Шани Лук – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 30 Oct 2023 17:53:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Шани Лук – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Шолц: Смртта на Шани Лук го потврдува варварството на Хамас https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sholts-smrtta-na-shani-luk-go-potvrduva-varvarstvoto-na-hamas/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sholts-smrtta-na-shani-luk-go-potvrduva-varvarstvoto-na-hamas/#respond Mon, 30 Oct 2023 17:53:09 +0000 https://kurir.mk/?p=894603

Смртта на германско-израелската државјанка Шани Лук, која беше киднапирана на 7 октомври од припадниците на Хамас во јужен Израел, го покажува варварството на оваа организација, изјави денеска германскиот канцелар Олаф Шолц. „Веста за смртта на Шани Лук е страшна. Како и многу други, таа беше брутално убиена. Ова го покажува целосното варварство на членовите на Хамас кои мора да одговараат. Ова е терор и Израел има право да се брани“, напиша Шолц на социјалната мрежа Х. Семејството на 22-годишната германско-израелска државјанка Шани Лук, за која се веруваше дека е заложник на Хамас во Појасот Газа, е известено за нејзината смрт. Израелското Министерство за надворешни работи на социјалните мрежи објави дека телото на Шани Лук било пронајдено и идентификувано, а таа претходно била мачена од терористите на Хамас. Хамас ја киднапираше младата девојка од музички фестивал во пустината во јужен Израел,во близина на границата со Појасот Газа, на 7 октомври, заедно со околу 200 други млади луѓе кои се уште ги држи како заложници. Иако Лук беше прогласена за мртва, нејзиното тело не беше пренесено од Газа. Израелските медиуми објавија дека членовите на семејството добиле писмо од израелската спасувачка служба во кое се наведува дека е пронајдена и идентификувана коска од нејзиниот череп, без која лицето не може да преживее. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sholts-smrtta-na-shani-luk-go-potvrduva-varvarstvoto-na-hamas/feed/ 0
Објавена тажна вест: Шани Лук е мртва, три недели голгота по киднапирањето од Хамас https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/objavena-tazhna-vest-shani-luk-e-mrtva-tri-nedeli-golgota-po-kidnapiraneto-od-hamas/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/objavena-tazhna-vest-shani-luk-e-mrtva-tri-nedeli-golgota-po-kidnapiraneto-od-hamas/#respond Mon, 30 Oct 2023 08:56:51 +0000 https://kurir.mk/?p=894378

Семејството на младата Шани Лук, германски уметник , која беше киднапирана од Хамас по инвазијата на Израел, објави дека девојчето е мртво. „За жал, вчера ја добивме веста дека мојата ќерка повеќе не е жива“, изјавила мајката Рикарда, пренесува Билд. Сестрата на Шана, Ади напиша на Инстаграм дека „со голема тага ја објавува смртта на мојата сестра“. Шани Лук (22), која има израелско и германско државјанство, била на музички фестивал во близина на Кибуц Реим на 7-ми октомври. Таму таа го славеше животот со стотици млади Израелци кога беа нападнати од милитантите на Хамас. Хамас уби десетици посетители на фестивалот и киднапираше многумина, меѓу кои и Шани Лук и ги одведе во Појасот Газа. Истиот ден, Хамас објави видео на кое наводно се гледа Шани Лук во камионска приколка опкружена со борци. Таа лежела и била тешко повредена. Околу неа борците го славеа нејзиното киднапирање. Набрзо се проширија информации дека таа е мртва, но нејзината мајка изјавила дека и кажале дека Шани е уште жива, но тешко повредена. И покрај ужасното видео, семејството на Шани повеќе од три недели се надеваше дека Шани ќе биде ослободена. За жал, денес семејството ја објави тажната вест. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/objavena-tazhna-vest-shani-luk-e-mrtva-tri-nedeli-golgota-po-kidnapiraneto-od-hamas/feed/ 0