Шинед О’Конор – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 26 Jul 2023 19:01:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Шинед О’Конор – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Една година тагуваше по синот што се самоуби – Шинед О’ Конор почина на 56-години https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/edna-godina-taguvashe-po-sinot-shto-se-samoubi-shined-o-konor-pochina-na-56-godini/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/edna-godina-taguvashe-po-sinot-shto-se-samoubi-shined-o-konor-pochina-na-56-godini/#respond Wed, 26 Jul 2023 19:01:55 +0000 https://kurir.mk/?p=860437

„Тој беше љубовта на мојот живот, светлината на мојата душа. Изгубена сум без него“ – напиша во својот последен Твит пејачката Шинед О’ Конор, а му го посвети на синот Шејн кој во јануари 2022-ра година се самоуби на 17-годишна возраст. Една од најпознатите ирски пејачки Шинед О'Конор почина на 56-годишна возраст. Веста за нејзината смрт денес (26.07) ја потврдија членовите на семејството кои порачаа: „Со голема жал соопштуваме дека нашата сакана Шинед не е повеќе со нас. Нејзиното семејство и пријатели се скршени од веста и бараат да им се почитува приватноста во овој тежок период“.Пејачката е најпозната по огромниот хит од 1990-та година Nothing Compares 2 U. Таа со години отворено зборуваше за проблемите со своето ментално здравје. Нејзината смрт следува само една година откако нејзиниот 17-годишен син Шејн си го одзеде животот откако побегна од болница каде беше под надзор заради суицидни намери. Во 2018-та година пејачката го прифати исламот како религија и го промени името во Шухада Садакат, а последната година ја минуваше на релација Роскомон, Ирска и Лондон. Во нејзиниот последен твит таа објави фотографија од синот Шејн и до неа напиша: „Живеам како бесмртно ноќно суштество по тебе. Тој беше љубовта на мојот живот, светлината на мојата душа. Ние бевме една душа поделена на две половини. Тој беше единствената личност што некогаш ме сакала безусловно. Изгубена сум без него“... Освен на Шејн, Шинед беше мајка на уште 3 деца: Џејк Рејнолдс (36), Розин Ватерс (27) и на Шешуа Бонадио (17). ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/edna-godina-taguvashe-po-sinot-shto-se-samoubi-shined-o-konor-pochina-na-56-godini/feed/ 0
ВИДЕО: Контроверзната Шинед О’Конор премина во Ислам и го смени името https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/video-kontroverznata-shined-o-konor-premina-vo-islam-i-go-smeni-imeto/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/video-kontroverznata-shined-o-konor-premina-vo-islam-i-go-smeni-imeto/#respond Fri, 26 Oct 2018 15:45:33 +0000 https://kurir.mk/?p=119950

Познатата пејачка Шинед О’Конор ги извести на Твитер своите фанови дека ја сменила верата , каде го напишала и своето ново име – Шухада Давит. Таа напиша и дека е горда на одлуката. „Ова е природен заклучок на секое интелигентно теолошко патување. Проучувањето на сите свети списи водат кон исламот , така што сите се одвишок”, напиша славната пејачка од 80 – тите , која се прослави со песната ,, Nothing Compares 2 U”. Таа гордо напиша и дека првиот хиџаб го добила од пријателката Елен. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/video-kontroverznata-shined-o-konor-premina-vo-islam-i-go-smeni-imeto/feed/ 0