„Шарли ебдо“ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 03 Feb 2023 20:15:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png „Шарли ебдо“ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Мајкрософт: Хакери од Иран ги хакирале податоците на магазинот Шарли Ебдо https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/majkrosoft-hakeri-od-iran-gi-hakirale-podatotsite-na-magazinot-sharli-ebdo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/majkrosoft-hakeri-od-iran-gi-hakirale-podatotsite-na-magazinot-sharli-ebdo/#respond Fri, 03 Feb 2023 20:15:41 +0000 https://kurir.mk/?p=795930

Хакерски тим поддржан од иранската влада наводно украл и објавил приватни податоци за клиенти кои му припаѓаат на францускиот сатиричен магазин Шарли Ебдо, соопштија денеска од Мајкрософт.

Сатиричниот магазн беше хакиран во почетокот на јануари, откако објави серија карикатури кои негативно го прикажуваа врховниот лидер на Иран, ајатолахот Хамнеи.

Карикатурите беа дел од медиумската кампања за која Шарли Ебдо рече дека има за цел да ги поддржи антивладините протести во Иран.

Портпаролот на магазинот рече дека „во овој момент нема коментар за ова прашање“.

Иран јавно вети „ефективен одговор“ на „навредливите“ карикатури.  (МИА)

]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/majkrosoft-hakeri-od-iran-gi-hakirale-podatotsite-na-magazinot-sharli-ebdo/feed/ 0
„Шарли Ебдо“: Македонија – земјата која повеќе не сака да биде на делови https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sharli-ebdo-makedonija-zemjata-koja-povekje-ne-saka-da-bide-na-delovi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sharli-ebdo-makedonija-zemjata-koja-povekje-ne-saka-da-bide-na-delovi/#respond Sat, 25 Jun 2022 07:54:31 +0000 https://kurir.mk/?p=695507

Францускиот сатиричен неделник „Шарли Хебдо“ со текст на авторот Жан-Ив Ками се осврнува на случувањата околу земјава, за која се наведува дека се бори за влез во Европската Унија, а „вината за нејзините маки“ треба да се бара кај нејзините соседи, кои се растргнати поради идентитетот на државата. – Да се дојде во Скопје во јуни 2022 година значи да се посети главен град чии жители го сметаат официјалното име на нивната земја за историска навреда. Официјално, ние сме во Северна Македонија, име наметнато од Европа и меѓународната заедница по договорот потпишан во 2019 година за ставање крај на спорот меѓу Скопје и Атина. Меѓутоа, жителите, барем Словените од православна вероисповед, не попуштаат: тие се Македонци и живеат во Македонија. Ниту од север, ниту од југ: во Македонија и тие се народ, со свој јазик и своја историја, која датира од славната антика, наведува неделникот. Но, соседните Грција и Бугарија го оспоруваат поимот за посебен македонски идентитет, како последица на што Северна Македонија, која е кандидат за влез во Европската Унија од 2004 година, дури во 2020 година доби зелено светло од Европскиот совет за почеток на пристапните преговори. Но, има уште долг пат да се помине, а вината за тоа е во идеолошкото зло на Балканот: „антиквизацијата“ или потрагата по легитимитет со повикување на исчезнатите империи за да се консолидира процесот на национално формирање што сè уште не е завршен, објаснува „Шарли Ебдо“ Весникот, како што пренесува дописникот на МИА, наведува дека Балканот е мозаик на испреплетени народи, посочувајќи дека граѓаните на Северна Македонија се претежно христијански Македонци, но четвртина од населението се Албанци. – Приштина, главниот град на Косово, е на само 90 километри од Скопје. Групите кои се залагаат за Голема Албанија се надвор од игра, но етничката поделба во Скопје е очигледна: од едната страна на мостот со поглед на Вардар се Албанците и Ромите, а од друга Словените. Евреите (останаа 200) веќе никому не му пречат: пронацистичкиот бугарски окупатор испрати 7.200 нивни предци во Треблинка, продолжува објаснувањето на сатиричниот неделник. Според „Шарли Ебдо“, Македонците тврдат дека се потомци на Кралството на Филип Втори и неговиот син Александар Македонски од околу 400 и 300 година пред новата ера. – Славни корени откако првиот ги победи Атина и Теба, а вториот ја прошири својата моќ до Индија. Македонското национално движење, родено на крајот на 19-от век за да се ослободи од Османлиите, пледира на континуитет помеѓу ова минато и денешницата. Внатрешната македонска револуционерна организација (ВМРО) ја продолжи борбата против Кралството Србија. Тито, кој стана претседател на Југославија, го елиминираше движењето, но го консолидираше македонскиот идентитет: за да има југословенска федерација, требаше да се обединат многу националности!, додава весникот. Со, според неделникот, во Атина, како и во Софија, приказната е поинаква. – Грците остануваат убедени дека Македонците се Грци и дека „вистинската Македонија“ е регионот на Солун. Компромисот за терминот „Северна Македонија“ ги задоволи и веќе не го кочат пристапот на Скопје во Европската Унија. Бугарите, кои мислат дека Македонците се Бугари, сега ја презедоа палката: Владата во Софија ги блокира преговорите, додека надреална мешана комисија од експерти не го натера Скопје да го признае „бугаризмот“ на земјата, нагласува „Шарли Ебдо“. Неделникот додава дека партијата ВМРО-ДПМНЕ, пред да биде смената од власт во 2017 година, урбаниот пејзаж на Скопје го преполни со статуи на антички херои и неговите идеолози на „македонизмот“, додека една ултранационалистичка партија во Бугарија ја користи истата кратена (ВМРО), но гласно извикува дека Македонците се етнички Бугари. – Дали ќе се извлечеме од овој хаос? Северна Македонија, исто така е членка на НАТО, ја има поддршката од Франција, чиј претседател штотуку рече дека е подготвен да ги пречека шефовите на владите од Скопје и Софија во Париз за да се финализира решението, заклучува без одговор неделникот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sharli-ebdo-makedonija-zemjata-koja-povekje-ne-saka-da-bide-na-delovi/feed/ 0
Турција најостро ја осуди карикатурата на Ердоган во Шарли Ебдо https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/turcija-najostro-ja-osudi-karikaturata-na-erdogan-vo-sharli-ebdo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/turcija-najostro-ja-osudi-karikaturata-na-erdogan-vo-sharli-ebdo/#respond Wed, 28 Oct 2020 09:21:36 +0000 https://kurir.mk/?p=421538

Високи турски владини претставници ја осудија карикатурата на претседателот Реџеп Тајип Ердоган во францускиот сатиричен неделник Шарли Ебдо, истакнувајќи оти е „одвратен обид за ширење на културен расизам и омраза“. – Силно ги осудуваме карикатурите на нашиот претседател во француското списание кое нема почит кон ниту една религија. Ништо не им е свето, немаат никави вредности, напиша портпаролот на Ердоган, Ибрахим Калин на Твитер. Тој додаде дека со тоа Шарли Ебдо покажува дека е „вулгарен и неморален“. – Напад врз нечии приватни ставови не е хумор ниту слобода на изразување, додаде Калин. Додека претставникот на Ердоган за медиуми, Фахретин Алтун изјави дека антимуслиманската пропаганда на францускиот претседател Емануел Макрон „дава плодови“. – Го осудуваме најодвратниот чин предизвикан од најновата карикатура, што шири расизам и омраза, напиша Алтун ан Твитер. На насловната страница на Шарли Ебдо, Ердоган седи во бела кошула и долна облека, држи пијалак и го подигнува здолништето на жена во хиџаб, на која и се гледа задникот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/turcija-najostro-ja-osudi-karikaturata-na-erdogan-vo-sharli-ebdo/feed/ 0
Макрон: Не треба јас да оценувам објавување на карикатури во „Шарли ебдо“ (фото) https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/makron-ne-treba-jas-da-ocenuvam-objavuvanje-na-karikaturi-vo-sharli-ebdo-foto/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/makron-ne-treba-jas-da-ocenuvam-objavuvanje-na-karikaturi-vo-sharli-ebdo-foto/#respond Wed, 02 Sep 2020 13:34:57 +0000 https://kurir.mk/?p=398318

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека не е на него да ја оценува одлуката на сатиричното париско списание „Шарли Ебдо“ да објави карикатура на муслиманскиот пророк Мухамед, нагласувајќи дека во Франција владее слободата на изразување. Макрон, кој е во посета на Бејрут, сепак додаде дека француските граѓани мораат да покажат цивилизираност и почит кон другите и да избегнуваат „говор на омраза“, пренесува Ројтерс. Францускиот сатиричен весник „Шарли Ебдо“, чии вработени беа цел на смртоносен напад од исламски екстремисти во 2015 година, објави нови карикатури на пророкот Мухамед, заедно со напаѓачите кои отворија оган врз неговите вработени, нагласувајќи дека историјата не може да се препише или избрише. Соопштението доаѓа пред првото судење за напади врз вработени во весникот во јануари 2015 година и два дена подоцна на кошер супермаркетот, потсетува АП.
Убиствата предизвикаа бран насилства извршени од екстремистичката група „Исламска држава“ низ цела Европа. Во нападите загинаа 17 лица, од кои 12 новинари и карикатуристи, како и сите тројца напаѓачи. Група од 13 мажи и жени обвинети за снабдување со оружје на напаѓачите и обезбедување логистичка поддршка ќе им се суди утре. Во едиторијалот што ќе биде објавен оваа недела, весникот наведува дека, иако одбил да ги објави карикатурите на Мухамед од нападот, сега тоа е потребно зада се означи почетокот на судењето.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/makron-ne-treba-jas-da-ocenuvam-objavuvanje-na-karikaturi-vo-sharli-ebdo-foto/feed/ 0
Пет години од атентатот во „Шарли Ебдо“- весникот го одбележува на свој начин https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pet-godini-od-atentatot-vo-sharli-ebdo-vesnikot-go-odbelezuva-na-svoj-nachin/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pet-godini-od-atentatot-vo-sharli-ebdo-vesnikot-go-odbelezuva-na-svoj-nachin/#respond Tue, 07 Jan 2020 09:52:01 +0000 https://kurir.mk/?p=286377

Денеска се навршуваат пет години откако се случи терористичкиот напад во редакцијата на Шарли Ебдо, при што загинаа дванаесет лица. Во својот специјален број, сатиричниот весник ги напаѓа новите цензури и им дава глас на роднините на жртвите, јавува дописникот на МИА. Тоа беше 7 јануари 2015 година. Помина пет години откако нападот ја разретчи редакцијата на Шарли Ебдо. Неделникот на свој својствен начин му посветува специјално издание на овој трагичен напад, посветен на новите форми на цензура и ги напаѓа „новите гуруа на форматирана мисла“. Насловната страница на овој специјален број, е цртеж потпишан од Коко. Сатиричниот весник им дава можност на роднините на своите убиени новинари, како Мариз Волински, вдовица на познатиот карикатурист. Таа го опишува „животот после“ како „нема боја, ниту вкус“ и повторно поставува некои од прашањата што се појавиле по нападот: -Зошто обезбедувањето на Шарли Ебдо, сатиричен весник кој добиваше закани педесет пати на ден, беше отстрането на крајот на ноември 2014 година? За да заштедите пари? За да се заштити полицијата? Државна тајна! ”. Вдовицата на Кабу, Вероник Кабу, им оддава почит на жртвите и се заблагодарува на „сегашниот тим за продолжување секоја недела на овој борбен спорт за слобода на изразување “. Страницата посветена на саканите и насловена „Сите да бидете живи и да се смеете“ Мајката на Шарб Дениз, се сеќава на патот на нејзиниот син и „неговата сила на карактерот, неговата напорна работа, неговата постојана љубопитност“. -Бевме наречени„ недостојни родители “ кога го нацрта Мухамед. Но, ние знаевме подобро од секој дека ги брани принципите, ги знаевме неговите вредности подобро од сите и се восхитувавме на неговата луцидност и храброст“, вели таа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pet-godini-od-atentatot-vo-sharli-ebdo-vesnikot-go-odbelezuva-na-svoj-nachin/feed/ 0
„Шарли ебдо“ и по 5 години од нападот останува критичар на општеството https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sharli-ebdo-i-po-5-godini-od-napadot-ostanuva-kritichar-na-opshtestvoto/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sharli-ebdo-i-po-5-godini-od-napadot-ostanuva-kritichar-na-opshtestvoto/#respond Mon, 06 Jan 2020 10:28:33 +0000 https://kurir.mk/?p=286109

Францускиот сатиричен неделник Шарли Ебдо, во новиот број посветен на петтата годишнина од терористичкиот напад врз нивната редакција, во кој загинаа 12 новинари и карикатуристи, ги критикува новите форми на цензура и „нови гуруа на форматираната мисла“, објавија денеска француските медиуми. Неделникот утре ќе ги продолжи своите критики кон општеството во сатиричен дух и со црн хумор, токму на годишнината од нападот, кој не се откажа дури и по нападот, јави Бета. „Вчера можевме да го пцуеме Бога, војската, црквата и државата … Денес треба да научиме да пцуеме тирански здруженија, малцински заедници, блогери и блогерки кои ни делат удари по рацете како мали школски учители“, напиша Рис, директор на редакцијата на весникот. Рис нагласи дека „политичката коректност наметнува промена во правописот и не советува да не користиме зборови што можат да му пречат на некого“. Новинарот ги критикуваше „новите цензори кои сметаат дека се кралеви на светот зад тастатурата на паметни телефони“. „Поранешниот пламен на пеколот отстапи место на одвратните твитови“, додаде Рис, чиј весник по нападот ја продолжи сатирата и критиката на општеството и дека нема табуа. На насловната страница е цртеж на кој се наоѓа џинов паметен телефон со натписи на главните социјални мрежи што го кршат јазикот и раката на карикатуристи. Насловот на цртежот е „Нови цензури … Нови диктатури“. Новиот број вклучува и изјави од семејствата на убиените новинари, кои се заблагодаруваат на весникот за продолжување на борбата за слобода на изразување. На 7 јануари 2015 година, браќата Шериф и Саид Куаши упаднаа во редакцијата на сатиричниот весник во Париз, и убија 12 познати новинари и карикатуристи, извикувајќи дека го одмаздиле пророкот (Мухамед). Редакцијата на весникот оттогаш е преместена на непозната локација која наликува на, како што велат новинарите, бункер со вооружено обезбедување и решетки на прозорците. Ден по нападот, Амеди Кулибали уби полициски службеник во предградието на Париз, а на 9 јануари уби четворица мажи што ги зеде како заложници во еврејската продавница во Париз. Бран невидени џихадистички напади почна во Франција на 7 јануари 2015 година, при што загинаа 241 лице. Десет месеци по нападот во јануари, уште еден, уште поголем терористички напад се случи во Париз на 13 ноември, при што загинаа 130, а беа повредени повеќе од 350 луѓе.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sharli-ebdo-i-po-5-godini-od-napadot-ostanuva-kritichar-na-opshtestvoto/feed/ 0
ФОТО: „Шарли Ебдо“ го искористи пожарот во Нотр Дам за да го „исмее“ Макрон- читателите со една единствена порака, преблаги сте! https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/foto-sharli-ebdo-go-iskoristi-pozarot-vo-notr-dam-za-da-go-ismee-makron-chitatelite-so-edna-edinstvena-poraka-preblagi-ste/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/foto-sharli-ebdo-go-iskoristi-pozarot-vo-notr-dam-za-da-go-ismee-makron-chitatelite-so-edna-edinstvena-poraka-preblagi-ste/#respond Tue, 16 Apr 2019 15:19:18 +0000 https://kurir.mk/?p=187276

Симболот на Париз, познатата катедрала Нотр Дам вчера беше зафатена од голем пожар, кој предизвика огромна штета. И додека светските медиуми известуваат за трагичниот настан, овој сатиричен весник го искористи за да го „боцне“ претседателот Емануел Макрон. На насловната страна на весникот се наоѓа карикатура на Макрон, кому од главата му излегуваат двете запалени кули од катедралата Нотр Дам. На црвена позадина со бели букви пишува „реформи“, а покрај Макрон има облаче во кое пишува „Ќе почнам од рамката“, што е референца на сетот мерки кои претседателот требаше да ги претстави синоќа во телевизиско обраќање, но и поради фактот дека „рамката“, односно покривот на катедралата е целосно уништен во синоќешниот пожар. Дел од корисниците на Твитер коментираа дека овојпат „Шарли Ебдо“ бил „преблаг“ во однос на претходните случувања, како што беше случајот со земјотресот во Италија во кој имаше стотици ранети и загинати. „Шарли Ебдо“ е познат по исмејувањето политичари и други јавни личности, но често е изложен на критика поради цртежите за религија, различни катастрофи и терористички напади, и во земјата и во странство. Откако во 2015 година објавија карикатура за пророкот Мухамед, двајца вооружени исламски екстремисти влегоа во просториите на редакцијата и убија 12 лица, меѓу кои и познати карикатуристи во списанието.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/foto-sharli-ebdo-go-iskoristi-pozarot-vo-notr-dam-za-da-go-ismee-makron-chitatelite-so-edna-edinstvena-poraka-preblagi-ste/feed/ 0
Обвинителството бара да им се суди на 14 лица поврзани со нападот на „Шарли Ебдо“ во Париз https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/obvinitelstvoto-bara-da-im-se-sudi-na-14-lica-povrzani-so-napadot-na-sharli-ebdo-vo-pariz/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/obvinitelstvoto-bara-da-im-se-sudi-na-14-lica-povrzani-so-napadot-na-sharli-ebdo-vo-pariz/#respond Fri, 21 Dec 2018 17:20:03 +0000 https://kurir.mk/?p=143446

Обвинителството на Париз денеска побара да им се суди на 14 лица осомничени за различни степени на логистичка поддршка на сторителите на терористичките напади врз „Шарли Ебдо“, во кои беа убиени 17 лица во јануари 2015 година, јави дописникот на МИА. Истражниот судија против тероризам сега треба да одлучи дали ќе им се суди на сите или само на оние осомничени во специјално конституиран кривичен суд, четири години по терористичките напади извршени од браќата Куачи и Амеди Кулибали, првите од џихадистичкиот бран во Франција, во кој загинаа 251 лице. Паралелно со ова, француските медиуми објавија дека за џихадистот Петар Шериф, кој беше уапсен во Џибути и се смета за близок со браќата Куачи сторителите на нападот врз „Шарли Ебдо“, не е издадена потерница, изјави судски извор. Петер Шериф, според некои извори е еден од осомничените организатори на нападот на „Шарли Ебдо“, и тој им е добро познат на француските полициски и судски органи, како џихадист познат под псевдонимот Абу Хамза. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/obvinitelstvoto-bara-da-im-se-sudi-na-14-lica-povrzani-so-napadot-na-sharli-ebdo-vo-pariz/feed/ 0
Уапсен џихадист поврзан со нападот врз „Шарли ебдо“ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uapsen-dzihadist-povrzan-so-napadot-vrz-sharli-ebdo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uapsen-dzihadist-povrzan-so-napadot-vrz-sharli-ebdo/#respond Fri, 21 Dec 2018 07:04:57 +0000 https://kurir.mk/?p=143054

Осомничен француски џихадист, поврзан со нападот врз сатиричен неделник „Шарли ебдо“ во Париз пред три години, уапсен е во Џибути. Се претпоставува дека уапсениот имал контакти со браќата Шериф и Саид Кваши, кои го извршија нападот врз редакцијата на „Шарли едбо“ во јануари 2015 година, при што убија 12 луѓе, пред да бидат застрелани од полицијата. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uapsen-dzihadist-povrzan-so-napadot-vrz-sharli-ebdo/feed/ 0