Шпанија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 27 Oct 2023 15:44:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Шпанија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Свештениците во Шпанија сексуално злоставувале над 200.000 деца https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sveshtenitsite-vo-shpanija-seksualno-zlostavuvale-nad-200-000-detsa/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sveshtenitsite-vo-shpanija-seksualno-zlostavuvale-nad-200-000-detsa/#respond Fri, 27 Oct 2023 15:44:27 +0000 https://kurir.mk/?p=893850

Повеќе од 200.000 малолетници најверојатно биле жртви на сексуална злоупотреба од страна на свештениците во Шпанија, се наведува во извештајот на независната истражна комисија за злосторства врз деца во Католичката црква. Во извештајот не е наведена точната бројка, но содржи анкета спроведена меѓу повеќе од 8.000 луѓе на барање на комисијата, која покажува дека 0,6 отсто од возрасните Шпанци (речиси 39 милиони луѓе) изјавиле дека биле сексуално злоупотребувани од свештеници кога биле малолетни. Дополнително, нешто помал број Шпанци (0,53 проценти) изјавиле дека како деца биле сексуално злоставувани од лаици кои работеле во верски институции. Извештајот се однесува на период од 70-тите години на минатиот век до денес. Шпанија, земја со силна католичка традиција, досега немаше спроведено независна истрага за разлика од Франција, Германија, Ирска и САД]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sveshtenitsite-vo-shpanija-seksualno-zlostavuvale-nad-200-000-detsa/feed/ 0
ЕК ја тужи Шпанија поради несоодветна примена на правилата на единствената европска железничка област https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ek-ja-tuzhi-shpanija-poradi-nesoodvetna-primena-na-pravilata-na-edinstvenata-evropska-zheleznichka-oblast/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ek-ja-tuzhi-shpanija-poradi-nesoodvetna-primena-na-pravilata-na-edinstvenata-evropska-zheleznichka-oblast/#respond Thu, 19 Oct 2023 06:37:27 +0000 https://kurir.mk/?p=890584

Европската Комисијата одлучи да ја тужи Шпанија пред Судот на правдата на ЕУ поради неправилна имплементација и примена на Директивата за воспоставување единствена европска железничка област, јави дописникот на МИА од Брисел. Еврокомисијата смета дека со шпанската законска регулатива за железниците се прекршуваат неколку одредби од Директивата на ЕУ, кои се однесуваат на независноста во управувањето со железничката инфраструктурата, на непочитување на комерцијалните принципи и на неусогласеност на договорите меѓу Владата и операторот со железницата. Како што соопшти ЕК, таа во мај 2018 година испратила писмо за формално известување до Шпанија за своите забелешки за неусогласеноста со Директивата, на кое Мадрид одговорил во јануари 2019 година, информирајќи дека некои од забелешките се решени со новото законодавство на земјата, додека за другите е „потребна понатамошна работа“. Врз основа на одговорот, Комисијата утврдила дека Шпанија не успеала да обезбеди правилно усогласување со неколку членови од Директивата и во октомври 2019 година испратила мислење до Мадрид во кое го образложува својот став. Лани во декември Шпанија ја известила Еврокомисијата дека спровела дополнителни мерки. Сепак, анализата на ЕК покажала дека не биле усогласени сите посочени забелешки, поради што е донесена одлуката Шпанија да биде упатена пред Судот на правдата на Европската унија. Посочената Директива има за цел создавање отворен европски железнички пазар, понуда на повеќе услуги од страна на железничките оператори и привлекување нови клиенти. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ek-ja-tuzhi-shpanija-poradi-nesoodvetna-primena-na-pravilata-na-edinstvenata-evropska-zheleznichka-oblast/feed/ 0
Шпанија ја победи Норвешка и заедно со Шкотска се пласираа на ЕП 2024 https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/shpanija-ja-pobedi-norveshka-i-zaedno-so-shkotska-se-plasiraa-na-ep-2024/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/shpanija-ja-pobedi-norveshka-i-zaedno-so-shkotska-se-plasiraa-na-ep-2024/#respond Mon, 16 Oct 2023 06:08:18 +0000 https://kurir.mk/?p=889189

Шпанија синоќа ја победи Норвешка со 1:0 на гостински терен во квалификацискиот натпревар за Европското фудбалско првенство 2024. Стрелец на единствениот гол на натпреварот одигран во Осло беше Гави во 49. минута. Претходно, во 20. минута главниот судија на натпреварот Тобијас Штилер со помош на ВАР го поништи голот на гостинскиот фудбалер Алваро Мората поради офсајд. Норвешка поради поразот од Шпанија ги загуби шансите за пласман во финалната фаза на ЕП 2024. На Норвежаните, кои имаат 10 бода во групата А, им останува само уште еден натпревар во квалификациите - против Шкотска (19 ноември). Норвешка нема да може да се искачи над третото место - водечката Шпанија има 15 бодови, а Шкотска на второто место исто така има 15 бодови. Шпанија заедно со Шкотска веќе обезбедија пласман на ЕП 2024.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/shpanija-ja-pobedi-norveshka-i-zaedno-so-shkotska-se-plasiraa-na-ep-2024/feed/ 0
Педро Санчез доби мандат од шпанскиот крал да формира влада https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pedro-sanchez-dobi-mandat-od-shpanskiot-kral-da-formira-vlada/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pedro-sanchez-dobi-mandat-od-shpanskiot-kral-da-formira-vlada/#respond Tue, 03 Oct 2023 13:09:02 +0000 https://kurir.mk/?p=884640

Шпанскиот крал Фелипе Шести му даде мандат на вршителот на должноста премиер Педро Санчез да формира нова влада, откако неговиот ривал Алберто Нунес Феихо не успеа да обезбеди мнозинство во Парламентот. Социјалистите на Санчез освоија помалку гласови од конзервативците на Феихо на парламентарните избори на 23 јули, но Санчез тврди дека може да собере доволно гласови во Парламентот за неговата кандидатура. За да се формира нова влада, Санчез ќе треба да се договори со претставниците на каталонските сепаратистички партии. Доколку ниту еден кандидат за мандатот не обезбеди мнозинство до 27 ноември, ќе бидат распишани нови избори. Според Еуроактив, Санчез се приближува до „моментот на вистината“, бидејќи наскоро ќе треба да објасни дали е подготвен да се сретне со сепаратистите кои бараат амнестија за сите уапсени по демонстрациите за независност на Каталонија. Некои медиуми објавија дека социјалистите се подготвени на таа отстапка, за да ги убедат сепаратистичките партии да ги поддржат. Од друга страна, Феихо и лидерот на десничарската партија Вокс, Сантијаго Абаскал, веќе предупредија дека нивните поддржувачи ќе организираат масовни демонстрации доколку владата го усвои законот за амнестија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pedro-sanchez-dobi-mandat-od-shpanskiot-kral-da-formira-vlada/feed/ 0
Најмалку шестмина загинати во пожар во преполн ноќен клуб во Шпанија (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-shestmina-zaginati-vo-pozhar-vo-prepoln-noken-klub-vo-shpanija-video/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-shestmina-zaginati-vo-pozhar-vo-prepoln-noken-klub-vo-shpanija-video/#respond Sun, 01 Oct 2023 09:56:35 +0000 https://kurir.mk/?p=883784

Најмалку шест лица загинаа во пожар во ноќен клуб во југоисточниот град Мурсија, соопштија шпанските власти. Пожарот избувнал во популарниот ноќен клуб Театре, лоциран во областа Аталајас, околу 06:00 часот по локално време. Властите велат дека бројот на жртвите може да се зголеми. Брзата помош и другите служби за итна помош трагаат по лица кои се сметаат за исчезнати и биле во просториите на клубот во моментот на пожарот. Четворица се во болница поради вдишување чад. Пристигна и застрашувачка снимка која ја снимиле пожарникарите додека се пробиваа низ запалениот клуб. Колку бил голем пожарот покажуваат и другите снимки. Не е јасно што го предизвикало пожарот кој избувнал додека во клубот имало многу луѓе. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-shestmina-zaginati-vo-pozhar-vo-prepoln-noken-klub-vo-shpanija-video/feed/ 0
ФОТО: Папараците ја фатија Ивана Кнол на плажа, еве како навистина изгледа хрватската навивачка без фотошоп https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/foto-paparatsite-ja-fatija-ivana-knol-na-plazha-eve-kako-navistina-izgleda-hrvatskata-navivachka-bez-fotoshop/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/foto-paparatsite-ja-fatija-ivana-knol-na-plazha-eve-kako-navistina-izgleda-hrvatskata-navivachka-bez-fotoshop/#respond Sun, 10 Sep 2023 13:50:26 +0000 https://kurir.mk/?p=876433

Хрватската навивачка Ивана Кнол се прослави за време на Светското фудбалско првенство во Катар, а вниманието на медиумите и јавноста го привлече со разголените и провокативните пози на трибините. Ивана за време на првенството ја следеа милиони фанови ширум светот, а на својот Инстаграм профил секојдневно објавува полуголи фотографии. Иако нејзината популарност значително опадна по завршувањето на првенството, Кнол се труди да посети други спортски настани и забави каде што се слика со познати луѓе. Сега се појавија папарацо фотографии од хрватската навивачка направени во Марбела, кои значително се разликуваат од оние што таа ги споделува на Инстаграм. Ивана беше фотографирана на плажа, а минијатурно бикини ги откри несовршеностите на нејзиното тело, кои вообичаено вешто ги брише во фотошоп. Папарацо фотографиите изненадија многумина, а некои пишуваат дека навивачката е целосно непрепознатлива во споредба со она што го објавува на социјалните мрежи. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/foto-paparatsite-ja-fatija-ivana-knol-na-plazha-eve-kako-navistina-izgleda-hrvatskata-navivachka-bez-fotoshop/feed/ 0
ВИДЕО: Јамал испиша историја, Шпанија со СЕДУМ гола ја декласира Грузија https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/video-jamal-ispisha-istorija-shpanija-so-sedum-gola-ja-deklasira-gruzija/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/video-jamal-ispisha-istorija-shpanija-so-sedum-gola-ja-deklasira-gruzija/#respond Fri, 08 Sep 2023 19:27:05 +0000 https://kurir.mk/?p=876182

Фудбалската репрезентација на Шпанија запипа убедлива победа од 1-7 над Грузија на „Борис Паичадѕе“ во Тбилиси во рамките на квалификациите за Европското првенство. Бедемот на Грузијците беше целосно пробиен, а овој натпревар беше рекорден за Ламин Јамал кој влезе во шпанската историја. Извештај од натпреварот: Грузија парираше и се држеше до 22. минута кога резултатот го отвори Алваро Мората. Само пет подоцна автогол си даде Квирквелија, а веќе по половина час и третпат се тресеше мрежата на Мамардашвили, но овојпат имаше офсајд и голот на Руиз не важеше. Сепак, Шпанците не застанаа и до полувремето дадоа уште два гола. Стрелаа Дани Олмо во 38. и Мората вторпат две минути подоцна. Второто полувреме тргна позитивно за Грузијците кои по серијата измени дадоа почесен погодок. Чакветадѕе во 49. минута го постигна единствениот погодок за својата селекција. Во завршниот половина час, одново имаше шоу на „фуријата“. Мората го комплетира хет-трикот во 65. минута, а три подоцна стрела и Нико Вилијамс. Во историјата на Шпанија се впиша 16-годишниот Ламин Јамал, кој стана најмлад дебитант и стрелец за својата земја. Асот на Барселона во 74. минута ги постави конечните 1-7. До крајот на средбата немаше резултатски промени. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/video-jamal-ispisha-istorija-shpanija-so-sedum-gola-ja-deklasira-gruzija/feed/ 0
Најмалку две жртви во невремето во Шпанија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-dve-zhrtvi-vo-nevremeto-vo-shpanija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-dve-zhrtvi-vo-nevremeto-vo-shpanija/#respond Mon, 04 Sep 2023 13:05:57 +0000 https://kurir.mk/?p=874410

Две лица загинаа, а три се водат како исчезнати по обилните дождови што предизвикаа големи поплави во централна Шпанија вчера и рано утринава, соопштија локалните власти. Како резултат на невремето затворени се патиштата и линиите на метрото, а прекинати се и брзите возови. Ненадејните дождови ги претворија улиците во реки од кал, влечејќи автомобили и канти за ѓубре во областите на Мадрид, Кастиља-Ла Манча, Каталонија и Валенсија. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-dve-zhrtvi-vo-nevremeto-vo-shpanija/feed/ 0
Фудбалери во Шпанија бараат да ги слушаат разговорите во ВАР собата https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/fudbaleri-vo-shpanija-baraat-da-gi-slushaat-razgovorite-vo-var-sobata/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/fudbaleri-vo-shpanija-baraat-da-gi-slushaat-razgovorite-vo-var-sobata/#respond Mon, 04 Sep 2023 09:36:40 +0000 https://kurir.mk/?p=874308

Неколку фудбалери и тренери, незадоволни од судиските одлуки на натпреварите од воведните кола во шпанското првенство, побараа воведување микрофони и камери со помош на кои би можеле да го слушаат разговорот на главниот судија со помошниците во ВАР собата и со тоа да добијат објаснување за одлуките кои нема да ги разберат Меѓу главните иницијатори на оваа идеја е хрватскиот фудбалер Ивица Ракитиќ, кој тоа го предложи откако судијата Хезус Манзано во дуелот од 3. коло призна гол за Севиља, а по проверката во ВАР собата го поништи поради офсајд. „Кога веќе толку се снимаме, и судиите нека застанат пред микрофон и објаснат што прават“, изјави Ракитиќ. Ла Лига, организатор на шпанското првенство, со цел поголема заработка од телевизиските права, дозволува пред натпреварите и за време на паузите снимање на играчите и тренерите, како и нивните разговори. Единствениот клуб кој не дозволува телевизиските камери во живо да пренесуваат што разговараат меѓусебе неговите играчи е Реал Мадрид.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/fudbaleri-vo-shpanija-baraat-da-gi-slushaat-razgovorite-vo-var-sobata/feed/ 0
ФОТО: Овој графит се појави во Барселона, сликата го обиколи светот https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/foto-ovoj-grafit-se-pojavi-vo-barselona-slikata-go-obikoli-svetot/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/foto-ovoj-grafit-se-pojavi-vo-barselona-slikata-go-obikoli-svetot/#respond Fri, 01 Sep 2023 08:00:25 +0000 https://kurir.mk/?p=873311

На ѕид во Барселона се појави графит кој го прикажува претседателот на Шпанскиот фудбалски сојуз Луис Рубиалес како го бакнува во уста поранешниот американски боксер Мајк Тајсон, некогаш осуден за сексуално злоставување на една жена. Графитот го изработил јужноамериканскиот уметник и активист како знак на протест поради бакнежот во уста на Рубиалес на Џенифер Ермосо. „На почетокот сакав да ја отсликам победата на шпанската женска репрезентација, но кога видов што се случи со Рубиалес, увидов потреба за осуда на искористување на моќта, што е присутно во разни сфери на општеството“, рекол авторот Диего Оједа за „El Mondo“. Шпанките ја победија Англија со 1-0 во финалето на Светското првенство одиграно на 20-ти август во Сиднеј, а еуфоричниот Рубиалес во текот на доделувањето на златните медали на подиумот со раце ја фатил главата на фудбалерката Ермосо, ја повлекол кон себе и ја бакнал во уста.
„Дали би ги бакнал така Иниеста или Карвахал?“, се прашува Оједа, бразилско-чилеански уметник. За да го изрази својот протест против „самоволието на мажите на положбата над жените“, ги споил Рубиалес и Тајсон, боксерот кој бил во затвор од 1992-ра до 1995-та година поради пресуда за силување на една жена. Оједа вели дека на работните места, во разни сектори, форсирањето на бакнежи се смета за нормално, а дека всушност станува збор за искористување на моќта, маскирано со „недоразбирање“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/foto-ovoj-grafit-se-pojavi-vo-barselona-slikata-go-obikoli-svetot/feed/ 0