шиша бар – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 08 Aug 2023 15:46:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png шиша бар – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Приведен осомничен во врска со убиството во кафе бар „Албум Шиша“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/priveden-osomnichen-vo-vrska-so-ubistvoto-vo-kafe-bar-album-shisha/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/priveden-osomnichen-vo-vrska-so-ubistvoto-vo-kafe-bar-album-shisha/#respond Tue, 08 Aug 2023 15:46:25 +0000 https://kurir.mk/?p=864734

Денеска (08.08.2023) во Скопје, на подрачје на Гази Баба, полициски службеници од СВР Скопје во содејство со САЕ „Тигар“ и Секторот за меѓународна полициска соработка- Отсек потраги извршија претрес на дом и го приведоа Г.М. (31) од Скопје, кој бил баран со потерница од надлежното обвинителство во врска со убиството во кафе бар „Албум Шиша“ во Скопје на 06.03.2023. Г.М. е задржан во полициска станица и против него до ОЈО Скопје е поднесена кривична пријава по брза постапка за извршенo кривичнo делo „помагање" по чл. 24 од КЗ во врска со кривично дело „убиство“ по член 123 од КЗ, извршени на ден 06.03.2023. ГМ. е предаден на ОЈО за натамошна постапка.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/priveden-osomnichen-vo-vrska-so-ubistvoto-vo-kafe-bar-album-shisha/feed/ 0
ФОТО: Убиството на Оки било најавено на Тик Ток https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-ubistvoto-na-oki-bilo-najaveno-na-tik-tok/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-ubistvoto-na-oki-bilo-najaveno-na-tik-tok/#respond Sun, 16 Jul 2023 07:55:10 +0000 https://kurir.mk/?p=857099

Убиството на Орхан Бајрами Оки (39), кој беше убиен во Ханиоти, Грција било најавено со видео на Тик-Ток од страна на профил со име „tmeriii0101“, објави порталот 4NEWS.mk. Профилот е веќе избришан, а според порталот во објавеното видео завчера на фотографија пишува дека Оки е следен на листата за ликвидација. Во ново видео објавено вчера е соопштено дека Оки е ликвидиран, а има најава за ликвидација на уште две лица. 4NEWS.mk пишува дека профилот не бил нов и дека најавувал и други убиства, а на истиот имало и содржина поврзана со убиство во Косово, но и тоа во Шиша бар во Старата скопска чаршија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-ubistvoto-na-oki-bilo-najaveno-na-tik-tok/feed/ 0
Во Приштина убиен еден од осомничените за двојното убиство во „Шиша Бар“, по него имало и меѓународна потерница https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/vo-prishtina-ubien-eden-od-osomnichenite-za-dvojnoto-ubistvo-vo-shisha-bar-po-nego-imalo-i-megunarodna-poternitsa/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/vo-prishtina-ubien-eden-od-osomnichenite-za-dvojnoto-ubistvo-vo-shisha-bar-po-nego-imalo-i-megunarodna-poternitsa/#respond Thu, 15 Jun 2023 10:46:50 +0000 https://kurir.mk/?p=846054

Првичните полициски информации во Косово, објавени во тамошните медиуми, синоќа е убиен македонскиот државјанин Блерим Даци кој имал документи на име Блерим Шабани. Според сознанија на Телма потврдени од извори во истрагата станува збор за лице осомничено дека учествувало во нападот со двојното убиство во локалот „Шиша Бар“ во старата скопска Чаршија пред три месеци. За сега нема информации дали двата настани, убиството во Приштина и нападот во Чаршијата се поврзани. Од скопскиот Кривичен суд ни одговорија дека на Блерим Даци алијас Шабани уште во Ноември минатата година му била определена мерка притвор за нелегално поседување на оружје но никогаш не бил приведен и по него е распишана меѓународна потерница. Претходно судот на Даци му определил куќен притвор но мерката била преиначена во затворски, а МВР потврдило дека осомничениот ниту еден ден не ја испочитувал одлуката на судот и оттогаш се води дека е во бегство. Инаку, автомобил со македонски регистарски ознаки доцна синоќа се нашол под огнена канонада од автоматско оружке на сред Приштина, а во инцидентот убиено е едно лице кое било во македонското возило. Дека станува збор за македонски државјанин потврди и министерот за надворешни работи Бујар Османи, но не кажа повеќе детали за инцидентот. На еден километар од местото на убиството било пронајдено друго запалено возило за кое се претпоставува дека било користено од извршителите на ликвидацијата. Косовските медиуми објавија дека во близина на местото на злосторството биле најдени две автоматски пушки калашњиков.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/vo-prishtina-ubien-eden-od-osomnichenite-za-dvojnoto-ubistvo-vo-shisha-bar-po-nego-imalo-i-megunarodna-poternitsa/feed/ 0
СУДОТ НИТ ДЕМАНТИРА, НИТ ПОТВРДУВА – пронајден ли е двократниот убиец од „Шиша бар“? СУДИЈА ВЕДНАШ МУ ОДРЕДИ ПРИТВОР! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/sudot-nit-demantira-nit-potvrduva-pronajden-li-e-dvokratniot-ubiets-od-shisha-bar-sudija-vednash-mu-odredi-pritvor/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/sudot-nit-demantira-nit-potvrduva-pronajden-li-e-dvokratniot-ubiets-od-shisha-bar-sudija-vednash-mu-odredi-pritvor/#respond Thu, 01 Jun 2023 15:39:24 +0000 https://kurir.mk/?p=841263

Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје вчера определи мерка краткотраен притвор во траење од 48 часа заради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело Убиство, информираат од Основниот Кривичен суд. Оттаму ги демантираат наводите во одредени портали дека информацијата за поврзаноста на кривичното дело со конкретен настан, е прибавена од судот. - Со оглед да се работи за истражна постапка за сите останати детали надлежно е јавното обвинителство, а како суд сакаме да ги демантираме наводите во одредени портали дека информацијата за поврзаноста на кривичното дело со конкретен настан, е прибавена од судот, велат оттаму. Според дел од медиумите, притвореното лице е осомничено за настанот од 6 март годинава, кога пет вооружени лица, маскирани со фантомки влегоа во „Шиша бар“ и убија две лица. Од Јавното Обвинителство велат дека поради компромитација на истрагата не се во можност да споделуваат никакви детали. - Со оглед на тоа што во предметот во кој е определен краткотраен притвор за едно лице постои сериозна можност за компромитација на истрагата во оваа фаза, во интерес на тајноста на постапката не сме во можност да споделуваме никакви детали, велат од ЈО за МИА.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/sudot-nit-demantira-nit-potvrduva-pronajden-li-e-dvokratniot-ubiets-od-shisha-bar-sudija-vednash-mu-odredi-pritvor/feed/ 0
Како „Дуќанџик“, „Беланоца“ и другите семејни кланови и нарко-картели влегоа во крвава војна до истребување?! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kako-dukandhik-belanotsa-i-drugite-semejni-klanovi-i-narko-karteli-vlegoa-vo-krvava-vojna-do-istrebuvane/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kako-dukandhik-belanotsa-i-drugite-semejni-klanovi-i-narko-karteli-vlegoa-vo-krvava-vojna-do-istrebuvane/#respond Thu, 16 Mar 2023 19:39:40 +0000 https://kurir.mk/?p=812883

Последното двојно убиство во "Шиша бар" ја врати јавноста во скопското подземје, кое се прегрупира, но не престанува да се пресметува. „Фокус" прави хронологија како почнале убиствата меѓу некогашните ортаци, кои преку ноќ станаа смртни непријатели. Во меѓувреме, никој не знае дали и кога ќе исчезне пизмата меѓу бандите на Скопје, мотивирани од крвна од- мазда, како и за позиционирање на црниот пазар со дрога, лихварство, изнуда... „Mасакрот на Денот на вљубените“ е назив даден за убиствата во 1929 година. Тогаш во Чикаго биле убиени седум мажи, членови на бандата од Северната страна, во периодот на прохибицијата. На тој 14 февруари дошло до судир меѓу ирско-американска банда и италијанската банда од Јужната страна, предводена од Ал Капоне. Тогаш тој се обидуваше да ја преземе контролата врз организираниот криминал во градот и да ја спречи бандата предводена од Џорџ „Багс“ Моран. Ги убија четворица мажи, двајца облечени во одела и вратоврски и двајца маскирани како полицајци. Петмина од убиените работеа за Моран. Самиот Ал Капоне, познат по прекарот,,Лице со лузна", отпатувал во Мајами неколку дена пред убиството. Иако сите знаеја кој стои зад овој на пад, Ал Капоне имаше солидно алиби и никогаш не беше обвинет за масакрот на Денот на вљубените. Ист број мажи, четворица, облечени во црна облека и маскирани со фантомки, на 6 март влегоа во кафулето, „Шиша бар" под скопско Кале. Се претставиле како полицајци, се качиле на вториот кат од кафулето и влегле во „мониторинг" салата. Викнале "рација“ и почнале да пукаат. Испукале 40 до 50 куршуми во главите и телата на три лица. Најголем дел од куршумите завршиле во еден од главните водачи на криминалната група "Дуќанџик“, Јетон Кривањева-Жила и во Енес Исеинов-Љаци од истата група, а мал дел во нозете на трето лице што седело со нив. Излегле од кафулето и избегале со автомобил„ауди А6". Возилото го запалиле на улицата Вашингтонска во Шутка, а таму била најдена само регистарската табличка од автомобилот, која, се разбира, била лажна. Од улицата каде што е најден автомобилот за бегство, напаѓачите на Кривањева можеле да стигнат брзо до скопската обиколница или до Визбегово и патот кон Блаце, односно се на половина час возење до Косово. Но, засега нема ниту трага, ни глас од убијците. Ова останува уште една нерасветлена пресметка на скопското подземје во мафијашки стил. А таму, Два кланови се главни. „Дуќанџиќ“ - името го добила од скопското маало во близина на Бит-пазар и пластичарската улица, од каде што е водачот на оваа група, која кохабитира со лица и од други скопски населби. ,,Беланоца" - името го добила според кумановското село Белановце, кое на албански се вика Беланоца, од каде што потекнуваат основачите на овој клан и нивните наследници. Своевремено, овие кланови не постоеле, бидејќи целото подземје било на купче. Арно ама, односите меѓу неговите водачи се нарушуваат, што го отвора кругот на меѓусебни убиства, кои траат до ден денес. Низ годините така се раѓаат повеќе групи што го бараат своето место под криминалното сонце, така што тие склучуваат сојузи со други групи во битката за превласт со конкурентите. „Фокус" прави хронологија на настаните - кога и зошто почнале убиствата меѓу некогашните ортаци, кои станаа смртни непријатели, мотивирани од крвна одмазда, како и за позиционирање на црниот пазар со дрога, лихварство, рекет...? ЈУЛИ, 2009 – УБИСТВО НА АГИМ ШЕРИФИ Неколку престрелки низ Скопје во каубојски стил, како онаа на бензинската „Макпетрол" во Сингелиќ од 2003 година, кога беа убиени Имер Красниќи и Петар Милошески, навестија дека се разгоруваат битките за што подобро позиционирање во подземјето. Арно ама, во јули 2009 година се случува убиство, кое се смета за вовед во дведецениската пресметка меѓу ,, Беланоца“ и „Дуќанџик“. Со куршум во главата, фрлен на депонија на патот од Арачиново кон Куманово, најден е мртов Агим Шерифи од Синѓелиќ, вујкото на Орхан Бајрами Оки, сегашниот неформален лидер на групата „Дуќанџик“.   НЕРАСВЕТЛЕНИ ЛИКВИДАЦИИ МЕЃУ СКОПСКИТЕ БАНДИ ВО МАФИЈАШКИ СТИЛ Шерифи и Џелал Ајети познат како Џељо создаваат моќна криминална нарко-мрежа во деведесетитте година на минатиот век, кој се занимавал со рекет, лихва. Упатените велат дека Шерифи во тоа време бил главен, мозокот на групата, додека браќата Ајети биле силата. Шериги бил импресиониран од филмот „Лице со лузна“ па многумина го го нарекувале скопскиот Тони Монтана. Гостите во луксузната куќа во Синќелиќ ги пречекувал на сличен начин како Монтана одигран од Ал Пачино, во амбиент каде што доминирала виолетовата боја, но не недостигала белата. По десетина години соработка, двајцата партнери стануваат ривали на пазарот. Шерифи е најден мртво под мистериозни околности. Групата „Дуканџик“, потоа предводена од Бајрами – Оки, внук на сестрата на убиениот Шерифи, долг период се сомневаше дека позади ликвидацијата стои Ајети поради несогласувања при давање лихва во казината во Скопје. Исто така, се раскажува уште една теорија. За време на конфликтот во 2001 година, Зењо бил приведен од полициски специјалци, поради сомнеж дека ги финансисрал УЧК. Наводно, тој се сомневал дека дојавата стигнала од Шерифи, поради што одлучилда го ликвидира многу години подоцна. Како и да е, тогаш се диференцира и издигнува, „Дуќанџик“, која почнува да склопува сојуз со група од други делови од Скопје, додека таборот на браќата Ајети продолжуваат да дејствуваат како клан „Беланоца“, во база во Сингелиќ и Арачиново. Целиот текст можете да го прочитате во печатеното издание на ФОКУС.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kako-dukandhik-belanotsa-i-drugite-semejni-klanovi-i-narko-karteli-vlegoa-vo-krvava-vojna-do-istrebuvane/feed/ 0
Допатувал од Холандија, а во Македонија е убиен, на еден од ликвидираните во „Шиша бар“ требало да му се суди за убиство https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dopatuval-od-holandija-a-vo-makedonija-e-ubien-na-eden-od-likvidiranite-vo-shisha-bar-trebalo-da-mu-se-sudi-za-ubistvo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dopatuval-od-holandija-a-vo-makedonija-e-ubien-na-eden-od-likvidiranite-vo-shisha-bar-trebalo-da-mu-se-sudi-za-ubistvo/#respond Thu, 16 Mar 2023 10:47:16 +0000 https://kurir.mk/?p=812656

Еден од ликвидираните мажи во „Шиша бар“ во Старата скопска чаршија во пукањето на 6 март бил бегалец од правдата. Како што пренесуваат холандските медиуми, тој е еден од неколкумина осомничени за убиство на плажата во Берген ан Зи, Холандија. Осомничениот илегално допатувал во Македонија, каде беше убиен. Исени со уште неколку други лица во февруари 2021 година на среде бел ден на влезот на плажата во Берген ан Зи се обидува да киднапира Колумбиец како одмазда за наводна измама со кокаин. Пресметката завршува со пукотници, Колумбиецот е погоден и подоцна умира. Криминална банда бега со оружјето со неколку автомобили. Неколку недели подоцна, првоосомничениот е уапсен во Холандија, а полицијата добива информации дека останатите се кријат во Шпанија, пишува NH Nieuws. Во март во Малага, Енес Исени е уапсен и екстрадиран во Холандија. Поминува 10 месеци во притвор, по што со одземен пасош е пуштен од слобода да го чека судењето. Не е познато како без пасош влегол во Македонија. Судењето за убиството во Берген ан Зи започна во вторникот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dopatuval-od-holandija-a-vo-makedonija-e-ubien-na-eden-od-likvidiranite-vo-shisha-bar-trebalo-da-mu-se-sudi-za-ubistvo/feed/ 0
НАПАЃАЧИТЕ СЕ УШТЕ НЕ СЕ ИДЕНТИФИКУВАНИ – МВР не може да распише потерници за да не избегаат од државата, а запаленото Ауди А6 пронајдено на пат кон граница https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/napagachite-se-ushte-ne-se-identifikuvani-mvr-ne-mozhe-da-raspishe-poternitsi-za-da-ne-izbegaat-od-drzhavata-a-zapalenoto-audi-a6-pronajdeno-na-pat-kon-granitsa/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/napagachite-se-ushte-ne-se-identifikuvani-mvr-ne-mozhe-da-raspishe-poternitsi-za-da-ne-izbegaat-od-drzhavata-a-zapalenoto-audi-a6-pronajdeno-na-pat-kon-granitsa/#respond Thu, 09 Mar 2023 15:45:15 +0000 https://kurir.mk/?p=810086

И по три дена од суровата ликвидација на двајцата нарко босови Жила и Лаци во Шиша бар, во близина на Кале напаѓачите се уште не се идентификувани, неофицијално дознава Сител. Со тоа, полицијата не може да распише и потерница со цел да го спречи излезот на убијците надвор од државата. Официјално од МВР пак, велат дека не даваат никакви информации за случајот бидејќи тој веќе е во рацете на Обвинителството и се што прави полицијата е по негов налог како дел од истрагата. Обвинителот Бубевски пак, вчера посочи дека се уште ги прибираат доказите и ги разгледуваат снимките од безбедносните камери, а се сослушуваат и сведоци меѓу кои и повреденниот од настанот. Но за детали околу откривањето на сторителите упати на МВР. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ и денеска обивинува дека во случајот е пример, како што вели, дека тој што треба да го гони криминалот е ортак со криминалот. „Инаку на 300 метри од центарот на Скопје да се случи едно вакво убиство, многу прецизно луѓе со автоматски пушки да си шетаат и тоа не 1 туку 4, на 300 метра ќе повторам од центарот на главниот град, нити во најлошите и нај би рекол кинематографии не можете да го сретнете, но ете за жал големина очевидци тој ден, во тој локал или во околината видоа како се врши брутална егзекуција на луѓе на 300 метра од центарот на главниот град во Скопје. Тоа е причина само поради тоа што немаме јасна поделба помеѓу тој што треба да го гони криминалот и да биде ортак со него. За жал кај нас тој што треба да го гони криминалот е ортак со криминалот“, истакна Мицкоски. Двајцата нарко босови во понеделникот вечерта беа стрелани со автоматски пушки од 5-мина униформирани лица со фонатомки на главите во Шиша бар. До таму дошле со ауди A6, кое веднаш по настанот беше најдено запалено на патот кон граничниот премин Блаце. Напаѓачите во барот веднаш ги таргетирале двајцата нарко босови во мониторинг собата на локалот. Според информациите Жила и Лаци биле главни во криминална група од Грчец, додека за напаѓачите се зборува дека си нивни ривали од бандата „Беланоца“ од Ченто и Арачиново.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/napagachite-se-ushte-ne-se-identifikuvani-mvr-ne-mozhe-da-raspishe-poternitsi-za-da-ne-izbegaat-od-drzhavata-a-zapalenoto-audi-a6-pronajdeno-na-pat-kon-granitsa/feed/ 0
ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДА ДЕНЕС „ШИША БАР“ – локалот е запечатен, а внатре се уште стојат овие траги кои сведочат за двојното убиство (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/eve-kako-izgleda-denes-shisha-bar-lokalot-e-zapechaten-a-vnatre-se-ushte-stojat-ovie-tragi-koi-svedochat-za-dvojnoto-ubistvo-foto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/eve-kako-izgleda-denes-shisha-bar-lokalot-e-zapechaten-a-vnatre-se-ushte-stojat-ovie-tragi-koi-svedochat-za-dvojnoto-ubistvo-foto/#respond Tue, 07 Mar 2023 14:17:24 +0000 https://kurir.mk/?p=809132

Портите на локалот каде што синоќа се случи двојното убиство денеска останаа затворени за посетители На еден од аглите на објектот од надворешната страна може да се забележи безбедносна камера. Таа, како и снимките од останатите камери од околните локали и тие од камерите од системот „Безбеден град“ (Safe city), треба да им послужат на истражителите и обвинителите во истрагата за двојното убиство, објавува 360 степени. Порталот објави и фотографии од пијалаци кои останале недопиени по престрелката вчера како и неистресени пепелници. Денес како што пишуваат тие во старата скопска чаршија е мирно и ништо не покажува дека вчера таму се случила вистинска крвава драма. ФОТО:360 степени

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/eve-kako-izgleda-denes-shisha-bar-lokalot-e-zapechaten-a-vnatre-se-ushte-stojat-ovie-tragi-koi-svedochat-za-dvojnoto-ubistvo-foto/feed/ 0