северномакедонци – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 28 Oct 2022 09:46:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png северномакедонци – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Повторно „северномакедонци/северномакедонски“ во речникот на Фон дер Лајен и ЕК, Османи вели да сме коректни и да не замеруваме на лапсусот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/povtorno-severnomakedonci-severnomakedonski-vo-rechnikot-na-fon-der-lajen-i-ek-osmani-veli-da-sme-korektni-i-da-ne-zameruvame-na-lapsusot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/povtorno-severnomakedonci-severnomakedonski-vo-rechnikot-na-fon-der-lajen-i-ek-osmani-veli-da-sme-korektni-i-da-ne-zameruvame-na-lapsusot/#respond Fri, 28 Oct 2022 09:46:56 +0000 https://kurir.mk/?p=751693

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен на вчерашната прес-конференција во Владата која ја одржа заедно со премиерот Димитар Ковачевски не’ нарече „северномакедонци“. Ковачевски премолче и продолжи со прес-конференцијата, а денеска шефот на македонската дипломатија Бујар Османи во одбрана на фон дер Лајен. Вели, било лапсус и не треба да има реакција. Во одговор на новинарско прашање на денешниот брифинг истакна дека треба да бидеме коректни и да нема реакција на изјавата на претседателката на Европската Комисиј. Вели дека таа била коректна за време на целата прес-конференција што ја одржа во Скопје во однос на јазикот и другите идентитетски атрибути. – Да имате фокус на претседател на Европска Комисија, на Влада на најголемата економија во светот. Да доаѓа секој месец во една мала држава, нешто што го посакуваат големите држави во Европската Унија, да ја имаат Фон дер Лајен во нивните земји и да покаже таков интерес. Да има такви прес-конференции по однос на тоа што нас ни е важно, во однос на тоа дека јазикот станува еден од службените јазици, дека припаѓаме таму и да направи еден лапсус од тоа да создадете анимозитет кон тој интерес што го покажува, а не знам дали ќе го имаме постојано, истакна Османи. Во текот на вчерашниот ден со реакција излезе и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој побара извинување доколку се работи за намерна употреба на терминот. -Доколку ословувањето на Урсула Фон дер Лајен, како „северномакедонци“ беше ненамерна грешка очекував барем тие до неа да ја коригираат. Доколку пак е намерно тогаш е страшно и очекувам денес да се извини, вели Мицкоски. За потсетување ова не е првпат да се случи ваков лапсус, како што го нарекува Османи. Во јули годинава таа беше во посета на Македонија каде оставри средба со претседателот на државата Стево Пендаровски и премиерот Ковачевски, а имаше и обраќање во законодавниот дом. Најавувајќи ги овие средби на својот Твитер профил, Европската комисија чиј претседател е Фон дер Лајен, напиша дека таа ќе се сретне со „северномакедонскиот“ претседател и ќе се обрати пред „северномакедонскиот“ парламент. Набрзо потоа твитот беше избршан и објавен корегиран. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/povtorno-severnomakedonci-severnomakedonski-vo-rechnikot-na-fon-der-lajen-i-ek-osmani-veli-da-sme-korektni-i-da-ne-zameruvame-na-lapsusot/feed/ 0
Димитров: Употребата на терминот „северномакедонци“ е навреда за Македонците https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimitrov-upotrebata-na-terminot-severnomakedonci-e-navreda-za-makedoncite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimitrov-upotrebata-na-terminot-severnomakedonci-e-navreda-za-makedoncite/#respond Sat, 06 Aug 2022 18:48:10 +0000 https://kurir.mk/?p=715156

Поранешниот министер за надворешни работи, Никола Димитров преку социјалните мрежи упати критики дека користењето на терминот „северномакедонци“ е навреда за сите жители на Македонија. „Во последно време зачести употребата на непостоечкиот термин „северномакедонци“ од страна на претставници на земји – наши пријатели, кои го поддржуваат Преспанскиот договор. Но, еден од двата клучни столба на компромисот на Преспанскиот договор, е токму самоопределувањето како Македонци кои зборуваат македонски јазик, нешто што самиот Договор го гарантира. Со други зборови „Северна Македонија“ е можна само доколку во неа живеат Македонци, заедно со своите сограѓани и тоа така мора да се почитува. -Затоа секоја употреба на терминот „северномакедонци“ освен што е навреда за Македонците е и подривање на Преспанскиот договор. Очигледно е потребен далеку посериозен фокус на нашата дипломатија за овој недвосмислен наратив да се промовира во меѓународните односи и да се превенира оваа појава бидејќи се чини дека во последниве месеци тоа никој не го работи. Тоа е недозволиво. Особено имајќи предвид дека во овој период една земја членка на ЕУ и наш сосед директно го негира токму македонскиот идентитет и јазик. Мора да се работи и проактивно, но и редовно и ажурно да се реагира на секоја погрешна употреба без исклучок се’ додека меѓународната пракса не биде целосно на линија со одредбите на Договорот, додава тој.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimitrov-upotrebata-na-terminot-severnomakedonci-e-navreda-za-makedoncite/feed/ 0
Во бугарскиот квиз „Милионер“ станавме СЕВЕРНОМАКЕДОНЦИ – јавноста со бурни реакции за идентитетот кој едно време беше „бетон“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-bugarskiot-kviz-milioner-stanavme-severnomakedonci-javnosta-so-burni-reakcii-za-identitetot-koj-edno-vreme-beshe-beton/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-bugarskiot-kviz-milioner-stanavme-severnomakedonci-javnosta-so-burni-reakcii-za-identitetot-koj-edno-vreme-beshe-beton/#respond Tue, 08 Feb 2022 14:40:39 +0000 https://kurir.mk/?p=628711

Нова провокација од Бугарија. По низата навреди упатени на македонска адреса и негирањата на македонскиот јазик, Бугарите во емисијата „Милионер“ поставувајќи прашања за македонци не нарекуваат северномакедонци. Експертската јавност реагира дека ова е уште еден чекор од негацијата на македонскиот јазик. И покрај ваквите чекори на Бугарите , македонската влада која тврди дека за јазик и идентитет не се преговара, воопшто не реагира на провокациите, ама затоа МНР преку соопштение остро ја нападна навивачката група Комити дека вандалски и нецивилизирано се однесувале за време на одбележувањето на 150 годишнината од раѓањето на Гоце Делчев. Но не само што ги осудува постапклите, македонското МНР поврзало и да се оправда пред бугарските институции дека постапуваат по случајот. Бурно се реагира и на социјалната мрежа Твитер каде корисниците реагираат дека идентитетот ни е „БЕТОН“, алудирајќи на изјавите од минатото.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-bugarskiot-kviz-milioner-stanavme-severnomakedonci-javnosta-so-burni-reakcii-za-identitetot-koj-edno-vreme-beshe-beton/feed/ 0