ширење – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 14 May 2021 09:15:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ширење – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Индискиот премиер предупреди на ширење на коронавирусот во руралните области https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/indiskiot-premier-predupredi-na-shirenje-na-koronavirusot-vo-ruralnite-oblasti/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/indiskiot-premier-predupredi-na-shirenje-na-koronavirusot-vo-ruralnite-oblasti/#respond Fri, 14 May 2021 09:15:38 +0000 https://kurir.mk/?p=510202

Индискиот премиер Нарендра Моди ги предупреди своите сонародници да преземат дополнителни мерки на претпазливост бидејќи разорната епидемија на коронавирусот во земјата брзо се шири во руралните области, каде живеат речиси две третини од 1,4 милијарди Индијци. Моди ги повика жителите на руралните области, селските совети и државните влади да се обединат и да се соочат со предизвикот. Индискиот премиер рече дека армијата, морнарицата и воздухопловните сили се вклучиле во борбата против пандемијата во земјата. – Изгубивме многу од нашите најблиски, чувствувам болка затоа што луѓето страдаат, рече Моди на конференција на земјоделците. Индиското Министерство за здравство денес соопшти за 343.144 нови случаи на зараза во последните 24 часа, што е мало намалување во споредба со претходниот ден. Уште 4.000 луѓе починале од Ковид-19 со што бројот на жртвите достигна 262.317 од почетокот на пандемијата. Сите овие податоци се многу помали од реалните, проценуваат експертите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/indiskiot-premier-predupredi-na-shirenje-na-koronavirusot-vo-ruralnite-oblasti/feed/ 0
„Вакцините пружаат заштита и спречуваат ширење на корона вирусот“ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vakcinite-pruzaat-zashtita-i-sprechuvaat-shirenje-na-korona-virusot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vakcinite-pruzaat-zashtita-i-sprechuvaat-shirenje-na-korona-virusot/#respond Mon, 22 Feb 2021 08:52:51 +0000 https://kurir.mk/?p=472121

Врз основа на располоќливите докази утврдено е дека вакцините против Ковид-19 се ефикасни во спречување на ширење на Ковид-19, изјави денеска британскиот министер за вакцинација Надим Захави воочи укинување на вонредната состојба во Велика Британија. – Доволно е да се каже дека доказите се поволни. Денеска не би можеле да најавиме дека училиштата повторно ќе се отворат на 8 март, а да не сме сигурни дека програмата за вакцинација дава резултати, посочи Захави.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vakcinite-pruzaat-zashtita-i-sprechuvaat-shirenje-na-korona-virusot/feed/ 0
Поради ширењето на мутираниот коронавирус, Франција би можела да оди во строг карантин https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poradi-shirenjeto-na-mutiraniot-koronavirus-francija-bi-mozela-da-odi-vo-strog-karantin/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poradi-shirenjeto-na-mutiraniot-koronavirus-francija-bi-mozela-da-odi-vo-strog-karantin/#respond Fri, 22 Jan 2021 09:07:34 +0000 https://kurir.mk/?p=458402

Франција ќе мора да прибегне кон строги ограничувачки мерки како оние во Ирска и во Велика Британија, ако не успее да го спречи ширењето на мутираниот коронавирус. Тоа го изјави денеска францускиот епидемиолог и владин советник Арно Фонтане. Тој за француското радио Ентер нагалчси дека мерката ќе зависи од напредокот во ширењето на мутираниот коронавирус. Според него, друг проблем е што Франција е во многу тензична ситуација поради исцрпениот медицински персонал во болниците.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poradi-shirenjeto-na-mutiraniot-koronavirus-francija-bi-mozela-da-odi-vo-strog-karantin/feed/ 0
Јапонски суперкомпјутер докажа дека влажноста може да влијае врз (не)ширењето на Ковид-19 https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/japonski-superkompjuter-dokaza-deka-vlaznosta-moze-da-vlijae-vrz-ne-shirenjeto-na-kovid-19/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/japonski-superkompjuter-dokaza-deka-vlaznosta-moze-da-vlijae-vrz-ne-shirenjeto-na-kovid-19/#respond Wed, 14 Oct 2020 12:18:28 +0000 https://kurir.mk/?p=416324

Јапонски суперкомпјутер покажа дека влажноста може да има значително влијание врз ширењето на вирусните честички, што укажува на зголемен ризик од зараза со коронавирусот во суви затворени услови во текот на зимските месеци. Откритието сугерира дека употребата на навлажнувачи може да помогне во намалување на заразите во време кога не е можно нормално проветрување со отворање прозорци. Истражувачите од институтот Рикен и универзитетот Кобе го користеле суперкомпјутерот Фугаку за да ги моделираат емисиите и протокот на честички слични на вируси, ослободени од заразени лица во различни средини во затворен простор. Симулациите покажале дека влажноста под 30 проценти резултира со повеќе од двојно поголема количина на аеросолни честички во споредба со влажност од 60 проценти. Јапонските истражувачи откриле и дека проѕирните визири за лице не се толку ефикасни во спречување на ширење на аеросолите, како што се заштитните маски. Други податоци покажуваат дека за време на оброците, луѓето имаат поголем ризик да се заразат од оние што седат до нив, и дека бројот на пејачи во хорови треба да биде ограничен, а изведувачите треба да држат одредено растојание едни од други. Истражувачки тим од институтот Рикен, предводен од Макото Цубокора, претходно го користеше суперкомпјутерот Фугаку за да симулира пренесување на зараза во возовите, работните средини и училниците. Експертите при тоа откриле дека, на пример, отворањето прозорци во возовите може да ја зголеми вентилацијата за два до три пати и со тоа да ја намали концентрацијата на вирусни честички. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/japonski-superkompjuter-dokaza-deka-vlaznosta-moze-da-vlijae-vrz-ne-shirenjeto-na-kovid-19/feed/ 0
Секретаријатот за цивилна заштита на Грција преку порака на мобилните телефони предупредува за зголемен ризик за ширење на Ковид-19 https://arhiva.kurir.mk/svet/region/sekretarijatot-za-civilna-zashtita-na-grcija-preku-poraka-na-mobilnite-telefoni-predupreduva-za-zgolemen-rizik-za-shirenje-na-kovid-19/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/sekretarijatot-za-civilna-zashtita-na-grcija-preku-poraka-na-mobilnite-telefoni-predupreduva-za-zgolemen-rizik-za-shirenje-na-kovid-19/#respond Mon, 17 Aug 2020 11:24:48 +0000 https://kurir.mk/?p=391603

Препорака до граѓаните да бидат особено претпазливи по враќањето од одмор, бидејќи е зголемен ризикот за ширење на Ковид-19, испратија од Секретаријатот за цивилна заштита на Грција преку порака на мобилните телефони испратена од бројот за итни случаи 112, јави дописничката на МИА од Атина. -По вашето враќање од одмор покажете особена претпазливост. Ризикот од ширење на Ковид-19 е зголемен. Избегнувајте контакти со ранливи категории и следете ги преките за заштита, пишува во пораката на грчки и англиски јазик испратена на мобилните телефони во Грција.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/sekretarijatot-za-civilna-zashtita-na-grcija-preku-poraka-na-mobilnite-telefoni-predupreduva-za-zgolemen-rizik-za-shirenje-na-kovid-19/feed/ 0
СЗО: Светот е во нова и опасна фаза, вирусот брзо се шири https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-svetot-e-vo-nova-i-opasna-faza-virusot-brzo-se-shiri/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-svetot-e-vo-nova-i-opasna-faza-virusot-brzo-se-shiri/#respond Fri, 19 Jun 2020 16:52:56 +0000 https://kurir.mk/?p=359981

Глобалната пандемија на новиот коронавирус се забрзува, при вчера беа регистрирани 150.000 нови случаи – најмногу во еден ден, изјави денеска генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус. – Речиси половина од пријавените случаи се од американскиот континент, рече тој на виртуелен брифинг. – Светот е во нова и опасна фаза… вирусот се уште се шири брзо, тој се уште е смртоносен и повеќето луѓе се уште се подложни на заразување, истакна Тедрос.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-svetot-e-vo-nova-i-opasna-faza-virusot-brzo-se-shiri/feed/ 0
Експерти откриваат колку време ќе трае ширењето на коронавирусот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eksperti-otkrivaat-kolku-vreme-kje-trae-shirenjeto-na-koronavirusot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eksperti-otkrivaat-kolku-vreme-kje-trae-shirenjeto-na-koronavirusot/#respond Fri, 01 May 2020 09:42:30 +0000 https://kurir.mk/?p=340274

Ширењето на коронавирусот ќе трае уште 18 до 24 месеци, се додека не се зарази 60 до 70 проценти од светската популација, велат експертите за инфективни болести во извештај во кој имале увид од Си-Ен-Ен. Експертите препорачуваат САД да се подготват за најлошото сценарио кое вклучува втор бран пандемија наесен или во зимата оваа година, со предупредување дека вируленцијата нема да падне значително, и декалуѓе ќе ги губат животите од Ковид-19. „Овој вирус нема да запре се додека не се зарази 60 до 70 отсто од населението“, предвидува Мајк Остерхолм, шеф на Центарот за истражување на заразни болести на Универзитетот во Минесота. Ковид-19 е нов вирус и никој не развил имунитет, па пандемијата ќе трае до две години се додека не се развие колективен имунитет кај луѓето низ целиот свет, тврдат американски експерти.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eksperti-otkrivaat-kolku-vreme-kje-trae-shirenjeto-na-koronavirusot/feed/ 0
Научници влегоа во трага на коронавирусот: Не потекнува од Вухан, ниту од лабораторијата, а меѓу луѓето почнал да се шири помеѓу 13 септември и 7 декември https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nauchnici-vlegoa-vo-traga-na-koronavirusot-ne-poteknuva-od-vuhan-nitu-od-laboratorijata-a-megju-lugjeto-pochnal-da-se-shiri-pomegju-13-septemvri-i-7-dekemvri/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nauchnici-vlegoa-vo-traga-na-koronavirusot-ne-poteknuva-od-vuhan-nitu-od-laboratorijata-a-megju-lugjeto-pochnal-da-se-shiri-pomegju-13-septemvri-i-7-dekemvri/#respond Mon, 20 Apr 2020 10:33:52 +0000 https://kurir.mk/?p=334556

Коронавирусот кој се прошири низ целиот свет можеби првиот пат бил пренесен на луѓето во јужна Кина, а не во градот Вухан кој се смета како изворот на заразата. Тоа го покажала новата студија која се спротиставува со нашироко прифатените теории за потеклото на пандемијата. Мапирајќи ја „мрежата“ на геномите на коронавирусот и следејќи ги мутациите за тоа време, тим на истражувачи предводени од генетичарите од Универзитетот Кембриџ утврдиле дека првата инфекција од Ковид-19 можеби се случила уште во септември, во регион јужно од Вухан. Во студијата се нагласува дека човекот можел да го носи патогенот многу време пред тој да мутира во смртоносниот облик. – Вирусот можеби пред неколку месеци мутираше во конечниот облик, но останал во лилјакот или друго животно, па дури и во човекот неколку месеци, без да инфицира други поединци, изјавил генетичарот Питер Форстер за „Саут Чајна морнинг пост“. Како што се наведува, вирусот почнал да се шири меѓу луѓето некаде помеѓу 13 септември и 7 декември, создавајќи мрежа која е претставена во студијата. Иако се верува дека вирусот преминал од лилјак на друго животно, па потоа на луѓето, новите истражувања би можеле да ги поништат главните идеи. Првобитните теории покажаа дека пренесувањето на вирусот врз луѓето се случило на пазарот во Вухан, но новата студија го донесе тоа во прашање, сугерирајќи дека Ковид-19 потекнува јужно од кинескиот град. – Ако морам да дадам одговор, би рекол дека вирусот почна да се шири од југот во Кина, а не од Вухан, наведе Форстер. Сепак, се би морало да се провери со додатни анализи на лилјаците или други потенцијални животни домаќини, како и примероците на ткива на првите пациенти, додаде тој, пренесува РТ. – Но ова е најдобрата претпоставка која можеме да ја направиме во овој момент, чекајќи додатна анализа на понатамошни примероци од пациентите од болницата, наведе тој во друго интервју за Њузвик. Како што кружат прашања околу потеклото на пандемијата, бројни контроверзии се истакнаа, а неколку водечки американски медиуми оваа недела се занимаваа со темата дека вирусот можеби излегол од лабораторијата за вирологија во Вухан. Иако претседателот на САД не го усвои тоа тврдење официјално, рече дека Белата куќа размислува за таа идеја, додека истовремено го обвини Пекинг за глобалната здравствена криза.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nauchnici-vlegoa-vo-traga-na-koronavirusot-ne-poteknuva-od-vuhan-nitu-od-laboratorijata-a-megju-lugjeto-pochnal-da-se-shiri-pomegju-13-septemvri-i-7-dekemvri/feed/ 0
Кинеска лабораторија негира одговорност за ширење на новиот коронавирус https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kineska-laboratorija-negira-odgovornost-za-shirenje-na-noviot-koronavirus/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kineska-laboratorija-negira-odgovornost-za-shirenje-na-noviot-koronavirus/#respond Sun, 19 Apr 2020 10:07:45 +0000 https://kurir.mk/?p=334289

Пекинг, 19 април 2020 (МИА) – Јуанг Џиминг, директор на Институтот за вирологија во Вухан, каде беше првото жариште на епидемијата на новиот коронавирус, ги негираше тврдењата на дел од американските медиуми дека токму таа лабораторија е можен извор на заразата. – Невозможно е тој вирус да дошол од нас, изјави тој во интервју за државната телевизија. – Јасно знаеме кои видови истражувања се спроведуваат во Институтот и како се управува со вируси и примероци, потенцира директорот на таа установа. Институот има една лабораторија П4 каде се чуваат примероци од најопасните вируси кои се пренесуваат од човек на човек, како што е ебола, која, според директорот, е под најстрого обезбедување.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kineska-laboratorija-negira-odgovornost-za-shirenje-na-noviot-koronavirus/feed/ 0
Трамп ја предупреди Кина на можни последици поради ширење на коронавирусот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tramp-ja-predupredi-kina-na-mozni-posledici-poradi-shirenje-na-koronavirusot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tramp-ja-predupredi-kina-na-mozni-posledici-poradi-shirenje-na-koronavirusot/#respond Sun, 19 Apr 2020 09:40:03 +0000 https://kurir.mk/?p=334282

Американскиот претседател Доналд Трамп ја предупреди Кина за евентуални „последици„ доколку била „свесна за одговорноста“ за пандемијата на коронавирус. – Можеше да се запре во Кина пред да започне, а не беше, и сега целиот свет страда поради тоа, рече синоќа Трамп, осврнувајќи се на пандемијата на коронавирус за време на неговата дневна конференција во Белата куќа. Запрашан од новинарите дали Кина треба да сноси последиците поради епидемијата на вирусот од кој досега починаа над 157 илјади луѓе во светот, Трамп рече дека „ако е свесна за одговорноста – секако, секако“. – Ако било грешка, грешка е грешка, заклучи Трамп. Тој се прашува дали станува збор за грешка, која излегла од контрола или тоа е направено намерно и додаде дека постои голема разлика меѓу тие две работи. Но, оти во секој случај Кинезите требале да го известат светот за тоа. – Баравме порано да бидеме вклучени, но тие не сакаа. Мислам дека знаеја дека не беше добро и им беше непријатно. Тие рекоа дека спроведуваат истрага. Добро, ајде да видиме што ќе биде со нивната истрага. Меѓутоа и ние спроведуваме истраги, потенцираше Трамп. Тој, исто така, ги доведе во прашање и официјалните кинески податоци за коронавирусот, укажувајќи дека таму стапката на смртност била 0,33 на 100.000 жители. – Таа бројка не е можна. не е можно да се постигне таква бројка, рече Трамп. Според графиконот кој синоќа беше претставен на прес конференцијата во Белата куќа, во САД се евидентирани 11,24 смртни случаи на 100.000 жители, споредено со 27,92 во Франција и 42,81 во Шпанија. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tramp-ja-predupredi-kina-na-mozni-posledici-poradi-shirenje-na-koronavirusot/feed/ 0