шатори – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 03 Jul 2022 20:36:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png шатори – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ФОТО: Поставени шатори, граѓаните остануваат пред Влада https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-postaveni-shatori-gragjanite-ostanuvaat-pred-vlada/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-postaveni-shatori-gragjanite-ostanuvaat-pred-vlada/#respond Sun, 03 Jul 2022 20:36:20 +0000 https://kurir.mk/?p=699377

Дел од граѓаните кои протестираа против францускиот предлог остануваат вечерва пред Влада. Тие поставија и шатори, а други дојдоа со своите возила. Како што беше кажано, вечерва дел од граѓаните ќе останат пред Владата, а утре протестот повторно продолжува во 19 часот. Дека е можно да се останува пред Владата, најави и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Голем број граѓани и денеска присуствуваа на сенародниот протест кој одржува под мотото „УЛТИМАТУМ – Не благодарам“. Според учесниците, негирањето на правото на самоопределување и условувањето на македонските европски интеграции со прифаќањето еднострано бришење на културната и историската посебност и еднострано непризнавање на јазикот, не е дел од критериумите за членство во ЕУ ниту правило меѓу државите членки.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-postaveni-shatori-gragjanite-ostanuvaat-pred-vlada/feed/ 0
Во Кичево пациентите со коронавирус се примаат во шатори, власта без слух https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-kichevo-pacientite-so-koronavirus-se-primaat-vo-shatori-vlasta-bez-sluh/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-kichevo-pacientite-so-koronavirus-se-primaat-vo-shatori-vlasta-bez-sluh/#respond Sat, 24 Oct 2020 12:10:09 +0000 https://kurir.mk/?p=420139

Зголемениот број на заразени и починати лица е показател дека коронавирусот продолжува да го зема својот данок, но и дека власта неуспешно се справува со здравствената криза. Имено, сведоштвата од граѓаните говорат дека власта нема слух ниту за овој проблем со кои се соочува не само Македонија, туку цел свет, а за тоа говори и фактот дека инфицираните пациенти од корона вирус во Кичево наместо во kовид центар, се примаат во шатори пред болницата. Според информациите кои излегоа во јавноста општина Кичево е еден од поголемите градови кои нема ковид центар за лекување на пациенти, туку се примаат пациентите за лекување од корона кризата во шатори. Како што вели директорот на здравствениот дом Џабир Бајрам, болницата нема ниту инфективно одделение туку само амбуланта со еден инфектолог, ниту епидемиолошка служба па повремено доаѓаат епидемиолози од Битола. Директорот Бајрам се жали дека бројот на ново заразени во Кичево е во пораст, па се надева на помош од Министерството за здравство да постави барака со неколку соби и санитарни јазли за третман на пациентите од регионот. -Во последно време бројот на инфицирани со вирусот Ковид во Кичево е во пораст. Оваа ситуација е резултат и на наш пропуст, бидејќи не успеавме навреме да се организираме и да отвориме ковид центар во склоп на центарот и да можеме пациентите со лесна и средна клиничка слика да ги третираме во Кичево. Немаме ниту просторија за дневен третман на пациенти. Ние сме примарна медицинa, немаме ние услови и можност за третман на пациенти со Ковид, рече Џабир Бајрами, директор на Здравствен дом Кичево. Деновиве кога има пораст на заболени пациенти од корона речиси и да нема место за прием на пациент од кичевскиот регион во регионалните ковид болници во Битола и Гостивар каде се третираат пациентите со потешка клиничка слика. Докторот во приватна амбуланта Генц Селмани вели дека согласно протоколите задолжени се да ги пријават пациентите со симптоми на ковид во ковид центрите во Битола, Охрид или Гостивар, но дека последните денови се одбиени зошто таму нема место, а пациентите се оставени на милост и немилост. -Фактички пациентите кои имаат симптоми на ковид 19,ние со договор или со протоколот задолжени сме да ги пријавуваме во ковид центрите ви Битола, Охрид или Гостивар. За жал последните дена одбиени сме бидејќи нема место таму, и пациентите од Кичево се оставени на ,милост на судбината и среќата. Ги повикувам институциите што по брзо да преземат нешто. Да се направи импровизирана болница каде можат пациентите да добијат помошта, односно терапија со инфузија, вели Селмани. Директорот на кичевска болница доктор Станко Трпески најавува дека ќе се изврши реорганизација на просториите и создавање на услови за третман на пациентите инфицирани од Kовид-19. -Сега со стручниот колегиум ќе најдеме соодветен простор каде што ќе бидат опслужени пациенти што се суспектни. Сите ковид пациенти кои се на домашно лекување се истријажирани преку нашата институција. Преку лабораторија, трансфузија, рендген, повеќе од 20 пациенти, дали суспектни, дали позитивни се опслужени од нашата институција. Тоа не значи дека ние како институција не работиме со ковид позитивни, само што немаме лежечки ковид позитивни, рече Трпески. Во моментот во болницата во Кичево четворица лекари се позитивни на Ковид-19, помеѓу кои еден гинеколог, инфектолог и двајца интернисти.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-kichevo-pacientite-so-koronavirus-se-primaat-vo-shatori-vlasta-bez-sluh/feed/ 0
Кичево нема ковид центар, пациенти се примаат во шатор https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/kichevo-nema-kovid-centar-pacienti-se-primaat-vo-shator/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/kichevo-nema-kovid-centar-pacienti-se-primaat-vo-shator/#respond Thu, 22 Oct 2020 13:28:32 +0000 https://kurir.mk/?p=419448

Кичево е единствениот од поголемите градови во Македонија, каде нема ковид центар, за лекување на пациентите инфицирани од Ковид 19, предупредуваат лекарите. Дополнително во болницата, нема епидемиолошка служба, па повремено доаѓаат епидемиолози од Битола, а нема ниту инфективно одделение, туку само амбуланта, со еден инфектолог. Директорот на здравствениот дом, Џабир Бајрами , вели дека ова е критичен период за Кичево. Toj се надева дека со помош од Министерството за здравство ќе се поставува барака со неколку соби и санитарни јазли, за третман на пациентите од регионот, пренесува Алсат-М. „Во последно време бројот на инфицирани со вирусот Ковид во Кичево е во пораст. Оваа ситуација е резултат и на наш пропуст, бидејќи не успеавме навреме да се организираме и да отвориме ковид центар во склоп на центарот и да можеме пациентите со лесна и средна клиничка слика да ги третираме во Кичево. Немаме ниту просторија за дневен третман на пациенти. Ние сме примарна медицинa, немаме ние услови и можност за третман на пациенти со Ковид“, рече Џабир Бајрами-директор на здравствен дом Кичево. Во отсуство на соодветен простор во болницата во Кичево, изминатите неколку месеци за прием на пациенти сомнителни на Ковид 19, се користи шатор. Целиот текст може да го прочитате на Алсат-м.тв]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/kichevo-nema-kovid-centar-pacienti-se-primaat-vo-shator/feed/ 0
Американските училишта поради епидемијата подготвуваат настава надвор, купуваат и шатори https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanskite-uchilishta-poradi-epidemijata-podgotvuvaat-nastava-nadvor-kupuvaat-i-shatori/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanskite-uchilishta-poradi-epidemijata-podgotvuvaat-nastava-nadvor-kupuvaat-i-shatori/#respond Tue, 11 Aug 2020 09:31:15 +0000 https://kurir.mk/?p=389159

Многу американски училишни згради лошо се проветруваат што го зголемува ризикот од коронавирус, а учебната година во некои почнува веќе овој месец, пишуваат американските медиуми. После седум години колку што е расипан уредот за централна вентилација во едно средно училиште во Њујорк, каде предава Лиза Фицџералд Оконор, а новата учебна година се приближува во екот на епидемијата, таа и нејзините колеги се закануваат дека нема да дојдат на работа доколку не се поправи. Училиштата ширум САД имаат слични проблеми – стара климатизација и греење, вентилација што не работи добро или воопшто не работи затоа што одржувањето и замената биле одложувани поради малите училишни буџети. Затоа во некои окрузи, дури и во постудените делови на САД, планираат наставата да се изведува надвор поради здравјето на учениците и наставниците. Се проценува дека 41 отсто од училишните области во САД треба да ги модернизираат или заменат системите за греење, вентилација и ладење во најмалку половина од нивните училишта, се вели во сојузен извештај објавен во јуни. – Нема докази дека болеста Ковид-19 може да се шири преку системите за вентилација од една во друга училница, изјави доктор р Едвард Нардел, професор на Медицинскиот факултет на Харвард кој е специјализиран за пренесување на болести преку воздух. Опасноста, според него, е неефикасниот систем за вентилација што не ги отстранува лебдечките вируси, туку тие се задржуваат во училниците ако ги исфрли заразено лице со дишење, кивање или кашлање. – Повеќето училишни згради се проектирани за удобност, а не за борба против зараза. Значи, ако ставите 20 деца во иста просторија, а едно од нив има асимптоматски Ковид и е заразно, постои опасност другите 19 деца да се заразат, рече Нардел. Иако здравите деца речиси секогаш лесно закрепнуваат од Ковид-19, ако воопшто се разболат, тие можат да ја пренесат болеста на наставниците, родителите и другите луѓе. Нардел смета дека училиштата треба да размислат да стават ултравиолетова светлина на таваните на училниците, што се користела во 1950-тите и претходно за борба против сипаници, туберкулоза и други заболувања кои се пренесуваат преку воздух, и сè уште се користи во болници и засолништа за бездомници. Вирусите и бактериите се уништуваат со помош на спектарот на УВ светлината кој е безбеден за луѓето. Производителите велат дека овие уреди би чинеле 3.000 долари (2.500 евра) по училница. Некои, вклучително и секретарот за образование, Бетси Девос, велат дека решението може да биде да се предава надвор, што е направено за време на епидемиите на туберкулоза и грип во раните 1900-ти, дури и на студено време. Коронавирусот се шири помалку ефикасно надвор и ќе биде полесно да се организира учениците да седнат на два метра растојание. Неколку училишта во североисточниот дел на САД купиле големи свадбени шатори и планираат да ги користат за часови на отворено до ноември. Едно средно училиште во Бетел, Вермонт, потрошило 50.000 долари (42.000 евра) на шатори и уште 20.000 (17.000 евра) на мобилни тоалети, дополнително опремени за миење раце. Додека некои училишта ги опремија шаторите со грејни тела на пропан, директорот на тоа училиште Овен Бредли рече дека неговите ученици можат да ги издржат очекуваните ноемвриски дневни температури од околу нула Целзиусови степени во шаторите без греење. Бредли рече дека придобивка од тоа ќе биде студентите подобро да ја разберат и повеќе да ја ценат природата. Во училиштата кои оваа есен сепак ќе работат во училници, од учениците ќе се бара или барем „силно ќе се предлага“ да носат маски, но надлежните велат дека е потребно и проветрување. Џенет Робинсон, училишен надзорник во Стратфорд, Конектикат, рече дека некои од 13-те училишта во нејзината област биле изградени пред 80 до 100 години и не можат да се модернизираат за да имаат модерна вентилација. Проблемот е што училниците се градени за 15 ученици, но во нив обично има по 25, со што е невозможно да се одржи пропишаната санитарно растојание, рече таа. – Наивно е кога политичар или кој било ќе рече, „Само донесете ги (учениците) и чувајте ги на растојание од два метри едни од други“, рече таа. Брајан Тот, началник на училишната област Сент Мерис во северна Пенсилванија, рече дека во пет училишта, замената на системот за вентилација би чинела најмалку 600.000 долари (500.000 евра) по училиште. Затоа, кога учебната година ќе почне на 31 август, од учениците во тие училишта ќе се бара секогаш да носат маски, но законот за Пенсилванија ги ослободува децата од ваквите обврски ако родителите не сакаат. – Кога беа изградени училишта, никој не очекуваше дека треба да има најмалку два метра празен простор околу секој ученик во училницата. Напротив, учениците во училниците се напикани како сардини и сега имаме последици, рече Тот. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanskite-uchilishta-poradi-epidemijata-podgotvuvaat-nastava-nadvor-kupuvaat-i-shatori/feed/ 0
Родителите на децата со посебни потреби поставуваат шатори пред Владата во Софија https://arhiva.kurir.mk/svet/region/roditelite-na-decata-so-posebni-potrebi-postavuvaat-shatori-pred-vladata-vo-sofija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/roditelite-na-decata-so-posebni-potrebi-postavuvaat-shatori-pred-vladata-vo-sofija/#respond Mon, 10 Aug 2020 11:00:43 +0000 https://kurir.mk/?p=388781

Родители на деца со посебни потреби во Бугарија од иницијативата „Системот нè убива“ планираат да ги преместат шаторите на локација пред зградата на Владата, соопштија денеска претставници на иницијатива. Демонстрантите во Софија деблокираа една од трите раскрсници што ги окупираа за време на антивладините протести, кои денеска влегоа во 33-от ден. Откако полицијата во петокот ги отстрани шаторите од клучните крстосници во Софија, група демонстранти во саботата повторно ги поставија и го блокираа сообраќајот. Полицијата овој пат не ги отстрани шаторите. Полицијата соопшти ќе продолжи да се обидува да ги убеди демонстрантите да ги отстранат блокадите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/roditelite-na-decata-so-posebni-potrebi-postavuvaat-shatori-pred-vladata-vo-sofija/feed/ 0
Бугарската полиција ги отстрани шаторите на демонстрантите, уапсени 12 лица https://arhiva.kurir.mk/svet/region/bugarskata-policija-gi-otstrani-shatorite-na-demonstrantite-uapseni-12-lica/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/bugarskata-policija-gi-otstrani-shatorite-na-demonstrantite-uapseni-12-lica/#respond Fri, 07 Aug 2020 08:46:14 +0000 https://kurir.mk/?p=387581

Бугарската полиција рано утрово ги отстрани шаторите на демонстрантите од три важни контролни пункта во центарот на Софија, што го блокираа сообраќајот, и притоа беа приведени 12 луѓе, меѓу кои и организаторите на протестот. Организаторите беа уапсени затоа што одбија да ја извршат наредбата, односно немале лични карти, пренесува БТА. Подоцна беа ослободени. Демонстрантите поставија шатори пред зградата на Советот на министри, Универзитетот во Софија и мост, блокирајќи го сообраќајот. Според полицијата, при отстранување на шаторите не била користена сила. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/bugarskata-policija-gi-otstrani-shatorite-na-demonstrantite-uapseni-12-lica/feed/ 0
Демонстранти поставија шатори и го блокираа сообраќајот во Софија https://arhiva.kurir.mk/svet/region/demonstranti-postavija-shatori-i-go-blokiraa-soobrakjajot-vo-sofija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/demonstranti-postavija-shatori-i-go-blokiraa-soobrakjajot-vo-sofija/#respond Thu, 30 Jul 2020 06:22:30 +0000 https://kurir.mk/?p=383454

На две крстосници во центарот на Софија целосно е блокиран сообраќајот од страна на демонстрантите кои уште синоќа се заканија дека ќе постават шаторски камп. Полицијата го пренасочува и го регулира сообраќајот, а јавниот превоз го измени возниот ред. Во повеќе од десет бугарски градови вчера се одржаа најмасовните антивладини протести, кои се одржуваат веќе 21 ден по ред. Беа блокирани клучни улици во Софија и во другите градови. Барањата на демонстрантите остануваат непроменети, а тоа се оставки на Владата, лично на премиерот Бојко Борисов, на јавниот обвинител Иван Гешев и одржување на фер избори. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/demonstranti-postavija-shatori-i-go-blokiraa-soobrakjajot-vo-sofija/feed/ 0