шап – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 26 Apr 2023 06:19:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png шап – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Во Петровец ќе се спроведе симулациска вежба за болеста лигавка и шап https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-petrovets-ke-se-sprovede-simulatsiska-vezhba-za-bolesta-ligavka-i-shap/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-petrovets-ke-se-sprovede-simulatsiska-vezhba-za-bolesta-ligavka-i-shap/#respond Wed, 26 Apr 2023 06:19:47 +0000 https://kurir.mk/?p=827627

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) и црногорската Управа за безбедност на храна, ветеринарни и фитосанитарни работи денеска во село Петровец ќе спроведат заедничка симулациска вежба за болеста лигавка и шап. Симулациската вежба се организира во соработка со Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО) и Европската комисија за контрола на болеста лигавка и шап (ЕуФМД). Од АХВ информираат дека ова не е реална ситуација и не претставува случај на појава на болест. Активностите кои ќе бидат преземени од страна Агенцијата се поврзани исклучиво со реализација на симулациската вежба. Преку оваа вежба, по однапред утврдено сценарио и доделување на улоги и работни задачи на учесниците, ќе се реализираат активности кои би се презеле во случај на појава на болеста лигавка и шап. Утре ќе се направи евалуација на подготвеноста на планот за итни мерки за лигавка и шап кој се применува од двете земји учесници на симулациската вежба. - Целта е да се констатираат добрите и слабите страни на одговорот при појава на болеста, која е предмет на планови за итни мерки, односно катастрофи кои го загрозуваат здравјето и благосостојбата на животните, соопшти АХВ. На симулациската вежба ќе присуствуваат претставници на Агенцијата за храна и ветеринарство, на Ветеринарната комора и на Факултетот за ветеринарна медицина од Скопје, како и експерти од Црна Гора и ЕУ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-petrovets-ke-se-sprovede-simulatsiska-vezhba-za-bolesta-ligavka-i-shap/feed/ 0