шахти – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 09 Jul 2022 10:52:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png шахти – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Украдени капаци на шахти, опожарени шахти и цевки – вандалски чин во општина Бутел https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/ukradeni-kapaci-na-shahti-opozareni-shahti-i-cevki-vandalski-chin-vo-opshtina-butel/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/ukradeni-kapaci-na-shahti-opozareni-shahti-i-cevki-vandalski-chin-vo-opshtina-butel/#respond Sat, 09 Jul 2022 10:52:04 +0000 https://kurir.mk/?p=702642

Во текот на вчерашниот ден, екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје, при рутинска проверка на атмосферската канализација на ул. Александар Урдаревски кај мостот на реката Серава во општина Бутел, открија вандалски чин кој е на голема штета на претпријатието, но и на самите граѓани, како и опасност по нивната безбедност. Имено, при проверката на оваа линија беше установена кражба на капаците на шахтите, опожарување на шахтите но и на самите цевки кои се дел од атмосферската канализација. Веднаш по овие сознанија, случајот беше во пријавен во Општина Бутел и МВР од каде беше извршен испекциски надзор и случајот беше заведен од страна на надлежните институции. Екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје, веќе утрово ја оспособија атмосферската канализациска линија со дијаметар на цевка ф1000мм, каде во текот на вчерашниот ден беше утврдено извршување на вандалски чин и нејзино оштетување и обезбедија непречен проток на атмосферска вода во истата. ЈП Водовод и канализација – Скопје, во однос на овој случај по службена должност ќе поднесе две пријави за сторено злодело, една за кражба и една за опожарување на атмосферската канализација. ЈП Водовод и канализација – Скопје, јавно и строго го осудува ваквото неодговорно однесување на групи на поединци, кои нанесуваат штета не само на претпријатието туку и на граѓаните на град Скопје и претставуваат опасност за околината. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/ukradeni-kapaci-na-shahti-opozareni-shahti-i-cevki-vandalski-chin-vo-opshtina-butel/feed/ 0
Градски водовод ги чисти сливниците и шахтите во Скопје https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/gradski-vodovod-gi-chisti-slivnicite-i-shahtite-vo-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/gradski-vodovod-gi-chisti-slivnicite-i-shahtite-vo-skopje/#respond Mon, 30 May 2022 10:16:33 +0000 https://kurir.mk/?p=683468

Поради влошените временски услови и појавата на дожд, ЈП „Водовод и канализацијa” – Скопје, од секторот за Канализација, во текот на вчерашниот и денешниот ден се на терен за расчистување на сливниците и шахтите со цел непречена функционалност на атмосферската канализација во сите општини на град Скопје. – Екипите на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, ќе ги продолжат активностите за расчистување на сливниците и шахтите, следејќи ја состојбата со временските услови, со цел непречено функционирање на атмосферската канализација на територија на град Скопје, информираат од градски водовод. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/gradski-vodovod-gi-chisti-slivnicite-i-shahtite-vo-skopje/feed/ 0
ФОТО: Внимателно движете се, украдени капаци од шахти на неколку скопски улици https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/foto-vnimatelno-dvizete-se-ukradeni-kapaci-od-shahti-na-nekolku-skopski-ulici/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/foto-vnimatelno-dvizete-se-ukradeni-kapaci-od-shahti-na-nekolku-skopski-ulici/#respond Wed, 20 Jan 2021 11:01:56 +0000 https://kurir.mk/?p=457470

Во текот на минатата ноќ на Бул. Илинден, Бул. 8-ми Септември и ул. Карпошево Востание, украдени се капаци од шахти и решетки од сливници, информира ЈП „Водовод и канализација“. Од претпријатието информираат дека во најбрз можен рок истите ќе бидат заменети, а случајот е документиран и пријавен во полициската станица во Карпош. -Воедно сакаме да упатиме апел до јавноста и граѓаните, да не се крадат капаци решетки од улиците, бидејќи на тој начин се загрозува безбедноста на граѓаните и учесниците во сообраќајот, информираат од ЈП „Водовод и канализација“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/foto-vnimatelno-dvizete-se-ukradeni-kapaci-od-shahti-na-nekolku-skopski-ulici/feed/ 0
ФОТО: Сонцето од Кутлеш се отстранува и од шахтите во Скопје https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-sonceto-od-kutlesh-se-otsranuva-i-od-shahtite-vo-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-sonceto-od-kutlesh-se-otsranuva-i-od-shahtite-vo-skopje/#respond Wed, 14 Aug 2019 10:37:14 +0000 https://kurir.mk/?p=229573

Симболот на првото знаме на независна Македонија, Сонцето од Кутлеш, од понеделникот не смее да стои на ниту еден споменик, ниту пак институција или јавно место. Ова е „запечатено“ со договорот од Нивици на кој се согласи македонската Влада во јуни минатата година. Владата издаде и наредба до општините да го отсранат Сонцето на Вергина на сите јавни места. Денеска се отстрануваше од шахтите на улицата „Никола Кљусев“ кај МЕПСО во Скопје. Инаку, за периодот од шест месеци од стапување во сила на Договорот, кој инаку истече во понеделникот, власта се обврза симболот од Вергина да биде тргнат, а на спомениците што упатуваат на тој период да бидат истакнати ознаки дека се дел од античката хеленска историја и цивилизација. -Втората страна нема повторно да го употребува на кој било начин и во каква било форма симболот порано истакнат на нејзиното поранешно државно знаме. Во рок од шест месеци по влегувањето во сила на оваа спогодба, Втората страна ќе пристапи кон отстранување на симболот истакнат на нејзиното поранешно државно знаме од сите јавни места и од јавна употреба на нејзина територија. Археолошките артефакти не спаѓаат во опфатот на оваа одредба, стои во чл.8 од Договорот. Пред само два месеца на спортски натпревар во Струмица навивачката група Комити влезе во конфликт со обезбедувањето поради веењето знаме со симболот од Кутлеш. Нејасно е како власта ќе ја забрани употребата на Сонцето од Кутлеш. Дали освен спомениците, шахтите, овие обележја ќе мораат да се тргнат и од фасадите на домовите, спортските сали, цркви но и дали и натаму граѓаните ќе можат да ги веат знамето со симболот од Вергина. Ќе се тргнат ли и сувенирите за домашните и странски туристи кои го имаат симболот? Неизвесно е што ќе се случува и со неколку општини. Во амблемот на Oпштина Македонска Каменица во целост го има Сонцето од Кулеш, во Виница целиот плоштад е поплочен со црвено-жолти бекатон плочи кои го претставуваат сонцето. И во грбот на Oпштина Могила изгразен е токму овој симбол.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-sonceto-od-kutlesh-se-otsranuva-i-od-shahtite-vo-skopje/feed/ 0
Внимавајте: Отворените шахти се побројни, опасни и за пешаците и за возачите https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/vnimavajte-otvorenite-shahti-se-pobrojni-opasni-i-za-peshacite-i-za-vozachite/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/vnimavajte-otvorenite-shahti-se-pobrojni-opasni-i-za-peshacite-i-za-vozachite/#respond Mon, 08 Jul 2019 11:14:18 +0000 https://kurir.mk/?p=216418

Бројот на отворените шахти низ тротоарите и одделни улици во Скопје во изминатите неколку години енормно е зголемен. Од пропаѓање во отворените шахти со поголема длабочина, минатата година беа повредени голем број минувачи. Отворените или оштетени шахти низ одделни улици на Скопје во голема мера го отежнуваат сообраќајот, а понекогаш се причина за оштетување на возилото или пак за предизвикување сообраќајна незгода. Необезбедените и отворени шахти и сливници се закана за безбедноста на пешаците доколку се наоѓаат на пешачките зони, но се сериозна закана за учесниците во сообраќајот ако се на некој коловоз. Кој било може сериозно да настрада и да добие некаква скршеница при движење низ градот. Вакви посериозни случаи имало, а граѓаните, иако оштетени, не знаеле кого да обвинат. Телесни повреди може да се случат, но фатално е ако некој заврши со смртни последици. Возачите, пак, исто така, доколку налетаат на некоја отворена шахта, може да настрадаат во несреќа самите или, пак, не сакајќи да повредат и други лица. Материјалните штети на возилата, секако, се дел од последиците што може да настанат по ударот во отворена шахта, пренесува Скопје инфо. Надлежните од претпријатието упатуваат апел до граѓаните доколку забележат отворена шахта или сливник, веднаш да ја пријават на дежурниот бесплатен телефонски број на ЈП „Водовод и канализација" Скопје 0800 22 555 или на телефонскиот број 30 73 010.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/vnimavajte-otvorenite-shahti-se-pobrojni-opasni-i-za-peshacite-i-za-vozachite/feed/ 0
Шахти рамни со асфалтот нема повеќе да бидат научна фантастика во земјава: Кавадарци добива 200 брендирани и израмнети шахти https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/shahti-ramni-so-asfaltot-nema-povekje-da-bidat-nauchna-fantastika-vo-zemjava-kavadarci-dobiva-200-brendirani-i-izramneti-shahti/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/shahti-ramni-so-asfaltot-nema-povekje-da-bidat-nauchna-fantastika-vo-zemjava-kavadarci-dobiva-200-brendirani-i-izramneti-shahti/#respond Fri, 21 Sep 2018 11:34:08 +0000 https://kurir.mk/?p=104159

Деновиве во Кавадарци започна санација на оштетените шахти, и се работи на нивно израмнување со нивото на асфалтот на коловозите. Проблемот со нерамните шахти е присутен речиси во секој град во земјава. Испакнати или пак вдлабнати, за нив и за нивното нерамно поставување, често се коментира и критикува, но никако да се открие која е причината што ги спречува работниците да ги постават правилно. Претставуваат голем проблем за возачите, бидејќи се еден вид на ударни дупки, но неретко и за пешаците. -Да му се додели грант за иновации на тој кој ќе измисли шахта рамна со асфалт – е една од шегите актуелна на социјалните мрежи по повод овој проблем. Митко Јанчев, градоначалникот на Кавадарци за „Фокус” вели дека се работи на терен и ќе бидат поставени 200 нови шахти, брендирани со логото на градот. -Не може една земја која се стреми кон Европа да нема шахти израмнети со асфалтот. Речиси во секој град постои истиот проблем кој ги иритира возачите. Ангажирани се стручни екипи, се поставува бетон, работните активности ќе бидат изведени најпрофесионално, и наскоро во Кавадарци проблемот со шахтите ќе биде минато. -Општина Кавадарци преку ЈП „Комуналец“ деновиве засилено работи на рехабилитација на шахтите по кавадаречките улици. Станува збор за редовна активност на комуналното претпријатие, која деновиве се изведува интензивно. Целта е да се санираат сите оштетени шахти и да се израмнат со нивото на асфалтот од коловозите. Со овој зафат како трајно решение ќе се рехабилитираат шахтите и ќе се отстранат и опасностите од нив како ударни дупки при одвивањето на сообраќајот по градските улици, информираа од општината. Извор: Фокус]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/shahti-ramni-so-asfaltot-nema-povekje-da-bidat-nauchna-fantastika-vo-zemjava-kavadarci-dobiva-200-brendirani-i-izramneti-shahti/feed/ 0