школска година – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 01 Feb 2022 06:27:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png школска година – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Денеска почнува второто полугодие со физичко присуство на учениците https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/deneska-pochnuva-vtoroto-polugodie-so-fizichko-prisustvo-na-uchenicite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/deneska-pochnuva-vtoroto-polugodie-so-fizichko-prisustvo-na-uchenicite/#respond Tue, 01 Feb 2022 06:27:43 +0000 https://kurir.mk/?p=625178

По едномесечниот, продолжен зимски распуст, околу 255 илјади ученици денеска се враќаат во училишните клупи за второто полугодие од учебната 2021/2022 година. Поради влошената епидемилошката состојба и проценката дека земјата се наоѓа на врвот од ковид-заразата, наставата не почна на 20 јануари и беше одложена за десетина дена по препорака на Главниот координативен кризен штаб и со одлука на Владата. И покрај пролонгираниот почеток, учебната 2021/2022 ќе заврши во редовниот термин – 10 јуни 2022 и за таа цел Владата на седница веќе го утврди бројот на наставни денови во вонредни околности. Во сите училишта (основни и средни) се утврдени 172 наставни денови, освен за средношколците во завршна година за кои се утврдени 158 поради нивните обврски за државната матура и полагањето на двата екстерни испита закажани за 4 и 13 јуни. Ставот на надлежните во здравство и образование е учебната година, како и во првото полугодие, да продолжи со физичко присуство, со примена на антиковид-протоколите, така што и натаму резервни остануваат другите две сценарија што беа подготвени летото – настава на далечина и комбинирана настава со ротации на ученици во иста паралелка. Првата детска амбасада „Меѓаши", Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) и опозициската ВМРО-ДПМНЕ деновиве бараа Владата да ја преиспита одлуката и наставата да продолжи онлајн затоа што се високи бројките на новозаразени со ковид-19, чести се и реинфекциите што се должи на брзото ширење на сојот омикрон. Според министерот за здравство Беким Сали, одлуката е донесена откако е проценето дека епидемиолошката состојба дозволува настава со физичко присуство. „Според нашите податоци, нема потреба од онлајн-учење во овој момент. Епидемиолошката состојба се менува секоја недела, а врз основа на тие податоци ние и ги носиме одлуките“, рече Сали во петокот кога најави скрининг по случаен избор меѓу учениците како превентивна мерка. Вчера тој соопшти дека Комисијата за заразни болести денеска на состанок ќе одлучува како и кога ќе се реализира скринингот во училиштата, а ќе го спроведат центрите за јавно здравје кои ја водат евиденцијата на сите позитивни случаи. И ресорниот министер Јетон Шаќири укажа дека состојбата постојано ќе се следи и МОН ќе биде во постојана комуникација со Комисијата за заразни болести и со Кризниот штаб. Тој во средата изјави дека одлуката ќе била лесна ако била истата варијанта од вирусот како што беше во септември и октомври, затоа што во првото полугодие заразата во училиштата беше стабилна и, според малиот број на новозаразени и активни случаи, училиштата не биле средини каде што таа се шири. „Сега има нова варијанта, но и тоа не значи дека почетокот на второто полугодие со физичко присуство ќе го зголеми бројот на заразени. МОН ќе биде во постојана комуникација и секој ден ќе има средби со директорите на основните и на средните училишта“, изјави Шаќири, посочувајќи притоа и дека градинките се постојано отворени, а функционираат и други сектори. Во донесувањето на одлуката предвид е земен и повикот на УНИЦЕФ училиштата да бидат отворени поради придобивките од физичкото присуство на наставата. По одлуката на Владата од 17 јануари за одложување на стартот на второто полугодие, Канцеларијата на УНИЦЕФ во земјава веднаш повика тоа да биде привремена мерка. Претставничката Патриција ДиЏовани во пишана изјава до медиумите нагласи дека отворањето на училиштата треба да биде приоритет за целата држава затоа што децата се соочуваат со поголеми ризици кога се надвор од училиште отколку во училиште. Таа смета дека превентивните мерки во училиштата се ефикасни и дека физичкото присуство на настава во училиште се чини не е главниот двигател на ширење на инфекцијата. -За последниот месец од наставата во 2021 година податоците покажуваат многу ниска стапка на заразување со само 0,01 процент нови случаи дневно кај учениците и 0,03 проценти кај наставниците. За споредба, во двете недели кога училиштата беа затворени за зимски распуст, бројот на новозаразени случаи кај сите возрасни групи се зголеми за четири пати, од приближно 2600 на 11 000 потврдени позитивни случаи. Овие сознанија треба да ги искористиме за да направиме сè што можеме да ги одржиме училиштата отворени и децата безбедно да следат настава во училниците, наведе ДиЏовани. Предупреди и дека уште еден бран на затворање училишта би бил катастрофален за децата зашто и пред пандемијата на КОВИД-19, како што посочи, Северна Македонија веќе се соочуваше со криза во учењето и повеќе од половина од сите петнаесетгодишници во земјата не успеваа да ги достигнат основните нивоа на вештини за читање и математика. „Северна Македонија веќе имаше најдолготрајно затворање на училишта во регионот, кога училиштата во земјата беа затворени вкупно 54 недели, во споредба со просекот од 24 недели во регионот на Европа и Централна Азија. Повеќе од 60 отсто од наставниците изјавија дека бројот на ученици што имаат тешкотии во совладувањето на наставните програми се зголемил во овој период. Долготрајното затворање на училиштата на ниво на целата држава, ограничените ресурси за учениците, наставниците и родителите и немањето пристап до далечинско учење го уназадија деценискиот напредок во образованието и го направија детството непрепознатливо“, истакна претставничката на УНИЦЕФ. Со претставништвото на УНИЦЕФ и со Комисијата за заразни болести се согласува и Сојузот на средношколци кој вчера ја поздрави одлуката за настава со физичко присуство. На Генерално собрание Сојузот едногласно го потврдил својот став од пред две години дека наставата треба да се одвива во училиштата, а во најлоша ситуација препорачува да биде комбинирана, а не целосно онлајн. „Првото полугодие помина целосно со физичко присуство, а стапката на заразеност беше екстремно ниска – факт што покажува дека училиштата биле најбезбедните средини за средношколците. Веруваме дека полугодието не треба да почне на далечина, туку во самите училишта бидејќи наставата ќе биде квалитетна и интерактивна, оценката ќе биде валидна, физичкото здравје ќе биде зачувано, менталното здравје ќе биде запазено, социјализацијата меѓу средношколците ќе продолжи да биде во училиште. Ваквата одлука е потребна за образованието да биде државен приоритет број еден“, соопшти Сојузот на средношколци. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/deneska-pochnuva-vtoroto-polugodie-so-fizichko-prisustvo-na-uchenicite/feed/ 0
ОФИЦИЈАЛНО: Владата донесе одлука, второто полугодие почнува на први февруари! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/oficijalno-vladata-donese-odluka-vtoroto-polugodie-pochnuva-na-prvi-fevruari/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/oficijalno-vladata-donese-odluka-vtoroto-polugodie-pochnuva-na-prvi-fevruari/#respond Mon, 17 Jan 2022 22:18:48 +0000 https://kurir.mk/?p=620614

Стартот на второто полугодие за основното и средното образование се одлага за 1 февруари, соопшти премиерот Димитар Ковачевски. – Оваа одлука ја донесовме на денешната втора седница на Владата во интерес на заштита на здравјето, согласно епидемиолошките информации дека земјата се наоѓа во пик на заразата. Одлуката второто полугодие да продолжи на 1 февруари нема да влијае на крајот на учебната година и таа ќе заврши на 10 јуни, со соодветна адаптација на наставните планови, соопшти Ковачевски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/oficijalno-vladata-donese-odluka-vtoroto-polugodie-pochnuva-na-prvi-fevruari/feed/ 0
Главниот кризен координативен штаб и препорача на Владата продолжување на школскиот распуст до 1 февруари https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/glavniot-krizen-koordinativen-shtab-i-preporacha-na-vladata-prodolzuvanje-na-shkolskiot-raspust-do-1-fevruari/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/glavniot-krizen-koordinativen-shtab-i-preporacha-na-vladata-prodolzuvanje-na-shkolskiot-raspust-do-1-fevruari/#respond Mon, 17 Jan 2022 21:03:09 +0000 https://kurir.mk/?p=620563

Главниот кризен координативен штаб (ГККШ) за справување со пандемијата предизвикана од коронавирусот на денешната седница заклучи дека во моментов епидемиолошки земјата се наоѓа во пик поради поради кој препорачува да се одложи учебната година до 1 февруари годинава со предуслов да се упатат силни апели до родителите за строго придржување на мерките за заштита од коронавирусот. Како што информираат од владината прес-конференција, заклучокот е предложен до Владата и за него Владата дискутира веќе на седница која почна вечерва во 21:30 часот. Првата седница на Главниот координативен кризен штаб за справување со пандемијата предизвикана од коронавирусот ја водеше премиерот Димитар Ковачевски, а на неа присуствуваа ипретседателот на Комисијата за заразни болести, Жарко Караџовски и претседателката на ЗЕЛС Данела Арсовска. -Претседателот на Комисијата за заразни болести Караџовски ја презентираше актуелната епидемиолошка состојба со КОВИД-19, додека главна точка на дискусија беа опциите за продолжување со настава во тековната учебна година. Комисијата за заразни болести и Министерството за здравство ќе известуваат на почест интервал околу следењето на состојбата за да може да се прилагодат препораките доколку се јави потреба, најавуваат од Владата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/glavniot-krizen-koordinativen-shtab-i-preporacha-na-vladata-prodolzuvanje-na-shkolskiot-raspust-do-1-fevruari/feed/ 0
На само две недели пред стартот на учебната година МОН и Владата се уште неподготвени https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-samo-dve-nedeli-pred-startot-na-uchebnata-godina-mon-i-vladata-se-ushte-nepodgotveni/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-samo-dve-nedeli-pred-startot-na-uchebnata-godina-mon-i-vladata-se-ushte-nepodgotveni/#respond Wed, 16 Sep 2020 12:58:27 +0000 https://kurir.mk/?p=404064

Иако старо-новата Влада и Министерството за образование имаа шест месеци да изнајдат начин за тоа како ќе се оддржува наставата во училиштата во отсуство на модел и конкретни решенија го одложија почетокот на учебната година за еден месец. Но и покрај одлагањето за да се купи време и најавите дека ќе има платформа за онлајн настава, и на две недели од почетокот на учебната година нема н и трага ни глас од тоа како би изгледала таа платформа. Експертите за оваа проблематика не се оптимисти дека МОН ќе успее да изнајде правилно решение за оддржување на наставата. Тие сметаат дека грешката е во тоа што МОН навреме не ја сфати потребата од нов модел за настава, иако од самиот почеток на пандемијата беше јасно дека ќе биде потребно такво нешто. Од Министерствотоза образование и наука и понатаму продолжуваат да убедуват дека пилот верзијата од платформата за онлајн настава е готова, но и да е така, тука се поставуваат повеќе прашања за тоа дали таа ќе биде применлива и дали ќе има време до почетокот на годината истата да се усовршува и прилагодува на потребите на учениците и наставниците. Друго прашање кое се наметнува е тоа дали за користење на истата ќе треба да се обучуваат наставниците и учениците и колку време останува за надминување на оваа процедура. Согледувајќи ја ваквата ситуација некои приватни и државни училишта самите си направија модел и обезбедија платформи за онлајн настава само за да не доцнат со почетокот на новата учебна година. Останува и дилемата, која е резултат не неодговорноста, и за која никој нема одговор е тоа како родителите на децата од прво, второ и трето одделение, чии часови ќе бидат до 10.30 или 11.00 часот, кој после ќе преземе грижа за тие деца, бидејќи родителите се на работа. За разлика од хаосот кој владее во Македонија и неорганизираноста на владата и Министерството за образование во Европа училиштата започнаа да стартуваат со работа, но со строги мерки и почитување на истите. Учениците и студентите поседуваат заштитни маски, соодветни средства за дезинфекција, растојание и пред се заштита на своето здравје.   Овие денови училишната година започна во многу европски земји од кои и во Велика Британија, Германија и Франција. За пример во Франција вчера учебната година ја започнаа околу 12,4 милиони ученици кои со училишните торби и заштитните маски седнаа на своите училишни клупи. Еден од родителите на децата во Франција за медиумите изјавил дека треба само да се почитуваат правилата поставени од системот и нема место за паника. Овие земји се само уште еден доказ дека во Македонија поради неработење на системот на само две недели од стартот на учебната година, најмногу ќе настрадаат учениците.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-samo-dve-nedeli-pred-startot-na-uchebnata-godina-mon-i-vladata-se-ushte-nepodgotveni/feed/ 0
Почна школската година и во Романија https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pochna-shkolskata-godina-i-vo-romanija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pochna-shkolskata-godina-i-vo-romanija/#respond Mon, 14 Sep 2020 06:59:10 +0000 https://kurir.mk/?p=402807

Во Романија денеска почна новата школска година, а околу 2,8 ученици ќе ја следат наставата во посебни услови поради пандемијата со новиот коронавирус. Дел од учениците наставата ќе ја следат од дома, други по хибриден систем, а трети ќе одат во училиште. Романската министерка за образование Моника Анисије изјави дека согласно епидемиолошката ситуација, 12.423 училишта ќе работат по така нареченото зелено сценарио, 4.915 по жолто, а 263 училишта во согласност со црвено сценарио. Зеленото сценарио значи присуство на децата во градинките и во училиштата со почитување на превентивните мерки. Додека според жолтото сценарио децата ќе присуствуваат во градиниките и училиштата секоја втора недела, а црвеното сценарио е следење настава од дома.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pochna-shkolskata-godina-i-vo-romanija/feed/ 0
И учениците од четврто одделение се враќаат во школските клупи- ова се одлуките на Владата по средбата со родителите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/i-uchenicite-od-chetvrto-oddelenie-se-vrakjaat-vo-shkolskite-klupi-ova-se-odlukite-na-vladata-po-sredbata-so-roditelite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/i-uchenicite-od-chetvrto-oddelenie-se-vrakjaat-vo-shkolskite-klupi-ova-se-odlukite-na-vladata-po-sredbata-so-roditelite/#respond Wed, 26 Aug 2020 15:36:22 +0000 https://kurir.mk/?p=395736

Про и контра он лајн настава, а кои се аргументите на тие родители што сметаат дека наставата со физичко присуство е подобра - на одделни средби родителите разговараа во Владата со премиерот Оливер Спасовски и други наделжни министри. Од Владата соопштуваат дека задолжителното физичко присуство на учениците од прво до трето одделение опфаќа и исклучоци за оние ученици за кои родителите ќе наведат прифатливи причини за нивните деца да биде организирана наставата со алатки за интернет комуникација, односно онлајн. „Вториот исклучок од задолжителната онлајн настава за учениците од четврто одделение во основното образование и за учениците до четврта година во средното, овозможува настава со физичко присуство само во оние училишта во кои бројката на ученици по паралелка не надминува 20, каде што е можно остварување на вториот услов за физичка дистанца од 1,5 метри меѓу учениците, и со обезбедени санитарно – хигиенски услови за одржување на општа и лична хигиена наведени во Протоколите, стои во соопштението од Владата. Овој комбиниран модел, беше истакнато на средбата, е прифатен како модел кој во најголема мерка ги намалува ризиците за здравјето на учениците и наставниците и истовремено обезбедува спроведување на наставно-образовните програми. На средбите претставниците на двете групи родители ги соопштиле своите ставови и аргументи, а владините претставници ги запознале со одлуката на Владата за моделот според кој ќе се организира и спроведува наставата во основното и средното образование во услови на КОВИД-19, која е донесена врз основа на стручните анализи и препораки на Комисијата за заразни болести. На средбата присуствуваа заменичката-министерка задолжена за координација со економските ресори Мила Царовска, министерот за образование и наука Арбер Адеми, министерот за здравство Венко Филипче и заменичката министерка за образование и наука Елизабета Наумовска, во одделни средби денеска ги примија претставниците на родителите кои се залагаат за онлајн настава во образовниот процес во учебната 2020/2021 година и претставниците на родителите кои застапуваат став за настава со физичко присуство.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/i-uchenicite-od-chetvrto-oddelenie-se-vrakjaat-vo-shkolskite-klupi-ova-se-odlukite-na-vladata-po-sredbata-so-roditelite/feed/ 0
Училиштата во Грција од 7 септември ќе работат во полн состав https://arhiva.kurir.mk/svet/region/uchilishtata-vo-grcija-od-7-septemvri-kje-rabotat-vo-poln-sostav/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/uchilishtata-vo-grcija-od-7-septemvri-kje-rabotat-vo-poln-sostav/#respond Wed, 19 Aug 2020 08:27:29 +0000 https://kurir.mk/?p=392501

По едногласната препорака на Комисијата за заштита на јавното здравје од Ковид-19 при Министерството за здравство на Грција, се планира повторното отворање на сите училишни единици да биде во полн состав (т.е. со сите ученици) и со зголемени мерки за заштита (како што е широка употреба на маска, различни паузи за учениците и сл.), соопштуваат од Министерството за образование на Грција по одржаниот состанок на министерката и нејзините заменици со членовите на надлежната комисија, јави дописничката на МИА од Атина. Состанокот беше за подготовка за почетокот на учебната година, закажан за 7 септември, додека пак деталите за начинот на работа ќе бидат финализирани во следните денови. Министерката за образование на Грција Ники Керамеос рече дека се во постојан контакт со Министерството за здравство и членовите на надлежната комисија за прилагодување на образовниот процес на посебните услови поради пандемијата и додаде дека кога ќе завршат разговорите ќе биде објавена целосната рамка за отворањето на образовните институции. Пред почетокот на летото, грчката Влада донесе одлука, новата учебна година да започне порано, наместо на 11, на 7 септември, а владиниот портпарол во интервјуто за телевизијата „Open“ во понеделникот рече дека засега, нема промени на конкретниот план. На 18 мај продолжи прекинатата учебна година за средношколците во Грција, додека пак учениците од основните училишта со настава почнаа на 1 јуни по пауза од речиси два и пол месеци. Учебната година наместо на 15, заврши на 26 јуни 2020 година. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/uchilishtata-vo-grcija-od-7-septemvri-kje-rabotat-vo-poln-sostav/feed/ 0
Во Црна Гора школската година ќе почне на 1 октомври https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-crna-gora-shkolskata-godina-kje-pochne-na-1-oktomvri/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-crna-gora-shkolskata-godina-kje-pochne-na-1-oktomvri/#respond Tue, 18 Aug 2020 16:00:19 +0000 https://kurir.mk/?p=392309

Министерството за образование на Црна Гора денеска го пролонгира почетокот на школската година и отворањето на градинките до 1 октомври, а еден од родителите на децата помлади од 11 години ќе имаат право на платено отсуство. Црногорските здравствени власти проценија дека регуларниот почеток на школската година на 1 септември „носи ризик по здравјето на децата поради неизвесниот развој на епидемиолошката ситуација, која, иако е под контрола, се уште е сложена“. во Црна Гора во моментот има 1.019 активни случаи на Ковид-19, а од средината на јуни, кога почна вториот бран на епидемијата од последици од новиот коронавирус починаа 71 човек.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-crna-gora-shkolskata-godina-kje-pochne-na-1-oktomvri/feed/ 0
Во Италија нема услови за почеток на новата школска година https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-italija-nema-uslovi-za-pochetok-na-novata-shkolska-godina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-italija-nema-uslovi-za-pochetok-na-novata-shkolska-godina/#respond Fri, 17 Jul 2020 18:07:57 +0000 https://kurir.mk/?p=377917

Италијански синдикати остро ја критикуваа министерката за образование Луција Азолина и нејзиниот план за почеток на новата учебна година во септември, објави весникот „Ил Фато Котидиано“. Министерството за образование соопшти дека учебната година ќе започне на 14 септември и дека, според министерката, нема да има нови затворања поради пандемијата. Владата одобри две милијарди евра за новата учебна година, која се чини дека е голема сума, но кога ќе се подели според бројот на училиштата, тоа значи дека секое училиште ќе има на располагање околу 300.000 евра за трошоците за помали поправки, адаптација и реорганизација на часовите. Синдикатите тврдат дека тоа не е доволно, дека неопходното прилагодување на новите безбедносни мерки е одложено поради Ковид-19 и дека парите нема да бидат доволни за да се покријат трошоците за 56.000 наставници и 16.000 дополнителен персонал што им се потребни на италијанските училишта. Медиумот додава дека не поминале сите точки на реформите што ги предложила министерката.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-italija-nema-uslovi-za-pochetok-na-novata-shkolska-godina/feed/ 0
Повеќе нема да има густ распоред за седење: Како ќе се организира школската година? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/povekje-nema-da-ima-gust-raspored-za-sedenje-kako-kje-se-organizira-shkolskata-godina/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/povekje-nema-da-ima-gust-raspored-za-sedenje-kako-kje-se-organizira-shkolskata-godina/#respond Mon, 27 Apr 2020 15:13:10 +0000 https://kurir.mk/?p=338174

Министерството за образование и наука интензивно работи на тоа како ќе се организира школската година. Од страна на Комисијата на зраразни болести има подготвено препораки не само како да се организира наставата туку и друи едукативни курсеви, симпозиуми, со одржување дистанца, информира на денешната прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче. -Треба заедно сега во оваа следна фаза со претставници на МОН сето тоа се го споделиме, да се кажат нашите аргументи, со цел во периодот што доаѓа ние да бидеме спремни за следна учебна година, или како и да се одлучи да може да се одвива наставата на соодветен начин. Не како досега со оној густ распоред за седење, не само за овие институции туку и за јавниот превоз, и за фабриките и за рестораните…, нагласи Филипче.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/povekje-nema-da-ima-gust-raspored-za-sedenje-kako-kje-se-organizira-shkolskata-godina/feed/ 0