експлодира во северна Митровица https://arhiva.kurir.mk/svet/region/bomba-eksplodira-vo-severna-mitrovica/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/bomba-eksplodira-vo-severna-mitrovica/#respond Mon, 18 Feb 2019 11:06:48 +0000 https://kurir.mk/?p=165176

Косовската полиција информира за експлозија на бомба, што се случи рано утрово во северниот дел на Митровица, при што нема повредени и е причинета само материјална штета, јави дописникот на МИА од Приштина. Експлозијата се случила околу три часот утрово пред сала за фитнес, во сопственост на етничкиот Бошњак Сеад Чешко, кој е и припадник на косовската полиција, на служба на граничниот премин со Србија, Брњак. Од експлозијата се скршени стаклата на прозорците на салата и е оштетно едно патничко возило „сеат ибица“. Заменик командантот на косовската полиција за митровичкиот регион, Бесим Хоти изјави за медиумите дека засега не се знае целта на нападот, ниту кој стои зад него, бидејќи истрагата е во почетна фаза.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/bomba-eksplodira-vo-severna-mitrovica/feed/ 0
Протест на косовските Срби, километарска колона на излезот од северна Митровица https://arhiva.kurir.mk/svet/region/protest-na-kosovskite-srbi-kilometarska-kolona-na-izlezot-od-severna-mitrovica/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/protest-na-kosovskite-srbi-kilometarska-kolona-na-izlezot-od-severna-mitrovica/#respond Fri, 23 Nov 2018 12:09:55 +0000 https://kurir.mk/?p=131177

Голем број граѓани од српска националност од северна Митровица, како и од други делови на Косово, се упатија на протест кој се организира поради воведувањето такса од 100 отсто на увозите од Србија, но и поради денешните апсења во северна Митровица, јави дописникот на МИА од Приштина. На излезот од северна Митровица формирана е колона долга неколку километри од граѓани кои се упатија кон Рударе, местото каде што се организира протестот. Мирни протести се најавени на уште три локации, во Зупче и на граничните премини меѓу Косово и Србија, Јариње и Мердаре. Забележително е и присуството на припадници на косовската полиција, која го обезбедува протестот. иа/гт/]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/protest-na-kosovskite-srbi-kilometarska-kolona-na-izlezot-od-severna-mitrovica/feed/ 0
Детали за акцијата во северна Митровица: Пронајдено оружје и уапсени четири лица https://arhiva.kurir.mk/svet/region/detali-za-akcijata-vo-severna-mitrovica-pronajdeno-oruzje-i-uapseni-chetiri-lica/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/detali-za-akcijata-vo-severna-mitrovica-pronajdeno-oruzje-i-uapseni-chetiri-lica/#respond Fri, 23 Nov 2018 10:55:00 +0000 https://kurir.mk/?p=131148

Косовското Специјално обвинителство соопшти дека во акцијата што утрово ја спроведоа специјалните полициски единици РОСУ во северна Митровица се уапсени четири лица осомничени за убиството на Оливер Ивановиќ и е пронајдено оружје и друг доказен материјал, јави дописникот на МИА од Приштина. Во соопштението на обвинителството се наведува дека во акцијата е извршен претрес на неколку објекти и имоти, за кои имало сознанија дека во нив може да се откријат значајни докази за кривичното дело, односно за досега нерасветленото убиство на Ивановиќ, еден од лидерите на косовски Срби. -Со цел да се спроведат законските процедури за обезбедување докази за апсењето на осомничените лица за кривичното дело – убиството на Оливер Ивановиќ, врз основа на барање на Специјалното обвинителство на Република Косово и писмениот налог од судија во претходна постапка од тешки злосторства во Приштина, претресени се неколку објекти и имоти во северниот дел на Митровица, затоа што е оценето дека има реални можности на тие места да се откријат и запленат значајни докази за кривичното дело, се вели во соопштението на обивнителството. Во акцијата, како што се наведува, „полицијата на Косово пронајде илегално оружје и други материи кои претставуваат кривично дело и за кои се постапува според службена должност“. Оливер Ивановиќ беше убиен во јануари годинава во северна Митровица, недалеку од неговиот дом, пред седиштето на неговата партија, Граѓанската иницијатива СДП и досега немаше речиси никакви информации за сторителите и мотивите за убиството.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/detali-za-akcijata-vo-severna-mitrovica-pronajdeno-oruzje-i-uapseni-chetiri-lica/feed/ 0