шампањ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 22 May 2023 10:14:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png шампањ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Решена една мистерија за меурчињата во шампањското https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/reshena-edna-misterija-za-meurchinata-vo-shampanskoto/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/reshena-edna-misterija-za-meurchinata-vo-shampanskoto/#respond Mon, 22 May 2023 10:14:46 +0000 https://kurir.mk/?p=837347

Според новото истражување, вкусниот начин на којшто меурчињата на „шампањското“ го скокоткаат јазикот, зависи од тоа колку „сапуница“ има во пијалакот. Кога се истураат во чаша, газираните пијалаци не се пенат на ист начин. Газираната вода на пр. создава „пукачки меурчиња“ коишто се шират низ површината на стаклото. Во пивото, меурчињата почнуваат во една линија, па се шират нанадвор, често до прелевање... Но, „шампањот“ е елегантен. Создава меурчиња кои се креваат во чисти, прави линии, како „на подвижна лента“ од дното на стаклото. Што точно ги прави меурчињата од шампањ толку убави, а така предвидливи? Физичарите од Универзитетот „Браун“ во Провиденс, САД, и Универзитетот на Тулуз, Франција, велат, ја откриле тајната. Според нив, „шампањското“, „просекото“ и другите пенливи вина содржат повеќе „сапунски“ соединенија познати како сурфактанти. Всушност, се чини дека овие масни киселини се дел од она што го прави пијалакот толку вкусен. - Теоријата е дека во шампањското, овие честици коишто дејствуваат како сурфактанти се добри состојки. Овие протеински молекули, кои даваат вкус и уникатност на течноста, се она што ги прави стабилни синџирите од меурчиња што ги произведуваат, објаснува инженерот Роберто Зенит, кој студира механика на течности на Универзитетот „Браун“. Ова може да биде особено корисно во истражувањето длабоки водни извори што исфрлаат метан и јаглерод-диоксид, каде што е тешко директно да се земат примероци од материјалите или да се следат појавите и нивните својства во воздухот и водата. Доказот цело време бил во „просекото“, истакнуваат стручните лица.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/reshena-edna-misterija-za-meurchinata-vo-shampanskoto/feed/ 0
Овие алкохоли дефинитивно штитат од коронавирусот – тоа го тврдат и кинеските лекари, од денес започнете да ги пиете! https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/ovie-alkoholi-definitivno-shtitat-od-koronavirusot-toa-go-tvrdat-i-kineskite-lekari-od-denes-zapochnete-da-gi-piete/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/ovie-alkoholi-definitivno-shtitat-od-koronavirusot-toa-go-tvrdat-i-kineskite-lekari-od-denes-zapochnete-da-gi-piete/#respond Mon, 24 Jan 2022 15:09:02 +0000 https://kurir.mk/?p=622528

Според лекари од болница во Шенжен, Кина, консумирањето шампањ, црвено и бело вино може да ја намали опасноста од зараза со коронавирус. Написот е објавен во списанието „Фронтиерс ин нутришн” (Frontiers in Nutrition). Истражувачите проучувале податоци од 473.957 луѓе, од кои 16.559 биле позитивни на Ковид-19. Учесниците биле поделени во три групи – оние кои не пијат, луѓе што порано пиеле и такви кои сега пијат алкохол. Заклучот говори дека оние кои претпочитаат црвено вино се најзаштитени од вирусот САРС-КоВ-2 – пиењето повеќе од пет чаши од овој пијалок неделно го намалува ризикот од зараза за 17 отсто. За оние кои пијат една до четири чаши бело вино или шампањ неделно заштитата е осум отсто. А, кога пијат повеќе од пет чаши неделно, „заштитната делотворност” е речиси незабележлива. Оние кои пиеле пиво имале 28 отсто поголема опасност да се заразат со коронавирус, а количината на пиење не играла улога. Претходно, Сергеј Колесников, член на Руската академија на науките објасни дека и вотка може да штити од сојот Омикрон. Според него, вдишувањето на испарувањата од алкохол помага до одреден степен да се отстрани вирусот од дишниот систем. Сепак, тој потсети и на потребата да се почитува социјалната дистанца и на хигиената на рацете и носот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/ovie-alkoholi-definitivno-shtitat-od-koronavirusot-toa-go-tvrdat-i-kineskite-lekari-od-denes-zapochnete-da-gi-piete/feed/ 0
Франција и Русија во кавга за пијалак: Чиј е шампањот?! https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/francija-i-rusija-vo-kavga-za-pijalak-chij-e-shampanjot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/francija-i-rusija-vo-kavga-za-pijalak-chij-e-shampanjot/#respond Tue, 06 Jul 2021 20:57:17 +0000 https://kurir.mk/?p=533044

Франција верува дека може да го реши спорот со шампањот со Русија преку дијалог, но доколку е потребно ќе контактира со Светската трговска организација (СТО), изјави денеска францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив Ле Дријан. Ле Дријан кажа дека во следните денови Париз ќе се обиде да најде решение во соработка со руските власти на билатерално, но и на европско ниво, со цел да се заштитат интересите на француските производители и заштитени брендови со географско потекло. -Доколку се утврдат повремени прекршувања на правилата на Светската трговска организација, секако дека ќе постапиме како што планиравме и претходно кога станува збор за Русија. Се надевам дека дијалогот ќе овозможи овој спор да се реши, рече министерот во парламентот. Рускиот закон, потпишан во петокот, воведува обврска дистрибутерите на шампањ да наведат на етикетата на задниот дел од шишето дека станува збор за „пенливо вино“, додека називот “champanskoïe” е резервиран за руските производители на пенливо вино. Одлуката предизвика незадоволство кај француските производители на шампањ, кои поднесоа жалби до француското Министерство за надворешни работи и Европската унија. -Тој закон ја следи логиката на протекционистичките мерки на Русија во винскиот сектор, рече Ле Дријан, додавајќи дека тие веќе се обратиле до СТО во врска со прашањето на заштитените географски брендови. Русија е 15-от извозен пазар за шампањ, на кој се продаваат околу два милиона шишиња од вкупно 150-те милиони што секоја година во просек се продаваат надвор од Франција.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/francija-i-rusija-vo-kavga-za-pijalak-chij-e-shampanjot/feed/ 0
Огномет, шампањ и лудило до зори: Вака беа пречекани двајца мафијаши кога излегоа од затвор (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/ognomet-shampanj-i-ludilo-do-zori-vaka-bea-prechekani-dvajca-mafijashi-koga-izlegoa-od-zatvor-video/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/ognomet-shampanj-i-ludilo-do-zori-vaka-bea-prechekani-dvajca-mafijashi-koga-izlegoa-od-zatvor-video/#respond Sun, 03 Nov 2019 13:19:24 +0000 https://kurir.mk/?p=259565

Двајца италијански мафијаши, Џовани Илијано (48) и Силвио Де Лука (41) по излегувањето од затвор се дочекани со огномет во близина за Неапол. Илијано и Де Лука одлежале осумгодишна, односно десетгодишна затворска казна за рекетирање. Во Монтерушел, западно од Непаол, стотици роднини и пријатели го дочекаа со шампањ, огномент и други светлосни ефекти. Во чест на нивното враќање во родното место, познато по препродажба на дрога, изнајмен е изведувач на традиционални наполитански песни, Антоно Илардо, кој многу од своите композиции им ги посвети на мафијашите кои се се уште зад решетки. Една од најпопуларните песни говори за бегство од затвор, а останатите се посветени на оние кои и натаму се во затвор. И самиот пејач и е познат на полицијата зошто се поврзан со босот на кланот „Ванела Граси“, Карло Авалоне, за кого велат дека е автор на една од неговите песни. Авалоне е уапсен пред две години и осуден на 16 години робија поради бројни кривични дела. Сето тоа е организирано без општинско одобрение, и со кршење на наредбата за забрана на огномет која ја издал локалниот градоначалник. Двајцата мафијаши се поврзани со кланот Бенедуче - Лонгобарди. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/ognomet-shampanj-i-ludilo-do-zori-vaka-bea-prechekani-dvajca-mafijashi-koga-izlegoa-od-zatvor-video/feed/ 0
ВИДЕО: Нарача шампањ од 34.000 долари, кога сакаше да го отвори настана хаос https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/video-naracha-shampanj-od-34-000-dolari-koga-sakashe-da-go-otvori-nastana-haos/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/video-naracha-shampanj-od-34-000-dolari-koga-sakashe-da-go-otvori-nastana-haos/#respond Mon, 29 Jan 2018 11:03:57 +0000 http://kurir.mk/?p=15892

Во престижните клубови на Ибица, не се штеди на ништо. Доказ за тоа е и ова видео каде Британец нарачал огромно шише шампањско кое чини неверојатни 34.ооо долари. Тој само сакал да го почасти своето друштво, но потоа настана хаос. Сите очи, но и мобилни телефони биле насочено кон него. Сепак момчето во еден момент се збуни и се случи ова: ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/video-naracha-shampanj-od-34-000-dolari-koga-sakashe-da-go-otvori-nastana-haos/feed/ 0