северно Косово – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 26 Sep 2023 11:01:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png северно Косово – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Зголемено присуство на косовската полиција, ЕУЛЕКС и КФОР во северно Косово https://arhiva.kurir.mk/svet/region/zgolemeno-prisustvo-na-kosovskata-politsija-euleks-i-kfor-vo-severno-kosovo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/zgolemeno-prisustvo-na-kosovskata-politsija-euleks-i-kfor-vo-severno-kosovo/#respond Tue, 26 Sep 2023 11:01:05 +0000 https://kurir.mk/?p=881817

Поголем број возила на косовската полиција, на Мисијата на Европската унија за владеење на правото, ЕУЛЕКС, и на мировната мисија на НАТО во Косово, КФОР, се движат на раскрсницата на селото Бањска, каде што во неделата, на 24 септември, се случи оружан инцидент, во кој загина еден косовски полицаец и најмалку тројца од групата од над 30 вооружени и маскирани напаѓачи, јави агенцијата КосоваПрес од местото на случување. Според дописникот на КП, некои од возилата се враќаат кон тамошниот православен манастир, додека други продолжуваат кон граничниот премин со Србија, Јариње. Поголем број полицајци, како што пренесува МИА, од вчера се забележуваат долж целиот автопат Звечан - Лепосавиќ – Јариње во северно Косово. Исто така, хеликоптер на КФОР од време на време ја надгледува состојбата од воздух во тоа подрачје. Извори на КП информираат дека во околината на манастирот полицијата идентификувала уште едно возило во кое постои сомневање дека има оружје. Ситуацијата во тој дел на државата во моментов е мирна, јавува косовската агенција.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/zgolemeno-prisustvo-na-kosovskata-politsija-euleks-i-kfor-vo-severno-kosovo/feed/ 0
Германија бара дополнителни акции за деескалација на ситуацијата во северно Косово https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanija-bara-dopolnitelni-aktsii-za-deeskalatsija-na-situatsijata-vo-severno-kosovo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanija-bara-dopolnitelni-aktsii-za-deeskalatsija-na-situatsijata-vo-severno-kosovo/#respond Tue, 05 Sep 2023 05:28:29 +0000 https://kurir.mk/?p=874574

Германија бара дополнителни активности за да обезбеди напредок во деескалација на ситуацијата во северно Косово, соопшти синоќа Амбасадата на земјата во Приштина. -Амбасадата на Германија ги поздравува првите мерки иницирани од Владата на Косово како дел од процесот на деескалација и бара од властите да го задржат овој позитивен моментум. Сепак, потребни се дополнителни активности, опишани во соопштението од 3 јуни, за да се обезбеди непречен напредок на процесот, се истакнува во соопштението. Исто така се наведува дека косовските власти мора веднаш да ги прекинат сите полициски акции во близина на општинските згради во северниот дел на Косово. -Раководителите на општините мора привремено да ги извршуваат своите должности во објекти кои не се во општинските згради. Вонредните избори треба да се распишат што е можно поскоро во четири општини и да се организираат на целосно сеопфатен начин. Очекуваме учество на косовските Срби на тие избори, посочува Амбасадата на Германија во Косово. Но, дипломатската мисија не прецизираше кои проекти се суспендирани како дел од мерките воведени против Приштина.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanija-bara-dopolnitelni-aktsii-za-deeskalatsija-na-situatsijata-vo-severno-kosovo/feed/ 0
Американска амбасада: Изборите во северно Косово се одржаа во согласност со уставните и законските правила https://arhiva.kurir.mk/svet/region/amerikanska-ambasada-izborite-vo-severno-kosovo-se-odrzhaa-vo-soglasnost-so-ustavnite-i-zakonskite-pravila/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/amerikanska-ambasada-izborite-vo-severno-kosovo-se-odrzhaa-vo-soglasnost-so-ustavnite-i-zakonskite-pravila/#respond Mon, 24 Apr 2023 06:58:01 +0000 https://kurir.mk/?p=826783

Амбасадата на САД во Косово синоќа соопшти дека изборите во четири северни општини се одржале во согласност со уставните и законските одредби на Косово. Американската амбасада додаде дека ја поддржува „различната, инклузивна и мултиетничка демократија во Косово и изборите што ја поддржуваат“. Во изјавата се изразува жалење што не сите партии го искористиле своето демократско право да учествуваат на изборите. Амбасадата изрази благодарност за професионалноста на косовската полиција, Мисијата на ЕУ за владеење на правото на Косово и КФОР за обезбедување безбедна средина за изборите. Од амбасадата велат дека ќе се ангажираат со сите релевантни страни за следните чекори. „Исто така, ја нагласуваме важноста и нашата посветеност за целосно спроведување на Охридскиот договор“, се наведува во соопштението на Амбасадата на САД во Приштина. Централната изборна комисија на Косово (ЦИК) соопшти дека на вчерашните избори за градоначалници на општините во северно Косово и за советници во општините Лепосавиќ и Звечан гласале само 3,47 отсто или 1.567 граѓани со право на глас. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/amerikanska-ambasada-izborite-vo-severno-kosovo-se-odrzhaa-vo-soglasnost-so-ustavnite-i-zakonskite-pravila/feed/ 0
Курти: Некој сака конфликт во северно Косово за да ја реализира поделбата на земјата https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kurti-nekoj-saka-konflikt-vo-severno-kosovo-za-da-ja-realizira-podelbata-na-zemjata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kurti-nekoj-saka-konflikt-vo-severno-kosovo-za-da-ja-realizira-podelbata-na-zemjata/#respond Sun, 05 Apr 2020 13:02:49 +0000 https://kurir.mk/?p=327655

Вршителот на должност претседател на косовската влада Албин Курти изјави дека одредени политичари во Србија и Косово посакуваат конфликт во косовскиот север, со цел да го реализираат планот за размена на територии меѓу двете земји, јави дописникот на МИА од Приштина. Во денешното видео-обраќање до граѓаните, Курти ги негира тврдењата на одредени политички лидери, меѓу кои и на претседателот на државата Хашим Тачи, дека во северниот дел на земјата, населен со мнозинско српско население, Владата на Косово нема никаква контрола и се спроведуваат законите и одлуките на Белград. Премиерот вели дека не е вистина оти карантин во општините Северна Митровица и Звечане е воведен по налог на српските власти, туку тоа е одлука на косовското Министерство за здравство, кое не прави од тоа „голема фама“, затоа што не сака да ја продлабочува уште повеќе здравствената криза. – Има високи политичари во Белград кои сакаат конфликт во Косово, посебно северно од Ибар. Меѓутоа има и високи политичари и официјални лица и во Приштина кои сакаат конфликт во Косово, посебно северно од Ибар. Нивниот проект за размена на територии кога би се реализирал би предизвикал нови конфликти и крвопролевања. Сега сакаат конфликти и крвопролевања на терен за да се вратат на размената на територии, односно на поделбата на Косово, порача Курти. Според него, во тој правец беше и барањето на претседтелот Хашим Тачи и другите политчки кругови за прогласување вонредна состојба во земјата. – Бидејќи не успеаја да ја прогласат за да ја предизвикаат (вонредната состојба), сега сакаат да ја предизвикаат за да ја прогласат, вели Курти. Тој ги повика граѓаните да ја зачуваат ладнокрвноста и да не им веруваат на тие кои придонесоа за поделбата на градот Митровица. – Зачувајте ја ладнокрвноста и немојте да дозволите да станете жртви на тие кои, за да прослават со шампањ, имаат потреба да ја пролеат нашата крв. Немојте да подлегнувате на провокации. Тоа е замка во која самите ќе паднат. На тие што придонесоа за поделбата на Митровица немојте да им верувате, порача Курти.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kurti-nekoj-saka-konflikt-vo-severno-kosovo-za-da-ja-realizira-podelbata-na-zemjata/feed/ 0
Заврши операцијата на полицијата во северно Косово https://arhiva.kurir.mk/svet/region/zavrshi-operacijata-na-policijata-vo-severno-kosovo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/zavrshi-operacijata-na-policijata-vo-severno-kosovo/#respond Tue, 28 May 2019 13:55:06 +0000 https://kurir.mk/?p=202940

Акцијата на специјалните единици на косовската полиција РОСУ, што започна денеска во раните утрински часови во северно Косово, но и во неколку други делови на земјата, заврши нешто по 13 часот, јави дописникот на МИА од Приштина. Медиумите известуваат дека косовските специјалци веќе се целосно повлечени од областите на северот од земјата населени со мнозинско српско населени. Информацијата ја потврди и српскиот претседател Александар Вучиќ, кој изјави дека косовските специјални полициски единици РОСУ се повлекуваат од северно Косово и дека на територијата на северот некаде околу 13 часот, за време на повлекувањето, имало уште четири возила на специјалните единици. Тој, исто така, рече дека планот на Приштина бил да се приведат вкупно 26 лица на северно Косово, но дека вкупно таму се приведени 19 лица. Косовската полиција, меѓутоа, соопшти дека во акцијата за борба против организираниот криминал, спроведена во општините Звечан, Зубин Поток, Лепосавиќ, Северна Митровица, Јужна Митровица, Србица и Глоговац, се уапсени неколку граѓани и неколку полициски службеници од различни националности – Албанци, Срби и Бошњаци, кои се осомничени за шверц на стоки, злоупотреба на службена положба, давање поткуп, недозволена трговија и други кривични дела. Според се уште официјално непотврдени информации, што ги објавија некои косовски медиуми, во денешната акција се уапсени 19 полициски службеници и деветмина цивили. Вучиќ претходно изјави дека западните сили реагирале на акцијата на косовските полициски сили, оценувајќи дека имало „прекумерна употреба на сила“ и дека сето ова нема никаква врска со борбата против криминалот. Тој подоцна објасни дека Западот јавно не излегол со тој став, туку ја поддржал акцијата на Приштина, но дека нему му кажале дека „она што се случи во Зубин Поток е надминување на дозволената употреба на силата и дека е важно да се повлечат”. – По се изгледа, ова е клучна работа поради која започна повлекувањето од северно Косово, додаде Вучиќ. Командантот на Меѓународните сили на Косово (КФОР), италијанскиот генерал Лоренцо Д’Адари ги повика косовските граѓани да останат мирни, порачувајќи им дека нема од што да се плашат. Во врска со денешната полициска акција Д’Адари апелираше до „сите страни во Косово“ да ги решаваат споровите мирно и одговорно и без употреба на сила и насилство. КФОР во соопштение нагласи дека косовската полиција спроведува полициска операција на целата територија на Косово врз основа на налози за апсење издадени од страна на Суд во Приштина во рамки на истрага поврзана со корупција. – КФОР потврдува дека ова е само полициска операција и дека Косовските безбедносни сили или кои било други воени сили не се распоредени на северот на Косово, се наведува во соопштението на Меѓународните сили. КФОР нагласува дека продолжува да ја следи состојбата и дека е подготвен да интервенира доколку биде потребно, со цел „да се гарантира безбедноста на сите заедници врз основа на неговиот мандат во согласност со Резолуцијата 1244 во Советот за безбедност на ОН“. Во меѓувреме реагираше и Министерството за надворешни работи на Русија, кое акцијата на косовските специјални сили го нарече „уште една во низа провокации од Приштина“. Порада акцијата по наредба на српскиот претседател Александар Вучиќ подигната е борбената готовност во Србија. Во Белград е свикана и седница на Советот за национална безбедност, а Вучиќ ги предупреди претставниците на ЕУ дека Србија ќе реагира, доколку единиците на РОСУ не се повлечат од Северно Косово, а од сојузниците Русија и Кина очекува „секаква помош“. – Досега се уапсени 23 лица. Имаме докази дека Абанците пукале на Срби. Во тек е претепување на нашиот народ во Зубин Поток, упаѓаат во куќите и кршат се. Нема да дозволиме нова Олуја. Војската ќе го штити народот на Косово, ако дојде до сериозно загрозување на нивните животи, изјави Вучиќ во обраќањето до јавноста по повод настаните во Косово. Косовскиот премиер Рамуш Харадинај повика на смирување на состојбата, наведувајќи дека акцијата е во насока на борбата против шверцот и организираниот криминал. Од друга страна, директорот на српската владина Канцеларија за Косово и Метохија, Марко Ѓуриќ, утринава изјави дека „акцијата на косовската полиција е осмислена за заплашување и протерување на Србите од Косово и преставува најдиректна закана за стабилноста и мирот.“ По акцијата на полицијата, во болницата во јужниот дел на Митровица, беа хоспитализирани четворица припадници на косовската полиција и двајца цивили. Според болнички извори, еден од полицајците е ранет од огнено оружје, додека другите тројца се повредени од други предмети. Двајцата цивили, едниот косовски Србин, а другиот руски државјанин, исто така не се повредени од огнено оружје, туку од други предмети, за време на протестот против полициската акција. Сите повредени се во стабилна здравствена состојба, информираат од митровичката болница. Во меѓу време, Мисијата на ОН во Косово (УНМИК) побара ослободување на своите двајца службеници кои се уапсени во денешната акција на косовската полиција во северно Косово. Извори од УНМИК за телевизијата КТВ информираат дека уапсените меѓународни службеници се Русинот Михаил Красночеков и Србинот Дејан Димовиќ. Медиумот ја пренесе и информацијата дека Руската амбасада во Белград побарала итно ослободување на нејзиниот државјанин и одговорност од лицата кои го извршиле, како што вели, „флагрантниот инцидент“. УНМИК во соопштение до медиумите вели дека со вознемиреност ги следи последните настани во северно Косово. – УНМИК го следи со голема вознемиреност развојот на настаните на север од Митровица денеска, вклучително и приведувањето во текот на полициската акција на две лица кои се вработени на ОН. Двајцата припадници на УНМИК се префрлени во болница за третирање на раните. Ние ги разгледуваме прецизно околностите во целосна координација со сите меѓународни организации на терен, се вели во соопштението. Специјалниот претставник на генералниот секретар на ОН за Косово, Захир Танин повика двајцата приведени службеници веднаш да бидат ослободени и нагласи дека „секое повредување на припадници на УНМИК ќе добие висок законски, дипломатски и меѓународен одговор“. – Ги повикувам сите страни да се раководат од владеењето на законот и достоинството за живот и слобода и да помогнат во враќање на мирот и безбедноста во овој дел, порача Танин преку соопштението на УНМИК. Итно ослободување на Русинот уапсен во денешната полициска акција во северно Косово побара и рускиот амбасадор во Белград, Александар Чепурин. Претседателот на Косово Хашим Тачи, по состанокот со челниците на безбедносните структури, изјави дека има информација оти меѓу уапсените е и еден руски државјанин, кој се претставувал како дипломат и се обидувал да ја спречи полицијата во вршењето на својата работа. Тачи во изјава за новинарите нагласи дека полициската операција е исклучиво со цел спречување на организираниот криминал и дека не е насочена против ниту една етничка заедница.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/zavrshi-operacijata-na-policijata-vo-severno-kosovo/feed/ 0