шах – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 20 Sep 2023 07:18:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png шах – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Алкалоид победнички го започна Светското екипно првенство во шах https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/alkaloid-pobednichki-go-zapochna-svetskoto-ekipno-prvenstvo-vo-shah/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/alkaloid-pobednichki-go-zapochna-svetskoto-ekipno-prvenstvo-vo-shah/#respond Wed, 20 Sep 2023 07:18:20 +0000 https://kurir.mk/?p=879734

Шахистите на македонски шампион Алкалоид, го стартуваа настапот на Светското екипно првенство за сениори во Струга со максимален триумф од 4:0, остварен вчеравечер против вториот американски тим на шампионатот. Првенството се игра во две старосни категории, за играчи над 50 години и за играчи над 65 години, при што Алкалоид настапува во првата. Трајко Недев и Звонко Станојоски победија со бели фигури на првата и на третата табла, додека Влатко Богдановски и Роландо Кутиров славеа со црни фигури на втората , односно четвртата табла. „Фармацевтите“ го стартуваа турнирот како четврти носители, ранг направен според просечниот рејтинг на првите четири пријавени играчи од нивниот состав, но на таа листа се само за два поена послаби од треторангираната Италија и еден поен подобри од петторангираниот тим на Исланд. Првото коло донесе очекувани победи и на фаворитите, првиот тим на САД и тимот на Англија. Во второто коло, Алкалоид ќе игра против националниот состав на Словачка. Во категоријата за играчи над 65 години, екипата на македонските ветерани (ФМ Илиќ Љубомир, ФМ Кралевски Александар, Стошевски Илија и ФМ Хаџи-Манев Љубомир, Капитен ИМ Илиевски Димитар) го направи најпријатното изненадување, победувајќи со 2,5:1,5 во мечот со далеку посилната екипа на Италија. На двата турнири победниците ќе бидат познати по одигрување на девет кола, при што последното ќе биде на 28 септември. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/alkaloid-pobednichki-go-zapochna-svetskoto-ekipno-prvenstvo-vo-shah/feed/ 0
Шаховскиот клуб АЛКАЛОИД ќе учествува на Светскиот сениорски екипен шампионат за ветерани за 2023 година https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/shahovskiot-klub-alkaloid-ke-uchestvuva-na-svetskiot-seniorski-ekipen-shampionat-za-veterani-za-2023-godina/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/shahovskiot-klub-alkaloid-ke-uchestvuva-na-svetskiot-seniorski-ekipen-shampionat-za-veterani-za-2023-godina/#respond Wed, 13 Sep 2023 10:03:30 +0000 https://kurir.mk/?p=877631

Најсилното шаховско натпреварување за сениори/ветерани во светот, чија организација од страна на Светската шаховска организација (ФИДЕ) е доделена на Шаховската федерација на Македонија, ќе се одржи од 18 до 29 септември, во хотел Изгрев (Струга). Согласно турнирскиот правилник, на Светското екипно првенство за сениори имаат право да учествуваат репрезентации и шаховски клубови, предуслов е да сите играчи од една екипа бидат во соодветната возрасна категорија и регистрирани во иста земја. Македонскиот лидер и најуспешен клуб Алкалоид го пријави своето учество во категоријата на екипи со играчи постари од 50 години, со просечен рејтинг на екипата (се пресметува како просек од првите четири играчи) од 2436, а во екипата се вклучени врвните македонски велемајстори и долгогодишни членови на клубот (долги години носители и на државната репрезентација): Кирил Георгиев, супервелемајстор (највисок рејтинг 2725 во Блиц шах), носител на медал од светски шампионати (светски јуниорски шампион), еден од ретките кој во меч го победил поранешниот светски шампион Гари Каспаров Тајко Недев трикратен државен шампион, освојувач на сребрен медал за поединечен резултат на Европско Екипно првенство 2003 година, поранешен најпрво член а потоа и селектор на државната репрезентација Влатко Богдановски седумкратен државен шампион, долги години столб на државната репрезентација, поранешен член а потоа и селектор на женската сениорска репрезентација Звонко Станојоски шестократен и актуелен државен шампион, фронтмен и прва табла на државната репрезентација на последната Шаховска Олимпијада во 2022 година Роландо Кутиров, двократен државен шампион, поранешен најпрво член а потоа и селектор на државната репрезентација Драгољуб Јаќимовиќ двократен државен шампион и освојувач на златен медал за поединечен резултат на Шаховската Олимпијада 2000 година поранешен најпрво член а потоа и селектор на машката сениорска репрезентација. Мошне добро познати на спортската јавност, шахисти кои дале исклучителен придонес во развојот и резултатите на македонскиот шах а во составот на репрезентацијата несебично и посветено ги бранеле боите на националната репрезентација на многу шаховски Олимпијади и Европски и државни екипни првенства. Kако долгогодишни членови на Алкалоидовата екипа се носители на 25 екипни шампионски титули (од кои 11 се во континуитет вклучително и овогодинешната)! Алкалоид важи за еден од најпознатите европски шаховски клубови, континуирано под спонзорство на фармацевтскиот гигант преку четири децении, европски шампион од 2016 и вицешампион од 2017 година, за кој настапуваа врвни шаховски велемајстори вклучително и актуелниот светски шаховски шампион Динг Лирен од Кина. Ова прво учество на Алкалоид на светски екипен сениорски шампионат е нов мотив и предизвик, желба повторно да се постигне резултат со кој македонската шаховска и севкупната спортска јавност ќе се гордее. Познавајќи го аналитичкиот и победничкиот дух на овој наш шаховски гигант, да му посакаме среќа и сигурни сме дека екипата ќе ги вложи сите напори за да ја оствари поставената целт за овој турнир - освојување на еден од медалите! Конкуренцијата на турнирот според пријавените екипи и состави ќе биде силна. Анализата на екипите и играчите, посебно за првите три места покажува дека за првите три места во потесен круг ќе се борат шест екипи (рангирани и според просечниот рејтинг на првите четири табли, но и според играчите кои настапуваат) и тоа: САД, со просечен рејтинг од 2549 е главен фаворит, во своите редови го има супервелемајсторот Владимир Акопиан (највисок рејтинг имал 2713 во 2008 година, своевремено во светската елита топ ТОП 10, неколкукратен светски јуниорски шампион, носител на златен олимписки медал) со рејтинг 2602 (роден и долги години настапуваше за репрезентацијата на Ерменија) кој во 2003 година играше за екипата на Алкалоид на Европскиот клупски куп (освои 5 поени во 6 партии и златен медал на првата табла за најдобар резултат). Интересно е што комплетната екипа на САД е составена од мошне силни велемајстори (Грегори Каиданов, Јан Елвест, Александар Шабалов, Игор Новиков) кои се родени и претходно настапувале за други држави. Англија, важи за втор фаворит, со просечен рејтинг од 2467, на чија прва табла е пријавен супервелемајсторот Мајкл Адамс (во периодот 2000-2002 меѓу топ 5 во светот, највисок рејтинг имал 2761 во 2013 година, поранешен светски јуниорски шампион, долги години лидер на англиската репрезентација) со рејтинг 2662. И останатите членови на екипата се велемајстори кои порано важеле за доста силни. Италија,со просечен рејтинг од 2438 е во групата репрезентации со Исланд и Алкалоид кои според почетното рангирање се со приближно ист просечен рејтинг. Предводена од искусните Давид Алберто и Микеле Годена, но и останатите членови на екипата се со изедначена снага и секако ќе бидат предизвик на конкурентите за медал на овој светски сениорски шампионат. Исланд, со просечен рејтинг од 2435, екипата ја предводат велемајсторите Хелги Олафсон и Јохан Хјартарсон, но и останатите тројца велемајстори членови на екипата се со големо искуство од многу турнири, кои веруваат во себе и силата на својата екипа. Црна Гора, со просечен рејтинг од 2346, предводена од Велемајсторот Небојша Никчевиќ (рејтинг 2358) и со доста хомогена екипа од останати четири интернационални мајстори, добро познати и на македонската јавност, вклучително и интернационалниот мајстор Богдан Подлесник (добро познат и во банкарската индустрија како искусен долгогодишен менаџер) кој настапи и на тукушто завршеното македонско државно екипно првенство. Во секој случај светскиот сениорски шампионат ќе биде мошне интересен за следење, па сосема е разбирливо што македонската шаховска јавност со нетрпение го чека почетокот на ова натпреварување на кое ќе навива за своите шахисти и тоа екипата составена од членови на македонскиот Национален сојуз на слепи шахисти, а посебно во борбата за медал ќе го бодри својот миленик екипата на Алкалоид.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/shahovskiot-klub-alkaloid-ke-uchestvuva-na-svetskiot-seniorski-ekipen-shampionat-za-veterani-za-2023-godina/feed/ 0
ШК Алкалоид: Горди сме што Лирен Динг е дел од нашата историја https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/shk-alkaloid-gordi-sme-shto-liren-ding-e-del-od-nashata-istorija/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/shk-alkaloid-gordi-sme-shto-liren-ding-e-del-od-nashata-istorija/#respond Mon, 01 May 2023 08:34:19 +0000 https://kurir.mk/?p=829347

Најуспешниот македонски шаховски клуб Алкалоид му ја честиташе освоената титула светски првак на својот поранешен играч, кинескиот велемајстор Лирен Динг. Во дуелот за светски шаховски првак во казахстанската престолнина Астана, 30-годишниот кинески велемајстор триумфираше вчеравечер во „тај-брејкот‘ против Русинот Јан Непомнијачши и стана првиот кинески шахист што стигнал до светската титула во поединечна конкуренција. Динг во минатото испиша историја со ШК Алкалоид кога во 2016 година го предводеше најтрофејниот македонски клуб до шампионската титула на Европскиот клупски куп во Нови Сад. Тој настапуваше на првата табла за македонскиот шампион и во настапите на Европскиот клупски куп во 2017 и 2018 година, освојувајќи го сребрениот медал на завршниот турнир во Анталија. - На клупско ниво, горди сме што Лирен е дел од нашата историја и се надеваме дека наскоро повторно ќе го видиме по паузата која се случи поради пандемијата. Тој е врвен шахист и не кријам дека навивавме за него во овој дуел. Секако дека е голема чест и задоволство, да се биде капитен на една прекрасна личност која се одликува со скромност и повлеченост, карактеристики кои се толку нетипични во денешно време, -рече капитенот на ШК Алкалоид, велемајсторот Драган Јаќимовиќ. Мечот за светската титула по регуларните 14 партии беше израмнет 7-7, по што се пристапи кон играње четири партии со забрзано темпо од 25 минути по играч.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/shk-alkaloid-gordi-sme-shto-liren-ding-e-del-od-nashata-istorija/feed/ 0
Младинците на ШК Алкалоид со одличен резултат на турнирот во Крагујевац https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/mladintsite-na-shk-alkaloid-so-odlichen-rezultat-na-turnirot-vo-kragujevats/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/mladintsite-na-shk-alkaloid-so-odlichen-rezultat-na-turnirot-vo-kragujevats/#respond Fri, 14 Apr 2023 14:57:59 +0000 https://kurir.mk/?p=824012

Тројца млади шахисти на ШК Алкалоид минатава седмица настапуваа на турнирот што се играше во Крагујевац, кој беше наменет за играчи со рејтинг до 2.200 поени, а кој на крајот заврши со триумф на Дино Табаковски. Табаковски, иако десетторангиран на стартната листа, по 9 одиграни кола освои 8 поени (две реми, без пораз), со што освои и одлични 151 рејтинг-поени и убедливо стигна до победничкиот пехар. Минатата година тој, исто така, играше на овој турнир, влегувајќи на него како 18. играч според рангот, при што заврши на 10. место. Ждрепката сакаше уште во второто коло да го победи минатогодишниот победник Предраг Гребовиќ, по што следуваше серија добри резултати со подобро рангирани играчи. - Веќе третпат играм на турнирите во Крагујевац, но оваа година дојде до израз континуираниот напредок во работата со мојот тренер, велемајсторот Јаќимовиќ. Откако минатиот месец, заедно со уште еден младинец од напредната група на школата во ШК Алкалоид, учествував на најквалитетното Европското индивидуално првенство во шах, кое се играше во Врњачка Бања, сега со зголеменото ниво на самодоверба и, дополнително, со вистинските совети од мојот тренер успеав да стигнам до првото место. Јасно е дека сезоната на шах допрва почнува, па очекувам до крајот на годината да настапам на разни државни шампионати, а се надевам и дека резултатите нема да изостанат – рече Табаковски, кој минатата година на Европското првенство за аматери се закити со трофеј за второ место во категоријата на играчи до 1.700 рејтинг-поени. Овојпат во Крагујевац беа и Кирил Николовски и Стефан Мелник, исто така дел од младинскиот погон на ШК Алкалоид, кои пред почетокот на турнирот беа на 16., односно на 20. место според почетниот рејтинг, а на крајот и двајцата се пласираа на петтото место со по 5,5 поени. Според тај брејк критериумот, Николовски е на крајот шести, освојувајќи нови 116 рејтинг-поени, додека, пак, Мелник се пласираше на седмото место и се враќа дома со 34 нови рејтинг-поени. На турнирот настапија вкупно 23 играчи, при што се покажа дека младите надежи знаат добро да се носат со поискусните и посилни шахисти, па на овој начин ја стекнуваат неопходната пракса во пресрет на новите настапи на македонските турнири.        ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/mladintsite-na-shk-alkaloid-so-odlichen-rezultat-na-turnirot-vo-kragujevats/feed/ 0
Македонија ќе биде домаќин на Светско екипно првенство во шах https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/makedonija-ke-bide-domakin-na-svetsko-ekipno-prvenstvo-vo-shah/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/makedonija-ke-bide-domakin-na-svetsko-ekipno-prvenstvo-vo-shah/#respond Fri, 07 Apr 2023 05:03:17 +0000 https://kurir.mk/?p=821280

Македонија од 19. до 29. септември ќе биде организатор на Светското екипно првенство во шах за сениори кое ќе се одржи во Охрид и во Струга. За првпат во историјата на самостојна Македонија, ФИДЕ и додели на ШФМ и нашата земја организација на настан од светски рамки. „После 50 години Македонија ќе биде домаќин на едно големо светско шаховско натпреварување. Секоја чест и благодарност на сите кои се вклучија во овој проект и нѐ поддржаа“, истакна претседателот на Шаховската федерација на Македонија, Саша Богдановиќ, по добивање на организацијата на Светското првенство.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/makedonija-ke-bide-domakin-na-svetsko-ekipno-prvenstvo-vo-shah/feed/ 0
Бронза за македонските шахисти на Балканското првенство за младинци https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/bronza-za-makedonskite-shahisti-na-balkanskoto-prvenstvo-za-mladinci/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/bronza-za-makedonskite-shahisti-na-balkanskoto-prvenstvo-za-mladinci/#respond Mon, 12 Dec 2022 14:51:20 +0000 https://kurir.mk/?p=774507

Со бронзен медал се закити македонската репрезентација освојувајќи го третото место на Балканското првенство во шах за младинци кое се одржа на Попова Шапка. По неизвесна борба до последното коло, првото место го освои Грција, додека сребрениот медал им припадна на словенечките шахисти. Боите на македонската репрезентација на Балканијадата ги бранеа Емил Ристески, Андреј Велјановски, Леонид Петрески, Антон Златков и Моника Жежовска, предводени од селекторот Орце Данчевски. -Ова беше одличен завршеток на оваа година во која нашите младинци во неколку наврати покажаа одлични игри и добри резултати, и се надеваме дека во наредните години ќе имаат уште подобри резултати, соопшти Шаховската федерација на Македонија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/bronza-za-makedonskite-shahisti-na-balkanskoto-prvenstvo-za-mladinci/feed/ 0
Македонската шаховска федерација домаќин на младинско екипно Балканско првенство https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/makedonskata-shahovska-federacija-domakjin-na-mladinsko-ekipno-balkansko-prvenstvo/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/makedonskata-shahovska-federacija-domakjin-na-mladinsko-ekipno-balkansko-prvenstvo/#respond Tue, 29 Nov 2022 06:03:09 +0000 https://kurir.mk/?p=767919

Шаховската федерација на Македонија (ШФМ) на почетокот на идниот месец ќе биде домаќин на Балканското екипно првенство до 18 години. Шаховската балканијада ќе се одржи од 8 до 11 декември на Попова Шапка со поддршка на Светската шаховска федерација (ФИДЕ). Македонскиот селектор Орце Данчевски повика четири шахисти, од кои двајца ФИДЕ мајстори, и една шахистка. Македонската репрезентација на Балканијадата ќе ја претставуваат Емил Ристески (ФМ, 2.371 рејтинг), Андреј Велјановски (ФМ, 2317), Леонид Петрески (2.122), Антон Златков (2.107) и Моника Жежовска (1.654).]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/makedonskata-shahovska-federacija-domakjin-na-mladinsko-ekipno-balkansko-prvenstvo/feed/ 0
Карпов хоспитализиран со повреда на главата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/karpov-hospitaliziran-so-povreda-na-glavata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/karpov-hospitaliziran-so-povreda-na-glavata/#respond Tue, 01 Nov 2022 08:40:25 +0000 https://kurir.mk/?p=753667

Поранешниот шаховски светски првак, Анатолиј Карпов се здобил со повреда на главата по пад во влезот од својот дом. Неговата сопруга за руските медиуми соопшти дека Карпов се здобил со повреда на главата и е во болница во Москва. – Во саботата го напуштивме влезот со него. Се лизна и падна. Кога стана, куцаше. Мислевме дека ја повреди нога. И отидовме во болница. Таму го задржаа. Му рекоа, дека нешто не е во ред со главата и дека има мал хематом. Според моите информации тој е свесен и не е многу страшна повредата. Треба да биде на опсервација три дена. Се надевам дека се работи за обична повреда, изјави Наталија Буланова. Од друга страна, „Известија“ објави дека Анатолиј Карпов е приклучен на апарати и е во вештачка кома поради дијагностициран церебрален едем, скршеници и повеќе хематоми на главата. Покрај тоа, неговата состојба е комплицирана и од хронични заболувања. Во меѓувреме, претседателот на Руската шаховска федерацијата, Андреј Филатов изјави дека организацијата е подготвена да му даде на Анатолиј Карпов секаква поддршка во прашањето за закрепнување. – Во име на сите љубители на шахот и во мое лично име, му посакувам брзо закрепнување. Се надевам дека процесот на опоравување ќе биде брз и успешен, бидејќи Анатолиј Карпов е роден борец и вистински спортист. Руската шаховска федерација, се разбира, е подготвена да му даде каква било поддршка што може да биде потребна, ја цитира ТАСС изјавата на Филатов. Седумдесет и едногодишниот Карпов е двократен светски шампион како дел од тимот на СССР, шесткратен победник на Светските шаховски олимпијади како дел од советскиот тим и трикратен шампион на СССР.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/karpov-hospitaliziran-so-povreda-na-glavata/feed/ 0
Два сребрени медали за македонските шаховски надежи на Балканијадата во Цетиње https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/dva-srebreni-medali-za-makedonskite-shahovski-nadezi-na-balkanijadata-vo-cetinje/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/dva-srebreni-medali-za-makedonskite-shahovski-nadezi-na-balkanijadata-vo-cetinje/#respond Thu, 06 Oct 2022 17:50:30 +0000 https://kurir.mk/?p=742086

Две сребрени одличја освоија македонските надежи на Балканското првенство за деца и младинци во стандарден шах во црногорскиот град Цетиње. Македонскиот состав броеше 11 учесници, а најдобар резултат остварија Стојан Велкоски, кој го освои сребрениот медал во категоријата до 18 години и Илијана Велева, која, исто така, го освои второто место во категоријата девојчиња до 10 години. Шанса за нови медали на Балканското првенство македонските натпреварувачи ќе имаат во следните два дена за кога се закажани турнирите во рапид и блиц темпо. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/dva-srebreni-medali-za-makedonskite-shahovski-nadezi-na-balkanijadata-vo-cetinje/feed/ 0
Шахот ќе биде изборен предмет во основните училишта од септември https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shahot-kje-bide-izboren-predmet-vo-osnovnite-uchilishta-od-septemvri/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shahot-kje-bide-izboren-predmet-vo-osnovnite-uchilishta-od-septemvri/#respond Thu, 11 Aug 2022 09:40:21 +0000 https://kurir.mk/?p=716981

Подобрување на концентрацијата, меморијата, математичките вештини, читањето, логичкиот начин на размислување, креативноста и критичкото размислување. Ова се само дел од придобивките за едно дете со изучувањето на шахот, кој од септември ќе биде на листата изборни предмети во основните училишта за деца од прво и второ одделение. Имавме состанок во Министерството за образование и наука и ни рекоа дека во претстојната училишна година шахот ќе може да се најде на листата на изборни предмети за децата од прво и од второ одделение. Доколку се формира група од 20-ина деца кои ќе покажат интерес, ќе се почне во тоа училиште – вели Александра Гакидова, секретар во управниот одбор на Шаховска федерација. Со помош на македонски професионални шахисти кои се сертифицирани од Меѓународната шаховска федерација (ФИДЕ) ќе се обучуваат наставниците кои ќе ги држат шаховските предавања во основните училишта. Би се изучувале основите на шахот, како начинот на движење на фигурите, какви потези постојат и слично. Наставникот мора да биде вработен, бидејќи предметот ќе се оценува, иако описно. Тие ќе бидат обучувани од наши шахисти со меѓународни сертификати. Во Полска почнале со луѓе што немале допир со шахот и за три викенди ги обучиле. Дури сега ни претстои работата. Треба да ги убедиме училиштата дека треба да го промовираат шахот, како и децата дека тоа е интересно да се учи. Од родителите имаме позитивен фидбек – додава Гакидова.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shahot-kje-bide-izboren-predmet-vo-osnovnite-uchilishta-od-septemvri/feed/ 0