шибеник – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 04 Sep 2023 07:46:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png шибеник – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Книжевна средба на Томислав Османли во Шибеник https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/knizhevna-sredba-na-tomislav-osmanli-vo-shibenik/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/knizhevna-sredba-na-tomislav-osmanli-vo-shibenik/#respond Mon, 04 Sep 2023 07:46:11 +0000 https://kurir.mk/?p=874256

„По трагата на напишаниот збор“ е насловот на средбата со македонскиот писател Томислав Османли на четвртите по ред „Денови на македонската култура“ во Шибеник што се одржуваат под организација на невладиното здружение „Хрватско-македонска тангента“ кое создава активни мостови меѓу двете култури, општества и држави. На средбата писателот Никола Шимиќ – Тонин најави уште едно скорешно гостување на Османли во Хрватска, овој пат на книжевната манифестација во Задар, каде ќе му биде врачена реномираната литературна награда „Donat“ Шибенските „Денови на македонската култура“ се одржуваат под работна тема „Влијанието на традицијата врз современата култура и уметност“. Меѓу учесниците е и театарскиот и филмски режисер Александар Поповски, актуелен уметнички директор на „Slovensko narodno gledališče“ од Марибор, Словенија, Христо Петрески претседател на Друштвото на писателите на Македонија, писател и сликар и Томислав Османли. Книжевната средбата  со Османли во хрватските медиуми е најавена како „Претставување на реномираниот македонски писател Томислав Османли и на неговиот богат книжевен опус“. Инаку овој авторски настап на македонскиот писател доаѓа по неговото неодамнешно гостување во Загреб, каде во Македонскиот културно-информативен центар беше одржан негов богат книжевен портрет. Средбата со Османли, на шибенските „Денови на македонската култура“ се одржа во вилата Трутини двори на островот Зларин. Неа  ја отвори претседателот на „Хрватско-македонската тангента“ Сашо Георгиевски, а авторскиот портрет на Османли го претстави директорката на Македонскиот КИЦ во Загреб, Наталија Поповска. Посебен осврт кон книжевната  дејност на Османли имаше и писателот Никола Шимиќ – Тонин, претседател на Одделот на Друштвото на хрватските писатели од Задар. Тој најави уште едно скорешно гостување на Османли во Хрватска, овој пат на книжевната манифестација во Задар, каде ќе му биде врачена реномираната литературна награда „Donat“ што нејзиниот одбор неодамна му ја доделил на нашиот автор за неговата сестрана авторска работа и за книжевните афирмации на неговите творби, во регионот и посебно во Хрватска. Настап имаше и македонскиот писател, кој говореше за своите литературни пристапи, за неговите лични и тематски врски со Медитеранот и за другите креативни искуства во домените на драмската уметност, сценаристиката и теоријата на вербо-визуелните медиуми, на кои инаку Османли перманентно работи. На крајот од неговиот исказ, македонскиот писател  присутните ги освои со стиховите на неговата наградена (2018, во Италија) песна „Љубов“  богата со  медитерански слики и чувствувања. Инаку, на четвртите „Денови на македонската култура“, во присуство на авторот, беше прикажан филмот „Балканот  не е мртов“ работен според пиесата на Дејан Дуковски, а во режија на Александар Поповски, уметнички директор на Словенско народно гледалишче од Марибор и истакнат македонски режисер кој непрекинато потпишува врвни театарски режии низ поширокиот регион. Д-р Христо Петрески, писател, сликар и актуелен претседател на Друштвото на писателите на Македонија се претстави со  изложбата насловена „Моливот пишува со срцето – Христово“, a со ликовната изложба „Море“ на манифестацијата се претстави и авторката Гојка Скориќ - Пелајиќ. Директорот на македонската државната Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот Д-р Љупчо Јаневски одржа забележано предавање на тема од еко-туризмот. Македонските гости на манифестацијата ги прими и градоначалникот на Шибеник, Жељко Буриќ, потоа и началникот на Примоштен, Стипе Петрина. (МИА)  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/knizhevna-sredba-na-tomislav-osmanli-vo-shibenik/feed/ 0
Голем пожар кај Шибеник: Го гаснат шест авиони, луѓе бегаат од апартманите (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/svet/region/golem-pozhar-kaj-shibenik-go-gasnat-shest-avioni-luge-begaat-od-apartmanite-video/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/golem-pozhar-kaj-shibenik-go-gasnat-shest-avioni-luge-begaat-od-apartmanite-video/#respond Thu, 13 Jul 2023 13:54:59 +0000 https://kurir.mk/?p=856325

Голем пожар избувна во Горњи Бановци кај Гребаштица во Шибеничко – Книнска жупанија. Пожарот, кој се повеќе се шири од силниот ветар, го гаснат 56 пожарникари со 20 возила и шест авиони, известуваат хрватските медиуми. Се наведува дека поради пожарот бил затворен дел од Јадранската магистрала за да им се овозможи на пожарникарите непречено да работат, а се очекува да полетаат уште противпожарни авиони. Две семејства се евакуирани, а порталот Шибеник ИН објави дека изгорел и семејниот автомобил на гости од Германија, но дека луѓео се безбедни. Читателка на тој портал од Гребаштицат вели дека состојбата на терен се влошува. – Луѓето бегаат од апартманите, но не знаат каде да бегаат. Вистинска паника, се смрди и ништо не се гледа од чадот – рекла таа.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/golem-pozhar-kaj-shibenik-go-gasnat-shest-avioni-luge-begaat-od-apartmanite-video/feed/ 0
Денови на македонска култура во Шибеник https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/denovi-na-makedonska-kultura-vo-shibenik-2/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/denovi-na-makedonska-kultura-vo-shibenik-2/#respond Fri, 02 Sep 2022 06:04:13 +0000 https://kurir.mk/?p=727499

Почнувајќи од денеска, па во наредните четири денови, ќе се одржат бројни содржини од културен карактер, во рамките на програмата Денови на македонска култура во Шибеник. -Невладината организација Хрватско-македонска тангента на јавноста ќе и понуди вистинско книжевно, музичко и ликовно уживање. Отворањето ќе се случи на 2 септември во Музејот на град Шибеник со промоција на книгата „Дострели на една визија“ од авторите Сашо Георгиевски и амбасадорот Љупчо Арсовски. На отварањето се очекува и доаѓање на македонскиот амбасадор од Загреб, проф. д-р Милаим Фетаи, како и директорката на КИЦ од Загреб, проф. д-р Наталија Поповска, информираат од Македонски глас од Хрватска. Добитник на високото признание „Пријател на Македонија“, што Тангентата го доделува во знак на благодарност за долгогодишна соработка и искрена подршка во широк дијапазон на активности кои се однесуваат на приближување и пријателство на Хрватска и Северна Македонија во доменот на културата, уметноста, стопанството и политиката е третиот хрватски претседател Иво Јосиповиќ, кој воедно е и почесен член на Хрватско-македонска тангента, а ќе биде доделено истата вечер. -По двегодишна пауза поради пандемијата со Ковид-19, Хрватско-македонска тангента се враќа на Зларин. Имено, утре повторно на островот Зларин е планирано да се одржи културната манифестација „Од остров на копно, кон остров на море“. Настанот е од меѓународен карактер и на едно место ги собира книжевници, публицисти и новинари, а планирани се гости од Северна Македонија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Словенија и други земји од регионот. Со тоа, Хрватско-македонска тангента ја продолжува традицијата на одржување на овие меѓународни средби на Зларин што ја воспостави во 2014 година, се вели во соопштението. Во него се додава дека во изминатите две пандемиски години е одржан континуитетот на овие книжевни средби кои се организираа во рамките на Деновите на македонска култура во Шибеник. По тој повод од Скопје ќе допатуваат проф. д-р Иван Додовски, декан на Факултетот за политички науки на универзитетот Американ колеџ Скопје и Владимир Симоновски, вајар. На Зларин ќе биде одржано и предавање од познатиот метеоролог Момчило Живковиќ, директор на Sewa weather од Белград, на тема „Клима и море“. На 4 септември се планирани книжевни разговори, а на 5-ти во градската библиотека „Јурај Шижгориќ“ во Шибеник ќе се одржи предавање на проф. д-р Слободан Черовиќ, декан на Универзитетот Сингидунум во Белград на тема „Улога и значење на човечкиот капитал во современиот туризам и угостителство“. Истиот ден, во галеријата на библиотеката ќе биде отворена изложба на сплитскиот Македонец, Зоран Стоилов „Тангано плавон“. Деновите на македонската култура во Шибеник се одржуваат во соработка и со финансиска подршка од Советот за национални малцинства на РХ, Град Шибеник и туристичките заедници на Град Шибеник и Зларин.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/denovi-na-makedonska-kultura-vo-shibenik-2/feed/ 0
Денови на македонска култура во Шибеник https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/denovi-na-makedonska-kultura-vo-shibenik/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/denovi-na-makedonska-kultura-vo-shibenik/#respond Thu, 01 Sep 2022 12:03:01 +0000 https://kurir.mk/?p=727220

Почнувајќи од утре, па во наредните четири денови, ќе се одржат бројни содржини од културен карактер, во рамките на програмата Денови на македонска култура во Шибеник. -Невладината организација Хрватско-македонска тангента на јавноста ќе и понуди вистинско книжевно, музичко и ликовно уживање. Отварањето ќе се случи на 2 септември во Музејот на град Шибеник со промоција на книгата „Дострели на една визија“ од авторите Сашо Георгиевски и амбасадорот Љупчо Арсовски. На отварањето се очекува и доаѓање на македонскиот амбасадор од Загреб, проф. д-р Милаим Фетаи, како и директорката на КИЦ од Загреб, проф. д-р Наталија Поповска, информираат од Македонски глас од Хрватска Добитник на високото признание „Пријател на Македонија“, што Тангентата го доделува во знак на благодарност за долгогодишна соработка и искрена подршка во широк дијапазон на активности кои се однесуваат на приближување и пријателство на Хрватска и Македонија во доменот на културата, уметноста, стопанството и политиката е третиот хрватски претседател Иво Јосиповиќ, кој воедно е и почесен член на Хрватско-македонска тангента, а ќе биде доделено истата вечер. -По двегодишна пауза поради пандемијата со Ковид-19, Хрватско-македонска тангента се враќа на Зларин. Имено, на 3 септември повторно на островот Зларин е планирано да се одржи културната манифестација „Од остров на копно, кон остров на море“. Настанот е од меѓународен карактер и на едно место ги собрира книжевници, публицисти и новинари, а планирани се гости од Македонија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Словенија и други земји од регионот. Со тоа, Хрватско-македонска тангента ја продолжува традицијата на одржување на овие меѓународни средби на Зларин што ја воспостави во 2014 година, се вели во соопштението. Во него се додава дека во изминатите две пандемиски години е одржан континуитетот на овие книжевни средби кои се организираа во рамките на Деновите на македонска култура во Шибеник. По тој повод од Скопје ќе допатуваат проф. д-р Иван Додовски, декан на Факултетот за политички науки на универзитетот Американ колеџ Скопје и Владимир Симоновски, вајар. На Зларин ќе биде одржано и предавање од познатиот метеоролог Момчило Живковиќ, директор на Sewa weather од Белград, на тема „Клима и море“. На 4 септември се планирани книжевни разговори, а на 5-ти во градската библиотека „Јурај Шижгориќ“ во Шибеник ќе се одржи предавање на проф. д-р Слободан Черовиќ, декан на Универзитетот Сингидунум во Белград на тема „Улога и значење на човечкиот капитал во современиот туризам и угостителство“. Истиот ден, во галеријата на библиотеката ќе биде отворена изложба на сплитскиот Македонец, Зоран Стоилов „Тангано плавон“. Деновите на македонската култура во Шибеник се одржуваат во соработка и со финансиска подршка од Советот за национални малцинства на РХ, Град Шибеник и туристичките заедници на Град Шибеник и Зларин.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/denovi-na-makedonska-kultura-vo-shibenik/feed/ 0
Хрватските пожарникари го гаснат пожарот кај Шибеник https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/hrvatskite-pozarnikari-go-gasnat-pozarot-kaj-shibenik/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/hrvatskite-pozarnikari-go-gasnat-pozarot-kaj-shibenik/#respond Wed, 17 Aug 2022 08:55:46 +0000 https://kurir.mk/?p=719714

Хрватските пожарникари се уште го гаснат пожарот што вчера избувна во близина на приморскиот град Шибеник, јави агенцијата Хина. Во гаснењето се вклучени три канадери и уште три авиони „Ер Трактор“, повеќе од 50 пожарникари со 18 возила. Опожарени се околу сто хектари густа борова шума, соопшти регионалниот командир на противпожарната служба Дарко Дукиќ. „Силните ветрови го отежнаа гаснењето, но сите загрозени објекти се обезбедени. Пламените јазици беа големи поради густите борови шуми, а високата температура што се разви го отежнуваше пристапот на пожарникарите“, додаде Дукиќ. Во меѓувреме локализиран е пожарот на островот Какан што зафати површина од околу три хектари, извести Хрватската противпожарна служба. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/hrvatskite-pozarnikari-go-gasnat-pozarot-kaj-shibenik/feed/ 0
Ситуацијата со пожарот кај Шибеник утрово е подобра https://arhiva.kurir.mk/svet/region/situacijata-so-pozarot-kaj-shibenik-utrovo-e-podobra/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/situacijata-so-pozarot-kaj-shibenik-utrovo-e-podobra/#respond Thu, 14 Jul 2022 06:35:57 +0000 https://kurir.mk/?p=704835

Утрово е подобра ситуацијата во Затон и Раслина, местата кои се најпогодени од пожарот во областа Шибеник, соопшти утринава хрватскиот министер за внатрешни работи Давор Божиновиќ, пренесува Хина. – Утро во Затон и Раслина. Подобра ситуација, нема големи огнени фронтови и неконтролирано ширење кон Водице. Временските услови поповолни, напиша Божиновиќ на Твитер. Според претходните информации, на целото подрачје има околу 300 пожарникари, а на подрачјето на Затон и Раслина има 25 возила, околу седумдесет пожарникари и 25 припадници на вооружените сили. Во големиот пожар што избувна вчера меѓу Шибеник и Водице, уништени се дваесетина куќи, но нема повредени. Најтешка е состојбата во Раслина и Затон, а голем број граѓани побегнале со чамци.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/situacijata-so-pozarot-kaj-shibenik-utrovo-e-podobra/feed/ 0
Нов земјотрес во Хрватска – тлото не престанува да се тресе https://arhiva.kurir.mk/svet/region/nov-zemjotres-vo-hrvatska-tloto-ne-prestanuva-da-se-trese/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/nov-zemjotres-vo-hrvatska-tloto-ne-prestanuva-da-se-trese/#respond Wed, 01 Sep 2021 08:16:36 +0000 https://kurir.mk/?p=557653

Умерен земјотрес утрово по 9 часот ја потресе пошироката област Шибеник во Хрватска. EMSC (Европски сеизмолошки центар) известува дека јачината на земјотресот била 3,2 степени, а епицентарот бил на 12 километри западно од Шибеник во Јадранското Море, на длабочина од околу два километри, пренесува Индекс. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/nov-zemjotres-vo-hrvatska-tloto-ne-prestanuva-da-se-trese/feed/ 0
„Ми се тресеше креветот како никогаш досега“: Ова се видео снимките од потресот во Шибеник (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/svet/region/mi-se-treseshe-krevetot-kako-nikogash-dosega-ova-se-video-snimkite-od-potresot-vo-shibenik-video/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/mi-se-treseshe-krevetot-kako-nikogash-dosega-ova-se-video-snimkite-od-potresot-vo-shibenik-video/#respond Tue, 08 Jun 2021 08:05:57 +0000 https://kurir.mk/?p=520376

Хрватските медиуми утрово објавија видео снимки од потресот во Шибеник. Земјотресот ова утро во Хрватска беше почувствуван со 4,7 степени по рихтер. Дел од коментарите на граѓаните на социјалните мрежи се и дека звукот бил ужасен, дека им се тресел креветот на многумина жители како и дека не сакаат повеќе да се повтори истото. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/mi-se-treseshe-krevetot-kako-nikogash-dosega-ova-se-video-snimkite-od-potresot-vo-shibenik-video/feed/ 0
Силен земјотрес регистриран кај Шибеник https://arhiva.kurir.mk/svet/region/silen-zemjotres-registriran-kaj-shibenik/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/silen-zemjotres-registriran-kaj-shibenik/#respond Tue, 08 Jun 2021 05:09:37 +0000 https://kurir.mk/?p=520280

Силен земјотрес со магнитуда од 4,7 по Рихтеровата скала утрово по погоди подрачјето на Шибеник, соопшти Сеизмолошката служба на Хрватска. Епицентарот бил на 13 км југоисточно од Шибеник. Потресот е регистриран во 5 часот и 59 минути и почувствуван на поширокото подрачје на Задарската и Шибенско-книнската жупанија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/silen-zemjotres-registriran-kaj-shibenik/feed/ 0
Уловена ајкула од половина тон кај Шибеник https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/ulovena-ajkula-od-polovina-ton-kaj-shibenik/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/ulovena-ajkula-od-polovina-ton-kaj-shibenik/#respond Tue, 10 Dec 2019 08:07:56 +0000 https://kurir.mk/?p=275322

Близу Шибеник, Хрватска, вчера била фатена ајкула тешка половина тон, а била во мрежата заедно со други риби од уловот. Ајкулата му припаѓа на видот Хеxанчус грисеус и бргу потоа е вратена во морето. Перо Угарковиќ од хрватскиот Институт за океанографија и рибарство изјави дека животното не е опасно и дека се работи за вид кој живее во подлабоките делови на морето и прилично ретко се појавува во плиткото. – Понекогаш овие ајкули имаат блиски средби со нуркачите… Тие кои се снимени по правило се помали, оти кога ќе ораснат, избегнуваат светлина. Овој вид живее во сите светски мориња, изјави Угарковиќ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/ulovena-ajkula-od-polovina-ton-kaj-shibenik/feed/ 0