Шеик Мохамед бин Зајед бин Ал Нахјан – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 15 Mar 2023 12:06:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Шеик Мохамед бин Зајед бин Ал Нахјан – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Средба на Пендаровски со претседателот на Обединетите Арапски Емирати, Шеик Мохамед бин Зајед бин Ал Нахјан https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sredba-na-pendarovski-so-pretsedatelot-na-obedinetite-arapski-emirati-sheik-mohamed-bin-zajed-bin-al-nahjan/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sredba-na-pendarovski-so-pretsedatelot-na-obedinetite-arapski-emirati-sheik-mohamed-bin-zajed-bin-al-nahjan/#respond Wed, 15 Mar 2023 12:06:59 +0000 https://kurir.mk/?p=812235

Претседателот Стево Пендаровски, денеска во Абу Даби, оствари средба со Шеик Мохамед бин Зајед Ал Нахјан, претседател на Обединетите Арапски Емирати и Владетел на Абу Даби. На средбата беа разменети мислења околу можностите за продлабочување на билатералните односи, интензивирање на економската соработка, актуелните меѓународни и регионални прашања, како и за надворешните приоритети и политичките состојби во двете земји. Претседателот Пендаровски упати честитки за неговото именување за нов претседател на Обединетите Арапски Емирати и изрази уверување дека Обединетите Арапски Емирати ќе останат посветени на одржување на регионалниот и глобалниот мир и безбедност, како наши заеднички заложби. На средбата беше констатиран позитивен развој на билатералните односи меѓу двете земји и изразено очекување дека добриот политички дијалог, мултилатералната соработка и меѓусебното почитување ќе продолжат со иста динамика и во иднина, што ќе резултира со конкретна соработка во повеќе области од заеднички интерес. Претседателот го истакна интересот на Северна Македонија за унапредување на економската соработка и трговската размена со Обединетите Арапски Емирати. Со цел поттикнување и унапредување на соработката меѓу бизнис заедниците, претседателот ја истакна потребата од подобрување на правната рамка меѓу двете земји и ги охрабри иницијативите за склучување на билатерални договори и спогодби за соработка во повеќе области. На средбата беше разговарано за воспоставување на директна авионска линија Скопје-Абу Даби, а беа поздравени иницијативите за поддршка на инвестициски и инфраструктурни проекти од страна на ОАЕ, кои се од стратешки интерес за Северна Македонија и регионот на Западен Балкан. Во рамки на официјалната посета на Обединетите Арапски Емирати, претседателот Пендаровски ја посети Вахат Ал Карама - Оазата на достоинството, каде положи цвеќе и оддаде почит на мачениците и хероите на Обединетите Арапски Емирати. Претседателот Пендаровски ја посети и Големата џамија на Шеик Зајед како едно од импозантните архитектонски дела во Обединетите Арапски Емирати, во чија градба се користени и материјали од Прилеп. Воедно, претседателот Пендаровски ја посети и Аврамската семејна куќа, која со дизајнот и мисијата ги доловува заедничките вредности на јудаизмот, христијанството и исламот и служи како платформа и образовен центар за меѓусебно разбирање, прифаќање и толеранција. Посетата на претседателот Пендаровски на Обединетите Арапски Емирати е прва посета на претседателско ниво. Во рамки на посетата, како дел од соработката меѓу Министерствата за надворешни работи беше потпишан и Меморандум за укинување на визите за носители на дипломатски и службени пасоши меѓу Република Северна Македонија и Обединетите Арапски Емирати.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sredba-na-pendarovski-so-pretsedatelot-na-obedinetite-arapski-emirati-sheik-mohamed-bin-zajed-bin-al-nahjan/feed/ 0