шишиња – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 19 Nov 2022 20:52:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png шишиња – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Зошто се забранува внесување течности над 100 мл во авион? https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/zoshto-se-zabranuva-vnesuvanje-technosti-nad-100-ml-vo-avion/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/zoshto-se-zabranuva-vnesuvanje-technosti-nad-100-ml-vo-avion/#respond Sat, 19 Nov 2022 20:52:57 +0000 https://kurir.mk/?p=763578

Ограничувањето на количеството течност што можете да го внесете во авион беше воведено во 2006 година, откако британската полиција откри терористички заговор кој вклучуваше активирање течен експлозив. Регулативата која дозволува внесување на само 100 милитри течности, гелови и аеросоли беше воведена во 2006 година, откако британската полиција откри терористички заговор за активирање течен експлозив во седум патнички авиони кои патуваа од ОК за САД и Канада. Наводно, Британецот од Бирмингем, Ахмед Али, посредувал во врската меѓу заговорниците и Ал Каеда. Полицијата во неговиот багаж пронашла безалкохолен пијалок во прав Танг и голем број батерии, што предизвикало тревога кај надлежните. Подоцна беше откриено дека виновниците конструирале уреди слични на бомба од шишиња со пијалоци, кои потоа планирале да ги активираат во авионот. Набргу потоа беа воведени и ограничувања за течности за рачен багаж, со неколку исклучоци како што е храната за бебиња, која патниците мораа да ја вкусат пред да ја однесат во авионот. После тоа, одредено време имаше целосна забрана за внесување течности во авионот, но подоцна беше поставена граница од 100 ml на дозволената количина течност. Ограничувањето на течностите е воведено токму затоа што е тешка задача да се испитаат течностите и да се утврди дали тие се закана. Сепак, постојат голем број отстапки за оваа граница, кои вклучуваат лекови на рецепт, течности за одржување на животот и формула за доенчиња. Исто така, се развиваат нови технологии за попрецизно прегледување на течностите на аеродромите и за справување со ограничувањата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/zoshto-se-zabranuva-vnesuvanje-technosti-nad-100-ml-vo-avion/feed/ 0
Престанете да пиете вода од стари пластични шишиња, еве зошто е штетно тоа https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/prestanete-da-piete-voda-od-stari-plastichni-shishinja-eve-zoshto-e-shtetno-toa/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/prestanete-da-piete-voda-od-stari-plastichni-shishinja-eve-zoshto-e-shtetno-toa/#respond Wed, 28 Oct 2020 09:14:44 +0000 https://kurir.mk/?p=421523

Ова не треба да ве демотивира и да престанете да пиете вода, но многу истражувања покажуваат дека морате да бидете многу внимателни кога се работи за водата што ја пиете. Резултатите покажале дека бактериите во одново наполнетите пластични шишиња за вода се слични на оние кои ги содржат јавните тоалетни школки! Експертите за вежбање ги тестирале одново наполнетите шишиња за вода на група спортисти за да видат колку тие се навистина чисти и откритијата биле вознемирувачки и страшни. Во секое шише вода истражувачите нашле повеќе од 300.000 бактериски колонии на сантиметар квадратен. Таа бројка можеби не им значи ништо на луѓето кои не се разбираат во наука. Но, колку да споредиме, употребена кучешка играчка содржи просечно 3.000 бактериски колонии на сантиметар квадратен. Голема разлика, нели? Тоа не значи дека треба да одбегнувате да пиете вода, туку дека треба да бидете внимателни за тоа од каде ја пиете водата и колку често ги миете шишињата. Сѐ што ќе допрете со усните станува заразено со бактерии. Тоа значи дека на површината до која не сте ја допирале устата премногу често, има помалку шанси да се развијат бактериски колонии. Најголем број штетни бактерии се забележани кај шишињата со капачиња и оние кои се затвораат со лизгање горе-долу. Најдобро решение е да користите цевка која секојдневно ќе ја менувате, но и тогаш ќе треба да го миете шишето редовно и темелно со доволно жешка вода и антибактериски сапун, или едноставно да го ставите во машината за миење садови. Факт е дека мора да пиеме вода и повеќекратната употреба на пластичните шишиња е најдобрата опција која не е штетна за околината. Доколку сте во можност, најсреќниот избор е да користите термос од нерѓосувачки челик, бидејќи кај него нема погодни услови за развој на бактерии. Не дозволувајте ова откритие да ве обесхрабри. Продолжете да пиете вода од веќе употребени шишиња за вода, но бидете внимателни. Исфрлете ја старата нечиста колекција на шишиња и започнете нова, особено ако во последно време не сте се чувствувале баш најдобро: Вашите шишиња за вода можеби се причината за тоа!]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/prestanete-da-piete-voda-od-stari-plastichni-shishinja-eve-zoshto-e-shtetno-toa/feed/ 0
7-годишно девојче започнало свој бизнис со стари шишиња што ги собира секојдневно https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/7-godishno-devojche-zapochnalo-svoj-biznis-so-stari-shishinja-shto-gi-sobira-sekojdnevno/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/7-godishno-devojche-zapochnalo-svoj-biznis-so-stari-shishinja-shto-gi-sobira-sekojdnevno/#respond Fri, 07 Aug 2020 19:25:33 +0000 https://kurir.mk/?p=387870

Бести Лојд е само 7 години, а веќе има свој бизнис. Таа собира стари шишиња, а потоа ги продава во нејзината продавница во градината на нејзините родители. Ова девојче заедно со својот татко ги собираат своите откритија на стари депонии користејќи само лопати. Потоа ги носат дома, ги чистат, ги ставаат во продавницата и ги продаваат. Бести продава 12 шишиња за 10 фунти, а за 12 месеци собрала 600 фунти и си купила лаптоп. Таа вели дека многу ги сака старите шишиња, бидејќи имаат различни бои и големини. Како и да е, нејзиниот омилен дел е копањето и валкањето и мисли дека тоа е навистина забавно. Девојчето споделува дека има многу различни шишиња и дека луѓето секојдневно купуваат. Таа го имала ова хоби уште од мала, па така собрале многу шишиња со кои не знаеле што да прават и така решиле да почнат да ги продаваат. Таткото вели дека тој има своја работа, па може да помага само понекогаш, но малата Бести го врши поголемиот дел од работата. Бести се воодушевува секогаш кога ќе пронајде ново шише, бидејќи тоа претставува фасцинантен поглед во различна ера. Во нејзината продавница има шишиња произведени помеѓу 1870 и 1930 година. Локалните фармери и дозволиле на Бести да копа и таму, бидејќи тоа ја прави среќна. Многу колекционери, но и други луѓе купуваат, а и ние исто така сметаме дека е убаво да му се даде нов живот на нешто старо и заборавено.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/7-godishno-devojche-zapochnalo-svoj-biznis-so-stari-shishinja-shto-gi-sobira-sekojdnevno/feed/ 0
Драма во Скопје: Му кршеле шишиња пред неговата врата, па ги истепале неговите мајка, сопруга и брат https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/drama-vo-skopje-mu-krshele-shishinja-pred-negovata-vrata-pa-gi-istepale-negovite-majka-sopruga-i-brat/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/drama-vo-skopje-mu-krshele-shishinja-pred-negovata-vrata-pa-gi-istepale-negovite-majka-sopruga-i-brat/#respond Mon, 25 May 2020 11:53:14 +0000 https://kurir.mk/?p=349998

Синоќа год во 21:45 часот женско лице  пријавило дека на ул ,,Христо Татарчев,, 17 во  Скопје имало нарушување на јавниот ред и мир со  тепачка помеѓу повеќе лица. Имено околу 21:30 часот лицето А.Б (26) од Скопје физички бил нападнат од две машки лица кои живеат на истата улица и кои пред неговата куќа кршеле стаклени шишиња. Според пријавеното во обид да ги спречи во нарушувањето на Јавниот ред и мир А.Б најпрво физички бил нападнат од едното машко лице, а во негова одбрана дошол и брат му  П.Б, по што на улицата излегле и неговата мајка В.Б(49) и неговата сопруга В.Б (26) Скопје кои сакајќи да им помогнат  исто така физички биле нападнати од лицата. Се работи на целосно расчистување на случајот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/drama-vo-skopje-mu-krshele-shishinja-pred-negovata-vrata-pa-gi-istepale-negovite-majka-sopruga-i-brat/feed/ 0
Започнале да кршат чаши и шишиња во угостителски објект во Кучково, па физички го нападнале газдата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/zapochnale-da-krshat-chashi-i-shishinja-vo-ugostitelski-objekt-vo-kuchkovo-pa-fizichki-go-napadnale-gazdata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/zapochnale-da-krshat-chashi-i-shishinja-vo-ugostitelski-objekt-vo-kuchkovo-pa-fizichki-go-napadnale-gazdata/#respond Mon, 24 Sep 2018 11:31:26 +0000 https://kurir.mk/?p=105056

На 24.09.2018 година во 00,40 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека во скопското село Кучково во угостителски објект дошло до нарушување на јавниот ред и мир помеѓу повеќе лица. Имено, на една од масите во објектот лицата кои седеле, започнале да кршат чаши и шишиња и на вработените им кажале дека ќе ја подмират штетата што ќе ја направеле. На тоа реагирал сопственикот А.Т.(25) од Скопје кој им кажал дека работното време завршува за 20 минути и дека треба да ја подмират сметката и да го напуштат објектот.Тогаш лицата започнале најпрво со чаши и пепелници да фрлаат кон А.Т. а потоа и физички го нападнале. Потоа дошле В.М.(21), М.К.(20), П.М.(29) и В.А.(26) сите од Скопје, но веднаш лицата започнале и кон нив  да фрлаат шишиња и други предмети, а потоа и физички ги нападнале, по што го напуштиле местото на настанот. Нападнатите со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Градската општа болница “8-ми Септември“ за укажување на лекарска помош. По преземени мерки и активности, околу 02,15 часот пронајдени и приведени во Полициската станица Ѓорче Петров биле лицата: М.М.(26) од с.Кисела Јабука, Д.Б.(22) од с.Волково, И.Ј.(41), С.К.(30) М.З.(34) и Н.С.(20) сите од с.Кисела Јабука. По целосното расчистување и документирање на случајот ќе следат соодветни поднесоци.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/zapochnale-da-krshat-chashi-i-shishinja-vo-ugostitelski-objekt-vo-kuchkovo-pa-fizichki-go-napadnale-gazdata/feed/ 0
Приведени четворица кумановци кои фрлале шишиња во дискотека во Охрид https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/privedeni-chetvorica-kumanovci-koi-frlale-shishinja-vo-diskoteka-vo-ohrid/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/privedeni-chetvorica-kumanovci-koi-frlale-shishinja-vo-diskoteka-vo-ohrid/#respond Sun, 05 Aug 2018 12:02:31 +0000 https://kurir.mk/?p=84755

Секторот за внатрешни работи Охрид приведе и од слобода лиши четири лица - две машки и две женски од Куманово, кои ноќеска околу 3.30 часот во дискотека во Охрид со елементи на насилство го нарушиле  јавниот ред и мир. Приведени биле Б.С.(21), С.С.(19), М.К. (20) и Б.С.(27) кои од ВИП-ложата во дискотеката ги прскале со алкохол гостите што биле на подиумот, а по кратко време еден од нив почнал да фрла шишиња кон присутните. И покрај реакциите од гостите и од обезбедувањето на дискотеката, приведените продолжиле да фрлаат шишиња. Во еден момент се обиделе и физички да го нападнат работникот на обезбедувањето. - Со интервенција на полициските службеници, спречено е нарушувањето на јавниот ред и мир и против приведените ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, соопшти МВР.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/privedeni-chetvorica-kumanovci-koi-frlale-shishinja-vo-diskoteka-vo-ohrid/feed/ 0
Фрлал шишиња и чаши кон девојка бидејќи не му се допаднала песната која ја пуштила https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/frlal-shishinja-i-chashi-kon-devojka-bidejkji-ne-mu-se-dopadnala-pesnata-koja-ja-pushtila/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/frlal-shishinja-i-chashi-kon-devojka-bidejkji-ne-mu-se-dopadnala-pesnata-koja-ja-pushtila/#respond Wed, 03 Jan 2018 11:31:22 +0000 http://kurir.mk/?p=5838

Дваесет и четири годишната Е.С. пријавила дека вечерта за Нова година во угостителски објект во Крива Паланка, каде што пуштала музика, лицето А.Н. (24) од с.Опила започнал да фрла со шишиња и чаши кон нејзе затоа што не му се допаднала песна. Екипа на Полициската станица Крива Паланка излегла на местото на настанот. Полицијата презема мерки за целосно расчистување  на случајот.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/frlal-shishinja-i-chashi-kon-devojka-bidejkji-ne-mu-se-dopadnala-pesnata-koja-ja-pushtila/feed/ 0