Шефик Џаферовиќ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 28 Sep 2022 13:56:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Шефик Џаферовиќ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Џаферовиќ: БиХ не ги признава референдумите на проруските сепаратисти во Украина https://arhiva.kurir.mk/svet/region/dzaferovikj-bih-ne-gi-priznava-referendumite-na-proruskite-separatisti-vo-ukraina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/dzaferovikj-bih-ne-gi-priznava-referendumite-na-proruskite-separatisti-vo-ukraina/#respond Wed, 28 Sep 2022 13:56:39 +0000 https://kurir.mk/?p=738569

Босна и Херцеговинане ги признава, ниту ќе ги прифати резултатите од сепаратистичките референдуми спроведени во деловите на Украина под руска окупација, потврди денеска претседавачот на Претседателството на БиХ, Шефик Џаферовиќ. „Таквите референдуми, Босна и Херцеговина никогаш нема да ги признае, бидејќи немаат правна основа, претставуваат груб напад на Повелбата на ОН со цел насилна анексија на територијата на суверена држава, а, на крај, освен нелегалноста, овие референдуми недемократски ги прави и тоа што се одржуваат во услови на воена окупација“, се наведува во посебната изјава доставена до медиумите од кабинетот на Џаферовиќ. Тој тврди дека, согласно претходно усвоените позиции за војната во Украина, БиХ доследно го почитува суверенитетот и територијалниот интегритет на државата и ќе остане дел од апсолутното мнозинство на меѓународната заедница, која низ резолуцијата на Генералното собрание на ОН за агресијата врз Украина и други акти, го потврди ова определување. Претходно српскиот член на Претседателството на БиХ, Милорад Додик даде поддршка за референдумите организирани од проруските сепаратисти во Украина.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/dzaferovikj-bih-ne-gi-priznava-referendumite-na-proruskite-separatisti-vo-ukraina/feed/ 0
Додик побара Џаферовиќ да поднесе оставка поради самоволни изјави https://arhiva.kurir.mk/svet/region/dodik-pobara-dzaferovikj-da-podnese-ostavka-poradi-samovolni-izjavi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/dodik-pobara-dzaferovikj-da-podnese-ostavka-poradi-samovolni-izjavi/#respond Tue, 17 May 2022 13:00:43 +0000 https://kurir.mk/?p=677859

Српскиот член на Претседателството на БиХ Милорад Додик денеска побара оставка од претседателот на Претседателството на БиХ, Шефик Џаферовиќ, предупредувајќи дека доколку Џаферовиќ не поднесе оставка, ќе побара негова смена. – Ако претседавачот не поднесе оставка до следната седница на претседателството, ќе побарам негова смена, изјави Додик за новинарите во Сараево. Тој го обвини Џаферовиќ за „самоволни изјави“, а особено го прекори за неговиот неодамнешен говор во Советот за безбедност на ОН, нагласувајќи дека нема одобрение од Претседателството на БиХ и дека ги искажува своите лични ставови. – Речиси на сите нивоа е видлива една вертикала, која доаѓа од Партијата за демократска акција (СДА) и која од Претседателството на БиХ, односно Министерството за надворешни работи, дејствува надвор од Уставот, надвор од Деловникот“, рече Додик и воедно изрази незадоволство и од работата на министерката за надворешни работи на БИХ Бисера Турковиќ. Додик изјави дека СДА го „узурпирала“ Министерството за надворешни работи, каде што „умешно го искористиле тоа што ниту еден од шесте водечки луѓе во тоа министерство не е Србин“. Додик оцени дека од сите партии во БиХ само СДА има одредби во својата програма со кои се прекршува Дејтонскиот договор и дека Џаферовиќ „постапува во согласност со тоа“. Српскиот член на Претседателството ги обвини Бошњаците дека „сакаат да им угодат на странците од Запад“ со воведување санкции кон Русија, оценувајќи дека е подобро сите во БиХ да задржат неутрален статус во однос на ситуацијата во Украина, особено поради енергетската политика. Додик, исто така, рече дека БиХ „ќе биде земја на два ентитета и три конститутивни народи, или нема да ја има“. (MИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/dodik-pobara-dzaferovikj-da-podnese-ostavka-poradi-samovolni-izjavi/feed/ 0
БиХ ја повикува Хрватска да не и се меша во внатрешните работи https://arhiva.kurir.mk/svet/region/bih-ja-povikuva-hrvatska-da-ne-i-se-mesha-vo-vnatreshnite-raboti/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/bih-ja-povikuva-hrvatska-da-ne-i-se-mesha-vo-vnatreshnite-raboti/#respond Thu, 05 May 2022 16:19:41 +0000 https://kurir.mk/?p=672501

Претседавачот на Претседателството на БиХ, Шефик Џаферовиќ, денеска ги повика хрватските власти да престанат да се мешаат во внатрешните работи на неговата земја. По церемонијата во чест на децата убиени во Сараево за време на српската опсада на градот од 1992 до 1995 година, Џаферовиќ изјави дека не сака да полемизира со оние кои често ја коментираат ситуацијата во БиХ, „бидејќи тоа само дополнително придонесува за нејзино влошување“ и ги повика соседите да ја „остават на мир“ неговата земја. - Ги советувам нашите соседи, вклучително и Република Хрватска, да ја остават БиХ на мир. Ќе ги регулираме нашите односи онака како што мислиме дека треба да бидат регулирани. Ние сме самостојна, независна, меѓународно призната држава и тие според Дејтонскиот мировен договор имаат обврска да го почитуваат суверенитетот и територијалниот интегритет на БиХ, рече Џаферовиќ. Тој додаде дека нема намера да презема никакви чекори кои дополнително ќе ја влошат состојбата во земјава, а истото го очекува и од соседните земји. - Она што се прави е всушност мешање во внатрешните работи на БиХ, рече Џаферовиќ, алудирајќи на изјавите од Хрватска кои ја оспоруваат законитоста на одржувањето на изборите во БиХ закажани за 2 октомври. Џаферовиќ порача дека овие избори секако ќе се одржат и тоа во согласност со важечкиот закон кој, како што рече, секој има обврска да го почитува. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/bih-ja-povikuva-hrvatska-da-ne-i-se-mesha-vo-vnatreshnite-raboti/feed/ 0
Џаферовиќ: Формирање на војска на РС е опасно по мирот во БиХ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/dzaferovikj-formiranje-na-vojska-na-rs-e-opasno-po-mirot-vo-bih/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/dzaferovikj-formiranje-na-vojska-na-rs-e-opasno-po-mirot-vo-bih/#respond Mon, 18 Apr 2022 13:00:36 +0000 https://kurir.mk/?p=664781

Претседавачот со Претседателството на Босна и Херцеговина, Шефик Џаферовиќ денеска изјави дека најавата на неговиот српски колега Милорад Додик за пролонгирање на преземање на ингеренциите на државата во областа на армијата и одбраната, е дополнителен запалив чекор, што ја дестабилизира ситуацијата во БиХ. Џаферовиќ оцени дека Додик мора да ги повлече сите потези што ги презеде во изминатиот период. Тој додаде дека тоа е единствениот начин за обезбедување на мир во БиХ. – Тоа, меѓу другото, значи прифаќање на одлуката на високиот претставник за суспендирање на Законот за недвижен имот и за запирање на нападите врз Дејтонскиот договор и неговата реформска имплементација, без никакво одложување или пролонгирање, истакна Џаферовиќ. Тој додаде дека ентитетот ниту сега ниту по шест месеци не може да презема надлежности од државата Според Џаферовиќ „во најголем интерес за сите е да се запре Додик и на тој начин да го зачува мирот во БиХ“. – Да се најави формирање на неуставна армија во ентитетот, во ваква тензична ситуација во Европа по руската инвазија врз Украина, тоа може да го направи само човек кој работи за своите интереси и го поткопува мирот. Од најголем интерес за зачувување на Дејтонскиот договор, безбедноста и стабилноста во БиХ и регионот е да се запре Додик бидејќи мирот во БиХ и во Европа е поважен од еден деструктивен политичар, истакна Џаферовиќ. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/dzaferovikj-formiranje-na-vojska-na-rs-e-opasno-po-mirot-vo-bih/feed/ 0
Џаферовиќ од 20 март ќе претседава со Претседателството на БиХ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/dzaferovikj-od-20-mart-kje-pretsedava-so-pretsedatelstvoto-na-bih/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/dzaferovikj-od-20-mart-kje-pretsedava-so-pretsedatelstvoto-na-bih/#respond Fri, 18 Mar 2022 16:12:56 +0000 https://kurir.mk/?p=649698

Бошњачкиот член на Претседателството на Босна и Херцеговина, Шефик Џаферовиќ на 20 март ја презема функцијата претседавач, соопшти денеска Претседателството на БиХ. Џаферовиќ ќе претседава со претседателството во следните осум месеци. Неговото именување е по принципот на ротација и тој ќе го замени досегашниот претседавач Жељко Комшиќ. Ротацијата на членовите на Претседателството на функцијата претседавач е утврдена со Уставот на БиХ. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/dzaferovikj-od-20-mart-kje-pretsedava-so-pretsedatelstvoto-na-bih/feed/ 0
Скандал поради српско знаме во Претседателството на БиХ, Комшиќ ќе го пријави Додик https://arhiva.kurir.mk/svet/region/skandal-poradi-srpsko-zname-vo-pretsedatelstvoto-na-bih-komshikj-kje-go-prijavi-dodik/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/skandal-poradi-srpsko-zname-vo-pretsedatelstvoto-na-bih-komshikj-kje-go-prijavi-dodik/#respond Fri, 23 Nov 2018 19:04:28 +0000 https://kurir.mk/?p=131356

Хрватскиот и бошњачкиот член на Претседателството на БиХ, Желко Комшиќ и Шефик Џаферовиќ, денеска најавија дека ќе го пријават својот српски колега, Милорад Додик,  кој во државните канцеларии на врвот внесе знаме на Република Српска (РС), со што го прекршил законот. Додик претходно влезе во свечената сала на Претседателството, во која ги прими акредитивите на новиот амбасадор на Србија, го внесе знамето на српскиот ентитет, иако е тоа спротивно на Законот за знамето на БиХ и правилата за работа на државниот врв. Законот предвидува дека при прием на амбасадор треба да се истакне само знамето на БиХ и знамето на државата од која доаѓа амбасадорот. Членовите на Претседателството на БиХ, Жељко Комшиќ и Шефик Џаферовиќ, нема да толерираат неодговорност, ароганција и кршење на законите, што денеска беше искажано од претседателот на Претседателството на БиХ, Милорад Додик. Со денешната постапка, Додик ја оцрни церемонијата на предавање на  акредитивните писма и ја наруши меѓународната репутација на Претседателството на БиХ, се вели во заедничкото соопштение на Комшиќ и Џаферовиќ. Двајца официјални претставници велат дека Додик и неговите вработени во канцеларијата свесно ги игнорирале предупредувањата на службата за протокол дека поставувањето етнички знамиња не е дозволено и известија дека својот српски колега ќе го пријават за кршење на Законот за знамето на БиХ. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/skandal-poradi-srpsko-zname-vo-pretsedatelstvoto-na-bih-komshikj-kje-go-prijavi-dodik/feed/ 0