шара – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 26 Oct 2022 12:54:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png шара – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Во тек се градежни работи на Шара за превенција од поплави и порои во планинските села https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-tek-se-gradezni-raboti-na-shara-za-prevencija-od-poplavi-i-poroi-vo-planinskite-sela/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-tek-se-gradezni-raboti-na-shara-za-prevencija-od-poplavi-i-poroi-vo-planinskite-sela/#respond Wed, 26 Oct 2022 12:54:05 +0000 https://kurir.mk/?p=750669

Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, амбасадорката на Швајцарија Вероник Улман, постојаниот претставник на програмата за развој при Обединетите Нации (УНДП) Армен Григорјан и градоначалникот на Општина Тетово Билал Касами направија теренска посета на градежните работи за регулирање на поројот во село Шипковца. Овој градежен потфат се прави со превентивна намера со цел да се спречат поплави како што во ова село имаше во 2015 година кога загинаа шест луѓе меѓу кои и деца. – Оваа е исклучително важен проект, пред се во интерес и заштита на населението и обезбедување на одржлив и инклузивен раст со подобрување на отпорноста на заедниците од Полошкиот регион на катастрофи од поплави. Со преземните мерки, произлезени од сеопфатни студии и планови за проценка на ризикот од поплави делуваме превентивно за намалување на опасноста од порои, поплави, свлечишта на кои овој терен е подложен, ја зголемуваме отпорноста и подготвеноста на локалните заедници за справување со елементарните непогоди и природни катастрофи, како онаа од 2015 година која однесе и човечки жртви. Проектот е со висока сензибилност што произлегува од потребата да се постават технички решенија на локации каде веќе има изградени населби за живеење, изјави министерот Нуредини. Регулацијата на поројот е во должина од 3,6 км, со акцент на делот од кој минува низ селото во должина од 350 метри и се спроведува од април до ноември годинава. Проектот е финансиран од Швајцарската Влада и од буџетски средства, а е имплементиран од УНДП. -Швајцарската Влада преку Програмата за подобрување на отпорноста на поплави во Полошкиот регион, поддржува сеопфатен сет на дополнителни мерки за ублажување и мерки за градење на отпорност, изјави амбасадорката Улман нагласувајќи дека оваа програма има за цел да ги замени стандардните ад-хок одговори на настаните од поплави и традиционалните пристапи за контрола на поплави со интегрирано управување со поплави базирани на ризици. Постојниот претставник на УНДП Армен Григорјан порача дека треба да управуваме со ризиците, а не само со катастрофите. Посочи дека локалните власти треба да планираат стратешки и да бидат подготвени брзо да одговорат на кризи за да ги заштитат луѓето и добрата. -УНДП е тука да помогне во воспоставувањето систем на ефективна координација помеѓу националните и локалните власти што е од критично значење во овој процес.Само интегрираниот пристап на сите девет општини во полошкиот регион на крајот ќе биде подобрување на севкупната отпорност на заедницата на поплави, посочи Григорјан. Градоначалникот Касами рече дека со оглед на заложбите за оздавање најдобри услови за живот за сите граѓани кои живеат и работат во општината оваа поддршката за жителите значи живот со оглед дека подрачјето е подлежно на чести поплави и порои. -Среќен што сум меѓу првите потписи сум ги ставил е дозволата за започнување со овие работи. Ние пет проекти реализираме во делокургот на овој проект со базични студии и со основни прокети се надеваме дека со нив ќе ја користиме оваа убавина на Шара и нема да биде убиствена како што беше во 2015, изјави Касами.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-tek-se-gradezni-raboti-na-shara-za-prevencija-od-poplavi-i-poroi-vo-planinskite-sela/feed/ 0
Претставници од Македонија, Албанија и Косово ќе дискутираат за економски развој на Шара https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pretstavnici-od-makedonija-albanija-i-kosovo-kje-diskutiraat-za-ekonomski-razvoj-na-shara/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pretstavnici-od-makedonija-albanija-i-kosovo-kje-diskutiraat-za-ekonomski-razvoj-na-shara/#respond Tue, 06 Mar 2018 07:10:20 +0000 http://kurir.mk/?p=27713

Групата засегнати страни за прекуграничниот регион „Шара“ денеска ќе одржи состанок во Призрен, Косово. Состанокот се одржува во рамките на проектот финансиран од Европската Унија - “Регионална соработка и вмрежување во полето на земјоделството, руралниот и економскиот развој во прекуграничните региони”, имплементиран од Постојаната Работна Група за Регионален Рурален Развој во Југоисточна Европа – SWG. Претставниците од јавните институции, бизнис секторот, невладини организации и другите чинители од Македонија, Албанија и Косово ќе имаат можност да дискутираат на различни теми и проектни идеи кои ќе придонесат за интегриран економски развој на прекуграничниот регион “Шара”. Проектот се стреми да придонесе кон избалансиран социо-економски развој на руралните области во насочените прекугранични региони на Западен Балкан, преку ефикасна регионална прекугранична соработка и зајакнување на регионалните капацитети за економска  диверзификација во руралните средини. SWG e меѓународна меѓувладина организација составена од владините институции одговорни за рурален развој во соодветните земји и територии од Југоисточна Европа. ABDA методологијата - пристап базиран на развој на територија (ABDA) преставува иновативен и инклузивен методолошки пристап кој овозможува одржлив развој на руралните прекугранични подрачја во Западен Балкан кои се карактеризираат со специфични развојни проблеми.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pretstavnici-od-makedonija-albanija-i-kosovo-kje-diskutiraat-za-ekonomski-razvoj-na-shara/feed/ 0