Шенген зона – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 23 Oct 2023 14:25:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Шенген зона – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Австрискиот министер за внатрешни работи повтори дека е против проширување на Шенген зоната https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/avstriskiot-minister-za-vnatreshni-raboti-povtori-deka-e-protiv-proshiruvane-na-shengen-zonata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/avstriskiot-minister-za-vnatreshni-raboti-povtori-deka-e-protiv-proshiruvane-na-shengen-zonata/#respond Mon, 23 Oct 2023 14:25:42 +0000 https://kurir.mk/?p=892229

Во едночасовното интервју на јавната австриска телевизија (ОРФ), австрискиот министер за внатрешни работи Герхард Карнер уште еднаш го искажа својот цврст став против проширувањето на Шенген зоната. - Неделава ме прашаа дали Шенген е мртов, реков - не е мртов, Шенген воопшто не функционира. Што сакам да кажам: никогаш не сме имале толку гранични контроли откако постои овој слободен простор како сега: Австрија кон Унгарија, Словенија, Словачка и Чешка, зошто? Затоа што Германија ги контролира границите со Австрија, Полска и Чешка, Чешка - со Словачка, Словенија - со Хрватска и мислам дека е длабоко погрешно во таква ситуација да се разговара за отстранување на контролите на друго место, во момент кога има толку многу внатрешни гранични контроли како никогаш досега на овој простор, изјави Карнер, пренесува БТА. На новинарскиот аргумент за мислењето на многумина дека овој проблем може да се реши на паневропско ниво и дека Бугарија и Романија во целост ги исполниле условите за влез во Шенген, како и дека ставот за наметнување вето е остро критикуван од Европскиот парламент, од претседателот на Европската комисија и претседателот на Австрија, Карнер рече: Како министер за внатрешни работи, моја работа е да ја издржам оваа критика. Јас сум одговорен за безбедноста во оваа земја, факт е и дека ја видов оградата долж границата меѓу Бугарија и Турција. Бев со сојузниот канцелар на самото место и јасно е дека има уште многу работа да се заврши. Разговаравме (во текот на интервјуто) за прашањето за ефективен пакт за бегалците и миграцијата, но за таа цел неопходен услов е да има ефикасна заштита долж надворешната граница и додека таа не биде ефективна, нема поента, поточно не можам да размислувам за намалување на заштитата на границите. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/avstriskiot-minister-za-vnatreshni-raboti-povtori-deka-e-protiv-proshiruvane-na-shengen-zonata/feed/ 0
Фајон: ЕУ треба да ги заштити своите граници ако сака да се зачува Шенген зоната https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fajon-eu-treba-da-gi-zashtiti-svoite-granitsi-ako-saka-da-se-zachuva-shengen-zonata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fajon-eu-treba-da-gi-zashtiti-svoite-granitsi-ako-saka-da-se-zachuva-shengen-zonata/#respond Thu, 28 Sep 2023 06:56:07 +0000 https://kurir.mk/?p=882572

Шефицата на словенечката дипломатија, Тања Фајон, порача дека Европската унија мора да ги заштити своите надворешни граници доколку сака да се зачува Шенген зоната. Фајон, на заедничката конференција со нејзиниот австриски колега Александар Шаленберг, укажа на зголемувањето на илегалните гранични премини долж западнобалканската маршрута и кажа дека многу е важна борбата против илегалната миграција и трговијата со луѓе, пренесува СТА. Шаленберг укажа и на важноста на соработката меѓу земјите и додаде дека единствениот успешен пристап за решавање на овој проблем е единството. -Четвртина од земјите од Шенген зоната веќе спроведуваат гранични контроли, што покажува дека системот не работи како што треба, рече Шаленберг. Зборувајќи за војната во Украина, шефот на австриската дипломатија повика на воспоставување праведен и траен мир со почитување на украинскиот суверенитет. Фајон се согласи со Шаленберг и повика на мир и стабилност во регионот. Двајцата министри го споделија ставот дека земјите од Западен Балкан треба што поскоро да влезат во Европската унија, а шефот на словенечката дипломатија повика на забрзување на процесот на проширување. Таа укажа на посветеноста на претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, за подготвеноста за проширување на ЕУ на Западен Балкан до 2030 година, но изрази загриженост дека со сета нестабилност во регионот, постои ризик од нови тензии или конфликти во регионот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fajon-eu-treba-da-gi-zashtiti-svoite-granitsi-ako-saka-da-se-zachuva-shengen-zonata/feed/ 0
Хрватска: Од денеска нема гранични контроли на летови на авиони во рамките на Шенген https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hrvatska-od-deneska-nema-granichni-kontroli-na-letovi-na-avioni-vo-ramkite-na-shengen/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hrvatska-od-deneska-nema-granichni-kontroli-na-letovi-na-avioni-vo-ramkite-na-shengen/#respond Sun, 26 Mar 2023 14:57:43 +0000 https://kurir.mk/?p=816573

На аеродромите во Хрватска од денеска се укинати граничните контроли за патници на летови во рамки на Шенген зоната. На 1 јануари Хрватска стана членка на Шенген, со што ги укина контролите на внатрешните копнени и поморски граници. Примената на шенгенските правила на аеродромите од технички причини беше најавена за 26 март, кога почнува летниот распоред на летови. Министерството за внатрешни работи соопшти дека денеска девет меѓународни аеродроми во Хрватска започнале со целосна имплементација на шенгенските правила. Тоа се аеродромите во Загреб, Дубровник, Сплит, Задар, Пула, Риека, Осиек, Мали Лошињ и Брач. Во соопштението на МВР на Хрватска, се нагласува дека од вкупниот број на патници во авиопревозот, во просек 70 отсто ќе бидат патници во Шенген зоната, а 30 отсто надвор од таа зона. Исклучок е аеродромот во Дубровник, каде што бројот на двете групи патници е еднаков. Од МВР додаваат дека на аеродромите ќе се спроведат сите транзициски планови и ќе се направат сите неопходни инфраструктурни корекции за да се дефинира протокот на патници, односно раздвојување на шенгенските и нешенгенските летови.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hrvatska-od-deneska-nema-granichni-kontroli-na-letovi-na-avioni-vo-ramkite-na-shengen/feed/ 0
Пленковиќ им се заблагодари на сите членки на ЕУ што го потврдија влезот на Хрватска во Шенген https://arhiva.kurir.mk/svet/region/plenkovikj-im-se-zablagodari-na-site-chlenki-na-eu-shto-go-potvrdija-vlezot-na-hrvatska-vo-shengen/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/plenkovikj-im-se-zablagodari-na-site-chlenki-na-eu-shto-go-potvrdija-vlezot-na-hrvatska-vo-shengen/#respond Fri, 09 Dec 2022 06:53:51 +0000 https://kurir.mk/?p=772890

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ синоќа им се заблагодари на сите членки на ЕУ за едногласната поддршка за влезот на Хрватска во Шенген зоната во „годината на испорачување“ во која владата ги постигна сите поставени цели за доброто на граѓаните. На прес-конференцијата по средбата во Брисел на која Хрватска беше потврдена како 27-ма членка на Шенген зоната, Пленковиќ ја пофали Владата и сите соработници кои работеа на исполнување на 281 критериум и преземање на сите осум поглавја од шенгенските начела. „Голема година на испорачување“, рече тој и ги наведе успесите на неговата влада постигнати во 2022 година – од отворањето на Пељешкиот мост, кој ја обединува хрватската територија со мостот преку тесниот појас на Босна и Херцеговина, до влезот на Хрватска во еврозоната, која, како и членството во Шенген, ќе стапат во сила на 1 јануари во 2023 година. Влегувајќи во две подлабоки интеграции, „единствените две преостанати на ниво на Европската Унија, ги остваруваме во десеттата година од членството, токму онака како што планиравме“, рече хрватскиот премиер. – Не ми е познато дека некоја друга земја вле гла во еврозоната и Шенген во ист ден, потенцираше тој. Со влегување во Шенген зоната без гранични контроли, ќе им ги овозможиме на граѓаните и на економијата „сите слободи што ги уживаат сите други членки на Шенген“, рече тој. Тој ја илустрираше важноста на Шенген со податоците дека Хрватска остварува 80 отсто од својата трговија со членките на Шенген зоната, а 75 отсто од туристите кои пристигнуваат во Хрватска се од членки на Шенген зоната, главно со автомобили, а нивното пристигнување без гранични контроли ќе биде „побрзо, полесно и поедноставно“. Превозниците беа меѓу првите кои му честитаа на министерот за транспорт Олег Бутковиќ и „му се заблагодарија бидејќи тоа го менува начинот на работа“ и го олеснува преминувањето на границите, рече понатаму премиерот. Тој им се заблагодари на релевантните министри, односно на целата влада, на сите колеги, на полицијата и на сите кои придонесоа во процесот. Тој посебно и се заблагодари на Словенија „што го поддржа“ влезот на Хрватска во Шенген. Словенија вчера го поддржа влезот на Хрватска во Шенген и приложи изјава за записник според која меѓусебната граница е конечно одредена со арбитража, но Хрватска веднаш одговори со своја изјава дека границата допрва треба да се одреди, а двете изјави влегоа во записникот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/plenkovikj-im-se-zablagodari-na-site-chlenki-na-eu-shto-go-potvrdija-vlezot-na-hrvatska-vo-shengen/feed/ 0
Министер најави вето на Австрија за влезот на Бугарија и Романија во Шенген зоната https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/minister-najavi-veto-na-avstrija-za-vlezot-na-bugarija-i-romanija-vo-shengen-zonata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/minister-najavi-veto-na-avstrija-za-vlezot-na-bugarija-i-romanija-vo-shengen-zonata/#respond Thu, 08 Dec 2022 10:25:13 +0000 https://kurir.mk/?p=772663

Австрискиот министер за внатрешни работи Герхард Карнер денеска најави дека ќе гласа против пристапувањето на Бугарија и Романија во Шенген зоната на состанокот на Советот на ЕУ за правда и внатрешни работи во Брисел. Европските министри мора да одлучат и за приемот на Хрватска во Шенген, кој, доколку не дојде до изненадувања, би требало да се одобри, пренесе Бета. Советот на ЕУ за правда и внатрешни работи денеска во Брисел треба да гласа за две одлуки за влез во Шенген, при што првата одлука се однесува на Бугарија и Романија, а втората на Хрватска. Одлуките треба да се носат едногласно.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/minister-najavi-veto-na-avstrija-za-vlezot-na-bugarija-i-romanija-vo-shengen-zonata/feed/ 0
Чука: Романија утре ќе побара гласање за пристап на државата во Шенген зоната https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/chuka-romanija-utre-kje-pobara-glasanje-za-pristap-na-drzavata-vo-shengen-zonata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/chuka-romanija-utre-kje-pobara-glasanje-za-pristap-na-drzavata-vo-shengen-zonata/#respond Wed, 07 Dec 2022 15:55:33 +0000 https://kurir.mk/?p=772409

Романскиот премиер Николае Чука денеска изјави дека Романија утре ќе побара гласање за пристап на државата во Шенген зоната. „Едно е сигурно, ние сме решени да одиме до крај во овие напори, вклучително и со барање за гласање за Романија на Советот за правда и внатрешни работи утре, 8 декември. Сегашната состојба на неизвесност не може да продолжи повеќе. Ги имаме сите аргументи, многу издржани, кои ги поддржуваат нашите барања и ќе ги надоградиме и на утрешните разговори со министрите за внатрешни работи, кога ќе побараме да се формулира гласање, без одложување, за решение за Романија … Нашата решеност да придонесеме за европската безбедност е тешка. Ние ги докажавме овие квалитети низ годините, а особено во контекст на кризата во Украина“, рече Чука, потсетувајќи повторно дека пристапувањето во Шенген е  „национална цел“. Премиерот нагласи дека европски експерти ја посетиле Романија во октомври и ноември и го потврдиле фактот дека земјата ги исполнува „апсолутно сите потребни услови“ и заслужува да биде дел од Шенген зоната. Тој додаде дека еден ден пред Советот за правда и внатрешни работи во Брисел, каде ќе се соберат министрите за внатрешни работи на земјите членки, Романија продолжува да прави напори за постигнување на посакуваната цел. „Во моментов, сите земји-членки не поддржуваат да продолжиме со пристапувањето, вклучувајќи ги Холандија и Шведска, со исклучок на Австрија. Ја имаме цврстата поддршка од Франција и Германија потврдена на сите нивоа“, изјави Чука.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/chuka-romanija-utre-kje-pobara-glasanje-za-pristap-na-drzavata-vo-shengen-zonata/feed/ 0
Донев: Бугарската Влада подготвена за одмазднички мерки кон Холандија и Австрија за вето за Шенген https://arhiva.kurir.mk/svet/region/donev-bugarskata-vlada-podgotvena-za-odmazdnichki-merki-kon-holandija-i-avstrija-za-veto-za-shengen/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/donev-bugarskata-vlada-podgotvena-za-odmazdnichki-merki-kon-holandija-i-avstrija-za-veto-za-shengen/#respond Mon, 05 Dec 2022 12:46:44 +0000 https://kurir.mk/?p=771149

Бугарската Влада е подготвена за одмазднички мерки доколку Холандија и Австрија наметнат вето за влез во Шенген, изјави техничкиот премиер Гулаб Донев по средбата со министрите за внатрешни, за надворешни работи и за правда Иван Демерџиев, Николај Милков и Крум Зарков. Како што јави дописникот на МИА од Софија, Донев изјавил дека сите мерки ќе бидат насочени и во одбрана на националниот интерес на Бугарија, која никогаш не се залагала за позиции на поделеност и двојни стандарди во однос на која било земја од ЕУ и очекува ист став од другите земји-членки. Според бугарскиот технички премиер, повеќе од очигледно е дека позициите на премиерот на Холандија и на канцеларот на Австрија се диктирани од внатрешно-политички размислувања, а не од фактички идентификувани недостатоци во спроведувањето на шенгенските правила од страна на Бугарија. Донев кажа дека има сомнежи за примена на двојни стандарди, особено од страна на Холандија. Според него, во својата позиција, канцеларот на Австрија ги истакнал недостатоците на Шенген системот во целина, кои во никој случај не се одговорност на бугарската страна, додека премиерот на Холандија прибегнал кон недостојни сугестии, кои во Бугарија малку е веројатно дека наскоро ќе бидат заборавени. Тој потсети и на улогата на тројцата бугарски гранични полицајци кои загинаа чувајќи ја надворешната граница на ЕУ во последните три месеци.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/donev-bugarskata-vlada-podgotvena-za-odmazdnichki-merki-kon-holandija-i-avstrija-za-veto-za-shengen/feed/ 0
Европската Комисија очекува позитивна одлука за проширувањето на Шенген-зоната https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evropskata-komisija-ochekuva-pozitivna-odluka-za-proshiruvanjeto-na-shengen-zonata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evropskata-komisija-ochekuva-pozitivna-odluka-za-proshiruvanjeto-na-shengen-zonata/#respond Mon, 05 Dec 2022 11:14:06 +0000 https://kurir.mk/?p=771113

Бугарија, Романија и Хрватска беа подложени на темелна проверка, која покажа дека ги исполнуваат сите услови за влез во Шенген. Ова денеска го изјави еврокомесарката за внатрешни работи Илва Јохансон на прес-конференција како одговор на новинарско прашање. Дополнителните проверки што ги побараа некои земји покажаа дека Бугарија и Романија дополнително ја зголемија заштитата на надворешните граници, додаде таа. Воопшто немаме такви информации, изјави Јохансон во врска со тврдењата на холандскиот премиер Марк Руте дека бугарската граница може да се премине „за поткуп од 50 евра“. За претстојниот состанок в четврток, Советот на ЕУ ги има сите извештаи кои покажуваат дека Бугарија, Романија и Хрватска целосно ги исполнуваат сите барања, посочи Јохансон. Таа изрази очекување дека гласањето на европските министри на 8 декември ќе доведе до позитивен резултат за трите земји. Оние кои се сомневаат во оценката на Комисијата треба да знаат дека проширувањето на Шенген ќе доведе до повеќе и подобри гранични контроли, рече потпретседателот на ЕК Маргаритис Схинас. Не е вистина и нечесно е да се тврди дека проширувањето на Шенген ќе доведе до помали контроли, додаде тој.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evropskata-komisija-ochekuva-pozitivna-odluka-za-proshiruvanjeto-na-shengen-zonata/feed/ 0
Европарламентот денеска ќе расправа по прашањето за проширување на Шенген-зоната https://arhiva.kurir.mk/svet/region/evroparlamentot-deneska-kje-rasprava-po-prashanjeto-za-proshiruvanje-na-shengen-zonata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/evroparlamentot-deneska-kje-rasprava-po-prashanjeto-za-proshiruvanje-na-shengen-zonata/#respond Wed, 05 Oct 2022 06:38:43 +0000 https://kurir.mk/?p=741213

Европскиот парламент на денешната седница ќе расправа за пристапување на Бугарија и Романија во Шенген-зоната, при што се очекува европратениците да побараат проширување на областа на слободно движење за да ги вклучи сите земји-членки на ЕУ што сакаат да бидат вклучени во неа. Освен Бугарија и Романија, во моментов надвор од Шенген се и Хрватска, Кипар и Ирска. Тоа не се први дебати во Европскиот парламент на кои се упатува повик Бугарија и Романија да се вклучат во областа на слободното движење. Апел имаше и во резолуциите усвоени во 2018 и 2020 година, како и во минатогодишниот извештај за функционирањето на Шенген-зоната. Европската комисија, исто така, во повеќе наврати апелираше за влез на Бугарија и Романија во зоната. За тоа да се случи е неопходна едногласна согласност во Советот на ЕУ. Прашањето не беше приоритет на француското претседателство во Унијата што заврши на крајот на јуни, а администрацијата на претседателот Емануел Макрон беше на мислење дека пред приемот нови членки треба да се спроведат реформи во Шенген-зоната. Холандија и натаму се спротивставува на приемот нови членки.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/evroparlamentot-deneska-kje-rasprava-po-prashanjeto-za-proshiruvanje-na-shengen-zonata/feed/ 0
Хрватска го поддржува влезот на Бугарија во шенген зоната https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hrvatska-go-poddrzuva-vlezot-na-bugarija-vo-shengen-zonata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hrvatska-go-poddrzuva-vlezot-na-bugarija-vo-shengen-zonata/#respond Tue, 10 May 2022 17:08:47 +0000 https://kurir.mk/?p=674726

Хрватска е подготвена да и понуди на Бугарија својата професионална и техничка поддршка за пристапување во шенген зоната, соопшти Министерството за внатрешни работи во Загреб по средбата меѓу министерот Давор Божиновиќ и неговиот бугарски колега Бојко Рашков. Божиновиќ и Рашков разговараа и за состојбата во Украина и ангажманот за обезбедување привремена заштита на украинските бегалци, како и состојбата со мигрантите во источниот дел на Медитеран. Состанокот беше посветен и на новиот Пакт за миграција и азил и стратегијата за посилна и поотпорна шенген зона. Министрите потврдија дека трендот на зголемен миграциски притисок на надворешната граница се зголемува со пролетните месеци и дека ниту Хрватска, ниту Бугарија не се крајната дестинација за илегалните мигранти. Божиновиќ и Рашков се согласија дека интензитетот на притисокот е поврзан со политичките и безбедносните околности, како и со начинот на кој се управува со миграцијата во соседните земји. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hrvatska-go-poddrzuva-vlezot-na-bugarija-vo-shengen-zonata/feed/ 0