шеќер – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 12 Oct 2023 07:26:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png шеќер – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ОВИЕ производи се полни со скриен шеќер: Читајте го составот пред да ги купите https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/ovie-proizvodi-se-polni-so-skrien-sheker-chitajte-go-sostavot-pred-da-gi-kupite/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/ovie-proizvodi-se-polni-so-skrien-sheker-chitajte-go-sostavot-pred-da-gi-kupite/#respond Thu, 12 Oct 2023 07:26:30 +0000 https://kurir.mk/?p=887927

Како и повеќето прехранбени производи, навидум обичните зачини можат да содржат голема количина шеќер. Поради оваа причина, важно е секогаш да се чита составот. Доколку видите дека производот содржи сируп, декстроза или меласа, не го купувајте, е советот на нутриционистот Лаура Бурак за списанието „Јади ова, не тоа“. Кечап -Повеќето кечапи на пазарот содржат додаден шеќер, најчесто во форма на сируп од пченка со висока содржина на фруктоза, објасни Бурак. Познато е дека консумирањето сируп од пченка доведува до дебелина, отпорност на инсулин и дијабетес. -Внимавајте на изворите на шеќер и задолжително проверете колку грама шеќер има во кечапот што планирате да го купите, додала таа. Сенф Обрнете внимание бидејќи производителите често додаваат шеќер во сенфот за да го подобрат неговиот вкус. Во последно време се попопуларен е шеќерот со сенф, но не е особено добар ниту за здравјето. -Можеби мислите дека сенфот со мед е поздрав, но тоа е далеку од вистината. Медот е само „изговор“ за додавање уште повеќе шеќер на производот, рече таа. Преливи за салата Сите видови преливи за салата што можете да ги најдете во супермаркетите се нездрави бидејќи ја намалуваат хранливата вредност на здравиот оброк. Нутриционистот смета дека најдобрата опција е преливот да го направите сами бидејќи само така ќе се уверите дека не содржи многу шеќер.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/ovie-proizvodi-se-polni-so-skrien-sheker-chitajte-go-sostavot-pred-da-gi-kupite/feed/ 0
Зошто не треба да пиете повеќе од еден засладен пијалок неделно? https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/zoshto-ne-treba-da-piete-poveke-od-eden-zasladen-pijalok-nedelno/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/zoshto-ne-treba-da-piete-poveke-od-eden-zasladen-pijalok-nedelno/#respond Tue, 11 Apr 2023 14:33:26 +0000 https://kurir.mk/?p=822911

Луѓето не треба да пијат повеќе од еден пијалок неделно засладен со шеќер, велат научниците откако новото истражување го поврза високото ниво на консумирање шеќер со широк спектар на здравствени состојби. За секој дополнителен засладен пијалок неделно, луѓето можат да ги зголемат своите шанси за развој на голем број болести, велат авторите. Тие рекоа дека високата потрошувачка на шеќер е „генерално повеќе штетна отколку корисна за здравјето“. Авторите се повикуваат на повеќе истражувања за врската помеѓу високата потрошувачка на шеќер и ракот, откако студијата укажа на врската помеѓу двете. Академици во Кина и САД го анализираа влијанието на внесот на шеќер врз здравјето, проучувајќи го постојното истражување, од кои вкупно 73 вклучија 8.601 студија. Прегледот на наодите, објавен во списанието BMJ, сугерира дека поголемото внесување шеќер е поврзано со 45 здравствени проблеми. Авторите откриле „значајни штетни врски“ помеѓу консумирањето шеќер во исхраната и дијабетес, гихт, дебелина, висок крвен притисок, срцев удар, мозочен удар, астма, расипување на забите, депресија, прерана смрт и некои видови на рак - вклучувајќи рак на дојка, простата и панкреас. Кога научниците конкретно ги разгледале пијалоците засладени со шеќер, нашле „умерени“ докази кои сугерираат дека луѓето кои пиеле најмногу засладени пијалоци имале поголема телесна тежина во споредба со оние кои пиеле најмалку. Секој дополнителен пијалок засладен со шеќер дневно бил поврзан со 17 отсто поголем ризик од коронарна срцева болест и 4 отсто поголем ризик од смрт во текот на периодот на следење на прегледаните студии. Секое 25 g дневно зголемување на внесот на фруктоза е поврзано со 22% поголем ризик од рак на панкреасот, сугерира истражувањето.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/zoshto-ne-treba-da-piete-poveke-od-eden-zasladen-pijalok-nedelno/feed/ 0
Кои ризици ги носи високиот шеќер и како да го намалиме! https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/koi-rizitsi-gi-nosi-visokiot-sheker-i-kako-da-go-namalime/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/koi-rizitsi-gi-nosi-visokiot-sheker-i-kako-da-go-namalime/#respond Thu, 06 Apr 2023 10:42:51 +0000 https://kurir.mk/?p=821000

Доколку шеќерот во крвта ви е покачен подолг временски период, може да претставува сериозен ризик за појава на здравствени проблеми. Несомнено е потребно да бидете внимателни и да го следите, без разлика дали имате дијагностициран дијабетес или не. Ако забележите дека се чувстувате жедни или гладни почесто од вообичаено, дека имате заматен вид, вкочанетост или трнење на стапалата, чувство на замор, честа потреба за мокрење, како и појава на разни инфекции на кожата и исекотини и рани кои потешко зараснуваат, потребно е да се обратите кај вашиот лекар за контрола и проверка на нивото на шеќерот во крвта. Препознавањето на раните симптоми може да значи и порана дијагноза, а со тоа и навремен третман и лекување. Доколку ги занемарувате ове симптоми, високото ниво на гликоза во крвта може да доведе до сериозни последици како:
  • срцеви заболувања,
  • мозочен удар,
  • оштетување на нервите,
  • оштетување на бубрезите,
  • оштетување на кожата,
  • нарушен вид,
  • дијабетска кома и смрт.
Ризикот од настанување на овие состојби, може да се намали со регулирање на шеќерот во крвта, односно со негово нормализирање и балансирање. Во овој поглед, подразбираме внимавање и регулирање на исхраната, потоа редовна физичка активност, менаџирање на стресот, воведување на здрави и редовни навики за спиење и сл. Сето ова, може навистина позитивно да влијае, па дури и целосно да ја промени здравствената слика кај лицата со дијабет, а со тоа и да ги намалиме ризиците од посериозни компликации и причини за загриженост за нашето здравје.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/koi-rizitsi-gi-nosi-visokiot-sheker-i-kako-da-go-namalime/feed/ 0
Идната недела одлуки за цените на шеќерот, јајцата и оризот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/idnata-nedela-odluki-za-tsenite-na-shekerot-jajtsata-i-orizot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/idnata-nedela-odluki-za-tsenite-na-shekerot-jajtsata-i-orizot/#respond Thu, 16 Mar 2023 11:31:09 +0000 https://kurir.mk/?p=812683

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска соошти дека на почетокот на наредната недела ќе се донесат одлуки за цените на шекерот, јајцата и оризот. Се уште се прават анализите и, како што информира Бектеши, најверојатно ќе бидат готови утре, кон крајот на денот. -Согласно податоците, на почетокот на наредната недела ќе се донесат соодветни одлуки ако има простор, истакна Бектеши, одговорајќи на новинарски прашања по посетата на скопскиот маркет заедно со премиерот Ковачевски и директорот на Државниот пазарен инспекторат, Горан Трајковски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/idnata-nedela-odluki-za-tsenite-na-shekerot-jajtsata-i-orizot/feed/ 0
Идната недела можно замрзнување на цените и на шеќерот, јајцата и оризот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/idnata-nedela-mozhno-zamrznuvane-na-tsenite-i-na-shekerot-jajtsata-i-orizot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/idnata-nedela-mozhno-zamrznuvane-na-tsenite-i-na-shekerot-jajtsata-i-orizot/#respond Fri, 10 Mar 2023 10:35:27 +0000 https://kurir.mk/?p=810381

Идната недела ќе се направат анализи и ќе се утврди дали ќе бидат замрзнати цените и на шеќерот, јацата и оризот, рече денеска министерот за економија Крешник Бектеши. Како што рече Бектеши на прес-конференција во Владата, цени најверојатно ќе се замрзнат ако производителите не ги намалат. Според него, анализите на Секторот за трговија и на стопанските комори покажале дека повеќето компании ја користат максималната маржа и на некој начин се здружени за да не ги намалат своите профити. -Согласно сите анализи на Секторот за трговија и коморите, се утврдува дека повеќето компании ја користат максималната маржа и на некој начин се здружени за да не ги намалат своите профити. Затоа одлучивме да одиме со замрзнување на цените. Остануваат уште шеќерот, јацата и оризот за кои наредната недела ќе се направат анализи и чии цени најверојатно ќе се замрзнат ако производителите не ги намалат, објасни Бектеши.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/idnata-nedela-mozhno-zamrznuvane-na-tsenite-i-na-shekerot-jajtsata-i-orizot/feed/ 0
ПЕТ начини да го намалите внесот на шеќери и побрзо да ослабнете: Трикови кои можете веднаш да ги спроведете! https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/pet-nachini-da-go-namalite-vnesot-na-shekeri-i-pobrzo-da-oslabnete-trikovi-koi-mozhete-vednash-da-gi-sprovedete/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/pet-nachini-da-go-namalite-vnesot-na-shekeri-i-pobrzo-da-oslabnete-trikovi-koi-mozhete-vednash-da-gi-sprovedete/#respond Fri, 10 Mar 2023 08:53:00 +0000 https://kurir.mk/?p=810312

Вкусни воздушести крофни, чоколадни бисквити, сладолед, колачи, гумени бонбони… Секој од нас има „слаба точка“ кога се во прашање слатките, иако сме свесни дека уживањето во нив е ужас за фигурата, а главниот виновник е секако шеќерот. Само оние кои се обиделе целосно да го исфрлат додадениот шеќер од нивната исхрана знаат колку тоа може да биде тешко и предизвикувачко. Бидејќи шеќерот го има речиси насекаде, дури и во производите каде што не очекуваме да го најдеме. Нутриционистката Лаура Бурак за „Eatthis.com“ издвои пет мудри начини како што полесно да го „симнете“ шеќерот и полесно да го изгубите вишокот килограми. 1. Заменете ги слатките со храна со природни шеќери – Наместо торта, чоколадо, бонбони или сладолед, јадете овошје – советува Лаура. Пожелно е да се јаде храна која содржи природни шеќери, дури и во рамките на порестриктивните диететски режими. 2. Користете поздрави алтернативи Доколку сте голем љубител на слатките, обидете се да ги засладите оброците, но на здрав начин. Нутриционистот предлага во храната или пијалокот да додадете цимет или какао, екстракт од ванила, путер од јаткасти плодови… – Најдете храна која има барем мала количина на природни шеќери; со тек на време ќе ви се променат рецепторите за вкус и нема да сакате храна која е многу слатка – тврди нутриционистот. 3. Внимавајте што пиете Газирани пијалоци, спортски пијалоци, сокови, кафиња, коктели… Само што ја прочитавте листата на течности кои се полни со шеќер и негови замени. – Многу луѓе се шокирани кога ќе дознаат колку всушност шеќер има само во еден пијалок што често го консумираат. Затоа е важно максимално да го ограничите внесувањето на овие пијалоци и да се одлучите за вода, минерална вода, чаеви и незасладено кафе – советува Лаура. 4. Прочитајте што пишува на етикетите Како и кај повеќето банкарски договори, најважните информации се напишани со најмали букви на етикетите на храната. Производителите се трудат да не го пишуваат зборот „шеќер“, туку користат разни синоними – мед, меласа, сируп, засладувач, концентрат од овошен сок… 5. Споредете ги калориите Не се сите калории исти – оние од овошјето и зеленчукот телото ќе ги третира поинаку од оние од индустриските производи. Иако бројот на калории е ист за, на пример, крофна и зелена салата со јајца, авокадо, семки и маслиново масло, телото ќе има многу поголема корист од втората опција. – Крофната главно се состои од додаден шеќер и заситени масти; не содржи протеини, па лесно ќе изедете три крофни наместо една. Тоа не само што ќе ви го зголеми шеќерот во крвта, туку нема да ве држи сити и задоволни, а тоа ќе доведе до глад и желба за храна – предупредува нутриционистот.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/pet-nachini-da-go-namalite-vnesot-na-shekeri-i-pobrzo-da-oslabnete-trikovi-koi-mozhete-vednash-da-gi-sprovedete/feed/ 0
Оваа замена за шеќер е поштетна отколку што мислите, популарниот засладувач може да предизвика мозочен и срцев удар https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ovaa-zamena-za-sheker-e-poshtetna-otkolku-shto-mislite-popularniot-zasladuvach-mozhe-da-predizvika-mozochen-i-srtsev-udar/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ovaa-zamena-za-sheker-e-poshtetna-otkolku-shto-mislite-popularniot-zasladuvach-mozhe-da-predizvika-mozochen-i-srtsev-udar/#respond Tue, 28 Feb 2023 19:34:51 +0000 https://kurir.mk/?p=806278

Замена за шеќер наречен еритритол е поврзана со згрутчување на крвта, мозочен удар, срцев удар и смрт, покажува новото истражување, пренесува CNN. „Степенот на ризик не е скромен“, вели водечкиот автор на студијата, д-р Стенли Хејзен, директор на Центарот за кардиоваскуларна дијагноза и превенција на Институтот за истражување Лернер на Клиниката во Кливленд. Луѓето со постоечки фактори на ризик за срцеви заболувања, како што е дијабетесот, имале двојно поголема веројатност да доживеат срцев удар или мозочен удар доколку имаат највисоки нивоа на еритритол во крвта, наведува студијата објавена вчера во магазинот Nature Medicine. „Доколку нивото на еритритол во крвта беше на врвот од 25% во споредба со долните 25%, имаше околу двапати поголем ризик од срцев удар и мозочен удар. Тоа е на исто ниво со најсилните фактори на срцевиот ризик, како што е дијабетесот“, рече Хазен. Побрзо згрутчување на крвта Дополнителни лабораториски и животински студии презентирани во трудот открија дека еритритолот предизвикува побрзо згрутчување на крвта. Згрутчувањето може да патува до срцето и да предизвика срцев удар или до мозокот и да предизвика мозочен удар. „Се чини дека постои ризик од згрутчување на крвта со употребата на еритритол“, рече Фримен. „Очигледно се потребни повеќе истражувања, но можеби има смисла да се ограничи еритритолот во исхраната засега.

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ovaa-zamena-za-sheker-e-poshtetna-otkolku-shto-mislite-popularniot-zasladuvach-mozhe-da-predizvika-mozochen-i-srtsev-udar/feed/ 0
Научниците открија зошто толку сакаме чоколадо: Не е заради шеќерот https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/nauchnitsite-otkrija-zoshto-tolku-sakame-chokolado-ne-e-zaradi-shekerot/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/nauchnitsite-otkrija-zoshto-tolku-sakame-chokolado-ne-e-zaradi-shekerot/#respond Mon, 23 Jan 2023 08:41:44 +0000 https://kurir.mk/?p=790543

Дали сте и вие љубители на чоколадо, можете ли да го јадете неограничено и да се запрашате што е толку неодоливо во овој деликатес? Истражувачите од Универзитетот во Лидс во Англија велат дека го пробиле кодот за тоа што го прави чоколадото толку неодоливо. Тие ги известуваат своите наоди во новата студија објавена во ACS Applied Materials and Interfaces. Истражувачите велат дека голем дел од желбата се сведува на тоа како се топи чоколадото во устата. До овој заклучок дошле откако го испитале секој механички чекор во процесот на јадење чоколадо, пишува Healthline. Зошто чоколадото носи такво задоволство? Резултатите од нивната студија сугерираат дека луѓето сакаат чоколадо главно поради чувството и текстурата на содржината на маснотии на нејзините најоддалечени слоеви, кои се распаѓаат во нашата уста додека џвакаме. Задоволството што го добиваме од јадењето чоколадо доаѓа главно од начинот на кој нашиот јазик и плунковните жлезди комуницираат со содржината на маснотии во чоколадото.

https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/nauchnitsite-otkrija-zoshto-tolku-sakame-chokolado-ne-e-zaradi-shekerot/feed/ 0
Српската Влада ги ограничи цените на маслото за јадење, шеќерот и брашното https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srpskata-vlada-gi-ogranichi-cenite-na-masloto-za-jadenje-shekjerot-i-brashnoto/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srpskata-vlada-gi-ogranichi-cenite-na-masloto-za-jadenje-shekjerot-i-brashnoto/#respond Thu, 01 Dec 2022 10:12:22 +0000 https://kurir.mk/?p=769373

Владата на Србија денеска ја ограничи цената на основните прехранбени производи – цената на сончогледовото масло за јадење не смее да надмине 219,99 динари за литар, цената на белиот кристален шеќер не смее да биде повисока од 114,99 динари за килограм, а брашното од типот Т-400 не смее да биде повисоко од 84,7 динари за килограм. Со цел да се спречат поголеми нарушувања и да се зачува животниот стандард на населението, Владата на Србија ги ограничи цените на нафтените деривати. Имајќи предвид дека се зголемени оперативните трошоци на стопанските субјекти кои тргуваат со нафтени деривати, беше одлучено да се зголеми износот на маржата што можат да ја наплатат, со цел товарот од кризата што е можно порамномерно да се распредели на сите учесници на пазарот, се наведува во соопштението од Владата на Србија.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srpskata-vlada-gi-ogranichi-cenite-na-masloto-za-jadenje-shekjerot-i-brashnoto/feed/ 0
Поскапе шеќерот во Србија https://arhiva.kurir.mk/svet/region/poskape-shekjerot-vo-srbija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/poskape-shekjerot-vo-srbija/#respond Tue, 01 Nov 2022 10:06:04 +0000 https://kurir.mk/?p=753776

Српската Влад одлучи да ја зголеми цената на шеќерот, а максималната малопродажна цена на белиот кристален шеќер, во сите пакувања, не смее да надмине 114,99 динари за килограм. Дополнително, Владата усвои одлука максималната производна цена на белиот кристален шеќер, во пакувања од еден, пет и десет килограми, да не смее да надминува 95 динари за килограм. „Максималната производна цена на белиот кристален шеќер за сите други пакувања не смее да надмине 104,54 динари за килограм“, се наведува во Уредбата. Според претходната регулатива, цената на кристалниот шеќер беше ограничена на 109,99 динари за килограм, а претходно на крајот на август беше 102,99 динари. Дополнително, беше продолжена и Уредбата за ограничување на цената на нафтените деривати до крајот на ноември. Од петокот на пазарот бензинот е 178 динари, а на дизелот максималната е 222 динари за литар.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/poskape-shekjerot-vo-srbija/feed/ 0