шпанска престолонаследничка – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 31 Oct 2023 14:15:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png шпанска престолонаследничка – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Принцезата Леонора положи заклетва како шпанска престолонаследничка https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/printsezata-leonora-polozhi-zakletva-kako-shpanska-prestolonaslednichka/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/printsezata-leonora-polozhi-zakletva-kako-shpanska-prestolonaslednichka/#respond Tue, 31 Oct 2023 14:15:22 +0000 https://kurir.mk/?p=894975

Шпанската принцеза Леонора од Бурбон денеска, на нејзиниот 18-ти роденден, положи заклетва на Уставот за да стане престолонаследник на престолот- иден шеф на шпанската држава. Во присуство на нејзиниот татко - кралот Фелипе Шести, мајката - кралицата Летиција и сестрата, малолетната Софија, принцезата Леонора положи заклетва на вонредната свечена заедничка седница на двата дома на Парламентот. Нејзиниот татко го изврши овој задолжителен службен чин во 1986 година, а нејзиниот дедо, Хуан Карлос I, во 1969 година. Облечена во елегантен бел смокинг, Леонора положи заклетва на истата копија од Уставот како и нејзиниот татко пред 37 години. На свеченоста таа кажа: „Се колнам дека верно ќе ги исполнувам моите функции, дека ќе ги штитам Уставот и законите, ќе ги почитувам правата на граѓаните и автономните заедници и дека ќе му бидам верна на кралот“. Потоа таа доби неколкуминутен аплауз и бакнеж од видно возбудениот татко, кралот Фелипе. Леонора ужива многу висока репутација и популарност во Шпанија, каде што постојано се дебатира за монархијата. Кратка церемонија со интонирање на националната химна беше емитувана на телевизија и на неколку огромни екрани низ улиците на Мадрид. Голем број луѓе се собраа околу парламентот под национални знамиња извикувајќи „Да живее Шпанија!“. Премиерот во заминување Педро Санчез и други политичари присуствуваа на церемонијата во парламентот, но таа беше бојкотирана од радикалната левичарска партија која се противи на монархијата, како и претставниците на баскиските, каталонските и галициските партии кои се залагаат за независност од Шпанија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/printsezata-leonora-polozhi-zakletva-kako-shpanska-prestolonaslednichka/feed/ 0