шанса за центар – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 30 Oct 2023 17:04:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png шанса за центар – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ШАНСА ЗА ЦЕНТАР ДО ЛЕВИЦА: Сега ви текна на Треска, кога знаете дека сите правни механизми се исцрпени https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shansa-za-tsentar-do-levitsa-sega-vi-tekna-na-treska-koga-znaete-deka-site-pravni-mehanizmi-se-istsrpeni/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shansa-za-tsentar-do-levitsa-sega-vi-tekna-na-treska-koga-znaete-deka-site-pravni-mehanizmi-se-istsrpeni/#respond Mon, 30 Oct 2023 16:57:20 +0000 https://kurir.mk/?p=894588

Од иницијативата Шанса за Центар се обраќаат со прашања до партијата Левица. Прашуваат зошто дури сега им текнува за урбицидот кај Треска и зошто досега молчеле. Од Шанса за Центар прашуваат дали после битка глумат јунаци. „Каде бевте кога ни требаше поддршка во Совет на Општина Центар да му се спротивставиме на градоначалникот кога велеше дека тоа е приватен имот и секој може да прави што сака на приватен имот. Дека приватниот интерес е над јавниот! Тогаш него го поддржавте! Каде бевте кога Шанса за Центар поднесуваше иницијатива до Уставен суд за оценка на уставноста на ГУП за Буњаковец (во кој спаѓа и Треска)? Чекавте судот да застане зад градежниците, па после да реагирате! Сега ви текна на Треска, кога знаете дека сите правни механизми се исцрпени и веќе нема ни теоретски шанси нешто да се смени? Продавате само гол ПР и популизам. Само глумите лудило, а секогаш сте таму да му го дадете гласот на СДСМ во Општина Центар кога треба да се помине одлука и да се „брцне во медот”!“, наведуваат во објавата. Порача дека оној кој има дилема, треба да изгледа видео од било која седница на Совет, или продолжението на 27-та каде се аминува продажбата на земјиште во Буњаковец и Треска. Инаку, Левица вели дека документите до кои дошле преку средби со стечајците од поранешната фабрика „Треска”, покажуваат дека во 2018 и 2019 година е направен најголемиот криминал во Општина Центар со денационализацијата на земјиштето на „Треска”.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shansa-za-tsentar-do-levitsa-sega-vi-tekna-na-treska-koga-znaete-deka-site-pravni-mehanizmi-se-istsrpeni/feed/ 0
Шанса за Центар ја помеша математиката, ДУП-от Буњаковец не предвидува 33.000 жители https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/shansa-za-tsentar-ja-pomesha-matematikata-dup-ot-bunakovets-ne-predviduva-33-000-zhiteli/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/shansa-za-tsentar-ja-pomesha-matematikata-dup-ot-bunakovets-ne-predviduva-33-000-zhiteli/#respond Fri, 06 Oct 2023 10:19:50 +0000 https://kurir.mk/?p=886003

(Комерцијална објава) Шанса за Центар сериозно ја помеша математиката со жителите кои ќе се вселат во ДУП-от Буњаковец каде спаѓа и комплексот на поранешната фабрика Треска. Вчера излезе со сериозни лаги и невистини во кои тврдат дека во ДУП-от Буњаковец ќе има 33.000 жители, наспроти планираните 12.500, бројка која побуди сериозна паника кај граѓаните. Шанса за Центар алудира на пренаселеност во комплексот Треска очигледно поради тоа што чувствува силен револт откога Уставниот суд им ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста на Деталниот урбанистички план (ДУП) за Буњаковец во кој спаѓа и просторот на „Треска“, недозволиво е да се манипулира со бројки во вакви размери кои создаваат паника кај граѓаните поради што манипулираат со граѓаните. Имено, според сите податоци кои досега излегоа од Општина Центар на парцелата на поранешната фабрика Треска треба да се изгради комплекс од вкупно 6 блока, при што најмалиот е со вкупна површина од околу 3900 м2, додека најголемиот 8920 м2. На целиот комплекс предвидено е да има околу 20 станбени објекти во кои влегуваат повеќе градежни парцели, што е за над 30% помалку од бројот на објекти што го дозволува актуелниот ДУП кој во јавноста се нарекува наполитанки. Според досега објавеното максималната катност на овие 20 згради е П+5 или максимална висина од 16 метри, што пак е далеку помалку од околните објекти во тој реон, како и од поголемиот дел згради на централно подрачје. Во рамки на комплексот, предвидени се 1350 станови, наспроти обвинувањата дека во овој комплекс се предвидуваат и повеќе од 2500 станови. За овие 1350 станови според регулативите потребно е да се испроектираат 1400 паркинг места, меѓутоа според информациите од општината инвеститорите предвидуваат 20% повеќе од пропишаната бројка и целосно сообраќајно решение со паркирање во рамки на парцелата. И најважното комплексот предвидува домување за најмногу 4000 жители, односно околу 16.500 жители за целиот ДУП Буњаковец, а не 33.000 како што тврди Шанса за Центар. Шанса за Центар ги дуплира бројките за да создаде паника кај жителите. Шанса за Центар да престане да си игра, да седне и убаво да ги пресмета бројките и конечно да пласира вистини, а не лаги.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/shansa-za-tsentar-ja-pomesha-matematikata-dup-ot-bunakovets-ne-predviduva-33-000-zhiteli/feed/ 0
„Шанса за Центар“ го демантира Герасимовски: Скоро половина од земјиштето кај фабриката „Треска“ е во државна сопственост https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/shansa-za-centar-go-demantira-gerasimovski-skoro-polovina-od-zemjishteto-kaj-fabrikata-treska-e-vo-drzavna-sopstvenost/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/shansa-za-centar-go-demantira-gerasimovski-skoro-polovina-od-zemjishteto-kaj-fabrikata-treska-e-vo-drzavna-sopstvenost/#respond Thu, 24 Feb 2022 13:08:07 +0000 https://kurir.mk/?p=636053

Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски во вчерашниот медиумски настап тврдеше дека општината нема право да го уредува земјиштето кај „Треска“ бидејќи е приватно. „Шанса за Центар“ го потсетува градоначалникот дека Законот за урбанистичко планирање јасно дефинира дека јавниот интерес е над приватниот. Во продолжение следува реакцијата на „Шанса за Центар“: Урбанистичкото планирање се врши за да се уреди просторот кој е и приватен и јавен, балансирано помеѓу интересите, но секогаш со приориетизирање на јавниот интерес. Просторот на секој урбанистички план опфаќа и приватно и јавно земјиште. Конкретно за опфатот кај ф-ка Треска државата поседува вкупно 47,16%,  односно скоро половина од вкупната површина со што го побива градоначалникот и вистинитоста на неговите тврдења. Градоначалникот или не ја видел оваа информација, или во меѓувреме општината раководена од СДСМ ја промениле оваа реалност, неинформирајќи ја јавноста. Го повикуваме Градоначалникот Герасимовски да даде одговор за ова! Герасимовски невистинито тврди дека досега не е решено уредувањето на локацијата. Да го потсетиме: 1. Советот во фебруари 2020 донесе одлука со која локалитетот беше издвоен од планот и за негово уредување, а според  последниот Закон за Урбанистичко планирање се одлучи да се решава со конкурс До сега оваа одлука на Советот не е поништена, ниту оспорена и Герасимовски нема право да не ја спроведува или игнорира. Така демонстрира незаконито и недемократско владеење, слабост во капацитетите за спроведување Одлуки на Совет, крајно непознавање на својата функција, но најмногу од сѐ, укажува дека интересот на инвеститорите му е поважен отколку јавниот! 2. На спроведениот конкурс се добиени три идејни решенија од тимови на стручни лица, архитекти, кои служат токму за да дадат насока и идеја како да се уреди локацијата запазувајќи ги условите за обезбедени, комунални, образовни, социјални услуги, и за безбеден и квалитетен живот на идните станари. Решенијата умешно го комбинираат просторот кој е делумно во приватна сопственост, но запазувајќи ги интересите на сите. Со нив се предвидува и изградба на згради, но и зелени површини и јавен простор, доволно паркинг,  градинка и деловен објект. 3. Изборот на решенијата беше оценуван од стручна 9 члена комисија во која беа претставници на 8 различни институции и организации. Градоначалникот иако ги има во рака конкурсните решенија, платени од парите на граѓаните на Центар, веќе четврти месец не организира јавна презентација пред стручната и засегнатата јавност. Со тоа ја скратува можноста за дијалог, за дебата и за да креативната идеја надвладее над инвеститорската, за да архитектите можат да ги образложат своите идеи за поквалитетно уредување на просторот и нов урбанистички план. За да иронијата биде поголема, додека градоначалникот на Центар од СДСМ не ги покажува отворено конкурсните решенија, Општина Кисела Вода под водство на ВМРО ДПМНЕ го користи токму конкурсот за ф-ка Треска за да го реши планирањето на локалитетот Расадник. Со ова Герасимовски докажува дека политичка воља за нови убанистички политики во Центар не постои и дека нема храброст за да ги смени штетните последици од лукративните планови од 2012.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/shansa-za-centar-go-demantira-gerasimovski-skoro-polovina-od-zemjishteto-kaj-fabrikata-treska-e-vo-drzavna-sopstvenost/feed/ 0
„Шанса за Центар“: ОЈО, Владата и општината не преземаат ништо за сопирање на потенцијално нелегалната градба пред Холидеј ин https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/shansa-za-centar-ojo-vladata-i-opshtinata-ne-prezemaat-nishto-za-sopiranje-na-potencijalno-nelegalnata-gradba-pred-holidej-in/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/shansa-za-centar-ojo-vladata-i-opshtinata-ne-prezemaat-nishto-za-sopiranje-na-potencijalno-nelegalnata-gradba-pred-holidej-in/#respond Mon, 22 Nov 2021 14:12:24 +0000 https://kurir.mk/?p=598315

Реакција на „Шанса за Центар“ за почетокот на изградба на комплексот „Гранд“: 

Кучињата лаат, ДУП-от си врви ОЈО, Владата и општина Центар не преземаат ништо за сопирање на потенцијално нелегалната градба пред Холидеј ин. Справувањето со урбаниот хаос не е само изборен слоган, ниту садење цвеќиња, туку е вистинска борба! Ги изневеривте граѓаните уште во првиот месец по изборите и очигледно немате намера за бескомпромисна заштита на нашиот простор за живеење – ниту пак, за пркос и санкционирање кон сите што ја загрозуваат и деградираат нашата општина. Сметаме дека итно мора да се преземат следните чекори: Го повикуваме OJO конечно да постапи по преставката од ДКСК во врска со нелегалното носење на ДУПот. ОЈО седум месеци не постапува по предметот – исто како што премолчено го одобрува и дивото градење кај „Беко“ на очиглед на полициската станица Центар. Јавното обвинителство треба да се бори против криминалот , а не да е негов нем поддржувач. Градоначалникот на општина Центар мора да издаде привремена забрана за градење, се додека ОЈО не го расчисти случајот. Воедно тој може да ги врати уплатените комуналии за овој објект на инвеститорот, а кои се уште стојат резервирани на сметка на Општината токму со намена да бидат вратени доколку тоа е потребно. Сето ова е можно, но вистинското прашање е дали се сака! Градоначалникот да се зафати серозионо со обврската за суспензија, како законска можност за ревизија на останатите две парцели од Холидеј ин, кои секако ќе се изградат ако не се реагира. Одговорноста за затнувањето на Градот ќе биде само негова! ШЦ во Советот на Општината ќе иницира запирање на реализацијата на незаконските урбанистички планови донесени во 2012, во време кога градоначалник беше Владимир Тодоровиќ, и кога не се почитуваа основните начела за јавен интерес и хумано планирање. Жално е што речиси десет години институциите дозволуваат Скопје да се менува до непрепознатливост, да се уништува јавното зеленило и да се продава државното земјиште за бетонски чудовишта кои изникнуваат од законските дупки, адимистративните лавиринти и немањето волја за одбрана на јавниот интерес од страна на системот! Централната и локалната власт се менуваат, но вистински промени во политиките за уредување на градот и заштита на јавиот интерес не постојат. Министерството за транспорт и врски, поддржано од Правобранителот, евтино го продаде државното земјиштето на паркингот кај Холидеј ин, не размислувајќи ниту за законитоста на плановите, ниту за последиците во просторот, а најмалку од се размислуваше за видливите социјални неправди кои ќе ги истакне со сјајот и бедата во ист простор. Жителите на Ново Маало сега ќе бидат принудени да ги напуштат своите домови и да ги продадат своите домови за било која понудена цена. Соседните жители на Градски ѕид кои реагираа за можните прелевања на проблемите од планот врз нивните животи, ќе останат изиграни и изманипулирани. Шанса за Центар изразува огромен револт и критика кон соучесништвото на Јавното обвинителство, Владата и градоначалникот на Општина Центар во уништувањето на достоинственото живеење на граѓаните на Oпштината. Сите заедно учествуваат во создавење на хаотичен, валкан и нехуман простор – општина и град без иднина каде здравјето на сите е парола зад која крие инвестиција за профитот на малкумина. Нас, на граѓаните на општина Центар ни останува да иницираме референдумско изјаснување за враќање на парите од комуналиите на инвеститорот, запирање на градбата и носење нов план за вистински развој на оваа централна градска локација.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/shansa-za-centar-ojo-vladata-i-opshtinata-ne-prezemaat-nishto-za-sopiranje-na-potencijalno-nelegalnata-gradba-pred-holidej-in/feed/ 0