шенген визи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 23 Sep 2022 17:54:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png шенген визи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Роде: Визната либерализација за Косово може да се очекува на почетокот на 2023 година https://arhiva.kurir.mk/svet/region/rode-viznata-liberalizacija-za-kosovo-moze-da-se-ochekuva-na-pochetokot-na-2023-godina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/rode-viznata-liberalizacija-za-kosovo-moze-da-se-ochekuva-na-pochetokot-na-2023-godina/#respond Fri, 23 Sep 2022 17:54:11 +0000 https://kurir.mk/?p=736720

Амбасадорот на Германија во Косово, Јорн Роде изрази уверување дека укинувањето на Шенген-визите за косовските граѓани може да се случи на почетокот на 2023 година, јави дописникот на МИА од Приштина. Во изјава за телевизијата на косовскиот јавен радиодифузен сервис, РТК, запрашан дали догодина може да се очекува визна либерализација за Косово, Роде рече дека неговиот „најкраток одговор од сегашна переспектива е – да“. – Нешто подолг одговор е дека во понеделникот бев со премиерот (на Косово, Албин Курти) во Призрен… и реков и таму дека визната либерализација е еден анахронизам. А тоа што е битно е и изјавата на министрите (за надворешни работи) на Германија, Полска и Франција дека треба да има визна либерализација за Косово, рече германскиот дипломат. Роде порача дека тој е „последниот амбасадор (во Косово) кој ќе одговара на прашањето на визната либерализација“ и изрази уверување дека косовските граѓани ќе можат да патуваат без визи во Европа од февруари или март идната година. Шефовите на дипломатиите на таканеречениот „Вајмарски триаголник“, кој ги опфаќа Германија, Франција и Полска пред неколку дена објавија заедничка изјава во врска со геополитичките движења на Балканот, во која, меѓу другото, бараат од Европската унија „напредок во врска со прашањето на визната либерализација за Косово“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/rode-viznata-liberalizacija-za-kosovo-moze-da-se-ochekuva-na-pochetokot-na-2023-godina/feed/ 0
Естонија ги затвора границите за Русите со шенген визи https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/estonija-gi-zatvora-granicite-za-rusite-so-shengen-vizi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/estonija-gi-zatvora-granicite-za-rusite-so-shengen-vizi/#respond Thu, 11 Aug 2022 13:42:32 +0000 https://kurir.mk/?p=717147

Следната недела Естонија ќе ги затвори границите за руските граѓани со шенген визи издадени од таа земја, објави денеска естонскиот министер за надворешни работи Урмас Рејнсалу. - За една недела ќе се применат санкции за шенген визите што ги издава Естонија на граѓаните на Русија. Санкцијата значи дека визите ќе останат валидни, но носителите на визи ќе бидат санкционирани при влез во Естонија, односно ќе им биде забранет влезот - рече Рејнсалу на прес-конференцијата. Тој изјави дека вработените во дипломатските претставништва во Естонија и членовите на нивните семејства, лицата кои се занимаваат со меѓународен карго и патнички транспорт и оние кои имаат право на слободно движење според правото на ЕУ ќе бидат ослободени од санкции, пренесува РИА Новости. Од санкциите ќе бидат изземени и лицата чиј влез во Естонија е неопходен од хуманитарни причини, блиските роднини на естонските граѓани и оние кои имаат дозвола за постојан престој во Естонија. Естонскaтa премиерка Каја Калас во вторникот изјави дека е неопходно да се прекине издавањето туристички визи за руските граѓани и посетата на Европа ја нарече „привилегија, а не човеково право“. По почетокот на војната во Украина, некои европски земји предложија да се ограничи издавањето шенген визи за Русите. Украинскиот претседател Володимир Зеленски пред два дена ги повика западните земји да забранат влез на сите Руси на една година. Зеленски во интервју за „Вашингтон пост“ оцени дека најважни санкции се затворањето на границите затоа што „Русите ја одземаат туѓата земја“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/estonija-gi-zatvora-granicite-za-rusite-so-shengen-vizi/feed/ 0