шенген – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 08 Dec 2022 14:30:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png шенген – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Хрватска влегува во Шенген, Бугарија и Романија НЕ! https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/hrvatska-vleguva-vo-shengen-bugarija-i-romanija-ne/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/hrvatska-vleguva-vo-shengen-bugarija-i-romanija-ne/#respond Thu, 08 Dec 2022 14:30:21 +0000 https://kurir.mk/?p=772787

Со едногласна одлука на состанокот на министрите за внатрешни работи на земјите-членки во Брисел, Хрватска станува 27-ма членка на Шенген зоната и за помалку од еден месец ќе се укинат граничните контроли на копнените и поморските гранични премини, а на пролет и на аеродромите. Министрите за внатрешни работи на 22 земји-членки на ЕУ кои се и членки на Шенген, денеска донесоа конечна одлука за „целосна примена на правото на Шенген во Република Хрватска“, што значи укинување на граничните контроли кон Шенген зоната. Во исто време, Бугарија и Романија не добија зелено светло на состанокот. Австрија беше против приемот на двете земји, а Холанѓаните против Бугарија. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/hrvatska-vleguva-vo-shengen-bugarija-i-romanija-ne/feed/ 0
Радев: Бугарија ги има сите шанси следната година да влезе во Шенген https://arhiva.kurir.mk/svet/region/radev-bugarija-gi-ima-site-shansi-slednata-godina-da-vleze-vo-shengen/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/radev-bugarija-gi-ima-site-shansi-slednata-godina-da-vleze-vo-shengen/#respond Tue, 06 Dec 2022 15:41:04 +0000 https://kurir.mk/?p=771885

Бугарскиот претседател Румен Радев денеска во Тирана изјави дека неговата држава продолжува со напорите заедно со Романија, до последен момент за влез во Шенген. Радев учествува на средбата на високо ниво ЕУ-Западен Балкан во Албанија. Во изјавата за бугарските новинари, тој рече дека постојат сите шанси Бугарија да влезе во Шенген следната година. Ова е неговото мислење како резултат на разговорите со двете земји кои сè уште имаат сомнеж за влезот на Бугарија во Шенген – Австрија и Холандија, иако бугарскиот претседател не ги именуваше. – Продолжувам да разговарам за темата Шенген со двајцата лидери. Продолжуваме да работиме на сите нивоа на дипломатијата, но работата мора да се заврши и во Бугарија. Мојот апел до сите политички партии е да не ја политизираат оваа тема. Нека не се користи за лична пресметка меѓу партиските лидери, повика претседателот на Бугарија. – Постојат сите шанси следната година Бугарија да се приклучи на Шенген зоната, но тоа во голема мера зависи од нас и од тоа како ќе ја играме оваа игра на полето на дипломатијата – без емоции и особено без емоции во Бугарија, додаде тој. Според него, во одредени земји од ЕУ има напластени чувства против Бугарија со години. – Овие чувства, можам да кажам предрасуди – некаде се оправдани, некаде не, многу е тешко да се скршат. Затоа, активно работиме со сите дипломатски средства, рече шефот на бугарската државата и изрази уверување дека доколку се вложи напор во парламентот и во Владата, како и во претседателската институција, „ќе има успех“, јави БТА. Во врска со информациите за инцидент на бугарско-турската граница во октомври, поврзан со пукање во мигрант, Радев рече дека случајот темелно се истражува.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/radev-bugarija-gi-ima-site-shansi-slednata-godina-da-vleze-vo-shengen/feed/ 0
Идната недела ќе се гласа за прием на Хрватска во Шенген https://arhiva.kurir.mk/svet/region/idnata-nedela-kje-se-glasa-za-priem-na-hrvatska-vo-shengen/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/idnata-nedela-kje-se-glasa-za-priem-na-hrvatska-vo-shengen/#respond Fri, 04 Nov 2022 13:48:35 +0000 https://kurir.mk/?p=755822

На пленарната седница на Европскиот Парламент идната недела се очекува зелено светло од оваа институција за прием на Хрватска во Шенген, јави дописничката на МИА од Брисел. На крајот на октомври европратениците од комисијата за граѓански слободи веќе гласаа за да се прими Хрватска во Шенген зоната. Мнозинство се очекува и в среда на пленарната седница на Европскиот Парламент. Со ова гласање идната среда ставот на Европскиот Парламент ќе биде јасен: Хрватска ги исполнува критериумите за влез во Шенген. Влезот во Шенген зоната значи слободно патување без царински контроли за хрватските граѓани. Европратениците ќе го повикаат Советот на ЕУ, т.е. земјите членки, да даде исто така зелено светло за оваа одлука. Загреб се надева процесот да се финализира до крајот на оваа година и земјата да биде дел од Шенген на 1 јануари 2023. Словенија, со која Хрватска има сѐ уште граничен спор, најави дека ќе го поддржи приемот на својот сосед во Шенген. Меѓутоа бројни организации за заштита на човековите права, како Хјуман Рајтс Воч, предупредуваат дека насилството кон барателите на азил на хрватските граници треба да биде причина ЕУ да се спротивстави на овој чекор.

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/idnata-nedela-kje-se-glasa-za-priem-na-hrvatska-vo-shengen/feed/ 0
Меркел сака целосно укинување на граничните контроли во Шенген од 15 јуни https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/merkel-saka-celosno-ukinuvanje-na-granichnite-kontroli-vo-shengen-od-15-juni/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/merkel-saka-celosno-ukinuvanje-na-granichnite-kontroli-vo-shengen-od-15-juni/#respond Wed, 13 May 2020 12:49:47 +0000 https://kurir.mk/?p=345391

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска изјави дека сака од 15 јуни да биде укината вонредната гранична контрола воведена во Шенген зоната поради коронавирусот. – Ако состојбата на заразата го дозволи тоа, сакам да повторам дека од 15 јуни граничните контроли во Шенген зоната можат целосно да бидат укинати, рече Меркел во Бундестагот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/merkel-saka-celosno-ukinuvanje-na-granichnite-kontroli-vo-shengen-od-15-juni/feed/ 0
Аселборн: Ако падне Шенген, паѓа и ЕУ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/aselborn-ako-padne-shengen-pagja-i-eu/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/aselborn-ako-padne-shengen-pagja-i-eu/#respond Wed, 08 Apr 2020 08:51:15 +0000 https://kurir.mk/?p=329025

Министерот за надворешни работи на Луксембург Жан Аселборн ја повика германската Влада, што е можно поскоро, да ги укине граничните контроли со Луксембург и Франција. – Граничните контроли ме загрижуваат. Ако падне Шенген, тогаш паѓа и ЕУ.. Шенген е најголемото достигнување на Унијата, рече Аселборн во изјава за германските медиуми. Тој посочи дека граничните контроли носат само  проблеми. – Секој ден ми пишуваат луѓе од Германија кои се жалат на граничните контроли, рече Аселборн, додавајќи дека за луѓето во пограничните области е тешко да одат на работа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/aselborn-ako-padne-shengen-pagja-i-eu/feed/ 0
За влез во Шенген од Балканот ќе биде потребна дозвола и такса од седум евра https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/za-vlez-vo-shengen-od-balkanot-kje-bide-potrebna-dozvola-i-taksa-od-sedum-evra/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/za-vlez-vo-shengen-od-balkanot-kje-bide-potrebna-dozvola-i-taksa-od-sedum-evra/#respond Thu, 26 Apr 2018 14:54:41 +0000 https://kurir.mk/?p=46565

Дозвола за влез во Шенген зоната државјани од Западен Балкан ќе мора да побараат во иднина преку интернет без разлика што не им е потребна виза. Освен тоа, тие ќе треба да платат и такса од седум евра што е дел од мерки што Европската унија ги воведува за поголем надзор на надворешните граници, одлучија амбасадорите на Унијата, јави дописникот на МИА од Брисел. По поднесување барање, граѓаните од Западен Балкан во рок од четири дена ќе добијат одговор, односно 96 часа откако во системот ќе се обработи барањето, ако треба дополнитела проверка. Во случај барањето да биде одбиено, засегнатиот патник  мора да биде информиран за причините, а ќе има право и да поднесе жалба. Европскиот Парламент треба да ја потврди и усвои одлуката како и Советот на министри на Унијата. Се очекува новата мерка да почне да важи од јануари 2021 година. Целта на тој нов систем е да се спречи илегалната миграција во Шенген просторот и се однесува за околу 1,4 милијарди граѓани ширум светот, вклучително и САД и Канада. Дозволата за патување ќе важи три години. Системот ќе ја чини ЕУ 85 милиони евра годишно. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/za-vlez-vo-shengen-od-balkanot-kje-bide-potrebna-dozvola-i-taksa-od-sedum-evra/feed/ 0