Школа за млади лидери – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 12 Oct 2023 06:49:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Школа за млади лидери – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Започна 14-тата Школа за млади лидери на Претседателот Иванов https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zapochna-14-tata-shkola-za-mladi-lideri-na-pretsedatelot-ivanov/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zapochna-14-tata-shkola-za-mladi-lideri-na-pretsedatelot-ivanov/#respond Thu, 12 Oct 2023 06:49:54 +0000 https://kurir.mk/?p=887914

Во Охрид синоќа започнаа сесиите во живо од 14тата Школа за млади лидери на поранешниот претседател на Република Македонија, проф. д-р Ѓорге Иванов. Школата беше свечено отворена вчеравечер, од поранешниот претседател Иванов, кој на младите лидери им посака добредојде во Охрид. Им посочи на младите лидери никогаш да не ја губат надежта и трпението и секогаш да размислуваат позитивно, да бидат подготвени континуирано да се образуваат и да се развиваат, а тоа можат да го постигнат со самокритичност, самодоверба и саморефлексија. Исто така, им посака да се стекнат со нови пријателства, нови лидерски вештини и нови знаења кои ќе ги подготват полесно да се соочат со предизвиците на нивниот животен пат. По неговото поздравно обраќање, како гостин на Школата се обрати и поранешниот претседавач со претседателството на Босна и Херцеговина, проф. д-р Младен Иваниќ, кој на големо задоволство на учесниците зборуваше за лидерството, за одлуките кои треба да ги носат и дека истите тие одлуки не секогаш ќе бидат прифатени од останатите, но тоа е одлика на вистинските лидери. Учесниците, предавачите и гостите во текот на Школата, освен што ќе уживаат во преубавиот амбиент на долгогодишниот поддржувач и партнер на Школата – Хотелот „Инекс Олгица“ и ќе имаат можност да ги видат убавините на Охрид. Темата на овогодинешната Школа за млади лидери е „Едукација – трансформација – лидерство“ и на истата учествуваат четириесетина учесници од различни земји од светот, од Македонија, Србија, САД, Азербејџан, Турција, Јемен, Алжир, Нигерија, Германија, Филипини и Канада, кои своите знаења, вештини и амбиции за лидерство ќе ги градат и развиваат со повеќе од дваесет меѓународно признати професори, експерти од различни области, актуелни и поранешни политичари. Меѓу предавачите оваа година се Златко Лагумџија, поранешен Премиер на БиХ, актуелен Амбасадор на Босна и Херцеговина во ОН; д-р Исмаил Сарагелдин, поранешен директoр на Александриската библиотека и потпретседател на Светска банка; проф. д-р Колин Снидер, професор по историја на Латинска Америка на Универзитетот Тексас – Тајлер; проф. Томас Гудерјан, професор по антропологија на Универзитетот Тексас – Тајлер во САД; Мајк Коб, експерт за организирање на процесот на едукација во Саудиска Арабија; Марк Донфрид, директор на Институтот за културна дипломатија во Берлин; проф. д-р Роберт Стеркен, професор по политички науки во Универзитетот Тексас-Тајлер во САД;  проф. д-р Анис Сефиданис, професор информатички науки и роботика на Универзитетот „Св. Апостол Павле“ во Охрид; проф. д-р Невенка Димитрова, лидер во истражување на податоци од областа на биомедицината; проф. д-р Александра Креглер, асистент професор на одделот за Социологија на Универзитетот Тексас – Тајлер во САД; проф. Никола Илиќ - основач и директор на ChangeLab Global, професор на Универзитетот Џорџтаун во Вашингтон; проф. д-р Александар Кирјаковски - асистент професот по Психологија на Меѓунатодниот Балкански Универзитет во Скопје; амб. Ивица Боцевски, поранешен вице премиер за Европска Интеграција и поранешен амбасадор во Бразил; Зоран Костовски и Ранко Безар од МОТИВА; Виктор Мизо, генерален менаџер на Костал Груп и Костал Македонија; д-р Игор Радев од МАНУ; Рашела Мизрахи, пратеничка во Сорабранието на Република Македонија; д-р Александар Митов, експет по јавно здравје и проф. д-р Гордана Силјановска – Давкова, професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, пратеничка во Собранието на Република Македонија и кандидат за претседател во 2019 година. Школата е организирана од Кабинетот на поранешниот Претседател Иванов во партнерство со Меѓународниот центар „Алијанса на цивилизациите“ и Алумни Асоцијацијата „Иванов Школа за лидери“. 14-та Школа за млади лидери на Претседателот Иванов континуирано ја потврдува својата заложба за создавање на нови генерации млади лидери во областите од кои доаѓаат, притоа овозможувајќи им преку предавањата кои ќе ги слушаат и контактите кои ќе ги создадат, понатаму да се развиваат и на личен и на професионален план. Спонзори и поддржувачи на Школата за млади лидери се Канцеларијата на ТИКА - Агенција за соработка и координација на Турција во Скопје, Хотелот Инекс Олгица Охрид, ТАВ Македонија, Туркиш Ерлајнс, Делфино, Витаминка, Алкалоид, Петрол Оил, А1 Македонија, Скопска пивара, DMS, Комфи Ејнџел, Мотива. Школата за млади лидери е иницијатива на Претседателот Ѓорге Иванов која започна на почетокот на неговиот прв мандат. Првата Меѓународна обука за млади лидери се одржа во 2010 година. Оттогаш, во текот на досегашните 13 школи, учествуваа 509 млади луѓе од земјата и од странство, со различна академска и професионална позадина. Во склоп на Школата за млади лидери, низ годините до сега предавања одржаа над 322 реномирани предавачи од Република Македонија, Европа и светот. Во 2018 година, проектот Школа за млади лидери на Претседателот Иванов, е прогласен за најдобар социјално одговорен проект во Европа за 2017 година од страна на Светскиот инвестициски форум на бизнис ангели.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zapochna-14-tata-shkola-za-mladi-lideri-na-pretsedatelot-ivanov/feed/ 0
Затворање на 13-тата Школа за млади лидери на Иванов https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zatvoranje-na-13-tata-shkola-za-mladi-lideri-na-ivanov/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zatvoranje-na-13-tata-shkola-za-mladi-lideri-na-ivanov/#respond Fri, 30 Sep 2022 11:55:45 +0000 https://kurir.mk/?p=739557

Синоќа, 30 септември 2022 година, се одржа свеченото затворање на 13-тата Меѓународна обука за млади лидери на Претседателот Иванов во хотелот Инекс Олгица во Охрид. Тринаесеттата Школа за млади лидери на Претседателот Иванов, на тема „Морално лидерство“, се одржа во периодот 16-30 септември 2022 година во комбинирано издание, онлајн и во живо. Свеченото отворање се одржа на 16 септември 2022 година во Хотел Double Tree by Hilton во Скопје, по што следеа онлајн предавања во периодот од 17-23 септември 2022 година. Од 25-29 септември 2022 програмата продолжи во живо во едната во Скопје и втората сесија на свечено затворање во Охрид. Синоќа Претседателот Иванов ја затвори 13-та Школа за млади лидери на темата „Морално лидерство“. На сесијата на свечено затворање, покрај Претседателот Иванов се обрати и поранешниот Претседател на Чешката Република, Вацлав Клаус, кој воедно во текот на денот одржа и предавање за учесниците на школата. Претседателот Иванов на учесниците кои ја следеа целата програма и успешно ја завршија школата им додели сертификати, а на поддржувачите и ко-организаторите им додели благодарници. Школата успешно ја завршија 37 учесници од Македонија и од странство, кои имаа можност да следат предавања на дваесетина предавачи од Македонија и од странство. На свеченото отворање на школата се прочита поздравно писмо од Неговата Светост Папата Франциск кое беше упатено до учесниците, а беше на темата на овогодинешната школа, морално лидерство. На свеченото отворање се обратија и Бискупот монс. д-р. Киро Стојанов, Градоначалникот на Ново Село Ѓорѓе Божинов, маестро Симон Трпчевски, Во текот на 13-тата Школа за млади лидери предавања за учесниците одржаа: Вацлав Клаус, поранешниот Претседател на Чешката Република, Денис Илиќ, Претседател на Ilitch Enterprises; Ендру Пејкоф Јуниор, Претседавач на компанијата Niagara Bottling, Сани Шенер, главен извршен директор и Претседател на „ТАВ Аеродроми“; Еџе Чифтичи, Претседател на бордот на SocialBen Foundation; Есер Џевахир, член на Бордот на Џевахир; Кордел Картер, Извршен директор на Институтот Аспен; проф. д-р. Томас Гудерјан, професор по антропологија на Универзитетот во Тексас; проф. д-р. Роберт Стеркен, професор по политички науки на Универзитетот во Тексас; Гозде Диздар, Основач и Извршен директор на GD Global; амбасадор Зоран Дабиќ, поранешен амбасадор на РМ во ОБСЕ, НАТО; проф. д-р Викторија Трајков, професор по политички маркетинг на Универзитетот за туризам и менаџмент; Рашела Мизрахи, пратеник во Собранието на Република Македонија; д-р Александар Митов, експерт за јавно здравје; Зоран Костовски, Директор на компанијата за деловна едукација, менаџмент консалтинг, образование и обука „Мотива“; Ацо Момчиловиќ, ко-основач на Global Al Ethics Institute во Хрватска; проф. д-р Атанас Кирјаковски, професор по психологија на Меѓународниот Балкански Универзитет. Во програмата беше вклучена и посета на Општина Охрид каде на учесниците им се обрати Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков. Една од активностите за учесниците беше работа во групи на проект за дигитално решение за промоција на туризмот во Охрид, а финалните проекти беа презентирани пред Градоначалникот на Охрид, со можност за натамошна имплементација на најдобриот проект. Се реализираа и три панели кои ја обработуваа главната тема од различни аспекти. Учесници на трите панели беа: д-р Коста Милков, Претседател на Балканскиот институт за вера и култура; проф. д-р Милан Ѓорѓевиќ, професор на Теолошкиот факултет при Универзитетот „Св. Климент Охридски“; проф. д-р Али Пајазити, професор на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово; Рашела Мизрахи, пратеник во Собранието на Република Македонија; д-р Александар Митов, експерт за јавно здравје; проф. д-р Атанас Кирјаковски, професор по психологија на Меѓународниот Балкански Универзитет; амб, Јован Донев, поранешен амбасадор на РМ; проф. д-р Методи Хаџи Јанев, вонреден професор по правни науки при Воената академија „Генерал Михајло Апостолски“ во Скопје; проф. д-р. Зоран Иванов, член на меѓународниот оддел за претприемништво при TOBB ETU и проф. д-р. Катерина Вељановска Блажевска, универзитетски професор, експерт за јавни политики и стратешки комуникации. Модератор на еден од панелите беше проф. д-р Анис Сефиданис, Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ Охрид, кој воедно имаше и други улоги во текот на програмата, како модератор на дискусија по организираната проекција на филм, презентација на првиот дигитален споменик во Македонија, кое воедно е негово дело, и др. Модератори на овогодинешната 13-та Школа за млади лидери беа Даниел Ѓоќески, кој го предводеше онлајн делот од програмата, и Гордица Каранфиловска, која ја модерираше програмата во Охрид, а беше и во улога на предавач на школата оваа година. Модератор на свеченото отворање беше проф. д-р. Катерина Вељановска Блажевска, универзитетски професор и експерт за јавни политики и стратешка комуникација. Како и досега, Школата за млади лидери на Претседателот Иванов е поддржан од приватниот сектор, а оваа година поддржувачи се компаниите; Хотел Инекс Олгица Охрид, ТАВ Македонија, Туркиш Ерлајнс, Делфино, Витаминка, Алкалоид, Петрол Оил, А1 Македонија, Кроациа Осигурување, хотел DoubleTree by Hilton Скопје, MNA-CA, Тиквеш, Скопска пивара, DMS, Комфи Ејнџел, Мотива и др. Школата за млади лидери е иницијатива на претседателот Ѓорге Иванов која започна на почетокот на неговиот прв мандат. Првата Меѓународна обука за млади лидери се одржа во 2010 година. Оттогаш, во текот на досегашните 13 обуки, учествуваа околу 520 млади луѓе од земјата и од странство, со различен академски и професионален фокус. Пред дванаесетте генерации учесници на Школата за млади лидери, предавања одржаа над 270 реномирани предавачи од Република Македонија, Европа и светот. Во 2018 година, проектот Школа за млади лидери на Претседателот Иванов, е прогласен за најдобар социјално одговорен проект во Европа за 2017 година од страна на Светскиот инвестициски форум на бизнис ангели.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zatvoranje-na-13-tata-shkola-za-mladi-lideri-na-ivanov/feed/ 0
Објавен конкурс за 13. Школа за млади лидери на Ѓорѓе Иванов https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/objaven-konkurs-za-13-shkola-za-mladi-lideri-na-gjorgje-ivanov/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/objaven-konkurs-za-13-shkola-za-mladi-lideri-na-gjorgje-ivanov/#respond Wed, 29 Jun 2022 07:53:06 +0000 https://kurir.mk/?p=697151

Кабинетот на поранешниот претседател Иванов информира дека по 13-ти пат ќе се одржи традиционалната Школа за млади лидери на Претседателот Иванов. Денес е објавен конкурсот за учество на Меѓународната обука за млади лидери на проф. д-р Ѓорге Иванов, Претседател на Република Македонија 2009-2019, која оваа година ќе биде на тема: „Морално лидерство“. Меѓународната обука за млади лидери на проф. д-р Ѓорге Иванов традиционално се одржува од 2010 година. Во досегашните 12 обуки учествуваа околу 480 млади луѓе од целиот свет со различен академски и професионален фокус. Пред дванаесетте генерации учесници на Школата за млади лидери, предавања одржаа над 240 реномирани предавачи од Република Македонија, Европа и светот. Во 2018 година, Школата за млади лидери е прогласена за најдобар социјално одговорен проект во Европа за 2017 година од страна на Светскиот инвестициски форум на бизнис ангели. Оваа година, Школата за млади лидери на претседателот Иванов ќе се организира комбинирано, онлајн и со физичко присуство, во периодот 16-30 септември 2022 година. Програмата е намената за млади луѓе со завршено високо образование до 35 години, дипломирани студенти и професионалци со работно искуство. Се очекува учесниците да имаат желба континуирано да ги развиваат и усовршуваат нивните лидерски вештини и да придонесуваат за позитивен развој на општеството и околината во која живеат и работат. Обуката опфаќа предавања од предавачи од земјата и од странство кои ќе споделат искуства и знаења кои би ги поттикнале учесниците да размислуваат  аналитички и да креираат заеднички решенија за предизвиците со кои се соочуваат, како и интерактивно да се вклучат на предавањата кои ќе се одвиваат на македонски и англиски јазик. Бројот на учесници е ограничен, а право на учество имаат сите млади кои ги исполнуваат условите наведени во конкурсот објавен на веб страната и на фејсбук страната на Школата за млади лидери на претседателот Иванов (https://youngleaders.com.mk/https://www.facebook.com/IvanovSchoolForYoungLeaders), како и на веб страната и  на фејсбук страната на поранешниот претседател Иванов (https://gjorgeivanov.mk/https://www.facebook.com/exmacedonianpresident/).

]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/objaven-konkurs-za-13-shkola-za-mladi-lideri-na-gjorgje-ivanov/feed/ 0
Затворање на 12-тата Школа за млади лидери на поранешниот претседател Иванов https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zatvoranje-na-12-tata-shkola-za-mladi-lideri-na-poraneshniot-pretsedatel-ivanov/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zatvoranje-na-12-tata-shkola-za-mladi-lideri-na-poraneshniot-pretsedatel-ivanov/#respond Sun, 28 Nov 2021 09:58:54 +0000 https://kurir.mk/?p=600909

Кабинетот на поранешниот Претседател на Република Македонија 2009-2019, проф. д-р Ѓорге Иванов, информира дека синоќа (27.11.2021 година) се одржа свеченото затворање на 12-тата Меѓународна обука за млади лидери на Претседателот Иванов во хотелот Инекс Олгица во Охрид. Дванаесеттата Школа за млади лидери на Претседателот Иванов, на тема „Лидерство во акција“, се одржа во периодот 12-27 ноември 2021 година во комбинирано издание, онлајн и со две сесии со присуство во живо, едната во Скопје и втората сесија на свечено затворање во Охрид. Школата успешно ја завршија 36 учесници кои имаа можност да следат предавања на дваесетина предавачи од Македонија и од странство. Претседателот Иванов ја затвори 12-та Школа за млади лидери на темата „Лидерство во акција“. На сесијата на свечено затворање, покрај Претседателот Иванов се обрати и Градоначалникот на Општина Охрид, г. Кирил Пецаков. Претседателот Иванов на учесниците кои ја следеа целата програма и успешно ја завршија школата им додели сертификати. Воедно, на поддржувачите и ко-организаторите им додели благодарници. Во текот на 12-тата Школа за млади лидери предавања за учесниците одржаа: Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, Министерот за надворешни работи на Република Турција, г. Мевлут Чавушоглу, Сани Шенер, главен извршен директор и Претседател на „ТАВ аеродроми“; Рза Алијев, Менаџер за развој и имплементација на политики, стратегија и одржливост во компанијата Бритиш Петролеум и член на Бордот на World Monuments Fund; Рашела Мизрахи, пратеник во Собранието на Република Македонија; Ендру Пејкоф, Претседавач на компанијата Niagara Bottling LLC; Јордан Битов, Ко-сопственик и издавач, Torstar Corporation, и основач и ко-сопственик на Nordstar Corporation; Елизабет Наумовски, Заменик претседател за маркетинг во компанијата Caldwell Securities Ltd. и добитник на повеќе награди како застапник за финансиска писменост; Џери Наумоф, Претседавач на Бордот на компанијата Taskforce; Методија Колоски, Ко-основач и Претседател на Обединета Македонска дијаспора; Зоран Костовски, Директор на компанијата за деловна едукација, менаџмент консалтинг, образование и обука „Мотива“; Хозе Антонио Моралес, Извршен директор на компанијата Lincoln Iceland Company LLC; Гордица Каранфиловска, поранешен координатор на проектот Школа за млади лидери. Предавање за учесниците одржаа и поранешните учесници на школата и членови на ИСЛАА, Ѓорѓе Божинов, Градоначалник на Општина Ново Село; Александар Митов, експерт за јавно здравје; Катерина Велјановска Блажевска, професор и експерт за јавни политики и комуникација, Катерина Климовска, Претседател на алумни асоцијацијата ИСЛАА. Модератор на сите сесии на Школата беше Даниел Ѓоќески, поранешен учесник на школата и координатор на проектот Школа за млади лидери. Школата за млади лидери е иницијатива на претседателот Ѓорге Иванов која започна на почетокот на неговиот прв мандат. Првата Меѓународна обука за млади лидери се одржа во 2010 година. Оттогаш, во текот на досегашните 12 обуки, учествуваа околу 476 млади луѓе од земјата и од странство, со различен академски и професионален фокус. Пред дванаесетте генерации учесници на Школата за млади лидери, предавања одржаа над 240 реномирани предавачи од Република Македонија, Европа и светот. Во 2018 година, проектот Школа за млади лидери на Претседателот Иванов, е прогласен за најдобар социјално одговорен проект во Европа за 2017 година од страна на Светскиот инвестициски форум на бизнис ангели.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zatvoranje-na-12-tata-shkola-za-mladi-lideri-na-poraneshniot-pretsedatel-ivanov/feed/ 0
„Лидерство во акција“: Конкурс за 12-та Школа за млади лидери на поранешниот претседател Иванов https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/liderstvo-vo-akcija-konkurs-za-12-ta-shkola-za-mladi-lideri-na-poraneshniot-pretsedatel-ivanov/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/liderstvo-vo-akcija-konkurs-za-12-ta-shkola-za-mladi-lideri-na-poraneshniot-pretsedatel-ivanov/#respond Sat, 16 Oct 2021 08:54:59 +0000 https://kurir.mk/?p=580116

Кабинетот на поранешниот претседател Иванов информира дека по 12-ти пат ќе се одржи традиционалната Школа за млади лидери на Претседателот Иванов. Денес е објавен конкурсот за учество на Меѓународната обука за млади лидери на проф. д-р Ѓорге Иванов, Претседател на Република Македонија 2009-2019, која оваа година ќе биде на тема: „Лидерство во акција“. Школата за млади лидери на претседателот Иванов се одржува од 2010 година. Во досегашните 11 обуки учествуваа околу 440 млади луѓе од целата земја, но и од странство, со различен академски и професионален фокус, а предавања одржаа над 220 реномирани предавачи од Република Македонија, Европа и светот. Во 2018 година, Школата за млади лидери е прогласена за најдобар социјално одговорен проект во Европа за 2017 година од страна на Светскиот инвестициски форум на бизнис ангели. Програмата е намената за млади луѓе со завршено високо образование до 35 години, дипломирани студенти и професионалци со работно искуство. Се очекува учесниците да имаат желба континуирано да ги развиваат и усовршуваат нивните лидерски вештини и да придонесуваат за позитивен развој на општеството и околината во која живеат и работат. Оваа година, Школата за млади лидери ќе се организира комбинирано, онлајн и со физичко присуство, следниот месец, во периодот од 12-28 ноември 2021 година. Обуката опфаќа предавања од предавачи од земјата и од странство, фокусирани на искуствата и знаењата кои би ги поттикнале учесниците да размислуваат аналитички и да креираат заеднички решенија за предизвиците со кои се соочуваат. Предавањата ќе се одвиваат на македонски и англиски јазик. Бројот на учесници на Школата е ограничен, а право на учество имаат сите млади кои ги исполнуваат условите наведени во конкурсот објавен на веб страната (https://gjorgeivanov.mk/poranesen/info.html) и на фејсбук страната на поранешниот претседател Иванов (https://www.facebook.com/exmacedonianpresident/).]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/liderstvo-vo-akcija-konkurs-za-12-ta-shkola-za-mladi-lideri-na-poraneshniot-pretsedatel-ivanov/feed/ 0
Почна 11. Школа за млади лидери на поранешниот претседател Иванов https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochna-11-shkola-za-mladi-lideri-na-poraneshniot-pretsedatel-ivanov/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochna-11-shkola-za-mladi-lideri-na-poraneshniot-pretsedatel-ivanov/#respond Sat, 05 Dec 2020 15:36:23 +0000 https://kurir.mk/?p=439301

Денес, започна 11. Школа за млади лидери на поранешниот Претседател Иванов, која по прв пат се организира онлајн. Единаесеттата Школа за млади лидери ќе се одржи во текот на овој и следните два викенди во декември на темата „Лидерството во услови на глобални кризи“. Оваа година, околу четириесет учесници и дваесетина предавачи од Македонија и од странство ќе бидат дел од 11-тата Школа за млади лидери која се одржува на платформата Zoom. На свеченото отворање на Школата, покрај претседателот Иванов, своја порака до учесниците испратија Премиерот на Република Словенија, Јанез Јанша, и поранешниот Претседател на Чешка Република 2003-2013, Вацлав Клаус, а свое предавање одржа и проф. д-р Исмаил Серагелдин, основач и директор на новата Александриска библиотека во Александрија. Претседателот Иванов во своето обраќање до учесниците порача дека лидери се тие што ја преземаат иницијатива и одговорност во време на кризи. Истакна дека покрај ковид кризата, светот се соочува со повеќе кризи како што се финансиска, здравствена, хуманитарна, еколошка, криза на ресурси и др. Сепак, нагласи дека во ковид кризата излезе на површина што е потребно да се биде глобален лидер. Се осврна и на успешното справување во Република Македонија со мигрантската криза како позитивен пример на менаџирање во криза. Исто така, ги нагласи особеностите на женското лидерство низ успешни примери. Словенечкиот премиер Јанша поздравувајќи ги учесниците на Школата нагласи дека добрите лидери стануваат уште подобри кога и ако бидат предизвикани. „Можете да го издржите предизвикот само ако сте самоуверени. Оваа внатрешна сила не е можна без да се познавате себеси, вашите корени, вредности, таленти и можности. Предизвиците го обликуваат карактерот, а карактерот развива мудрост и идеи кои се неопходни за лидер”, рече премиерот Јанша. Тој нагласи дека лидери можат да бидат тие кои не се фиксирани на политичка позиција, но имаат визија, што повлекува дека се свесни за тоа што е императив и каде може да направат компромис. Поранешниот чешки Претседател Клаус, се осврна на прекумерните активности на властите и злоупотребата на епидемијата на Ковид од страна на медиумите кои шират страв низ целиот свет, кое што резултира со хипотезата на социјална дистанца. Претседателот Клаус рече, „сметам дека тоа е опасен чекор кон забрзување на фрагментацијата и атомизацијата на човечкото општество, кон победата на експерто-кратијата во нашите земји и кон видливата и непобитна загуба на нашите слободи.“ Тој го спореди кажаното со тоа на што помладите генерации не се сеќаваат - комунизмот и отсуството на слободи во тој период – што им наметнува континуирана обврска на постарите генерации на лидери да даваат постојани предупредувања за тоа. „Постои силна коалиција на идеи и на интереси во денешниот свет и постои силна мотивација за злоупотреба на ковид пандемијата за реализација на нивниот план за креирање на „нов храбар свет“, објаснето во многу дистописки дела. Идните лидери треба да бидат подготвени за таков свет.“ За Македонија рече дека треба да го најде нејзиниот modus vivendi во Европа и посебно во или најмалку со ЕУ, што не е лесна задача. Претседателот Клаус потсети и на неговиот познат став, дека ЕУ изгледа подобро однадвор, отколку одвнатре. Д-р Исмаил Серагелдин во предавањето за младите учесници се осврна на преобликувањето на светскиот поредок и низ теоретски и филозофски пристап го посочи незапирливиот технолошки развој и неговата улога во создавањето на новиот свет. Според него, вистинските лидери треба да ја избегнуваат стапицата на лажните вести и злоупотребата на информациите кои денеска ни се подостапни од кога и да е. Според него, вистинскиот лидер секогаш треба да ја зборува вистината. Поддржувајќи ја инцијативата на Претседателот Иванов и заблагодарувајќи се за повторната можност да ги сподели своите сознанија со овогодинешните млади лидери, д-р Серагелдин истакна дека од голема важност е да го разбереме минатото, да се насочиме кон сегашноста и да создадеме визија за иднината, следејќи ги сопствените вредности. Меѓу предавачите годинава ќе бидат и Сани Шенер, главен извршен директор и Претседател на „ТАВ аеродроми“; Макс Сонг, специјалист за податоци и градење на инвестициски можности; Данит Гал од Леверхулм Центарот за иднина на разузнавањето на Универзитетот во Кембриџ; Кордел Картер, Извршен директор на програмата Сократ на Институтот Аспен; Рза Алијев, Менаџер за развој и имплементација на политики, Бритиш Петролеум; г-ѓа Симона Чаминска, Глобална недела на претприемништвото во Македонија; Данела Арсовска, Претседател на Сојуз на стопански комори на Македонија; Рашела Мизрахи, пратеник во Собранието на Република Македонија; Амани Бен Лахдар од компанијата за виртуелна едукација Солија, а две онлајн активности на учесниците ќе бидат организирани од компанијата за деловна едукација, за менаџмент консалтинг, образование и обука „Мотива“. Школата за млади лидери е лична иницијатива на претседателот Ѓорге Иванов која започна на почетокот на неговиот прв мандат. Во текот на досегашните 10 обуки, учествуваа околу 400 млади луѓе од целата земја, но и од странство, со различен академски и професионален фокус. Пред десетте генерации учесници на Школата за млади лидери, свои предавања одржаа над 200 реномирани предавачи од Република Македонија, Европа и светот. Во 2018 година, Школата за млади лидери е прогласена за најдобар социјално одговорен проект во Европа за 2017 година од страна на Светскиот инвестициски форум на бизнис ангели. Учесниците на досегашните школи се организирани во Алумни асоцијација – ИСЛАА, регистрирана како посебно здружение, коешто низ семинари, панел-дискусии, предавања и учества во младински настани, овозможува продолжување на развојот на нивните знаења и вештини. ИСЛАА, заедно со фондацијата „Алијанса на цивилизациите“ се ко-организатори на 11. Школа за млади лидери на Претседателот Иванов.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochna-11-shkola-za-mladi-lideri-na-poraneshniot-pretsedatel-ivanov/feed/ 0
Во Струга одбележана 10 годишнината на Школата за млади лидери на претседателот Иванов https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-struga-odbelezana-10-godishninata-na-shkolata-za-mladi-lideri-na-pretsedatelot-ivanov/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-struga-odbelezana-10-godishninata-na-shkolata-za-mladi-lideri-na-pretsedatelot-ivanov/#respond Sun, 24 Feb 2019 08:35:47 +0000 https://kurir.mk/?p=167600

Со гала вечера вчера вечер во Струга е одбележана 10-годишнина од постоењето на Школата за млади лидери, што по иницијатива на претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, во изминатата деценија се одржува во Охрид и во Струга. На гала вечерата, на која присуствуваа учесници од десетте генерации и донатори, претседателот Иванов порача дека школата за млади лидери во изминатите десет години станала препознатлив бренд. „Успеавме една идеја, еден сон да го претвориме во реалност, во нешто што успеа. Успеа затоа што успеавме 400 млади луѓе да ги упатиме во предизвиците на времето во кое живееме, да ги упатиме во тајните на лидерството, да ги упатиме на сето она што е предизвик на 21 век. Успеавме затоа што станавме препознатлив бренд, кој веќе го практикуваат и други кои биле дел од школата. Успеавме и затоа што добивме светски признанија. Признаени сме и препознаени сме. Успеавме затоа што многу млади луѓе излегоа од школата насмеани, радосни и исполнети со среќа“, рече претседателот Иванов. Тој упати благодарност до сите поддржувачи на школата, компаниите, поединци, фондации, амбасади кои, како што рече, го препознаа овој проект и инвестираа во него. „Голема благодарност, затоа што покажаа дека и без средства од државен буџет може да се направи успешен проект за една држава“, рече претседателот Иванов. Македонскиот претседател се заблагодари и на сите предавачи на школата, кои ги споделиле своите знаења, искуства и контакти со учесниците на школата. Во изминатите десет години на школата учествуваа 400 млади луѓе и над 200 реномирани предавачи, меѓу кои поранешниот Генерален секретар на ОН, г. Бан Ки-мун, поранешните претседатели на Чешка и на Латвија, г. Вацлав Клаус, г-ѓа Ваира Вике – Фреиберга и г. Валдис Затлерс, поранешните претседатели на Србија, на Бугарија и на Албанија, г. Борис Тадиќ, г. Георги Прванов, г. Петар Стојанов, г. Бамир Топи и г. Реџеп Меидани, поранешниот потпретседател на Европската комисија и поранешен министер за надворешни работи на Италија, г. Франко Фратини, претседателите на Светската и на Европската академија на науките и уметностите, г. Иво Шлаус и г. Феликс Унгер, како и голем број амбасадори, функционери од Европската унија, директори на меѓународни институти, успешни компании и професори од реномирани светски универзитети. Школата за млади лидери е лична иницијатива на претседателот Иванов. Досега се организирани десет интензивни тренинзи за лидерство – вo 2010, 2011, 2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2018 и 2019 година. Програмата на школата опфаќа предавања и обуки во сферите на лидерството и менаџментот од страна на еминентни предавачи и гости од врвни образовни и професионални институции, менаџмент-симулации и практични вежби. Школата за млади лидери беше прогласена за најдобар социјално одговорен проект во Европа за 2017 година од страна на Светскиот форум на бизнис ангели, а по тој повод оваа организација во 2018 година на претседателот Иванов му ја врачи наградата за Најдобар светски лидер кој инвестира во новата генерација. Учесниците на досегашните школи се организирани во Алумни асоцијација – ИСЛАА, регистрирана како посебно здружение, каде низ семинари, панел дискусии, предавања и учества во младински настани се овозможува продолжување на развојот на нивните знаења и вештини.    ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-struga-odbelezana-10-godishninata-na-shkolata-za-mladi-lideri-na-pretsedatelot-ivanov/feed/ 0
Претседателот Иванов ги додели сертификатите на учесниците на 10. Школа за млади лидери https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pretsedatelot-ivanov-gi-dodeli-sertifikatite-na-uchesnicite-na-10-shkola-za-mladi-lideri/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pretsedatelot-ivanov-gi-dodeli-sertifikatite-na-uchesnicite-na-10-shkola-za-mladi-lideri/#respond Sat, 23 Feb 2019 08:25:02 +0000 https://kurir.mk/?p=167202

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, вчера вечер ги додели сертификатите на учесниците на 10. Школа за млади лидери, што по негова иницијатива, се одржа од 11 до 22 февруари во Струга. На годинешната школа учествуваа дваесетина реномирани предавачи кои ги пренесоа своите знаења, искуства и видувања за лидерството на вкупно 40 учесници на школата. „Овие нивни искуства, сознанија и вештини ќе ви помогнат во животот кога се наоѓате во слични ситуации да наоѓате решенија. Да знаете како да создадете тим на луѓе кои ќе ве следат, на кои ќе им понудите решенија. Никој пат да не се обесхрабрувате и секој пат да гледате кон тоа што доаѓа“, рече претседателот Иванов пред младите лидери во Струга. Во фокусот на годинешната школа беа предизвиците од 4. индустриска револуција. Меѓу предавачите на годинешната Школа за млади лидери беа г-ѓа Пинар Ајваз Арикан, Генерален Директор на Turkish Airlines во Скопје, г. Штефан Петер, Претседател на извршниот одбор на ЕВН Македонија, г-ѓа Фанија Самак од компанијата Микросам од Прилеп, г-ѓа Нина Ангеловска, коосновач на Grouper.mk, г-ѓа Љупка Арсова, Инженер за животна средина во Источната Истражувачка група, со седиште во САД, д-р Разије Невзат, Координатор на Одделот за социјални медиуми и дигитален маркетинг на Источен Медитеран Универзитет, г. Хозе Антонио Моралес, директор на Lincoln Island Initiatives, со седиште во Словенија, д-р Рашела Мизрахи од Бар Илан Универзитет, Израел, г. Методија Колоски, Претседател на Обединетата Македонска Дијаспора, г. Тонис Нирк, дипломатски претставник за дигитална економија од Естонија, Ментар Махмуди, Експерт за вештачка интелегенција во Audi AG, Садат Алими, финансиски советник во PricewaterhouseCoopers и други. Во изминатите десет години на школата учествуваа 400 млади луѓе и над 200 реномирани предавачи.  Школата за млади лидери беше прогласена за најдобар социјално одговорен проект во Европа за 2017 година од страна на Светскиот форум на бизнис ангели, а по тој повод оваа организација во 2018 година на претседателот Иванов му ја врачи наградата за Најдобар светски лидер кој инвестира во новата генерација. Учесниците на досегашните школи се организирани во Алумни асоцијација – ИСЛАА, регистрирана како посебно здружение, каде низ семинари, панел дискусии, предавања и учества во младински настани се овозможува продолжување на развојот на нивните знаења и вештини.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pretsedatelot-ivanov-gi-dodeli-sertifikatite-na-uchesnicite-na-10-shkola-za-mladi-lideri/feed/ 0
Успешните македонски приказни на Школата за млади лидери (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/uspeshnite-makedonski-prikazni-na-shkolata-za-mladi-lideri-foto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/uspeshnite-makedonski-prikazni-na-shkolata-za-mladi-lideri-foto/#respond Mon, 18 Feb 2019 13:21:13 +0000 https://kurir.mk/?p=165248

Љупка Арсова, Нина Ангеловска, Ментар Махмуди, Филип Нелковски, Рашела Мизрахи и Методија Колоски беа меѓу дваесетината предавачи што своите видувања за лидерството ги презентираа пред учесниците на 10. Школа за млади лидери, што по иницијатива на претседателот Ѓорге Иванов, се одржува во Струга од 11 до 22 февруари. Љупка Арсова, родена во Штип, работи како инженер за животна средина во Источната Истражувачка група, со седиште во САД. Таа одржа предавање на тема „Ние не и требаме на планетата, таа ни треба нам - сите сме дел од решението“. На тема „8П на претриемништвото во дигиталниот свет“ предавање одржа Нина Ангеловска, коосновач на Grouper.mk. Ангеловска беше избрана од Forbes и се најде на листата од триесет најдобри и најветувачки претприемачи на ниво на Европа. Предавање за Вештачка интелегенција пред учесниците на Школата за млади лидери одржа Ментар Махмуди, родум од Тетово, кој работи во автомобилската компанија Ауди во Германија како Експерт за вештачка интелегенција. „Изминатиот викенд одржав предавање за Вештачка интелигенција и роботика на претседателската Школа за млади лидери во Македонија. Имав можност да комуницирам со високо талентирани и реализирани млади лидери кој веќе прават позитивно влијание во Македонија и во странство. Беше одлично искуство да сретнам толку многу млади луѓе. Би сакал да се заблагодарам на сите вклучени, особено, на претседателскиот кабинет за поканата и за нивната континуирана посветеност во обликувањето на подобрата иднина за Републиката!“, напиша Махмуди на социјалната мрежа Facebook. Предавање на Школата за млади лидери одржа и Рашела Мизрахи, експерт за биохемија за андрологија, која својата докторска дисертација ја има одбранено на Бар Илан универзитетот во Израел. „Почестена сум да бидам дел од Школата за млади лидери од година во година. Почестена да ги споделам мојата приказна и да се обидам да помогнам во обликувањето на младите умови“, напиша Мизрахи на социјалната мрежа Facebook. Филип Нелковски, кој работи во UNDP и е сертифициран тренер по Активно граѓанство и лидерство, одржа предавање и работилница на тема Активно граѓанство. За можностите за соработка и поддршка на македонската дијаспора презентација пред учесниците на Школата одржа Методија Колоски, претседател на Обединетата Македонска дијаспора. Предавања на 10. Школа за млади лидери ќе одржат и Фанија Самак од компанијата Микросам од Прилеп, Садат Алими, кој работи како финансиски советник во PricewaterhouseCoopers, Никола Галевски од Глобалниот лидерски самит Македонија, како и Веле Самак, поранешен министер за странски инвестиции. Во фокусот на годинешната Школа за млади лидери, на која учествуваат 40 млади и дваесетина предавачи, се предизвиците на 4. Индустриска револуција.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/uspeshnite-makedonski-prikazni-na-shkolata-za-mladi-lideri-foto/feed/ 0
Сочувство од учесниците на Школата за млади лидери по повод несреќата на автопатот Скопје – Тетово https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sochuvstvo-od-uchesnicite-na-shkolata-za-mladi-lideri-po-povod-nesrekjata-na-avtopatot-skopje-tetovo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sochuvstvo-od-uchesnicite-na-shkolata-za-mladi-lideri-po-povod-nesrekjata-na-avtopatot-skopje-tetovo/#respond Thu, 14 Feb 2019 14:13:03 +0000 https://kurir.mk/?p=163981

Учесниците на 10. Школа за млади лидери, што по иницијатива на претседателот Ѓорге Иванов се одржува во Струга, со едноминутно молчење оддадоа почит на загинатите во сообраќајната несреќа што вчера попладне се случи на автопатот Скопје – Тетово. -Нашите мисли се со семејствата на загинатите и со повредените во сообраќајната несреќа на автопатот Скопје – Тетово. Упатуваме најдлабоко сочувство до семејствата на загинатите, а на повредените им посакуваме што побрзо опоравување и закрепнувањe, стои во објавата на Фејсбук страницата на Школата за млади лидери. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sochuvstvo-od-uchesnicite-na-shkolata-za-mladi-lideri-po-povod-nesrekjata-na-avtopatot-skopje-tetovo/feed/ 0